дома блог страница 2251

Важно соопштение од црковните храмови во Прилеп за сите кои слават Св. Никола

Соопштение од црковните храмови Св. Кирил и Методиј (Параклис) и Св. Петка (Точила)

“Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани. Поради корона кризата и запазување на мерките и протоколите, пропишани од здравствените работници, ве известуваме дека оваа година, ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА, ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКВА, како би се запазиле сите безбедносни мерки. Она што беше пракса во домовите на верниците, овој пат ке биде во Божјиот дом – Црквата. За да се избегне било какво групирање, веднаш по доаѓањето во црква, ќе се прережува лепчето посветено на светецот на вашиот дом од страна на вашите парохиски (реонски) свештеници. НА 17 И 18 ТИ, ЧЕТВРТОК И ПЕТОК : СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПАРАКЛИС И СВЕТА ПЕТКА ТОЧИЛА ОД 07-17 ЧАСОТ. Нека ни се за многу години и на помош, заштитниците на нашите домови и семејства, и заштитникот на нашиот град Прилеп во ликот на светителот од куќната слава, Светиот Николај чудотворец”.

“Интегра му направи цензус на СДСМ? Одлично функционира тајната коалиција?”

На изборите во Штип на гласање излегоа околу 14.500 граѓани и потребниот цензус од 33,3 проценти е исполнет, иако засега нема официјални податоци од ДИК.

Сега следи пребројувањето на гласачките ливчиња од страна на избирачките одбори. Аналитичкиот центар на СДСМ ќе ги чека резултатите, по што ќе се знае дали во првиот круг е избран градоначалник или ќе има втор круг на 27 декември.

Во Штип на избирачкиот список се запишани 41.777 граѓани, кои гласаа на 77 избирачки места. Гласачките места се затворени, во моментов почнува и пребројувањето на гласовите. Штипјани можеа да го искористат своето право на глас за еден од петмината кандидати за градоначалник, кој би имал мандат од девет месеци се до редовните Локални избори во 2021 година.

Меркел: “Ќе има построги мерки до 10 јануари – се затвораат продавниците, училиштата и градинките”

Германската канцеларка Ангела Меркал најави нови мерки, кои ќе бидат на сила до 10 јануари.

Според мерките, најмногу пет луѓе ќе можат да се соберат од две домаќинства. Исклучок ќе биде помеѓу 24 и 26 декември и нема да има исклучоци за новогодишната ноќ.

Од 16 декември ќе бидат затворени продавниците за малопродажба (освен оние основните), огнометот ќе биде забранет до новогодишната ноќ, а ќе се затворат и фризерските салони, училиштата и градинките.

Верските служби се можни само под строги ограничувања, а консумирањето алkoxoл ќе биде забрането во јавност. Владата бара од луѓето да се воздржат од патувања и да ги намалат контактите што не се апсолутно неопходни, а најавена е и економска помош.

Eве што предвидела Баба Ванѓа за годините кои што следат?

На далеку познатата Баба Ванѓа предвидела и пострашни работи од ова што денеска му се случува на светот со KOВИД-19. Таа ја предвидела иднината се до 5079 година за кога смета дека ќе дојде крајот на светот.

Таа предвидела дека во 2023 година ќе се смени Земјината орбита, 2028 година астронаути ќе патуваат на Венера, 2043 година муслиманите ќе завладеат со Европа, 2046 луѓето ќе живеат повеќе од 100 години, бидејќи со леснотија ќе менуваат органи.

Потоа во 2100 година предвидела дека ноќ веќе нема да има и дека вештачко сомнце ќе го осветлува другиот дел од планетата. 2130 година луѓето, благодарение на ванземаљците ќе можат да живеат и под вода, а предвидела и дека веќе во 2164 година животните ќе добијат човечки особини.

Над 30% од тестираните се зapaзени, а Заев си тера избори: Нови 25 починати и 613 новозapaзени со кopoна виpyc

Вкупната бројка на Koвид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 73638, бројката на оздравени пациенти е 49414, на починати е 2121, а бројот на активни случаи изнесува 22103.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1837 тестирања, а регистрирани се 613 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-204, Куманово-35, Дебар-15, Штип-20, Прилеп-27, Тетово-29, Струга-19, Велес-24, Битола-23, Охрид-27, Кавадарци-38, Гостивар-24, Гевгелија-19, Струмица-9, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Кочани-11, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-12, Валандово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-15, Кичево-11, Ресен-7, Неготино-15.

Починати се 25 лица, осум пациенти од Скопје (63, 80, 72, 72, 53, 81, 60 и 71г), двајца од Куманово (86 и 87г), еден од Прилеп (77г), двајца од Велес (68 и 61г), тројца пациенти од Битола (54, 67 и 57г), еден од Кавадарци (68г), тројца од Гостивар (60, 75 и 59г), еден од Гевгелија (71г), еден од Струмица (47г), еден од Радовиш (53г), еден од Свети Николе (75г) и еден пациент од Ресен (84г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 688 оздравени пациенти од: Скопје-251, Куманово-38, Дебар-3, Штип-39, Прилеп-45, Тетово-41, Струга-18, Велес-29, Битола-43, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-32, Гевгелија-2, Струмица-13, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Демир Хисар-7, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-2, Свети Николе-6, Кичево-18, Ресен-7 и Неготино-9.

