дома блог страница 2257

3aeв: “Можете да ми ја cкинете жицата на кoja coпpyгата пpocтиpa алишта, но не чепкajте ми ја македонcката”

Зборувајќи за извесната разочараност која македонските граѓани ја почувствуваа по неговото интервју за БГНЕС, премиерот Зоран Заев во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ нагласи дека секогаш постапувал европски и пријателски во односите со Бугарија.

– Јас сум должен да ги правам првите чекори, пробивајќи го снегот. Една работа е добра – во овие месеци малку повеќе дознавме едни за другите – ние Македонците за Бугарите и обратно. Тоа треба да се користи во позитивен аспект, вели Заев.
Премиерот зборуваше и за неговото вчерашно обраќање спрема Бугарија.

– Вчера се обратив многу отворено, бидејќи се уште постои еден антагонизам кој не е во функција на пријателството кое искрено сакаме да го изградиме и Македонија и Бугарија. Во едни такви околности го говорам она што нашиот народ го мисли. Растев со нашиот народ, тоа е мојот идентитетски код, така и се поставени работите во државата, кажа Заев.
Тој зборува ја повтори и неговата изјава за „македонска жица“ кој беше актуелно по медиумите пред неколку години.

– Уште во 2013 година јас ја спомнав „македонската жица“ од еден македонски поет од Струмица каде се вели: Можете да ми ја скинете жицата од гитарата, јас ќе протегнам нова и ќе продолжам да свирам. Можете да ми ја скинете жицата на која сопругата простира алишта. Ќе протегнам нова. Може да правите што сакате со било која жица, важна или не важна во мојот живот, но како на Господ ве молам – Не ја чепкајте жицата македонска, затоа што изгубен во времето ќе го барам семето одејќи по жицата, потенцира Заев.

Прилеп секојдневно се намалува: Денеска нов цpн ден за прилепчани

Министерството за здравcтво информира дека во последните 24 часа се напpaвени 2758 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 929 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-417, Куманово-40, Штип-20, Прилеп-47, Тетово-46, Струга-31, Велес-39, Битола-46, Охрид-33, Кавадарци-23, Гостивар-37, Гевгелија-11, Струмица-32, Крива Паланка-7, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-22, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-3, Виница-4, Делчево-10, Кратово-1, Свети Николе-10, Кичево-22, Ресен-5, Неготино-10.

Денеска Инcтитyтот за jaвно здpaвje peгиcтpиpa 1068 оздpaвени пациенти од: Скопје-255, Куманово-51, Дебар-3, Штип-40, Прилеп-81, Тетово-74, Струга-23, Велес-64, Битола-33, Охрид-31, Кавадарци-40, Гостивар-67, Гевгелија-22, Струмица-68, Крива Паланка-11, Радовиш-8, Кочани-27, Пробиштип-6, Демир Хисар-3, Македонски Брод-7, Берово-15, Валандово-6, Виница-9, Делчево-31, Кратово-10, Свети Николе-19, Кичево-42, Ресен-9 и Неготино-13.

Починати се 28 лица, пет пациенти од Скопје (58, 75, 67, 78 и 22г), еден од Куманово (69г), еден од Дебар (66г), шест пациенти од Прилеп (70, 77, 53, 56, 69 и 82г), двајца од Струга (59 и 69г), еден од Велес (66г), тројца од Битола (76, 69 и 61г), еден од Кавадарци (57г), еден од Гостивар (83г), еден од Радовиш (80г), еден од Крушево (64г), еден од Кочани (65г), еден од Пробиштип (78г), двајца пациенти од Кратово (76 и 76г) и еден пациент од Кичево (80г). Од нив, двајца се починати вон, останатите се починато во болнички услови.

Вкупната бројка на Koвид диjaгнocтициpaни во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 70883, бројката на оздpaвени пациенти е 47364, на починати е 2051, а бројот на активни слyчаи изнесува 21468.

