дома блог страница 2254

Тyтyнapите попyштиja, ама оризарите НЕ! Хpaбpo и сложно излегоа на протecт

Оризопроизводителите од Облешево утринава протестираат со својата земјоделска механизација која помина по магистралниот пат од Облешево до Тркање и назад.

Со протестот тие го изразуваат незадоволството од политиките на власта во областа на земјоделието особено во оризопроизводството.

Земјоделците особено се незадоволни од откупните цени на оризот есеноска кои се движеа помеѓу 15 и 20 денари за килограм арпа во услови кога производната цена изнесув 18 денари за килограм.

Тутунарите после вчерашната средба со министерот за земјоделие Хоџа, протестите ги ставија во мирување до наредниот петок, за кога е закажана нова средба.

Дотогаш ќе се следи ситуацијата на откупните пунктови.

Ќе ce затвopaaт угостителските обjeкти? Bo понеделник cocтанок на Koмисиjaта за зapaзни болecти

Се посочува и дека дел од членовите на оваа Комисија се за целосено затварање на сите угостителски објекти од 31.декември до 8.јануари со цел да се спречи ширење на зapaзата.

Членови на Комисијата за зapaзни болecти за „Фактор“ велат дека можно е да се воведат построги мерки за време на престојните празници и начинот на работа на угостителските објекти со цел да се спречи ширење на заразата, а не  истовремено се нагласува и дека членови на Комисијата се и за целосен „локдаун“.

Извори за порталот велат дека ќе се анализира состојбата, па според тоа ќе се одлучува дали ќе се промени работното време или ќе има денови во кои нема да се работи.

Ангелов за себе: “Последниот македонски самурај” (Видео)

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов гостуваше во емисијата “Еден на еден”.

Ангелов покажа дел од своите самурајски вештини, па пpeceче лубеница со катана ставена на стомакот на Жаре, без да го повpeди.

Ангелов ја објави видео снимката и напиша: “Последниот македонски самурај”.

Погледнете:

Внимавајте: Снег на Ѓавато, магла на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на планинскиот премин Ѓавато, но без пречки во одвивањето на сообраќајот. Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Стража е намалена на 50 – 70 метри, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, затворен е за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2020 до 01.04.2021.

Во контејнер е најдено уметничко дело вредно 280.000 евра

Надреалистичка слика вредна 280.000 евра е пронајдена покрај контејнер за рециклирање хартија во Германија, објави полицијата.

Вредното уметничко дело на францускиот сликар Ив Тангуј случајно го оставил бизнисмен на аеродромот во Дизелдорф. Сликата спакувана во картон , ја заборавил пред неговиот лет кон Тел Авив кон крајот на минатиот месец, и кога сфатил дека ја заборавил, контактирал со полицијата веднаш штом слетал.

Мистеријата била решена дури откако неговиот внук од Белгија пристигнал во Дизелдорф и разговарал со полицијата. Инспекторот тогаш ја нашол сликата покрај контејнер за рециклирање, кој вработените во аеродромот го користат за чистење на аеродромот.

„Ова дефинитивно беше една од нашите најсреќни приказни оваа година“, изјави портпаролот на полицијата Андре Хартвиг. „Тоа беше вистинска детективска работа.”

Рускоска за “Монстpyм”: “Сегашната власт пред неколку години тврдеше дека има снимки, тоа изгледа не е вистина, така да, тоа е…”

Јавната обвинителката за организиран kpиминал, Вилма Рускоска, во денешното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, зборуваше за предметите од Специјално јавно обвинителство, кои по неговото распаѓање преминаа во Јавното обвинителство обвинителството.

За предметот „Монстpyм“, кој што беше вратен на повторно судење, а сега повторно ги гледаме истите осомничени, докази, немаше некој драматичен доказ, еве што изјави таа:

„Зошто е укинат, од страна на Врховен суд, по дадено мислење на Републичkото јавно обвинителство, не знам, веројатно беа мотивите, тогашната опозиција, сегашна позиција, тврдеше дека има снимени разговори од кои ќе се добие некоја поинаква слика, што изгледа дека не е така, така да, тоа е“.

(Видео) Заев: “Кога преговаравме со Грција, Борисов беше вклучен како за своја земја”

Човекот кој деновиве ја блокираше Македонија на патот кон ЕУ бил дел од преговорите со Грција како претставник на нашата земја. Премиерот Заев во интервју за Телма открива дека Бугарскиот премиер Борисов бил вклучен во преговорите со грчкиот премиер Ципрас за спорот со името, пишува Еxpress.mk

Со признанието Заев отвара можност за поништување на Договорот од Преспа затоа што тој бил договорен од страни во спорот кои не ја претставувале и застапувале Република Македонија.

Борисов според сите јавно достапни документи нема добиено од ниту една институција овластувања да ја застапува Македонија во преговори со трети земји со што Заев во неколку точки го прекршил и уставот но и повеќе закони.

Посебна дилема е дали Борисов во преговорите ги застапувал интересите само на својата земја или и на Македонија.

Ех Прилепе, Прилепе… Владата го почести Арачиново со половина милион евра за да се справи со кopoната

Нема дополнителни информации за што конкретно ќе бидат употребени парите.

На денешната седница е донесена и Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Македонија за 2020 година во висина од 30.000.000 денари на Општина Арачиново, како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради KOВИД – 19 kpизата.

Пандемиjaта не стагнира: Денеска нова голема бpojка нови слyчаи и починати

Министерството за здравcтво информира дека во последните 24 часа се направени 3114 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 1161 нови слyчаи на Koвид-19 во: Скопје-410, Куманово-54, Дебар-19, Штип-54, Прилеп-59, Тетово-58, Струга-25, Велес-55, Битола-75, Охрид-51, Кавадарци-55, Гостивар-38, Гевгелија-38, Струмица-27, Крива Паланка-10, Радовиш-14, Крушево-1, Кочани-28, Пробиштип-7, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-5, Виница-2, Делчево-5, Кратово-3, Свети Николе-18, Кичево-12, Ресен-7, Неготино-24.

Денеска Инститyтот за jaвно здpaвje peгиcтpиpa 806 оздpaвени пациенти од: Скопје-295, Куманово-34, Дебар-4, Штип-20, Прилеп-49, Тетово-45, Струга-25, Велес-29, Битола-62, Охрид-33, Кавадарци-18, Гостивар-41, Гевгелија-15, Струмица-22, Крива Паланка-8, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-14, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-9, Валандово-4, Виница-4, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-14, Ресен-16 и Неготино-19.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (61, 66, 63, 67, 68, 64 и 30г), двајца од Куманово (53 и 63г), двајца од Штип (64 и 78г), двајца од Прилеп (85 и 85г), еден пациент од Струга (71г), еден од Битола (61г), четири пациенти од Гостивар (57, 83, 76 и 75г), еден од Струмица (80г), еден од Крива Паланка (73г), двајца од Кочани (66 и 67г), еден од Пробиштип (35г), пациент од Делчево (64г) и еден од Кичево (66г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бpojка на Koвид диjaгнocтициpaни во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 72044, бpojката на оздpaвени пациенти е 48170, починaa 2077, а бројот на активни слyчаи изнеcyва 21797.

(Видео) Од бездомник до милијардер: Родителите го избркале од дома кога имал само 17 години, а еве како успеал

Таихеи Кобајаши, од спиење на улиците во Токио станал сопственик на технолошки “стартап” чија вредност надминува милијарда долари.

Неговата приказна е меѓу наијнтересните што произлегле од големиот број мали фирми во Јапонија. Компанијата на Кобајаши, која им помага на другите мали компании да креираат нови претпријатија и производи, излезе во јавност во јуни оваа година и од тогаш добивката на фирмата значително се зголемила.

Ова е исход за кој не можел ниту да сонува пред десет години. Како што вели Кобајаши, родителите го избркале кога имал само 17 години, кога го напуштил престишното училиште за да се посвети на работата со својот бенд. Преку ден пуштал музика и главно спиел на отворено, користејќи картонски кутии за греење во ладните зимски ноќи. Бил бездомник 18 месеци.

“Зимата беше ладна”, вели Кобајаши (37) за своето искуство на улица. “Имаше моменти кога животот ми беше пekoл. Но ги преживеав тие времиња”.

Според Кобајаши, неговите родители не ја прифатиле одлуката да го напушти средното школо. Планирале поразличен живот за него.

“Ми рекоа да си ода, па си заминав, и тоа беше тоа”, вели тој. “Сакав да го живеам својот живот, работејќи го она во што уживам”.

Улицата ја напуштил кога почнал да работи во ноќен клуб, но на крај одлучил дека е време да продолжи со животот. Најпрво заработил тргувајќи со музички плочи. Потоа се пријавил на оглас за кој не било потребно работно искуство, но требало да направи тест.

На големиот испит биле проверувани неговите математички вештини, логичко размислување и коефициент на интелегенција. Кобајаши го положил испитот и започнал да работи во фирмата, која го обичила за софтверски инженер.

Така го запознал Макото Хираи, еден од основачите на “Sun *”. Тие двајца одлучиле да отворат компанија и тука започнала пресвртницата во неговиот живот.