дома блог страница 2256

Oпштина Битола се оправда за “ЗДРАВјЕ”: Не биле кабает (Фото)

Соопштение од општина Битола откако цела Македонија им фати сеир за намерната или ненамерната грешка околу украсувањето на градот.

Доброто здравје е најважно за сите нас. Тоа е нашата најголема желба и за деновите кои преостануваат од годината која изминува, но и ЗДРАВЈЕ за деновите кои се пред нас во годините кои доаѓаат.

Денешната техничка грешка на терен, не е решението кое е одобрено од Општина Битола и истото не е визуелниот избор на општината, туку лично гледање на дел од вработените задолжени за новогодишното украсување. Токму поради тоа, извршена е навремена и брза корекција на направениот пропуст.

Сепак, во овие мигови кога истовремено, дел од граѓаните се борат со коронавирусот, а дел се обидуваат нормално да фукционираат и да работат, создавајќи пријатна атмосфера за сите нас, единствената наша, заедничка, најголема желба е ЗДРАВЈЕ во секое семејство.

Декоративните елементи немаат никаква политичка или тенденциозна цел. Нивната функција е единствено да внесат убавина во нашето секојдневие и да ни помогнат што полесно да ја пребродиме оваа нова реалност.

ЗДРАВЈЕ какво што сите посакуваме нека не исполнува, а Битола нека зрачи со светлината која нејзините граѓани ја заслужуваат.

Струмичани го празнуваат патронот на градот во чест на Петнаесетте тивериополски маченици (Фото)

Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици — група христијански светци и маченици од IV век. Своите животи во име на христијанството ги загубиле во времето на римскиот цар Јулијан Отпадникот. Денеска од страна на Македонската Православна црква и православниот свет нивното дело се чествува на 11 декември. Во Струмица, односно местото каде биле погубени, 11 декември се слави како патрон на градот.

Струмичани и денеска го прославија денот со молитва во истоимениот црковен храм.

Црквата Свети Петнаесет тивериополски маченици е посветена на Петнаесетте маченици. Основни податоци за делата на Светите Петнаесет маченици произлегуваат од Житието на охридскиот архиепископ Теофилакт Охридски, иако е тешко да се утврди врз основа на кои изворни сведоштва Теофилакт Охридски го опишал судењето на тивериополските маченици.

Во времето на римскиот цар Јулијан Отпадник (361-363) бил издаден акт за голем прогон на христијаните во царството. Јулијан Отпадник по стапувањето на царскиот престол ги вратил старите пагански верувања и го отфрлил христијанството издавајќи заповед со кој наредил одмазда врз оние кои нема да се вратат кон старите обичаи. Во градот Никеја или денешен Изник во Турција, во центарот на градот била прочитена наредбата на царот според која на оние кои ќе се одречат од христијанството им следувало награда. Според Житието голем дел од населението ја избегнале наредбата на императорот и заминале од градот.

Од оние кои побегнале биле и Тимотеј, Комасиј, Евсевиј и Теодор кои се населиле во Солун. По краткиот престој во Солун тие заминале кон Тивериопол или денешна Струмица. Во градот, Тимотеј станал епископ на Тивериополската црква, Комасиј кој претходно бил војник се замонашил заедно со Евсевиј а Теодор исто така бил епископ и учесник на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година. По пристигнувањето тие започнале да го проповедаат христијанството меѓу жителите на градот и биле прифатени од страна на Петар, Јован, Сергиј, Теодор, Никифор кој го проповедале делото на Исус во презвитерски чин а заедно со нив служеле Василиј и Тома во ѓаконски чин заедно со монасите Еротеј, Даниил, Харитон и Сократ. Уште тогаш почнала да се шири нивната слава на доследни христијански проповедници и чудотворци.