Во Прилеп од почетокот на епидемиjaта со Koвид-19 се зapaзиле 3516 лица, а активни се 920 случаи.

Циркуз во Битола: Објавиле ли тендер само за шест букви? (Фото)

Сакајќи да упатат порака за добро здравје во Новата 2021 година, од општина Битола се посрамотија…

Веројатно објавиле тендер само за шест букви….Друго логично објаснување за ова нема…

Документарен филм за Марко Цепенков – великанот од Прилеп кој остави непроценливо богатство

Филмот во траење од 26 минути датира од 2006 година и е во продукција на “Камелеон”.

Сценариото е дело на Д-р Марко Китевски, режијата на Јане Марковски, монтажа Андреја Китевски, а приказната е пренесена од гласот на легендарниот Благоја Спиркоски – Џумерко.

Кој бил Марко Цепенков, неговото потекло, како започнал со идејата за собирање на народни умотворби и како се создало богатството кое го остави во наследство на сите, погледнете во видеото во продолжение:

Дрон видео од духовната тврдина на Пелагонија: Битолчанец направи досега најубава промоција на манастирот кај Зрзе

На околу 27 километри од Прилеп, под планината Даутица, врз бигорна карпа сместен е еден од најубавите македонски манастири – Зрзе, духовно светилиште кое плени со својата архитектонска убавина, местоположба, со гостопримството на монашкото братство.

Патот до манастирот води низ повеќе села во долненска општина. Се минуваат Ропотово, Пешталевo, се стигнува до с. Костинци, каде намерниот патник врти во лево за да се искачи кон селото Зрзе, а потоа и кон манастирот. Природата овие есенски денови е живописна.

Се менуваат боите. Некаде зелено се уште, некаде жолто. Пред патникот се откриваат нови видици. Полека искачувајќи се. се стигнува до с. Зрзе, место – нем сведок за едно време.

Те пречекуваат стари и трошни куќарки, изградени во автентичен македонски стил. Полека искачувајќи се се стигнува до долната порта и до паркиралиштето. Потоа пешки.

Пред посетителот ,,пука,, поглед на планината Даутица, и на бигорната карпа врз која е изграден манастирот. Оваа карпа со векови ја раскажува приказната за монашката заедница која тука се настанила и живеела со години.

Се искачуваш. Сега е лесно, откако е изграден патот. Без никаков проблем се стигнува до манастирот.

Е, кога патникот ќе зачекори преку манастирската порта, а потоа и во дворот на манастирот почнува да ја чувствува духовноста, мирот и спокојот што владе тука.

Најпрво, нормално се пали свеќа за здравје, а потоа топло добредојде ти посакуваат монасите од братството. Отец Јов, како добар домаќин раскажува за храмот посветен на Св. Преображение.

Црквата Св. Преображение е градена во неколку фази. Во неа се наоѓаат сликарските дела на зографите Драгослав и Добрислав.

Во храмот се и иконите на Христос Спасител и на единствената и ретка на Пресвета Богородица Пелагонитиса, насликана од еромонахот Макариј.

Со особена почит можам да кажам дека е смела и неповторлива интепретација на ликот на Мајката Божја.

Секој сака да фотографира, да има спомен од посетата. Пленат со убавата архитектура новите конаците, за кои Министерството за култура со години одделуваше пари, уредениот двор, околината. Монашкото братство многу добро се грижи за уредувањето на манастирот.

Зрзе како горнопелагониски манастир од 2005 година е епископско седиште на владиката Климент кој тука живее и делува заедно со своето монашко братство. Главно монашко послушание на зрзеските монаси е иконописот.

Нивните икони се репрезентативни подароци на важни личности, па така моажам да посочам дека иконата Пелагонитиса изработена токму од Зрзеската иконописна работилница била подарена на папата Франциск по повод Кирилометодиевските чествувања во Рим.

Од манастирот се пружа величенствениот поглед на цела Пелагонија. Цел регион ти е на дланка.

Пред тебе е непрегледно пространство, бескрајно, вечно. Глетка од која запира здив и која долго останува во сеќавање кај секој намерник.

Времето минато во манастирот тешко се заборава оти манастирот Зрзе има универзална димензија, затоа што тој е дел од нашата култура, традиција и наследство.

Во продолжение уживајте во убавините на манастирот Св. Преображение кај Зрзе, кои со својот дрон ги долови битолчанецот Џоле Трајчевски.

Бугарското Собрание гласаше: 24 мај ќе го слават како ден на бугарската азбука

Светите браќа Кирил и Методиј ја напишале бугарската азбука, барем според бугарскиот Парламент. По ветото кое и го испорачаа на Македонија, Бугарија со уште една провокација. Изгласан предлогот за преименување на празникот кој досега се славеше на 24 мај, како Ден на бугарското образование, култура и словенско писмо, во Ден на светите браќа Кирил и Методиј, за бугарската азбука, образование и култура, и за словенската литература.

Ова доаѓа само два дена откако Бугарија ја блокираше Македонија. А токму еден од условите на источниот сосед е македонскиот јазик, за кој тврдат дека има корени од бугарскиот. Чекор подалеку оди Каракачанов, преку соопштение на неговата ВМРО- БНД, вели дека македонскиот јазик, бил бугарски дијалект.

ВМРО-БНД е партијата која го понесе овој предлог за преименување на празникот до Собранието, каде настана и дискусија по ова прашање.

„Колку што разбирам, во бугарската научна јавност може да има различни спорови и за ова прашање, но неспорен е фактот дека бугарскиот придонес кон кирилицата е систематски и грубо напаѓан од Русија и од Македонија и треба да си го кажеме тоа, затоа посочете кој работи против бугарскиот национален идентитет во оваа насока“, изјави Тома Биков од владејачкиот ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов како одговор на критиките од опозициската БСП.

„Откажете се, зошто тоа е длабоко внатрешно противречно и дава можности за различни интерпретации, од кои ќе трпат бугарските културни институти, вклучувајќи ја и нашата комисија што работи со Република Северна Македонија“, укажа претходно собранискиот потпретседател Валери Жабљанов од БСП.

На крајот, предлогот од ВМРО на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов поднесен уште летоска доби 86 гласа „за“, 43 пратеници беа против, а 4 воздржани.

Со тоа, државниот празник 24 Мај се преименува од „Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост“ во „Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просвета и култура и на словенската книжевност“.

Три работи кои мора да ги направите пред Нова година

Десет дена пред Нова Година, започнуваме да анализираме што сме направиле годината што изминува и што ќе правиме во годината што следи.

И токму затоа, убаво е да се направи кратка листа која ќе не мотивира и инспирира за поубава година.

1. Листа на најголемите достигнувања во 2019 година!

Листата на одлуки за новата година не мора секогаш да има работи кои сте ги направиле погрешно или пак цели кои не сте ги оствариле, а сте требале. Напротив, пописот кој сите ние треба да го направиме е оној на кој сме горди и кој ги содржи сите убави работи во годината која заминува.

2. Листа на се она што сте благодарни

Нова година е време кога размислуваме што мора да смениме во животот. Но, пред да почнете со критиките, направете нешто што ќе ве развесели и на што ќе се гордеете. Направите попис на работите кои ви се случиле во 2019 година, а на кои може да бидете благодарни и насмејте се!

3. Листа на работи на кои ќе се веселите во 2020 година

Запишете пет работи (мали или големи) кои едвај ги чекате во Нова година. Како на пример венчавката на пријателката (или сопствената), продолжението на филмот или серијата кое го чекаш со нетрпение, можеби дипломата, патување за годишен одмор.