Пyтин ги пoдбpa миниcтpите пopaди зголемените цени на ocновните намиpници: “Kaде гледате, ова не е шега” (Видео)

Рускиот претседател Владимир Путин изрази зачуденост од тоа што прават министрите во ситуација кога примањата на населението опаѓаат и невработеноста и цените на намирниците растат, нагласувајќи дека „ова не е шега“.

„Реалните приходи паднаа за дури три, 4,3 проценти, а цената на шеќерот порасна за повеќе од 71 процент. Луѓето се ограничени затоа што немаат пари за основни намирници. Каде гледаш, тоа е прашањето! Ова не е шега “, рече Путин, реагирајќи на презентацијата на министерот за економски развој, Максим Решетников, за следење на состојбата на пазарот.

Рековте „ја следите состојбата, а цените на шеќерот растат веќе неколку месеци. Знаеме дека во овие услови, куповната моќ на населението се намалува. Постојано зборуваме за тоа “, рече Путин.

„Во услови кога невработеноста расте, приходите се намалуваат, основните прехранбени производи поскауваат, ми раскажувате бајки за тоа што ќе правите. Дали ќе одржите состаноци? Се надевате на антимонополска агенција“, ги праша шефот на руската држава присутните.

Голема наградна игра на Голд Слот, играј и освои лаптоп!

Голд Слот клубовите ширум државата започнаа со нова наградна игра за своите верни играчи, а секој од Вас има можност да освои вредна награда – лаптоп!

Наградната игра се спроведува во секој од 14. Голд Слот клубови на територијата на државата, а подеднакви шанси за освојување на награда имаат сите, бидејќи ќе бидат доделени 14 награди, односно по една награда во секој Голд Слот клуб.

Започнувајќи од 12.12.2020, па се до 12.01.2021 година, сите играчи на електронски рулет и апаратите и игрите на самите апарати во Голд Слот клубовите учествуваат во наградната игра.

Едноставно е! Посети го најблискиот Голд Слот клуб, играј и остави го талонот во кутијата за учествово наградната игра. Битола, Прилеп, Ресен, Кичево, Штип, Неготино, Кавадарци, Гостивар, Тетово и Дебар.

Не двоумете се! Можеби токму Вие сте добитникот на награда во Вашиот омилен Голд Слот клуб!

Повеќе за правилата на наградната игра, прочитајте на https://goldslot.com.mk/promocii/

“Курир”: Лица позитивни на Koвид дошле на глacaње во Штип

На избирачките места 2276, 2252 и 2265 во Штип лица позитивни на коронавирусот дошле да гласале на локалните избори за градоначалник, дознава КУРИР.

Истите лица наместо да бидат спречени, го оствариле своето право на глас иако имале решенија за изолација потврдено од полицијата.

Во истиот момент, на дел до гласачките места било побарано и прекин на гласањето од набљудувачите.

Инаку денеска се забележани и нерегуларности при гласањето на локалните избори во Штип.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Внесете матичен и проверете дали ве има во списокот за помош од Владата на нашата земја

Владата на вчерашната седница донесе одлука за четвртиот сет мерки, со кои доделува помош на граѓаните.

„Владата им излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од кризата и на предлог на  Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна задолжен за економски прашања, во соработка со Претседателот на Владата и Генералниот Секретаријат донесе одлука дополнителниот сет на мерки во вкупен износ изнесува 488.803.928,00 денари, односно околу 8 милиони евра.“, се вели во соопштението.

На страницата kupuvamdomasno.gov.mk, може да видите дали сте меѓу оние кои се опфатени во најновиот сет на мерки на Владата. Потребно е само да го внесете матичниот број.

Право на еднократна финансиска поддршка имаат:

Прилеп доби “нов” Lосkdown: Дечкиве се пpeкpaceн спoj и мopa да ги cлyшнете (Видео)

Lockdown е името на новиот бенд млади дечки од Прилеп.

Бендот го сочинуваат: Наум Наумоски, Кирил Младеноски, Михаил Грашкоски, Александра Игнатоска и Вања Младеноски. Дечките звучат одлично и веќе имаат снимено две преработки за песните “Во бестрага” од Брејк и “Back to black” од
Ејми Вајнхаус.

– На почетокот бевме двајца, a се запознавме и свиревме на училишните смотри и ревијални смотри. Потоа ни се придружи и Кире. Долго време баравме бас гитара и во бендот ни се придружи и Вања. Често вежбавме и свиревме на неколку хуманитарни концерти кои беа успешни. Но, се’ уште не бевме комплетирани како бенд, бидеќи немавме вокал. Пред неколку месеци ни се придружи и Алексндра. Кога веќе имавме вокал, дојдовме на идеја да се пријавиме на радио и да снимиме две песни. Пробите ги правевме во пицерија “Таверна” – велат дечките од младиот прилепски бенд.

За реализација на нивните први два проекти се погрижија, камерманот Андреј Златаноски, кој ги сними спотовите и Ѓорѓи Вачев, кој ги сними песните.

Слушнете ги во продолжение и уживајте: