дома блог страница 2237

Конкурс за студентите: Напишете есеј или истражувачки труд и освојте вредни парични награди

Осигурителното брокерско друштво СН Осигурителен Брокер АД Битола, во соработка со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид при Универзитетот Св. Климент Охридски-Битола, распишува оглас за најдобар истражувачки труд и најдобар есеј од областа на осигурувањето.

Право на учество на Конкурсот имаат студентите од прв циклус на студии на насоката Осигурување при Факултетот за туризам и угостителство Охрид, УКЛО Битола, кои имаат запишано семестар во академската година 2020/2021 година.

Студентите со посебни трудови истовремено можат да конкурирараат и за истражувачки труд и за есеј.

Темата за пишување на есеите е: „Бидете безбедни во секоја фаза од животот“ (говорејќи за осигурување на живот), додека пак при изработката на истражувачките трудови студентите се слободни да изберат тема од областа на осигурувањето.

Трудот односно есејот се доставува во електронска форма на следната е-маил адреса:[email protected] најдоцна до 10.03.2021 година.

Истражувачките трудови и есеи ќе се оценуваат анонимно од посебни Комисии формирани од ФТУ Охрид и СН Осигурителен Брокер АД Битола кои определуваат поблиски критериуми за вреднување на пристигнатите истражувачки трудови, односно есеите, a во согласност со критериумите, методолошкиот пристап и упатствата за изработка на истражувачки трудови и есеи од УКЛО Битола.

За најдобрите истражувачки трудови и најдобрите есеи се доделуваат плакети и парични награди, и тоа:

Истражувачки труд: прва награда 30.000 денари; втора награда 20.000 денари; трета награда 10.000 денари

Есеј: прва награда 15.000 денари; втора награда 10.000 денари; трета награда 5.000 денари

Истражувачкиот труд и есејот треба да бидат изработени во согласност со Упатството за методологија за истражувачки труд, односно есеј, од Универзитетот Св. Климент Охридски Битола, објавени во прилог на овој конкурс.

Упатство за изработка на есеј

Упатство за изработка на истражувачки труд

Подетални информации студентите може да се добијат од Продеканот за настава при ФТУ Охрид, Проф. д-р Александар Трајков ([email protected]) или од Маја Митревка – раководител за човечки ресурси во СН Осигурителен брокер АД Битола ([email protected]).

Oд денecка важат нови правила за обложyвање во Македонија

Уредбата со која обложувалниците во изминатите шест месеци организираа онлајн уплати истече.

По истекувањето на овој рок од обложувалниците од Владата бараат да се овозможи и во следниот период да може љубителите на овие игри на среќа да може да уплаќаат преку компјутер во спротивно државата ризикува да изгуби 100 тици милиони евра во буџетот, пари кои во моментов се неопходни.

Според нивните пресметки од мај до декември пркеу онлајн уплатите во државната каса се инкасирале близу 2 милиони евра, а обложувалниците биле растеретени од гужва.

Инаку кладилниците со почетокот на пандемијата беа први кои ставија клуч на врата, но и први ги отворија вратите. Иако имаат загуби во работењето сепак велат дека успеале да ги задржат сите вработени.

Во казината и кладилниците работат околу 12 илјади работници.

ВМРО-ДПМНЕ: Bладата веднаш да извpши 100% зголемyвање на cyбвенциите на тyтyнот

Главниот виновник за проблемите со кои се соочуваат тутунарите во моментов е Зоран Заев. Заев е човекот кој дозволи увоз на тутун со што ја спушти цената на тутунот на домашниот пазар, го загрози домашното производство, но и остави простор за големи количини да останат неоткупени, изјави на денешната прес конференција, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Заеви се влезени во бизнисот со тутун, и го гледа само својот бизнис интерес, а не интересот на тутунарите. Тутунарите,нивната мака и труд се целосно погазени и потценети. Во моментов имаме за класа до две пониска проценка со што цената на тутунот е за повеќе од 60 денари пониска од истиот период минатата година. Годинава ја имаме буквално најниската цена на тутунот по 2005 година. Дополнително илјадници семејства немаат каде да го продадат својот тутун затоа што има над 3 милиони тони тутун за кој немаат потпишано договори, вели тој.

Трипуновски тврди дека власта не нуди конкретни решенија, туку ги влечка тутунарите по состаноци на кои им ветуваат работи, кои не држат ниту до наредниот состанок.

– Пред да биде доцна, пред тутунот да скапе, а тутунарите да останат без леб предлагаме веднаш на владина седница да бидат усвоени следниве мерки :

1. Зголемување на субвенцијата за тутун за 100% односно од сегашните 60,70 и 80 денари субвенцијата да биде 120 денари за трета и четврта класа, 140 за втора и 160 денари за прва класа, со што ќе се надомести разликата во цената која што се случува во моментот на терен. Пари за оваа мерка има доволно во Буџетот ако се скрати од непродуктивните трошења и луксузи кои што власта самите си ги изгласа само пред неколку дена.

2. Државата да интервенира со обезбедување на пари и преку тутунскиот комбинат Прилеп да го откупи вишокот на тутун до последното ливче.

3. Под итна постапка да се измени законот за тутун и да се врати старото законско решение со кое беше забранет увоз на тутун во Република Македонија.

4. Инспекторите од државниот земјоделски инспекторат секојдневно да бидат распоредени на откупните места и да го контролираат процесот и текот на откупот, додава тој.

(Видео) Лондон се претвори во град на дyxoви

Лондон утрово се разбуди во кapaнтин. Улиците на еден од најголемите градови во светот изгледале како да се снима апокалиптичен филм.

Надвор речиси да немало никој, само неколку работници во подземната железница и толку. Метеж се создава само пред продавниците, поштите и аптеките.

Најблиските сојузници на Велика Британија ги прекинале сообраќајните врски со земјата од страв од новиот сој на кopoнавиpycoт, предизвикувајќи xaoс кај претпријатијата само неколку дена откако Британија ја напуштила орбитата на ЕУ со трговски договор или без него.

Конечно, британската влада одучила во Лондон и некои други градови на југот и истокот на Англија да воведе целосна блокада за да се обиде да го спречи ширењето на зapaзата.

Четвртото ниво на заштита подразбира затворање на сите продавници кои не се неопходни за живот.

Австриски научници открија колку долго антителата се задржуваат по инфекциja со кopoнавиpycoт

Австриските научници докажаа дека заболените од кopoнавиpyc во некои случаи сепак имаат антитела девет месеци по инфекциjaта.

„Студијата Вахау“, при што беа повторно прегледани 152 претходно заразени лица, откри дека 84 проценти од оние кои се заразиле во март, сè уште имаат антитела IgG.

Научниот директор на „Danube Private University Krems“, Роберт Вагнер, истакна дека другите 16% претежно имаат друг вид имунитет.

Врз основа на неговото истражување, тој ги повика граѓаните да се вakцинираат.

Србија денеска ги добива првите вakцини на Фајзер

Првиот контингент на вakцината Фајзер пристигнува денес во Србија.

Првиот дел од контингентот вakцини Фајзер ќе биде доставен со авион до белградскиот аеродром, пред пладне.

Во контингентот има 4.800 вakцини, а според претходните најави, тие се наменети првенствено за корисници на домови за стари лица. Агенцијата за лекови и медиуми на Србија даде согласност за употреба и увоз на вakцината Фајзер.

Авионот, јавуваат медиумите, треба да слета во 10.30 часот.

Јупитер и Сатурн се “преклопија” и ја формираа Божиќната ѕвезда: Феномен кој ќе се повтори во 2080 година (Фото)

„Судирот“ на двете најголеми планети во Сончевиот систем е исклучително редок настан.

Ноќта од 21 до 22 декември е најдолгата ноќ на Северната хемисфера. Се верува дека ова е моментот кога светлината повторно почнува да добива надмоќ над темнината.

Оваа година, сепак, најдолгата ноќ беше посебна и по друга пригода – за прв пат по четири века, планетите Јупитер и Сатурн беа толку близу една до друга, што изгледаа како „двојна планета“ – случајност што луѓето ја именуваат како Витлеемската везда.

Привидното меѓусебно доближување на Јупитер и Сатурн беше видливо од Земјата по зајдисонцето вчера, првпат од 17. век.

Двете планети, секоја околу Орбитата околу Сонцето, навидум се порамнија една пред друга и се гледаа како една сјајна sвезда. Планетите беа на иста линија гледано од Земјата, но оддалечени повеќе од 700 милиони километри.

Астрономите, сепак, велат дека таканаречените „конјукции“ на двете најголеми планети во Сончевиот систем не се особено ретки. Јупитер, како што кружи околу Сонцето, ја поминува точката на усогласување со соседот Сатурн на секои 20 години.

Сепак, она што беше специфично овој пат е дека „спојот“ на зајдисонцето се гледаше насекаде од Земјата, онаму каде небото беше чисто

Последен пат било можно да се види оваа „средба“ од сите страни на Земјата, во јули 1623 година. Меѓутоа, во тоа време било речиси невозможно да се види пристапот поради близината на таа точка до положбата на Сонцето.

Следното приближување видливо од Земјата се очекува на 15 март 2080 година.

Шилегов сpeде емисиja си го избpиша нocoт со заштитната мacка (Видео)

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов вчера гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител, каде што зборуваше за својот професионален, но и за својот приватен живот.

Тој играше и пантомима со водителката, односно погодуваше и објаснуваше најразлични поими.

Но, најинтересниот момент се случи веднаш по завршувањето на играта кога скопскиот градоначалник ја зграпчи својата заштитна маска и со неа си го избриша носот.

Mицкоски: “BMPO-ДПMHE никогаш нема да пpeговapa за идентитетот, aко Бyгapиja пpoдолжи со барањата ќе бapaме нaпуштање на договopoт”

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното интервју на МТВ јасно го кажа ставот на партијата во однос на прашањето со Бугарија. Според него „ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да преговара за идентитетот, ако Бугарија продолжи со своите барања, треба напуштање на овој Договор на Зоран Заев и ќе бараме нов договор“.

Мицкоски кажа дека за отприлика една година следи Конгрес на партијата и ако и по Конгресот ситуацијата излезе ваква ќе се побара јасна декларација.

– Ќе излезам и ќе побарам јасна декларација дека никогаш нема да преговараме за посебноста на македонскиот јазик, идентитет, историја. А доколку продолжи соседна Бугарија да инсистира на истото, за нас Договорот со Бугарија ќе биде мртов. Еден договор, ваков договор треба да нуди иднина, а не минато. Овој Договор со Бугарија не нуди иднина, рече Мицкоски заклучувајќи дека доколку продлжат барања од Бугарија кон Македонија, во тој случај ќе треба да се оди на нов договор.

Познат бpитанcки acтpoлог твpди: Денecка започнyва нова epa кoja ќе тpae 200 години

Водечкиот британски астролог Јасмин Боланд тврди дека денеска, на 21 декември, почнува нова ера која ќе трае следните 200 години. Според него, секое преминување на планетите во нов знак е важен, бидејќи ја менува енергијата на целата планета. Додека Јупитер ќе поминува низ Водолија од 19 до 30 декември, нè очекуваат многу промени на личен и глобален план.

Во текот на 2020 година, Јупитер, планета на експанзија, беше во Јарец и носеше само ограничувања и економски колапс. Преминот во Водолија ќе го промени тоа и ќе донесе потполно поинаква енергија, тврди Боланд.

Сѐ повеќе луѓе ќе гледаат на светот поинаку и многумина ќе бидат подготвени да експериментираат. Тоа значи дека ќе има и многу протести, бидејќи многумина се плашат од промените.

Јупитер поттикнува среќа

Јупитер поттикнува раст и среќа. Кога ќе влезе во прогресивниот знак Водолија умовите на луѓето ќе се свртат кон нови идеи. Ќе се прошируваат видиците. Ќе бидеме охрабрени за големи дела.
Најголеми промени за човештвото треба да се очекуваат од 13 јануари, особено во светот на финансиите и информатичкиот сектор.

Промени ќе се чувствуваат и на личен план

Јупитер и Сатурн ќе се сретнат со три воздушни знаци (Близнаци, Вага и Водолија) и ќе донесат нова ера што ќе владее наредните 200 години. Многумина ја нарекуваат „ера на Водолијата“.
„Не заборавајте дека Јупитер е радост, а Сатурн строгост и што ќе му донесе на секој поединец на личен план, зависи од местата на кои се наоѓаат во наталниот хороскоп.

Ќе има многу страв и отпор на промените

Сатурн, кој исто така е во Водолија од 17 декември, носи стравови и отпор на промени, но со напорна работа, истрајност и планирање, може да се воспостави добра подлога за иднината.

Направете основа за иднината, ако ја пропуштите можноста, нема да има нова

Ќе има и погрешни одлуки и грешки. Но не заборавајте, Водолијата ја интересира само иднината. Водолијата ја цени индивидуалноста, интелектуалниот развој и не дозволува ограничувања. Таа е поврзана со напредната технологија и наука. Меѓутоа, со Уран, планетата на револуцијата, станува без контрола. Сигурно е дека ќе видиме откритија, пронајдоци, ширење на универзумот и ќе функционираме потполно поинаку.

Револуции и разводи

Јупитер носи и масовни протести, бидејќи луѓето се фрустрирани и немирни. Можни се и земјотреси, но на личен план. Луѓето ќе менуваат работа, брачни партнери, дом…