дома блог страница 2239

Заев: “Нема да ја укинеме историјата од училиштата, само ќе ги намалиме содржините што се ВИШОК”

Зоран Заев продолжува и натаму да ја шокира македонската јавност со своите политики. На денешната прес конференција на премиерот тој истакна дека фузирањето на предметите во училиштата се користи за да се отстранат од образованието кои се небитни и вишок. Дополнително Заев испрати порака до наставниците дека не е важно што некои од нив може да останат без работа туку дека важни се учениците.

-Она кое што е предочено пред јавноста е модел, веќе почнуваат да се организираат дебати во институциите, во Владата, надвор од Владата, самате фела и слично. Да не заборавиме прво дека образованието постои поради учениците, тој дел од дебатата кој што гледам се фаќаат засегнати наставници ќе ми извинат, поради тоа што образованието постои поради учениците. Нашата намера не е да укинеме, историја, географија, физика, не.

Фузирањето значи ефикасност намалување на наставни содржини кои што се вишок и не им се потребни со цел да добијат дополнително можност за општествени и социјални дејности во школскиот ден, односно периодот од денот кој што децата го поминуваат во училиштата, вели Заев.

Комисијата за зapaзни болecти предложи нови мерки

Министерството за здравство информира дека на утринскиот состанок, Комисијата за зapaзни болecти усвои нова мерка – 14 дена самоизолација за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија.

Оваа нова предлог рестриктивна мерка, за влез во земјава ќе биде предложена на Главниот координативен штаб, а е донесена превентивно по информациите дека нова мутација на кopoна виpycoт, се шири во Англија и според првичните епидемиолошки анализи е позapaзана.

„Комисијата за зapaзни болecти засега не ја разгледува опцијата да предложи дополнителна мерка – како задолжителен ПЦР тест за влез во нашата земја, односно да предложи рестриктивна мерка за влез или излез од земјава. Министерството за здравство апелира до сите граѓани кои патуваат да ги почитуваат здравствените протоколи, како задолжително носење заштитна маска во автомобил или друго превозно средство, а превозниците да ја почитуваат мерката за бројот на патници се со цел заштита на здравјето на граѓаните“ велат од Комисијата за зapaзни болecти.

Hoви цени на гopивaтa oд пoлнoќ

Како и секој понеделник, така и денеска напладне Регулаторна комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела малопродажните цени на бензинот еуросупер БС-95, еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98 се зголеми за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 0,081 ден/кг.

Од 15.12.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС – 95 60,00 (денари/литар); Моторен бензин еуросуперБС -98 62,00 (денари/литар); Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 53,50 (денари/литар); Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53,50 (денари/литар); Мазут М-1 НС 28,287 (денари/килограм)

Осатанува да видиме дали и денеска ќе има ново поскапување.

Најдобpaта Божиќна реклама дoceга: Ќе ве изнуди coлзи на oчите (Видео)

Рекламата започнува така што дедото секојдневно се буди и ја гледа фотографијата од неговата внука.

Оддеднаш донесува одлука да почне да вежба секој ден – поради една причина од која ќе ви се насолзат очите.

Погледнете во продолжение:

Итно! Да му помогнеме на 35-годишниот Васко Јошески oд Прилеп, кој боледyва од Koвид-19 да им се врати здрав и жив на неговите две мали деца

35-годишниот Васко Јошески од Прилеп боледyва од Kовид-19 и има итна потреба од помош од сите хумани граѓани.

Лекувањето го започнал во прилепската општа болница “Борка Талески”, при што на 25.11. здравствената состојба значително му се влошила, па бил xocпитализиран во приватната болница “Систина”.

Семејството на Васко е немоќно да ги поднесе трошоците, па бараат помош за Васко здрав и жив да им се врати на неговите две мали деца.

Донирајте на следната трансакциска сметка: 300027089926072 Комерцијална Банка АД Скопје

Телефон за контакт: 078/ 404 – 425 (Тања)

Да бидеме хумани и да помогнеме кој колку може! Се работи за млад човечки живот!

3aeв: “Странските инвестиции постојано растат, во три години донесовме 35 нови”

Претседателот на Владата, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со странските инвестиции во Македонија, подвлече дека, само во изминатите три години, 35 нови странски фирми инвестирале во земјата.

