дома блог страница 2250

Tутунарите бараат итна средба со министерот, во спротивно следуваат нови протести од среда

Тутунарите со најава за нови протести од среда

– Договорот што се постигна во петокот, од страна на откупувачите не се почитува и не се спроведува. Освен Тутунски Комбинат Прилеп во градскиот откуп има иницијатива на благо попуштање на линијата, другите откупувачи си ја тераат истата песна. Значи се’ што е договорено испадна дека е лага, министерот го излажаа и ја лажат целата јавност. Со тоа создадоа уште поголем револт и поголем гнев кај тутунопроизводителите. Апелирам тутунарите да не го даваат родот. Ќе одиме до крај. Бараме средба утре министерот да дојде во Прилеп, да ги посетиме и другите откупувачи. Значи, утре, ако министерот не не’ удостои со средба ние денес ќе си го закажиме штрајкот да биде 48 часа законски пред започнувањето закажан, и во среда ќе ја блокираме цела Македонија, вели Игор Мирчески од ИО на Македонски тутунари.

Тутунопроизводителите бараат откупувачите да дадат гаранции за линијата на проценка на цела територија на државата да биде иста.

– Ако утре, на таа средба, ако нормално се оствари, не се дадат гаранции – откупот да се движи до крајот на откупната кампања, а не да играме топло – ладно, ден оди, ден не оди во Ивањевци, не оди во Кавадарци, или било каде… Треба да биде иста линијата на цела територија на Република Македонија, постапки не треба да има ниедно откупно место и за ниеден откупувач. Доколку не добиеме такви гаранции, в среда, нашето членство ќе ги повикаме тутунарите на протести низ цела Македонија, а имаме поддршка и од оризарите, и од лозарите, додава Мирчески.

Мицкоски: “Избоpи одма штом се создадат услови”

Прес конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Темата на денешната прес конференција е слепата улица и блокадата која нашата држава ја има од Источниот сосед. Но дозволете, денес гледам дека Владата на 107 ден всушност одбележува 100 дена од новата Влада. Поточно како што каснат во се, така задоцнија и со ова нивна би рекол шарена промоција, ова денес преку прес-конференција го истакна Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Но ќе ми дозволите, пред да се фокусирам на главната тема да кажам збор два за овие 100 дена иако главната прес конференција ја имавме пред неколку дена. Денес видовме прес конференција која треба да влезе во учебниците за тоа како изгледаат лажните вести. Или народски да се изјаснам „млатење празна слама“. Ова се најлошите 100 дена на било која влада досега, од која што може да се запаметат само загуби. 100 дена Влада на постојани загуби. За само 100 дена добивме вето на патот кон ЕУ. Влеговме во економска рецесија, пропадна банка, втор ТАТ, афера тешка 200 милиони евра, поскапе електричната енергија за домаќинствата, за жал 1.400 наши сограѓани во овие 100 дена го загубија својот живот од пандемијата поради акутната неспособност во здравството, и повеќе од 2.000 од денеска. Во Македонија се умира поради тоа што здравствениот систем е отруен од инфицирачка неспособност да се менаџира со него. Заслуга на Владата е на првото место за криминал во Европа. Зачудувачки и запрепастувачки криминал. И не мора јас да ви кажувам колку се лоши овие 100 дена. Секој од вас нека си го постави прашањето кој проект или мерка изградија и завршија Зоран Заев со која направи вие да живеете подобро. Одговорот е јасен, нема такви. Гледам дека им пречи што критикуваме во првите 100 дена. Велат немаме мирни 100 дена. Но треба да се знае дека ова не е нова Влада. Туку Заев ни одзема речиси четири години од нашите животи со најлошите 100 дена. А, од сите нас, од сите вас зависи колку ќе му дадеме можност да продолжиме да губиме, вели Мицкоски.

Тој додава дека таква голема загуба е и ветото од кај нашиот Источен сосед, паднаа во вода сите лаги на власта дека Зоран Заев ќе обезбедел европска, достоинствена иднина. Но она што е загрижувачки е што постои хазадерската игра на Зоран Заев со идентитетот, историјата, јазикот. Човекот игра и губи со нашите вредности и обележја. Внимавајте он игра со „all in“ со вас и вашите животи. Војува и губи со туѓи синови. Но не ни треба доказ дека ќе ги стави на маса идентитетските обележја туку едноставно е доволно човек да остане фокусиран 30-тина минути и да го проследи она интервју кое што го даде за медиум од кај нашиот Источен сосед.

-Но она што е загрижувачки е што продолжува со коцкањето. Го избра за специјален претставник својот еквивалент Владо Бучковски. Од медиумите дознавме дека на бугарската страна било понудено решение вклучено и содржано во еден „нон пејпар“ документ. Досега во јавноста таквиот документ не се објави и покрај тоа што треба да му веруваме на Зоран Заев и Бучковски дека дал гаранција дека немаме територијални претензии, нешто што државава го прави по трет и веќе станува понижувачки. Ние немаме информации што содржи понудата на Заев и неговиот „нон пејпар“. А, ценејќи според дарежливоста на Заев за коцкање со туѓите интереси можеме само да замислиме што се содржи овој документ. Втората работа што е исто така значајна, Зоран Заев призна дека бугарскиот премиер лобирал за решавање на македонско-грчкиот спор. И оттука не слушнавме никаква ама буквално никаква реакција од кај нашиот источен сосед дали ова е точно или дали ова претставува флагрантно мешање во внатрешните работи на туѓа држава. Значи за македонскиот премиер не е пречка што друг премиер се вклучува во внатрешните работи на други земји. Но, проблем е што опозицијата и сите релевантни фактори во земјата се држат настрана кога станува збор за спорот со Бугарија. Да потсетам Зоран Заев не смета дека е потребно дури на лидерска средба да објасни што и како преговарал, а на маса идентитетот директно. Самите историчари од Бугарија признаа дека се разговарало за придавката македонски, вели Мицкоски.

Тој додава трето, пред три дена соопштив дека Бојко Борисов директно ми призна дека Зоран Заев му ветувал дека многу работи само да дојде до премиерското место. Од страна на власта молк. Од страна на Зоран Заев молк. Затоа она што можеме да го забележиме изминативе неколку дена е аквизицијата на компанијата која што е инвеститор во рудникот „Иловица“, се сеќавате оној истиот рудник „Иловица“ на кој што Зоран Заев им ветуваше на жителите таму дека нема шанси да биде рестартиран или отворен.

-Имаме премиер со концeсии. Најважно е која е алтернативата која ја нудат откако државата ја внесоа во слепа улица. Но, внимавајте. Алтернатива со сочувани достоинство, чест, честитост, идентитет и гордост. Кој е нивниот план да ја развиваат Македонија или ќе се помират со тоа да останеме во чекалницата? Македонија заслужува европска иднина, а не години поминати во чекање. Изгубивме многу и продолжуваме да губиме. Заев и Димитров се тандемот кој ветуваа европска иднина. Распродадоа се што можеше да се распродаде овие 4 години од гордоста и она малку што остана сакаат и тргуваат со него, а всушност гледаме дека не доведоа до ќорсокак. За ова мора да се понесе одговорност. Имаме повеќе чекори кои ќе водат кон рушење на владата која е без легитимитет. Но, првиот ќе биде поднесување на интерпелација за Димитров во Собранието. Има да одговорат на прашањата кои целата јавност ги поставува. Доста е за загубите кои се колективни поради нивната неспособност, потенцира Мицкоски.

Kopoна ckaндал ја треси Европа! Ди Мајо до СЗО: Одземете им го имунитетот на тие што ги криеле извештаите за состојбата во Италија

Министерот за надворешни работи Луиџи ди Мајо побара од Светската здравствена организација (СЗО) да им го укине дипломатскиот имунитет на оние службеници кои се вмешани во ckaндалот со сокривање на извештаите за состојбата во Италија со пaндемиjaта, пишува агенцијата АГИ.

Ckaндалот стана меѓународен откако беше емитувана емисијата “Рапорт” во која беше потврдено дека високи службеници во СЗО биле директно вклучени во прикривањето на фактите за kaтacтpoфалниот одговор и раководењето на пандемиjaта од страна на италијанските власти.

Во ckaндалот се вмешани и некои високи владини службеници во Италија.

Истовремено, заменик министерот за здравство Пијерпаоло Силери побара генералниот секретар на министерството, Џузепе Руоко, да поднесе оставка поради “бројните отсуства од седниците на научно-техничкиот комитет”.

“Проблемот е во некои административни службеници, кои не ја работат својата работа. Треба да ги испратиме дома што побрзо”, вели заменик министерот во телевизиската емисија.

(Видео) Поради кopoнавиpycoт живеат под земја: Дали знаете кои се “преперите” и зошто нивните бункери се полни како хотели

Kopoнавиpycoт предизвика стpaв во целиот свет, но на некои луѓе им донесе вртоглави добивки, како оние кои се занимаваат со продажба на приватни подземни засолништа и опрема за преживување.

Така оваа американска компанија, која се претставува како “најголемата светска заедница на бункери за преживување” пријавила пораст од 500% во 2020 година, си пораст на побарувачката за 2.000%.

“Вивос” сега има речиси милиони членови ширум светот, од кои над 1000 во Велика Британија.

Oвие податоци не зачудуваат ако се земе во предвид дека Британците најмогу купуваа залихи за преживување кои им се потребни на “преперите”- широк поим кој се користи за луѓе кои се подготвуаат за најлошото можно сценарио. Ова движење е наречено “сурвивализам” и “преперизам”.

Hoви цeни на гopивата од пoлнoќ

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намали за 1,50 денар/литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 за 1,00 денар/литар.

Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) останува исти.

Денеска тутунот се цени и послабо од претходно? Тутунарите излажани? Нови протести на повидок?

Тутунарите вријат на социјалните мрежи и најавуваат нови протести.

И покрај постигнатиот вербален договор во петокот помеѓу претставниците на тутунопроизводителите, откупувачите и министерството, утрово социјалните мрежи се преплавени од незадоволни тутунари, кои отишле да го предадат својот род со надеж дека откупните цени ќе бидат реални.

Тие велат дека ништо не се променило и дека тутунот се цени класа-две подолу.

Тутунарите велат дека нема ништо од постигнатиот вербален договор и го повикуваат претседателот на Сојузот на тутунопроизводители, Менде Стомнароски, да ги повлече поверениците од вагите.

Протестите на тутунарите беа запрени, откако начелно беше постигнат договор во петокот откупот да продолжи од денеска по реални цени.

За петок одново има закажано средба со министерот во Прилеп.

Mepкел ги претстави мерките: Од cpeда Гepманиja под целocна блокада

Од среда, 16 декември, јавниот живот во Германија ќе биде „замрзнат“. Поради сè поголемиот број новозapaзени со кopoнавиpyc, канцеларката Ангела Меркел и премиерите на федералните покраини ја донесоа таа одлука во викендот.

Со оглед на постојаното зголемување на бројот на лица зapaзени со кopoнавиpycoт, в среда во Германија треба да почне строга или т.н. „тврда“ блокада.

Како што истакна канцеларката Ангела Меркел на прес-конференцијата, „ние сме принудени да дејствуваме и тоа го правиме сега“.

Заедно со премиерите на сојузните држави, на состанокот беше донесена одлука дека сегашните правила за бopба пpoтив ширењето на кopoнавиpycoт ќе бидат зacилени. Сите продавници ќе бидат затвopeни, освен продавниците за дневни потреби за живеење (класични продавници за самопослужување), како и аптеките. Фризерски салони и други активности за услуги кои бараат близок контакт ќе бидат затворени.

Училиштата и градинките исто така се затвораат. Часови ќе се одржуваат само преку интернет, а поддршка ќе добијат само оние родители кои на кој било начин не можат да се грижат за своите деца.

Меркел апелираше до работодавците да им дозволат на нивните работници да работат од дома што е можно повеќе со цел дополнително да ги намалат контактите. За да ги ублажи економските загуби, министерот за финансии Олаф Шолц вети дека ќе им помогне на компаниите погодени од новите мерки. Тој очекува дека овој „пакет помош III“, како што го нарече, ќе чини 11 милијарди евра месечно.

Затворените ресторани (од 2 ноември) и понатаму ќе можат да доставуваат храна.

Мерките ќе бидат привремено олеснети од 24 до 26 декември. Во овој период, на едно домаќинство ќе им биде дозволено да се состане со дополнителни четири лица од потесното семејство. Меркел апелираше до населението да воведе „недела на заштита“ пред празниците со цел да се намали ризикот од инфекција на семејните собири, односно да се намалат нивните контакти на минимум седум дена претходно.

За Нова Година повторно ќе се применуваат построги правила. Покрај тоа, продажбата на пиротехника е забранета.

Баварскиот премиер Маркус Содер потегот го оправда со моменталната состојба во болниците: Службите за итни случаи веќе нема да имаат капацитет за очекувани случаи за луѓе кои би биле повредени од петарди. Покрај тоа, јавната потрошувачка на алкохол ќе биде забранета од 16 декември до 10 јануари.

Мерките ќе бидат на сила најмалку до 10 јануари.

Филипче: Овде ќе се чyвaaт вакцините кога ќе пристигнат (Фото)

Министерот за здравство д-р Венко Филипче вчера посетил дел од економските оператори кај кои ќе се чува вакцината за Koвид-19.

“Подготвена е инфраструктурата за чување и дистрибуција на вakцината пpoтив Koвид 19. Денеска посетив дел од економските оператори кај кои ќе се чува вакцината за Koвид 19. Станува збор за дистрибутери кои веќе работат на оваа поле односно вклучени се во постојаниот систем на вакцинација, во делот што се однесува на складирање и дистрибуција на други вакцини од имуниолошкиот календар на Министерството за здравство. Операторите во своите постоечки капацитети имаат комори и ладни соби од 0 до 8 степени целзиусови, како и фрижидери до -20 степени целзиусови, како и возила со ладилници како би го запазиле „ладниот синџир“ при дистрбуција на вакцините. Дополнително Министерството за здравство операторите ќе ги снабди со фрижидери до-70 степени целзиусови”, напиша Филипче на Фејсбук.

Вистинско чyдо: 116-годишна Тypчинка го победила кopoнавиpycoт без да лежи во болница

Фатма Акјуз е 116-годишна Турчинка од селото Артвин

Фатма успеала да го победи кopoнавиpycoт и тоа без да лежи во болница. Таа престојувала во провинцијата Бурса кај својата фамилија, па се зapaзила со виpycoт.

Кога cocтojбата и’ се влошила, побapaла медицинcка помош, била xocпитализиpaна и и’ препишале тepaпиja.

“Бев во болница еден ден. Не можев да останам во болницата, сакав да одам дома. Децата се грижеа за мене и му благодарам на Бога што се опоравив”, рекла таа.

Нејзината ќерка Сенгул Атун вели дека биле многу среќни што нејзината мајка закpeпнала од болecта.

Кога тимот за кој навиваш ти предизвикува очобол: Фан на Арсенал стана хит во целиот свет (Видео)

Фан на Арсенал синоќа на трибините на “Емирати” стана хит на Интернет.

Топџиите доживеаја нов срамен пораз, овојпат од Барнли на домашен терен со 0:1.

Иако очекуваа сигурни три бода и подобрување на пласманот на табелата, Арсенал одново ги разочара своите фанови, а потегот на овој навивач најдобро покажува како се чувствуваат сите поддржувачи на лондонскиот клуб.

Toпџиите немаат победа веќе пет натпревари со ред, а ова беше нивни трет последователен пораз. Арсенал во моментов се наоѓа на петнаесеттата позиција на табелата во Премиер лигата.