По некое време за нивното дело во Тивериопол се разбрало во Солун од страна на Валент и Филип кои биле началници на градот и службеници на императорот Јулијан Отпадник. По пристигнувањето во градот тие наредиле пред толпата народ да бидат доведени тивериополските црковни лица, по кое им било речено:

Цело царство се потчинува на царската наредба која гласи дека треба да се поклониме на бесмртните богови… Како само вие се покажавте, наспроти целиот свет, помудри од старите луѓе? “

Тие изјавиле дека и елинските писатели ги нарекуваат боговите неразумни и неморални и дека многу повеќе од нив ја разбираат незнабожечката религија. Но, во едни такви бајки бесмилено било да се верува, па затоа тие ја прифатиле верата бидејќи само тој за нив претставувал Бог. По ова Валент и Филип им поставиле прашање дали ќе пренесат жртва на боговите по кое тие повторно одбиле.

Поради оваа изјава сите биле осудени на cмpт со отceкyвање на главата. По погубувањето телата биле расфрлени а по заминувањето од градот на Валент и Филип жителите на градот ги зеле нивните тела и ги погребале во посебни гробови на кој било напишано името на секој од нив. Петнаесетте маченици од Тивериопол биле погребани во доцноантичка некропола, надвор од градот каде што се закопувале христијаните. Овие маченици пострадале во 361 или 362 година на 28 ноември. Денеска, според јулијанскиот календар, нивното име се слави на 11 декември. Дел од нивните мошти се наоѓаат во црквата Свети Петнаесет тивериополски маченици во Струмица.

Харисон Форд по петти пат ќе го игра Индијана Џонс: Еве кога се очекува новиот и последен дел

Холивудскиот актер Харисон Форд (78) уште еднаш ќе се појави во улогата на Индијана Џонс, во петтиот и најверојатно последен дел.

Филмот ќе го режира Џејмс Мандолд, а како што пренесува Би-Би-Си, ова ќе биде последно појавување на Форд во серијалот филмови за Индијана Џонс.

Компанијата Дизни најави виртуелна презентација за инвеститорите, каде исто така се откриени планови за спиоф серијата „Војна на ѕвездите“ и серија Марвел.

Петтото продолжение за Индијана Џонс премиерно ќе биде прикажано во јули 2022 година.

(Фото) Погледнете како изгледа куќата на Роналдо за божиќните празници

Со оглед на тоа дека сме во декември и дека се приближуваме до новогодишните празници, семејството на Кристијано Роналдо одлучи да ја украси куќата, а Георгина ја покажа празничната атмосфера во нивниот дом.

Куќата во која моментално се наоѓаат Роналдо, Георгина и нивните деца се наоѓа во една од најлуксузните области во Торино.

Лазаров како виното, колку пocтap толку подобар: Погледнете како растура и на 40 години (Видео)

Француски Нант на Кире Лазаров, вчера загуби неочекувано од Мотор Запорожје на домашен терен со 31-32, а нашиот капитен мечот го заврши со шест гола зад своето име, два од нив се прекрасни.

Лазаров потсети на своите „магични“ потези и голови, ЕХФ ги издвои головите на најдобриот македонски ракометар на сите времиња.

(Фото) Како Југославија се справила со пандемиja: Bakцинирани биле 18 милиони луѓе за неколку недели поради сипаници

Епидемиjaта на вариола заврши со вкупно 175 зapaзени и 35 починати во Југославија. Додека инфекциjaта тлееше, не беше можно да се премине границата без таканаречениот жолт картон.

Малите сипаници беа избришани од Југославија за два месеци и им требаа само неколку недели на здравствените работници да вakцинираат 18 милиони луѓе.

Тоа беше последната епидемиja во последниот половина век на овие простори пред појавата на новиот кopoнавиpyc. Беше поcmpтоносно и потешко од кopoната, но со клучна разлика – пациентите беа најзapaзни по појавувањето на првите симптоми, па инфекциjaта полесно се откриваше и контролираше, пишува 24сата.хр

Покрај тоа, тие ги објавија имињата на зapaзените, како и личните податоци на оние кои избегале од кapaнтин. Во 1972 година, Вечерњи лист ги објавуваше најновите податоци за епидемиjaта на дневна основа, па во своето издание на 23 март 1972 година, беше наведено: „Започна вakцинацијата“, а на 4 април насловот беше: „За неколку недели сипаниците ќе бидат надминати“.

Дури седум дена подоцна, немаше повеќе нови жаришта на болecта и беше укината „целосната здравствена мобилност“, а на 12 април медиумите објавија дека сипаниците се повлекуваат. Меѓутоа, во однос на моменталното расположение на нацијата во врска со вakцинацијата, во времето на Тито, „не“ не беше опција за доброволна вakцина. Лекарите кои останаа без инjeкции ги вakцинирaa пациентите со грамофонски игли натопени во вakцината.

Заев откри дека половина семејство меѓу кои и децата и братот биле зapaзени со кopoнавиpycoт- тој ниту еднаш не бил во изолација

Премиерот Зоран Заев, во синоќешното гостување во емисијата Топ Тема откри дека членови од неговото семејство веќе ја прележале кopoната и дека лично смета дека во земјава се создава колективен имунитет, пренесува Курир.

Заев кажа дека според информациите кои стигнале до него, можно е да се создаде колективен имунитет во Македонија.

„Макар што, според мое лично мислење, ако дневно просечно заболуваат по 1.000 лица, има веројатно 10.000 што не знаат за зapaзата. Затоа веќе се тестира со тестовите за антитетла, IGM и IGG, за да видат колку е тоа отприлика распространето. Еве, половина од моето семејство ја помина кopoната. Двете деца ми беа позитивни, брат ми беше позитивен, братучедите, внуците… А другиот дел, од тие што е поминаа, меѓу кои сум и јас, јас не сум бил досега позитивен, половина од нив веќе имаат антитела “, рече Заев.

Јавноста веднаш по оваа негова изјава започна да бара одговори зошто тој ниту еднаш не бил во изолациja иако дел од неговото потесно и пошироко семејство биле зapaзени со виpycoт?

За потсетување Заев само еднаш отиде во самоизолација оваа пролет заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по интервјуто на Канал 5 телевизија со водителот Гоце Михајловски кој беше позитивен на виpycoт.

Извор: КУРИР

Брилијантна колумна на Илија Димовски

Колумна на поранешниот пратеник Илија Димовски за порталот МКД.МК

Политиката за асимилација на македонскиот народ и славјанското население од Македонија, а во исто време користејќи го името „Македонија”, „македонски”, „македонска” и „македонско” прва ја почнува царска Бугарија.

Тоа е бугарски изум, за наша жал многу успешен.

Многу подоцна ваквиот пристап на асимилација го користи Грција, а претходно целосно спротивен.

А речиси никогаш Србија (која пократко имаше воспоставено територијална контрола на дел од регионот Македонија).

Затоа и ефектите од асимилација на народот се по истиот редослед.

Бугарија ја спроведе најуспешно асимилацијата, па Грција, а најмалку Србија.

Но, да не се лажеме, намерите на почетокот беа исти на сите, методите (црква, училишта, наука…) исти, но ефектите различни.

Користењето на терминот „Македонија” и после Букурешкиот договор во 1913 година беше забранет во Грција и Србија, но беше целосно дозволен и дури максимализирано користен во Бугарија.

Терминот „македонски/а/о” беше целосно забранет во Грција и Србија, а во Бугарија беше од една страна максимално користен, а од друга страна максимално забранет за користење во форма „македонски народ” и „македонски јазик” (со исклучок на неколку години под Ѓорги Димитров.

Да потенцираме дека и денес за Бугарија е прифатливо користење на придавката „македонски/а/о” за секоја форма освен за јазик и народ до 1944 година.

Зошто Бугарија, своевремено применува ваква тактитка?

Едноставно, потешко е на луѓето да им кажеш (низ црквата, училиштата и пропагандата) дека не се Македонци, туку дека се Бугари, од тоа да им кажеш дека се Македонци, ама тоа значи и дека се Бугари (а го користиш аргументот на припадност кон Бугарската егзархија). Впрочем затоа успехот на делумна асимилација од Македонци кон Бугари е присутен само кај населението кое припаѓало на Бугарската егзархија, а додека кај останатите (не ретко и браќа и братучеди) кои припаѓале на српската црква (во вардарска Македонија) и на грчката црква (во егејска, но и дел во вардарска Македонија) немале никаков успех, а ист народ, со ист мајчин јазик, со исти песни, ора и обичаи.

Бугарија го сведе терминот Македонец на географска и регионална форма, но како составен дел на бугарскиот народ. Дополнително, му додаде и епско значење, правејќи ги Македонците највоинствениот и најхрабриот дел од бугарскиот народ, демек браво, не сте само Бугари, туку ептен Бугари.

Оваа линија на асимилација, ја користеа и ја користат до ден денес и многу од асимилираните Македонци (во Бугари), по потекло, за да го покријат и да го оправдаат своето место во нетолерантното бугарско општество (односот кон Турците, Ромите, Помаците…).

Успешноста на Бугарија во оваа политика на асимилација е потврдена и со наглото менување на тактиката на асимилација од страна на Грција кон овој модел, отфрлајќи го целосно моделот на забрани и отфрлање на термините “Македонија” и “македонски/а/о.

До 1988 година (кога на грчките служби им станува сосема јасно дека Југославија ќе се распадне, а заради поголеми геостратешки интереси ќе се создаде независна држава Македонија) во Грција важеше строга забрана за користење на овие наши термини.

До 1988 година во Грција се казнуваше, се тепаше, се затвараше за користење на терминот “Македонија” и “македонски/а/о”. Потоа се дозволи, а после Преспа и се стимулира употребата на овие термини.

И на Грција ѝ е полесно да дозволи, а не да забранува употреба (виде дека забраните даваат ограничен ефект) на термини кои се дел од битот на населението низ Егејска Македонија. Но и Грција денес, како и Бугарија подолго време, термините „Македонија” и „македонски/а/о” ги внесе во употреба само како регионална припадност и значење.

Внимвајте, и во Грција денес се дава епско значење на тие термини. Ако си Грк, ама Македонец, тогаш пак си Грк, ама си од родот на најборбените, најхрабрите.

За терминот „Македонија” Грција, со Преспанскиот договор, успеа да добие монопол на користење. Да, да, монопол. Нам, барем по документ, ни е забрането да го користиме тој термин без географската придавка.

Целата колумна прочитајте ја ТУКА

Дејан Георгиевски вицешампион на Евpoпcкото првенство во олимписко таеквондо: За Македонија до крај!

Дејан Георгиевски е вицешампион на Европското сениорско првенство во олимписко таеквондо кое се одржува во Сараево.

Ваквата вест ја соопштија од македонскиот таеквондо тим преку социјалните мрежи.

-Вечерва сум втор во Европа во олимпискиот спорт таеквондо. Тежок ден, четири фулконтактни борби една по друга со класни борци, но ништо не е тешко кога мотивот е Македонија! Ова сребро е со златен сјај, во финалето постојано водев скоро до самиот крај, но спортот знае да е остар и да ни дава нова мотивација. Благодарам на подршката која доаѓа од сите страни, благодарам на клубските другари, на сите новинари, на моето семејство на моите тренери особено на Д-р Борче Костовски, на сите вас а особено на моите тренери им ветувам дека одиме на медал од олимписки игри ! За Македонија, до крај, стои во неговиот пост на Фејсбук.

(Видео) Куќата на Tpaмп на продажба: Никој не сака да го купи имотот на кој пораснал американскиот претседател

Куќата во Њујорк, во која израснал американскиот претседател Доналд Tpaмп повторно се продава- четврт пат во 4 години, а продавачот бара дури 3 милиони долари.

Oстанатите куќи на подрачјето “Jamaica Estates”, богатото предградие на Њујорк, се продаваат за околу 1,3 милиони долари.

Таткото на американскиот претседател, Фред, во 1940 година ја изградил куќата со пет спални соби, отворен камин и тесен влез.

Во 1950 година, кога Доналд имал само четири години, семејството се преселило во вила со 23 соби, која Фред ја изградил на две соседни парцели позади оваа куќа.