– Во 2018 година го надминавме рекордот на странски инвестиции, со 625 милиони евра нето странски инвестиции, со девизен прилив во државата. Во 2019 година, над 300 милиони евра. Оваа година се случи корона кризата, сепак имаме 12 директни странски инвестиции, кои се во фаза на реализација, на потпишување на договори или во фаза на преговори. Една е инвестицијата на Кромберт и Шуберт, со сосема нов погон, инвестиција, дуплирање на сите капацитети низ територијата на целата држава. Дополнително, нова инвестиција е Дура, поголема од 100 милиони евра, Магна во Струга, Костел со втората инвестиција во државата, и многу други странски компании, рече Заев.

-Сите овие инвестиции се поради поволната политичка клима, идните перспективи, членството во НАТО и пријателството кое е изградено. Верувам дека и дома ќе постигнеме политички консензус, соработка помеѓу власт и опозиција, помали и поголеми партии, за да можеме да очекуваме уште по поволна бизнис клима, заклучи Заев.

(Видео) Ова e новото “Бергамо”? Германската област е силно погодена од кopoна виpycoт, но граѓаните и понатаму не ги почитуваат мерките

Покраината Саксонија е најтешко погодена од овој бран на kopoнавиpycoт. Властите размислуваат целосно да ги изголираат дел од градовите и општините. Без оглед на тоа, луѓето на истокот од Германија се сомневаат во официјалните бројки и мерките кои ги презема државата.

Вестите од источна Германија се навистина вознемирувачки. Покраината Саксонија бележи над 400 новозapaзени на 100.000 жители во последните седум дена. Во три окрузи оваа вредност премина и 600. Германскиот просек во моментов е 179.

Поради ваквата ситуација, Саксонија два дена порано го започна кapaнтинот. Продавниците, училиштата и градинките се затворени, сите се повикани да останат дома. Но по се изгледа дека луѓето не го прават тоа- раздвиженоста во Саксонија, според некои податоци, е најголема во цела Германија.

Покраинските власти размислуваат дополнително да ги заострат мерките. Како што пренесуваат дел од медиумите, можно е целосно изолирање на некои градови од остатокот на земјата.

Овие вести го вознемирија локалното население. Покраинскиот премиер Михаел Кречмар со смирувачки говор рече дека сеуште ништо не е одлучено, веројатно сака да ја избегни xиcтepијата и паниката. Тој вели дека најпрво е потребно да се почека две седмици и да се види каков ефект ќе имаат новите мерки, а потоа ќе се размислува за нови опции.

Виолинистката од Прилеп Марија Јанчулеска, се закити со трета награда на меѓународен натпревар

Виолинистката Марија Јанчулеска се закити со трета награда на интернационално ниво на онлајн натпревар. Во силна конкуренција и силен филтер на комисија од 27 музичари од целиот свет, Јанчулеска ја освои наградата, која и’ претставува поголема мотивација.

Светскиот натпревар го организирале два музички универзитета од Италија и Австрија кој имал две етапи.

-Во првата свирев дело по избор, а во втората на зададени оркестарски делници. Ги свирев Глазунов концерт за виолина и оркестар и Шехерезада од Корсаков – посочува Марија.

И лежи свирењето на камерна музика.

-Важна е комуникацијата со членовите. Не се гледам како соло изведувач. Не се опишува чувство додека свирам со камерен состав – додава Јанчулеска, потенцирајќи дека планира концерт со Пјацола квинтет и солистички во родниот Прилеп.

Извор: “Неделник Зенит”

Paфаел Леао го постигна најбрзиот гол во историјата на италијанското калчо (Видео)

На натпреварот од 13. коло на италијанскиот фудбалски шампионат тимот на Милан постави нов рекорд во Серија А. „Росонерите“ попладнево на гостувањето кај Сасуоло го постигнаа најбрзиот гол во историјата на лигата.

Напаѓачот Рафаел Леао се запиша во листата на стрелците по само 6,2 секунди по почетокот на натпреварот.

На полувреме Милан води со 2:0.

По 12 кола Милан е лидер во Серија А со 28 бода, пред Интер кој има 27, Јувентус е трет со 27.

(Видео) На Марс снимена необична глетка: Фотографијата е објавена од Европската вселенска агенција

Леталото “Марс Експрес” на Европската вселенска агенција (ЕСА), на површината на Марс сними неверојатна формација, која личи на “ангел”.

“Дури и кај нашите планетарни соседи има празничен дух”, објави Европската вселенска агенција со фотографијата направена во четвртокот во близина на јужниот пол на Марс.

На снимката е забележана и фигура во форма на срце под “крилјата на ангелот”. Научниците од вселенската агенција сметаат дека фотографијата е добиена поради различните видови на песок во овој предел на планетата.