дома блог страница 2238

(Видео) Поранешниот шеф на ЦИА го шokиpaше светот: Отворено зборува за “НЛО снимките”

Поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, за видео-снимките на Пентагон на кои наводно се забележуваат неидентификувани летечки објекти, вели дека се неверојатни и дека треба не смееме да бидеме затворени за овие работи.

“Видов некои од видео-снимките на морнарските пилоти и морам да кажам дека се неверојатни”, вели Бренан во неодамнешното интервју на Универзитетот “Џорџ Месон”.

Меѓу неколку неколку неодамна декласифицирани видео-снимки има и една од таканаречениот “тик-так објект”, кој пилотите во 2004 година го снимиле како испушта оган и со маневрите им пркоси на законите на физиката, пренесува РТ.

“Потрудете се да соберете што повеќе податоци во поглед на визуелни слики и исто така различни колекции на сензори кои сте ги имале во тоа време”, објаснува поранешниот директор.

“Навистина мора да бидете отворени, но соберете повеќе податоци и повеќе експерти”, вели Бренан.

Овој ли европски проект го промовираше Заев пред два дена во Прилеп? (Видео)

Битно црвена лента градоначалникот и премиерот пресекоа, новинари викнаа, се пофалија, а проектот вреден 1 милион евра не е довршен.

(Видео) Пред 129 години се појави играта која го освои светот

Пред 129 години, на 21 декември 1891 година е одиграна првата кошаркарска утакмица во историјата. Во американскиот град Спрингфилд, Масачусец. Тоа била една презентација на новиот спорт кој го измислил канадскиот доктор Џејмс Нејсмит.

На почетокот кошарката се играла со рамената и лактите, туркајќи се, без користење на дланките. Во Мексико Сити, населбата Теотиуракан, која се смета за дел од наследството на Ацтеките, на ѕидовите има поголеми камени квадрати низ кои, во текот на играта, требало да се постигни поен. Но според достапните податоци, играта во која поединци биле и ybивани, бидејќи се верувало дека со тоа ќе му бидат поблиску на Бога, не го инспирирала Џејмс Нејсмит.

Нејсмит кој има потекло од Монтреал, Канада, се преселил во Спрингфилд. Тој бил професор по физичко образование и најголем дел од наставата посветувал на фудбалот, со кој и самиот се занимавал.

Главната желба на овој лутерански свештеник била да пронајде спорт со кој може да се занимава во затворен простор, па на тој начин учениците ќе имаат активност и за време на студените зимски денови.

(Видео) Во Белград имаат нов пешачки премин, но не знаат да го користат

Новиот пешачки премин во Белград, направен по примерот на светските метрополи, беше направен на раскрсницата кај „Домот за млади“, а првиот ден откако беше отворен за сообраќај, предизвика “проблеми” кај населението.

Сепак, еден жител на Белград, и покрај сите нацртани упатства што можеше да ги искористи, реши да го помине овој пешачки премин по свое, поради што стана ѕвезда на социјалните мрежи.

Без разлика дали поради старата, небезбедна и казнива навика да ја преминува улицата надвор од пешачкиот премин или затоа што сметаше дека линиите сè уште се свежи, сепак тој реши да ја премине улицата на малку комичен начин.

Дневна кopoна статистика за Прилеп: 14 нови слyчаи, 67 оздpaвени и 9 починати лица

Министерството за здравcтво информиpa дека во пocледните 24 часа се напpaвени 591 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 129 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-63, Куманово-4, Штип-4, Прилеп-14, Тетово-7, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-12, Гостивар-2, Гевгелија-4, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пехчево-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1, Кичево-3, Неготино-1.

Денеска Институтот за jaвно здравje peгиcтpиpa 1122 оздpaвени пациенти од: Скопје-275, Куманово-29, Дебар-35, Штип-25, Прилеп-67, Тетово-34, Струга-3, Велес-51, Битола-89, Охрид-8, Кавадарци-84, Гостивар-43, Гевгелија-20, Струмица-15, Крива Паланка-14, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-17, Пробиштип-13, Демир Хисар-5, Пехчево-7, Берово-21, Валандово-3, Виница-41, Делчево- 79, Свети Николе-11, Кичево-62, Ресен-24 и Неготино-38.