(Видео) Откриено “Осмото светско чудо”: Потонат нацистички брод ја пренел познатата килибарна соба

Килибарната соба се сметаше за „осмо светско чудо“ пред да биде ограбена од нацистите пред повеќе од 70 години и никогаш не беше пронајдена. Нуркачите тврдат дека ykpадената стока може да се наоѓа во кутиите со богатството. Зачудените нуркачи открија кутии со богатство на потонатиот нацистички воен брод, во кој може да се сместат 250 милиони фунти изгубено злато.

Неверојатни фотографии покажуваат сандаци во бродот во кои можеби се наоѓа златото од килибарната соба.

Во април 1945 година, германскиот воен брод Карлсруе потона на дното на Балтичкото Море. Во октомври, полските нуркачи тврдеа дека пронашле остатоци од речиси недопрена Карлсруе.

Тимот на организацијата „Балтиктек“ со месеци ги анализира остатоците, а сега тврди дека пронашол злато од „Килибарната соба“, пренесува Сан.

„После темелна проверка на морското дно околу Карлсруе, успеавме да потврдиме присуство на друга руина, оддалечена само 550 метри од него“, велат од Балтиктек.

„Понатамошните истражувања ќе покажат дали станува збор за сад поврзан со настаните од 13 април 1945 година.

„Како што очекувавме, многу опрема се растурила околу бродот, особено пред неговиот лак. „На дното пронајдовме десет сандаци и многу други работи.

“Некои беа отворени. Содржината на едниот од нив – специјални гумени заптивки – ви дава надеж дека станува збор за некои вредни предмети, можеби слики?”

Килибарната соба беше украсена со килибарни плочи со огледала и златни листови.

Мицкоски за 24ТВ: ВМРО-ДПМНЕ води на анкетите пред СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ почна една теренска анкета и телефонски ќе започне во понеделник. Месечно правиме по една теренска анкета. И во овој момент ВМРО-ДПМНЕ има предност пред СДСМ, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното “Студио 10” на 24 телевизија.

За протестите кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека не е важна бројката на луѓето кои се присутни, особено во време на кopoна криза, туку важно е јавноста да слушне дека има кој да се грижи за македонските национални интереси.

-И тоа го слушна јавноста и заедно со народот го направивме првиот чекор и јас им благодарам за тоа кои сите беа заедно со нас. И ги повикувам на будност во наредниот период што следи и обединување за да го победиме Заев. Свесни сме дека Заев повторно ќе уценува, ќе подмитува, ќе поткупува и сега треба да смислиме начин како тоа да го спречиме. И затоа сега треба обединување на фронтот, кој што е опозит на Владата и да ги победиме на локални, а со тоа и потоа да ги делигимитираме на парламентарните избори, дециден е Мицкоски.

Дали ќе има коалиција со Алијансата за албанците, Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ цело време повикува на вистинско обединување, односно со акции и дела.

(Видео) Меркел ќе заплачеше: Ги моли граѓаните да се придржуваат до мерките

Германската канцеларка Ангела Меркел апелираше денеска до сонародниците да ги намалат контактите за време на Божиќ, истакнувајќи дека на улниците практично ги молат граѓаните да се држат до научните патокази.

Секогаш воздржаната и студена, Меркел сега во емотивниот настап, на ивица да не заплаче, ги замоли Германците да се придржуваат до пропишаните мерки.

„Бројот на контакти е преголем, навистина ми е жал, но ако цената која ја плаќаме е 590 cmpтни случаи дневно, тогаш тоа според мене е неприфатливо“, рекла видно вознемирената Меркел.

Обраќајки им се на пратениците, Меркел рекла дека ограничувањата се воведени на почетокот на ноември не се покажале како ефикасни.

„Ако имаме премногу контакти до Божиќ, на крајот тоа ќе биде последниот Божиќ со нашите дедовци и баби, тогаш ќе направиме нешто погрешно. Не смееме да дозволиме ова да се случи“, рекла таа.