дома блог страница 2246

(Видео) Гepила за Пендаровски во Собрание. Ти си Стево слуга?

Додека претседателот Стево Пендаровски го држеше годишниот говор во Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со транспаренти, а потоа ја напуштија салата.

„Идентитетот се продава, Стево молчи“, „Не е мој претседател“, стоеше во дел од транспарентите од пратениците на опозицијата.

Инаку веднаш по бојкотот пратениците ја напуштија салата, а потпретседателот Александар Николоски имаше и своја прес-конференција.

Лидерот на ОМО Илинден: “Јас сум Македонец, а не Бугарин. Мојата татковина е Македонија еден ден ќе се обедини и ќе биде слободна и независна”

Лидерот на ОМО Илинден Пирин, македонското здружение кое соседна Бугарија упорно одбива да го признае, се јави со контроверзна изјава преку својот Facebook профил.

Атанас Кирјаков, родум од Благоевград, напиша прилично контроверзна изјава на Facebook која веројатно ќе биде искористена како причина за Бугарија и натаму да продолжува со одбивањето за регистрација на неговото здружение ОМО Илинден Пирин.

„Јас сум роден тука во Пиринска Македонија, на македонска земја, под македонско небо и сум Македонец, не сум Бугарин. Мојата татковина е Македонија, а не Бугарија, Србија или Грција. Мојата татковина Македонија беше расцепката во 1913 година на три дела: Егејски дел, Вардарски дел и Пирински дел“, пишува за тој за потоа да го додаде и контроверзниот дел.

„Мојата татковина е Македонија еден ден ќе се обедини и ќе биде слободна и независна држава“, завршува Кирјаков пишувајќи на бугарски јазик. Едно од барањата на Бугарија до македонската Влада е писмено да гарантира нашата држава дека нема територијални претензии. Но, и да се откаже од македонското малцинство на кое очигледно и тоа како му е потребна помош во борбата за признавање на основните права.

Тутунарите излегоа на блокадите: Тутунарскиот труд и мака мора да се плати (Фото галерија)

Oткако вчера на средбата со министерот за земјоделство Аријанит Хоџа немаше договор, денеска тутунарите излегоа на пpoтecт и го блокираа патот Прилеп-Градско кај Заполшки мост.

Тутунарите истакнаа дека протестите ќе продолжат до петок за кога се очекува нова средба. Истовремено денеска продолжи и откупот.

Тутунарите бараат писмени гаранции од откупувачите и министерството и реална проценка на нивниот труд и мака.

Оваа држава ги повлече сите рестриктивни мерки и се прогласи за “слободна од виpycoт”

Нов Зеланд е единствената земја во светот што досега целосно го елиминираше кopoнавиpycoт.

Според премиерката Џасинда Ардерн, оваа цел е постигната од амбиција, но и од страв, бидејќи дури и на почетокот на пандемиjaта, беше заклучено дека здравствениот систем нема да може да се справи со прогресивната епидемиja, пренесе АП.

Одговорот на Нов Зеланд на појавата на Koвид-19 и пандемиjaта беше меѓу најуспешните во светот, пред Кина, Тајван и Тајланд.

Оваа земја со пет милиони жители имала само 25 cmpтни случаи од кopoнавиpycoт и вкупно 2.100 зapaзени.

Евpocтат: Бугарите се нajcиpoмашни во ЕУ

Според последните податоци на Евростат, Бугарија е најсиpoмашна држава во Европската унија, а по неа следува Хрватска.

Податоците на Евростат покажуваат дека девет земји-членки се над просекот на ЕУ во однос на материјална благосостојба на домаќинствата.

Најбогати се во Луксембург, што е за 35 отсто над европскиот просек. Следува Германија со 22 проценти.

Австрија, Данска, Белгија, Холандија, Финска, Франција и Шведска се во групата земји кои имаат реална индивидуална потрошувачка од 9 до 18 проценти над просекот на ЕУ.

Романија не е во таа група, но е далеку пред Хрватска, која ја престигна во 2015 година.

Таа година, двете земји беа на 58 проценти од просекот на ЕУ, а сега, според новите податоци за 2019 година, Романија е со 79 проценти од просекот на ЕУ, а Хрватска со 66 проценти.

Романија сега се изедначи со Полска и ја престигна Грција, која е на 78 отсто од просекот на ЕУ според потрошувачката.

Ќе се yкине пpeдметот истopиja за сите ocновци во Македониja?

“Скандалозна реформа на основното образование! Комплетно згрешена концепција и експериментирање со учениците! Укинат предметот историја и ставен во групен предмет Општествени науки! Е па „браво”! Што да кажам друго!”

Ова го пишува професорката Симона Груевска Маџоска од Институтот за македонски јазик во врска со презентација на Министерството за образование и Бирото за развој на образованието кои најавуваат дека веќе ќе нема посебен предмет историја туку историските факти ќе се учат како дел од “Општествени науки”.

“Мене навистина не ми е јасно како е можно Историја, Граѓанско образование и Географија да се изичуваат во еден предмет и тоа од прво до деветто одделение. Ужас!”, пишува Маџоска.

Од година во година постојано ги осакатуваат децата со постојаните експериментирања и нови програми во образованието, пишува друг родител во дебатата на социјалните мрежи.

Досега во јавноста немаше информации дека се работи на укинување на предметот историја.

Засега нема информации дали укинувањето на предметот историја има врска со споровите со Грција и Бугарија и барањата од таму за промени во учебниците.

Во продолжение презентацијата на МОН и БРО:

Димовcки: Bлacта со физичko нacилcтво ce пpecметyва со тyтyнapите

Фејсбук статус на пратеникот Љупчо Димовски

Оваа власт, оваа неспособна таканаречена власт, а во суштина зловласт, не само со закани и притисоци туку и со нечовечко физичко насилство се пресметува со тутунарите за да го задуши нивниот отпор и за денес најавеното исполување незадоволство заради ниската откупна цена, пишува на фејсбук, поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски.

-А оној долненски полициски “градоначалник” е ликот кому до лакти рацете му се затруени од злодела. Подеднакво на оној малоумник од Секе, или оној глупак Топал или целата есдесе патролно кодошка булумента … Сè се знае, сè се памти, сè ќе се врати, сè.., стои во неговата објава.

Нема пpocлави и вeceлби, но тука се пejcaжите на Елена кои ја нocaт новогодишната магиja во прилепската чаршиja (Фото галерија)

Eлена Димоска од Прилеп е млад уметник и професор по ликовна уметност, која и оваа година ја разубавува прилепската Стара чаршија.

Во овие тешки денови за сите, нејзините зимски и новогодишни пејсажи се повеќе од добредојдени.

На барање на дел од сопствениците од кафулињата и рестораните, Елена прави мали уметнички чуда, кои во услови кога изостануваат предновогодишните празнувања и веселби, ќе ви направат да се чувствувате одлично, барем додека шетате низ чаршијата, или додека пиете кафе.

Нејзината умешност беше вистинско освежување уште минатата година, а оваа година побарувачка има и од соседно Крушево.

Идејата вели дошла поради тоа што и порано се занимавала со цртање на мурали на ѕидови и стакла, па откако украсила еден од локалите, заинтересираноста растела.

Бидејќи остануваат уште две недели до Новата година, секој заинтересиран може да ја контактира на нејзината е-меил адреса: [email protected]

Владиката Петap: Ако ги изгyбиме кopeните од вpeмето на Цap Caмоил, Климент и Hayм, тогаш сме непocтоечки нapoд

Ние на некој начин веќе еден добар дел од нашиот идентитет, под притисок го изгубивме. Тоа е факт, но народ без корен, камен што се тркала место не фаќа, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа Митриполитот Преспанско-пелагониски г. Петар.

-Ако си ги изгубиме и корените од времето на Цар Самоил и Свети Климент и Свети Наум, од тој период како народ и како црква, тогаш ние не можеме поинаку да се наречеме освен некој непостоечки народ. Мислам дека е дојдено времето кога сите ние во Македонија, заедно со останатите народи покрај Македонците, да се потрудиме да опстоиме на нашиот национален идентитет и како држава и ние Македонците како етнос и посебен народ, посочи митрополитот Петар.

Тој потсети на фамозната изјава на бугарскиот историчар Божидар Димитров кој рече дека завршува времето на македонизмот со Договорот кој е потпишан со Бугарија.

-Тогаш автоматски ние ќе се сведеме на народ идентитет, а кога ќе го загубите својот идентитет, тогаш не сте тоа што сте, туку другиот, оној што треба да бара и станувате некорисен. Ние треба да се потрудиме да опстоиме, како држава, општество и народ. Државниот идентитет го сочивуваат сите народи во Македонија, идентитетот како народ сме ние Македонците, а имаме и црковен идентитет кој ни е Македонската православна црква која е наследничка на Охриската Архиепископија. Без тие ние не ќе можеме да опстоиме, туку ќе бидеме играчка во рацете на другите и ќе станеме монета за поткусурување, потенцираше митрополитот.

Токму затоа тој се надева дека народот копмлетно по секоја основа ќе се обедини и да го спаси идентитетот, за да не ни доаѓаат други кои ќе ни кажуваат да ни забрануваат кои сме и да ни наметнуваат нешто туѓо.

Урнебесно: Избега слон од Зоолошката градина во Битола (Видео)

Кој друг ако не Зоран Лазаревски – Паљото. Само тој знае на оригинален начин да ве насмее и во овие тешки времиња за сите.

Познатиот боди билдер и сопственик на теретана од Битола е можеби најпозитивниот човек во цела Македонија. Паљото на својот јутјуб канал постојано објавува нови видеа од неговото секојдневие, а сите тие се исполнети со смеа и позитивна енергија.

Ова е најновата епизода: