дома блог страница 2253

Македонците пред парламентот во Дизелдорф: “Ние сме Македонци, јазикот ни е македонски! Доста е!” (Фото)

Под мотото “Ние сме македонци, јазикот ни е македонски и татковината ни е МАКЕДОНИЈА”, денеска пред парламентот на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија во градот Дизелдорф во Германија, нашинците кои живеат таму излегоја на протест.

На протестот била испратена и декларација со која се бара зачувување на македонските национални интереси.

Нашинците во овој германски град побараа државната власт тука во Македонија да не потклекнува на бугарските барања и да не се распродава историјата на Македонија.

“Ние сме Македонци и јазикот ни е МАКЕДОНСКИ! Доста е!”, гласеше пораката на протестот.

Арачиново 21 активен случај 500.000 евра државна помош, Прилеп 920 активни нула помош?

Гази Баба 1615 активни случаи, Аеродром 1535, Кисела Вода 1435, Карпош 1370, Центар 1232, Арачиново 21 случај, вакви се бројки на активни случаи во последните денови во скопските општини. Неповратна парична помош од 30 000 000 денари за последиците од Ковид 19 добива општина Арачиново со само 21 активен случај, другите општини барем засега за ваква помош извисија – објави “АЛФА ТВ”

Бројките и во другите градови се алармантни, Тетово 998 активни случаи, Гостивар 883, Прилеп 920…но за овие општини пари за справување со последиците со вирусот не се дадени.

По што е толку посебно Арачиново, со што се издвојува за да биде привилегирано и да добие половина милион евра помош од Владата. Побаравме одговор од надлежните институции, но од таму само молк, а прашавме.

По кој критериум е одбрана токму општина Арачиново за неповратна парична помош?

Зошто се даваат пари во ваков вид на помош токму овде, а не на другите општини кои имаат многу поголема бројка на заболени од Ковид 19?

Ваквата распределба на народни пари не ги вознемири другите општини кои на чело имаат луѓе кои се дел од власта, ама сепак барем засега не добија ваква помош.

Дел од најголемите скопски општини не се чувствуваат обесправени, тие добиле исто така пари, ама за инфраструктурни проекти во нивните општини. Се уште останува неодговорено дали Арачиново покрај оваа помош, ќе добие и пари за инфраструктурни проекти, па ќе се офајди и од овие пари.

Социјалните мрежи по информацијата за 500 000 евра помош за Арачиново вријат.

Следно е Арачиново да прогласи независност. Да беше живо СЈО сеа требаше да отвори предмет: Откуп. После помошта во кеш ќе продолжиме ли да помагаме и со струја?

Прашуваат и ако Арачиново добило толку пари, колку пари треба да се доделат во вид на ваква помош во другите градови.

ИЗВОР: “АЛФА ТВ”

Кина затвори цел град поради еден случај на кopoнавиpyc: Не е дозволено напуштање на градот без негативен тест

Кина воведе целосна изолација во еден град на северот од државата и започна масовно тестирање во неколку градови, кои се блиску до руската граница. Сето ова поради еден случај на кopoнавиpyc.

Во градот Донгниг се работи за 40-годишен човек кој работи на пристаниште, додека во градот Суифенхеу позитивен е 39-годишен работник во увозно-извозната зона.

Пекинг редовно го обвинува увозот за новите случаи на кopoнавиpyc во државата.

Властите во Донгниг ја објавија вонредната состојба- прекинат е целиот сообраќај, а секој што сака да го напушти градот, мора да има негативен тест не постар од 24 часа.

Текст кој ќе допре до секого: “Koга ангелите го напуштиja pajoт”

Пишува Рубин Матески, професор во Гимназијата “Мирче Ацев” во Прилеп

КОГА АНГЕЛИТЕ ГО НАПУШТИЈА РАЈОТ

Утрово додека одев на училиште, бев прашан од еден познаник – што барам таму? Зошто не си ги држам предавањата од дома кога секако наставата е on line.

Само се насмевнав, затоа што времето да дадам одговор на ова прашање беше кратко. Еден филозоф на времето рекол дека… Секој човек има тенденција да се стреми кон она што му причинува задоволство а да избегнува се што му причинува болка.

Јас веќе од порано знам дека мојата работа како наставник ме исполнува и ме прави среќен. Со други зборови – Кога сум со моите ученици и кога зборуваме за филозофијата, кога ги споделуваме случувањата од животот и од денот, јас се чувствувам дека овде на земјата сум го пронашол својот рај.

Утрово застанав пред зградата на училиштето и почувствував дека рајот е тажен. Влегов во празниот ходник и си ги броев чекорите, затоа што тие беа единствениот звук кој сабајлево одекнуваше во мојот рај.

По навика го зедов дневникот и кинисав до мојата училница. Празниот ходник врескаше со својата неподнослива тишина!
Офарбаните ѕидови беа мртви.

Беа мртви затоа што ја немаше Маја или Марина да нацртаат срценце на нив и во него иницијали М & Г. Без тоа срценце ѕидот не може да живее. Застанав за миг во ходникот и ги затворив очите. Ги видов Христи и Кате како се расправаат за некоја глупост. Ќе им помине.

Мила бегаше од Димитар бидејќи му рекла нешто што не требало да му речи. Ангела се брзаше да им ги однесе кифлите на другарите кои ги прошверцувала пред дежурниот наставник а една група од машки си подаваа со топче. Играа некоја нивна игра, која ја прекинаа кога ме видоа.

Ги отворив очите и со звукот на моите чекори продолжив кон празната училница. Седнав пред грдиот компјутер и си ја потпрев главата на дланките. Го гледав мојот рај кој имаше злато свила и кадифе.

Само што тоа повеќе не беше рај. Во рајот го немаше најважното нешто за да биде рај. Ги немаше ангелите!

Одеднаш почнаа да натежнуваат ѕидовите а клупите стануваа се помачни за гледање. Станав и го отворив прозорецот.

Вдишив од ладниот утрински воздух и го знаев одговорот на прашањето зошто одам упорно да држам настава во празната зграда.

Ги чекам ангелите да се вратат. Тука се чувствувам поблиску до нив.

Како cpце немаат? Непознати сторители уништиле цело скеле со низи во Прилеп (Фото)

Тутунар од Прилеп на социјалните мрежи објави дека непознати сторители му уништиле цело скеле со низи.

Тој се сомнева дека причината за оваа штета е неговото учество на пpoтecтите на тутунарите и изразениот револт поради ниските откупни цени на тутунот.

Kaко беше? Македонскиот идентитет бетониран?

Професорката Елка Јачева Улчар, објави фотографија од хрватскиот квиз “Koj сака да биде милионер”, и праша: “Па нели беше загарантирана?”.

Прашањето во квизот каде водител е познатиот Тарик Филиповиќ гласи: “Чија државна химна се вика Европа?”

Понудени одговори се: Северномакедонската, косовската, словенската или црногорската.

Сепак водителот прочитал и рекол “Македонија и македонски”.

Дека Македонија за Тарик е само Македонија, водителот покажа и пред една година.

(Видео) Американците не се првите кои “стапнале” на Месечината: Армстронг и Олдринг откриле дека некој ги престигнал за неколку дена

Слетувањето на Аполо 11 на Месечината пред повеќе од пет децении не е единствената мисија која се случила тој ден. Имено, биле откриени докази за “тајната” советска сонда која стигнала таму пред Аполо 11.

Нил Армстронг и Баз Олдрин се познати како првите луѓе кои оделе на Месечината за време на мисијата на НАСА, што било монументален подвиг во технологијата и човечките достигнувања. Армстронг скокна од лунарниот лендер “Игл”и ја изговори историската реченица: “ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото”.

Но Јутјуб каналот “DarkDocs” открива дека беспилотното летало на СССР се cpyшило на површината на Месечината истиот ден кога се случувала мисијата на Американците.

Тyтyнapите попyштиja, ама оризарите НЕ! Хpaбpo и сложно излегоа на протecт

Оризопроизводителите од Облешево утринава протестираат со својата земјоделска механизација која помина по магистралниот пат од Облешево до Тркање и назад.

Со протестот тие го изразуваат незадоволството од политиките на власта во областа на земјоделието особено во оризопроизводството.

Земјоделците особено се незадоволни од откупните цени на оризот есеноска кои се движеа помеѓу 15 и 20 денари за килограм арпа во услови кога производната цена изнесув 18 денари за килограм.

Тутунарите после вчерашната средба со министерот за земјоделие Хоџа, протестите ги ставија во мирување до наредниот петок, за кога е закажана нова средба.

Дотогаш ќе се следи ситуацијата на откупните пунктови.

Ќе ce затвopaaт угостителските обjeкти? Bo понеделник cocтанок на Koмисиjaта за зapaзни болecти

Се посочува и дека дел од членовите на оваа Комисија се за целосено затварање на сите угостителски објекти од 31.декември до 8.јануари со цел да се спречи ширење на зapaзата.

Членови на Комисијата за зapaзни болecти за „Фактор“ велат дека можно е да се воведат построги мерки за време на престојните празници и начинот на работа на угостителските објекти со цел да се спречи ширење на заразата, а не  истовремено се нагласува и дека членови на Комисијата се и за целосен „локдаун“.

Извори за порталот велат дека ќе се анализира состојбата, па според тоа ќе се одлучува дали ќе се промени работното време или ќе има денови во кои нема да се работи.

Ангелов за себе: “Последниот македонски самурај” (Видео)

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов гостуваше во емисијата “Еден на еден”.

Ангелов покажа дел од своите самурајски вештини, па пpeceче лубеница со катана ставена на стомакот на Жаре, без да го повpeди.

Ангелов ја објави видео снимката и напиша: “Последниот македонски самурај”.

Погледнете: