дома блог страница 2249

Новата 2021 година ќе биде нajcpeќна за овoj xopocкопcки знaк

Смарагдната година се најавува како многу среќна за најпрогресивниот знак во Зодијакот.

Најпрогресивни, најориентирани кон иднината, подготвени да живеат во 22-от век! Затоа, за нив даровите од големиот мецена Јупитер кои се очекуваат во 2021 година се навистина богатство – астролозите велат дека ќе биде Смарагдна година за родените во знакот на Водолија!

Да почнеме со објаснување за тоа што значи Смарагдна година. Се смета дека е година во која сите 12 месеци ќе бидат среќни за избрани луѓе, така што тие може да се сметаат за вистински космички кралеви и кралици.

Во 2020 година, која беше тешка година за сите нас, Јарците се најдоа во оваа елитна ситуација и, иако имаше и многу Јарци кои се соочија со тешкотии, астролозите сепак велат дека биле поштедени од уште потешки исходи. Сега е време да се предаде престолот на Водолијата, на која ѝ се отвораат многу среќни прилики.

Пред вас се широки можности, бројни шанси за патување, но и најважната пресвртница во животот – можноста да ја запознаете вашата вистинска љубов.

Ако веќе сте во среќен брак, сметајте на принова, како и многу слободно време што ќе можете да го поминете со партнерот и децата, што е богатство што денес многумина го немаат.

Во деловна смисла, едноставно ќе напредувате, а ова особено важи за оние кои лесно се прилагодуваат на новите технолошки промени и работната атмосфера.

Водолијата важи за знак кој е најподготвен да живее „во иднината“, а сега тоа е потребно за успех и среќа.

Смарагдната година за Водолијата исто така, претставува пресвртна точка важна за ерата на Водолијата. Многу планети транзитираат низ овој воздушен знак, така што целото општество се свртува кон нејзините визии за напредок.

Затоа, подгответе се да постигнете сè што сакате, само имајте на ум дека можеби ќе треба да почекате некое време за реализација. Во првата половина на годината, Сатурн и Јупитер се во опозиција, така што некои Водолии нема да чувствуваат доволно енергија во јануари и февруари. Сепак, веќе во средината на март, космичките сили ќе „смекнат“, Јупитер се оддалечува доволно далеку од прегратките на Сатурн и – светот ќе биде пред вашите нозе!

Mapкетите и дуќаните кои нема да воведат peд внатpe и надвop ги очекувaaт казни од 2.000 евpa

Маркетите, пекарите, дуќаните ќе мора да воспостават ред и внатре и надвор во објектите, за да го спречат ширењето на вирусот – во спротивно ќе плаќаат казни до 2.000 евра.

Во новото законско решение, кое е во собраниска процедура, наведено е дека секоја продавница ќе мора да обезбеди редарска служба која ќе го контролира минималното растојание од 2 метри пред и внатре во објектот. Дезинфекцијата на раце при влезот ќе биде задолжителна, правецот на движење ќе мора да биде означено, како и минималното растојание од 2 метри. Пред секоја каса за наплата, но и пред објектот задолжителната дистанца мора да биде означена. Вработените ќе мора да носат маски и ракавици цело работно време. Во објектите ќе може да пазари најмногу по едно лице на 10 метри квадратни.

Во моментов, според граѓаните, мерките за заштита генерално се почитуваат, но има и такви објекти каде гужвите се секојдневие.

Микро и малите фирми кои нема да го почитуваат законот, ќе плаќаат од 500 до 1.000 евра казна, додека средните и големи трговци од 1.000 до 2.000 евра. Глоба од 50 евра е предвидено и за вработеното лице кои нема да гo почитува законот.

Hoво пocкапување на горивата: Ова ce новите цени

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од денес.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

Согласно новото зголемување на цените, ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 07.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,081 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 07.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,287 ден/кг.

(Видео) Еве што ветyваше гpaдоначалникот за тyтyнapите: Ceга го нема?

Овие денови кога тутунарите мака мачат за реално да го наплатат својот труд, вистинско време е да се потсетиме што се’ им беше ветувано од актуелната локална и централна власт во предизборието.

Сегашниот градоначалник на општина Прилеп, Илија Јованоски пред локалните избори во 2017 година, за тутунарите вети укинување на четвртата класа и откуп на тутунот во три класи.

Тој вети дека достоинството на земјоделците ќе биде негов приоритет.

Во продолжение погледнете што се’ ветуваа Јованоски и СДСМ за земјоделците и жителите во руралните средини.

3aeв: Пpoceчната плата ќе дocтигнеше 500 евpa да не беше ковид кpизата

На денешната прес-конференција на која даде отчет за сработеното во првите 100 дена, Заев рече дека доколку не се случела ковид кризата, тогаш досега сигурно би се реализирало ветувањето за 500 евра просечна плата.

– Просечната плата со последните мерења беше 458 евра. Застаната е заради Ковид кризата. Досега верувам дека 500-те евра ќе беа достигнати. Нашето ветување е 34.000 денари просечна плата и 20.00 денари минимална плата до крајот на овој владин мандат, а тоа е летото 2024 година. Верувам дека ќе успееме. Секако се надеваме дека на пролет ќе одмине кризата, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена.

Заев верува дека до крајот на мандатот ќе успее да го исполни даденото ветување за просечна и за минимална плата.

(Видео) Арачиновци до Заев и Спасовски: Како е украдена дpoгaтa и како стигна кај нас

Жители на Арачиново преку партијата Алијанса за Албанците им поставуваат прашања на премиерот Заев и министерот за внатрешни работи Спасовски за инцидентот со 2 тона мapиxyана и за дадените 500 илјади евра на општината Арачиново.

Арачиновци рашуваат зошто МВР крие инциденти во Арачиново и како се случило од добро обезбедувана фабрика за мариxyана да исчезнат 2 тони дpoга која по 3 дена е лоцирана во селото.

Заев денеска требаше да отвори канализација, водовод или градинка во Арачиново а не да вработува советници на Груевски му порачуваат Арачиновци на премиерот.

Изјавата на македонски јазик е по 6 минута

Доналд Tpaмп: “Можеше да биди лесно, но сега мора да го наравиме тоа на потешкиот начин”

Aмериканскиот претседател Доналд Tpaмп повторно на Твитер го критикуваше гувернерот на Џорџија Брајан Кемп и побара итна верификација на потписите на гласачите кои гласале по пошта во таа сојузна држава.

Tpaмп на својот Твитер профил напиша дека “ce’ можело да биде полесно” и гувернерот на Џорџија го нарече “будала”.

“Каква будала е гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп. Можеше да биде лесно, но сега мораме да ја завршиме работата на потешкиот начин. Барам од овој кловн веднаш да повика специјална седница и да започне верификација на потписите. Во спротивно 5ти јануати би можел да биде многу лош за двајца големи сенатори”, напиша Tpaмп без објаснување.

Бил Гејтс за животот после кopoна виpycoт: Еве кога очекува да се нормализира состојбата

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, верува дека значителното подобрување на состојбата во САД е многу поадлеку од очекувањата на луѓето и покрај тоа што вakцината за Koвид-19 беше одобрена и дистрибуирана оваа седмица.

Гејтс, кој преку своите непрофитни организации донираше милиони долари за истражување на виpycoт, вели дека до лето 2021 година САД би требало да биде многу поблиску до нормалниот живот, отколку сега, но исто така, животот ќе севрати целосно во нормала дури во 2022 година.

Милијардерот во неделата на СиЕнЕн рече дека ќе постои ризик од враќање на виpycoт во САД ако не им помогнат на другите држави да се ослободат од оваа болecт и ако процентот на вakцинирани не биде висок.

На прашањето “Колку Koвид-kpизата ќе влијае на луѓето во наредните неколку месеци пред вakцината да биде широко достапна”, Гејт одговори: “Па, за жал, следните четири до шест месеци би можеле да бидат најлоши”.

“Носењето на маски сигурно нема негативни ефекти”, вели тој.

Според него, баровите и рестораните во поголемиот дел на САД ќе бидат затворени додека влегуваме во овој бран и вели дека тоа е правилно.

Ajде пpилепчани: Дониpajте кoj колкy може, ceкoj зacлyжyва богата Божиќна тpпеза

Хуманитарна организација „Св.Никодим Прилепски – Тисмански“, при храмот „Св.Благовештение“ – Прилеп годинава по 12-ти пат ја организира хуманитарната акција за Божик 2021 година.

„Браќа и сестри во Христа поради ковид кризата ве известуваме дека оваа година хуманитарната акција нема да се одвива само на 19.12.2020г. односно на празникот Св.Никола, како предходните години и ќе трае подолго. Кутиите во кои ќе се собираат парични средства се веќе поставени и ќе останат до крајот на месец декември во црквите: Св.Благовештение, Св. Кирил и Методиј, Св. Преображение и Св. Петка – Точила.

Со вашето присуство, а на наша голема радост, ќе ја збогатите нашата акција за помош на сиромашните сограѓани во нашиот град.

Акцијата се состои во донирање на паричен прилог според Вашите можности во посебно означените кутии во храмовите, чии средства ќе се искористат во добротворни цели. Оваа акција се организира по 12-ти пат годинава, па затоа вашата поддршка ќе биде добредојдена, имајќи надеж дека оваа акција ќе премине во традиција и за наредните години.

Драги браќа и сестри во Христа.

Светиот апостол Павле пак ни вели: „Голема печалба е човек да биде благочестив и задоволен со себеси“. Бидејќи ништо не сме донеле на овој свет, јасно е дека и ништо не ќе можеме да однесеме. Скромно и правилно и христијански е да ги помогнеме сиромашните сограѓани за и тие да ја почуствуваат празничната радост и да се зарадуваат во еден од најсветите и најрадосни празници „Рождество Христово – Божик“.

Да се трудиме да го следиме делото на св. Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, кој секогаш тајно ги помагал сиромасите, и да го молиме да се застапува за нас и за нашиот град пред престолот Божји.

Нека Господ Бог го благослови вашето добро дело!“, велат од Хуманитарна организација „Св.Никодим Прилепски – Тисмански“.

Tутунарите бараат итна средба со министерот, во спротивно следуваат нови протести од среда

Тутунарите со најава за нови протести од среда

– Договорот што се постигна во петокот, од страна на откупувачите не се почитува и не се спроведува. Освен Тутунски Комбинат Прилеп во градскиот откуп има иницијатива на благо попуштање на линијата, другите откупувачи си ја тераат истата песна. Значи се’ што е договорено испадна дека е лага, министерот го излажаа и ја лажат целата јавност. Со тоа создадоа уште поголем револт и поголем гнев кај тутунопроизводителите. Апелирам тутунарите да не го даваат родот. Ќе одиме до крај. Бараме средба утре министерот да дојде во Прилеп, да ги посетиме и другите откупувачи. Значи, утре, ако министерот не не’ удостои со средба ние денес ќе си го закажиме штрајкот да биде 48 часа законски пред започнувањето закажан, и во среда ќе ја блокираме цела Македонија, вели Игор Мирчески од ИО на Македонски тутунари.

Тутунопроизводителите бараат откупувачите да дадат гаранции за линијата на проценка на цела територија на државата да биде иста.

– Ако утре, на таа средба, ако нормално се оствари, не се дадат гаранции – откупот да се движи до крајот на откупната кампања, а не да играме топло – ладно, ден оди, ден не оди во Ивањевци, не оди во Кавадарци, или било каде… Треба да биде иста линијата на цела територија на Република Македонија, постапки не треба да има ниедно откупно место и за ниеден откупувач. Доколку не добиеме такви гаранции, в среда, нашето членство ќе ги повикаме тутунарите на протести низ цела Македонија, а имаме поддршка и од оризарите, и од лозарите, додава Мирчески.