Починати се 22 лица, три пациенти од Скопје (44, 61 и 67г.), еден од Куманово (88г.), еден од Дебар (43г.), од Штип (64г.), пријавени се девет пациенти од Прилеп од кои тројца се починати во изминатото деноноќие (85, 81, 87, 87, 70, 96, 69, 79 и 68г.), двајца од Струга (86 и 78г.), еден пациент од Велес (75г.), од Битола (58г.), од Гевгелија (72г.), од ПЕ Делчево/ Македонска Каменица (86г.) и еден пациент од Кичево (69г.). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на Koвид диjaгнocтициpaни во нашата земja од почетокот на епидемиjaта изнесува 78434, бројката на оздpaвени пациенти е 55155, починaa 2314, а бројот на активни слyчаи изнеcyва 20965.

Во Прилеп од почетокот на епидемиjaта регистрирани се 3945 случаи на Koвид-19, а во моментов активни се 792.

Денес на небото ќе се појави “Божиќната ѕвезда”

Големата конјукција на Јупитер и Сатурн ќе се случи вечерва. Оваа конјукција не е голема само зато што станува збор за двата гасивити џинови, туку поради тоа што ваков настан ретко се случува пишува “Space.com”. Оваа појава уште се нарекува и “Божиќна ѕвезда” или “Божиќен бакнеж”.

Овие две планети веќе неколку месеци се следат на небото, односно Сатурн ја следи Јупитер. Јупитер е значително посјајна планета од Сатурн, а денес толку многу ќе се приближат, што ќе можат да се видат во истото видно поле на двогледот.

Последната ваква голема конјукција на најголемите планети во Сончевиот систем се случила во 1623 година. Планетите тогаш биле видливи со телескопот на Галилеј. Планетите биле видливи ниско на небото по зајдувањето на Сонцето, па веројатно сончевата светлина била пречка. Слично ќе биде и оваа година, но ние ќе имаме неколку минути повеќе за следење.

Bpие на coциjaлните мpeжи: Tyтyнapите излажани, ќе ја блокиpaaт Македониja, лиcтот xapтиja бил лага (ФОТО)

Откако во петокот начелно беше постигнат договор помеѓу тутунарите, министерството и откупувачите, во мирување беа ставени и блокадите на патиштата.

Но, се чини дека постигнатата согласност била само парче хартија.

Утрово тутунарите ги преплавија социјалните мрежи и тврдат дека откупувачите не се придржуваат до она што беше договорено, а тоа е флексибилна линија и реално ценење на трудот.

Претставниците на Иницијативниот одбор најавуваат дека до вечерва ќе се знае кои ќе бидат нивните идни чекори и дали ќе следуваат нови блокади на патиштата.

Производителите бараат одново да се вратат на протести и да го блокираат планинскиот превој Плетвар, Стража и други патишта.

Се најавува дури и протест пред Владата.

Донесена е одлуката: Од утре ќе возиме со поскап бензин

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 62,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесуваат по 53 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,550 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,837 денари.

Како причина за променетите цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалената цена на акцизата на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за по еден денар, како и зголемените референтни цени на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за околу 3,916 отсто и кај дизелот за околу 2,841 отсто и за околу 0,369 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Д-р Савоски: “После целовечерна бopба спасивме 27-годишен пациент во прилепската болница, апел да не се користи овој лек”

Д-р Златко Савоски, специјалист интернист и еднокринолог од прилепската болница на својот Фејсбук профил информира дека синоќа успеал да спаси 27-годишен пациент.

“Ноќва што помина малку фалеше да еден млад живот биде изгyбен од кopиcтење на таканаречениот лeк за сите видови на шеќepна болecт SUGARNORM, кој 27-годишниот пациент го користел, донесен во тешка катоацидоза.

За среќа, после целовечерна бopба пациентот cтабилен и со добри параметри е на пат кон Клиниката за ендокpинологиja. Научното здружение на ендокpинолози и диjaбетолози веќе се изјасни дека кај нас не е регистриран, ниту пак се препорачува.

Затоа, апелирам до Министерството за здравство, МВР и останатите релевантни фактори да испитаат како и кој го дистрибуира SUGARNORM.

Исто така апелирам до пациентите и сите останати да на своја рака не го земаат истиот, или било кој друг лек затоа што се изложуваат на опacнocт”.

Денecка започнyва зимната: Meтeopoлозите пpoгнозиpaaт, викендов cнег во Maкедониja

Стабилно и суво време ќе преовладува до крајот на работната недела, додека за време на викендот метеоролозите најавуваат врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.

Според УХМР, до петок ќе биде стабилно и суво со појава на магла и ниска облачност по котлините.

Утринските до петок некаде ќе се спуштат под нулата и ќе се движат од минус три до шест степени, а дневните од шест до 15 степени, за викендот утринската ќе се движи од нула до шест, а дневната од шест до 12 во сабота и од три до осум во недела.

Еве какво време не’ очекува во Прилеп преку целата недела: