дома блог страница 2252

“Курир”: Лица позитивни на Koвид дошле на глacaње во Штип

На избирачките места 2276, 2252 и 2265 во Штип лица позитивни на коронавирусот дошле да гласале на локалните избори за градоначалник, дознава КУРИР.

Истите лица наместо да бидат спречени, го оствариле своето право на глас иако имале решенија за изолација потврдено од полицијата.

Во истиот момент, на дел до гласачките места било побарано и прекин на гласањето од набљудувачите.

Инаку денеска се забележани и нерегуларности при гласањето на локалните избори во Штип.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Внесете матичен и проверете дали ве има во списокот за помош од Владата на нашата земја

Владата на вчерашната седница донесе одлука за четвртиот сет мерки, со кои доделува помош на граѓаните.

„Владата им излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од кризата и на предлог на  Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна задолжен за економски прашања, во соработка со Претседателот на Владата и Генералниот Секретаријат донесе одлука дополнителниот сет на мерки во вкупен износ изнесува 488.803.928,00 денари, односно околу 8 милиони евра.“, се вели во соопштението.

На страницата kupuvamdomasno.gov.mk, може да видите дали сте меѓу оние кои се опфатени во најновиот сет на мерки на Владата. Потребно е само да го внесете матичниот број.

Право на еднократна финансиска поддршка имаат:

Прилеп доби “нов” Lосkdown: Дечкиве се пpeкpaceн спoj и мopa да ги cлyшнете (Видео)

Lockdown е името на новиот бенд млади дечки од Прилеп.

Бендот го сочинуваат: Наум Наумоски, Кирил Младеноски, Михаил Грашкоски, Александра Игнатоска и Вања Младеноски. Дечките звучат одлично и веќе имаат снимено две преработки за песните “Во бестрага” од Брејк и “Back to black” од
Ејми Вајнхаус.

– На почетокот бевме двајца, a се запознавме и свиревме на училишните смотри и ревијални смотри. Потоа ни се придружи и Кире. Долго време баравме бас гитара и во бендот ни се придружи и Вања. Често вежбавме и свиревме на неколку хуманитарни концерти кои беа успешни. Но, се’ уште не бевме комплетирани како бенд, бидеќи немавме вокал. Пред неколку месеци ни се придружи и Алексндра. Кога веќе имавме вокал, дојдовме на идеја да се пријавиме на радио и да снимиме две песни. Пробите ги правевме во пицерија “Таверна” – велат дечките од младиот прилепски бенд.

За реализација на нивните први два проекти се погрижија, камерманот Андреј Златаноски, кој ги сними спотовите и Ѓорѓи Вачев, кој ги сними песните.

Слушнете ги во продолжение и уживајте:

Очajна излезнocт на избopите во Штип и Плacница yтpoво

На денешните предвремени избори за градоначалник на Општина Штип до 9:00 часот гласале 1227 гласачи, односно 2,94 отсто, а на изборите за прв човек на Општина Пласница – 365 избирачи, односно 7,37 проценти, соопшти претпладнево Државната изборна комисија (ДИК).

ДИК потестува дека право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41 177 гласачи, додека во Пласница 4 954.

– Сите избирачки места во општина Штип и општина Пласница се навремено отворени, и гласањето се одвива без никакви проблеми. Гласањето е започнато во 7:00 часот и ќе трае до 19:00 часот, се додава во соопштението на ДИК.

ДИК пшотесттува дека информациите во однос на излезеноста на гласање, како и резултатите во живо по завршувањето на гласањето ќе можат да бидат следени на веб страницата https://lokalni2020.sec.mk/#/

Избирачите со право на глас на вонредните избори за градоначалник на Општина Штип можат да гласаат на 77 избирачки места за еден од петмината кандидати за градоначалник, кој ќе има мандат од девет месеци се до редовните Локални избори во 2021 година.

Oд денеска подгответе се за постуден бран

Почнувајќи од денеска попладне и во вечерните часови најпрвин долж Повардарието, а во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник, на повеќе места ќе дува засилен ветер од северен правец, што ќе биде најава за спуштање на постуден воздух од север. Локално ветерот ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Денеска и во понеделник времето ќе биде претежно облачно со услови за слаб локален дожд, а на планините ќе провејува слаб снег. Максималните температури на воздухот денеска ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, додека во понеделник истите ќе бидат за 3 до 4 степени пониски од сегашните, и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.

Наутро пак температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени. Во вторник ќе имаме намалување на облачноста и времето ќе биде претежно сончево, додека од среда ќе има повремено умерена локална облачност, ветерот ќе ја намали својата брзина и ќе биде претежно тивко со што по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

Двајца професори од Прилеп рангирани во листата на највлијателни научници во светот

Македонските научници Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Валентин Мирчески, Рубин Гулабоски, Трајче Стафилов и Иван Грозданов се најдоа на листата на топ 2проценти научници во светот, која што ја изработи тричлен тим предводен од проф. д-р Џон Јоанидис од Универзитот Стендфорд во САД.

Листата е објавена во рамките на трудот „Updated science-wide author databases of standardized citation indicators“ во научното списание „PLOS Biology“, а тоа може да го погледнете тука.

Студијата вклучува рангирање на над 7 милиони научници од целиот свет од 22 научни области и 176 под-области, од кои е направена листата од над 150.000 научници врз основа на голем број на комбинирани библиометриски индикатори, без да се земе во предвид возраста на научниците, објави грчкиот јавен сервис ЕРТ.

Инаку, професорот Љупчо Коцарев во моментов е актуелен претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Леонид Грчев е професор и академик во МАНУ, Рубин Гулабоски е професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, додека Трајче Стафилов, Валентин Мирчески и Иван Грозданов се професори на Институтот за хемија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Hecтоpoвски откако му донесе вредни три бода на Удинезе: “Голот го посветувам на моето семејство” (Видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец од Прилеп, Илија Несторовски, вечерва го постигна својот прв погодок сезонава за калчолигашот Удинезе, и му донесе вредни 3 бода на својот тим на гостувањето кај Торино.

„Ова беше важен гол за тимот. Многу сум среќен за победата во ова тешко време за мене. Го посветувам на моето семејство.“ – напиша Несторовски после натпреварот.

Несторовски е херојот на Удинезе: Неверојатен кам-бек и гол на “прилепската машина” (Видео)

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски одлично ја искористи довербата на тренерот Готи и стрелаше за триумф на Удинезе на гостувањето во Торино.

Само седум минути откако влезе во игра, Несторовски на мајсторски начин го совлада Сиригу и го врати водството на Удинезе. Со оваа победа Удинезе се качи на десеттата позицина на табелата во Серија А.

Несторовски беше надвор од терените речиси две недели поради позитивен кopoна тест.

Majмуни верно ја следеа Победа на Могила против Тиквеш: Два црвени картони за капитените и без погодоци

Во последниот меч од еснсиот дел на првенството на Втората лига-Исток, Победа и Тиквеш одиграа без голови 0-0.

Попладнево на стадионот на Могилата двата тима одиграа борбен натпревар, во кој видовме два црвени картони за капитените на двете екипи, Гешоски кај Победа и Мојсов кај Тиквеш.

Кавадарчани како и ланската така и оваа сезона не успеаа во борбата за 1-то место да победат во Прилеп, а според прикажаното денес и не заслужија.

Скапиот за второлигашки македонски прилики состав на Тиквеш, одигра далеку под можностите и очекувањата. Од друга страна пак избраниците на Крстески дадоа максимум од своите можности, и не дозволија на фаворизираниот противник да ги однесе бодовите од Прилеп.

Од Котевски, кој ја чуваше Победа на голот и слободно можеме да кажеме дека е јунак на натпреварот, до нововлезените во финишот, сите до еден одиграа на бараното ниво, и никој нема што да има забележи.

Со максимално залагање, борбена и пожртвувана игра, како и со играч помалку цели 48 минути, прилепските фудбалери одиграа еден од подобрите мечеви оваа полусезона.

Тиквеш имаше статива преку Трајкоски и неколку шанси, но Котевски со правовремени интервенции го сочува својот гол, додека Победа единствената зрела прилика ја имаше преку Јошески, кој со глава биеше непрецизно крај гостинскиот гол.

Победа: Котевски, С.Спиркоски (од 84 мин Дамевски), Петкоски, Стомнароски, Бошески, Дунимаглоски (од 65 мин Кисески-Илиоски), Каралиоски (од 46 мин Димоски), Ангелески, Дебрешлиоски, Јошески(од 81 мин Ф.Спиркоски) и Гешоски.

Резултати 16 коло: Победа-Тиквеш 0-0, Каменица Саса-Кожуф 3-1, Росоман-Осогово 1-7, Слога-Брегалница 1-3 и Кит Го-Плачковица 5-1.

Табела:Брегалница 42, Тиквеш 35, Кожуф 25, Кит-Го 22, Каменица Саса и Слога по 20, Осогово 19, Победа 14, Плачковица 11 и Росоман 8 бодови.

Во идното 17-то коло на 27 февруари 2021 година ќе играат: Брегалница-Победа, Слога-Кит-Го, Тиквеш-Росоман, Осогово-Каменица Саса и Кожуф-Плачковица.

(Видео) Џо Пеши го игнорирал Меколи Калкин за време на снимањето на филмот “Сам дома”

Поминаа 30 години откако беше снимен првиот дел од серијалот “Сам дома”, кој за многу кратко време стана омилениот божиќен филм во светот.

Но изгледа атмосферата за време на снимањето на филмот не била баш идеална, бидејќи Џо Пеши го игнорирал малиот Меколи Калкин.

Џо Пеши е едниот од бандитите кои провалуваат во куќата, заедно со Даниел Стерн. Тие ги толкуваат улогите на крадците Хери и Марв.

Како што пишува Индепендент, Пеши, кој не бил навикнат да глуми заедно со деца, планирал да го игнорира Калкин како би мупредизвикал страв.

10-годишниот Калкин го прашал Пеши “зошто никогаш не се смее”, а тој му одговорил “замолчи!”.