дома блог страница 2236

Не чекајте во редици пред банките, еднократната парична помош можете да ја извадете во кеш

Владата на Македонија соопштува дека во тек е исплатата на еднократната финансиска помош 6.000 денари за 283 илјади граѓани, кои истата може да ја користат во кој било период без рокови и ограничувања.

„Еднократната помош се однесува на граѓаните со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, со пресек на 27-ми септември, односно денот кога беше објавен четвртиот пакет на економски мерки“, велат од Влада.

Граѓаните освен преку картички, овојпат парите ќе може да ги вадат во кеш и да си ги трошат за какви што сакаат производи и услуги.

Средствата се уплаќаат на трансакциските сметки на граѓаните во комерцијалните банки, додека за оние граѓани кои немаат отворено трансакциска сметка досега, оваа услуга ќе им биде овозможена од банката во која е распореден соодветниот граѓанин, а за која може да добие информација со внесување на својот ЕМБГ на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk.

Николоски од Прилеп: “Револуцијата почнува од Прилеп, оставка на Заев, слобода за народот!”

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и Генералниот секретар на партијата, Ѓорѓија Сајковски, денеска во Прилеп остварија средби со раководството на општинскиот комитет и со граѓани.

“Денес во револуционерен Прилеп! Градот кој прв ја почна револуцијата против окупаторите, а не администраторите! Градот херој! Со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоргија Сајкоски остваривме средби со партиските структури како и со граѓаните на Прилеп. Мафијата го јаде трудот на тутунарите. Им ја јаде маката! Промените доаѓаат во Прилеп! Оставка на Заев, слобода на народот!”, напиша Николоски на Фејсбук.

(Фото) Од Зворничко езеро уловил вистинско “чудовиште”

Миодраг Чириќ, познатиот спортски риболовец од Мал Зворник, уловил штука тешка 10.680 грама и долга еден метар од Зворничко езеро.

Чириќ ловел на делот од езерото кај местото Амајиќ, во вечерните саати, а кога рибата, по 10 минутна бopба излегла на површината, бил и повеќе од задоволен.

– Штуката ја уловив со мамец “канибал шед”, со должина 10цм. Овој примерок е вистинска реткост, вели Чириќ кој е вистински мајстор, но скромно вели дека за ваков улов е потребна среќа.

Mладиот пијанист од Прилеп ниже награди: Прво место на Меѓународниот натпревар “Пијанофест” – Уживајте во неговата изведба (Видео)

Од 11-14 декември се одржа Вториот меѓународен пијано фестивал, кој е во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози по пијано од Битола. Натпреварот овојпат се одржа онлајн поради состојбата со кopoнавиpycoт, а учесниците своите изведби ги испраќаа преку видео снимки.

На натпреварот учествуваа 148 пијанисти/ки од 19 земји од светот, кои се натпреваруваа во една преткатегорија и пет категории.

Стручното жири во состав: Даница Стојанова (Македонија), Милица Шкариќ (Македонија), Петар Младеновиќ (Србија) и Маргарита Вујовиќ (Србија/Русија), одлучи првото место во четвртата категорија да му припадне на Арсениј Ангелески од Прилеп, ученик во прва година во средното музичко училиште во Битола.

Ова уште едно големо признание за талентираниот млад пијанист од Прилеп, кој досега има освоено еден куп награди на голем број државни и меѓународни натпревари.

Арсениј натпреварот го заврши со 97,7 поени, а настапи со Sonata No.2 in A-dur, Op.2 No.2 од Бетовен.

Слушнете го во продолжение:

(Видео) Неверојатно: Оваа држава сред пустина гради “чудо” – таму ќе се населат 1.5 милиони жители и ќе се градат над 1000 компании

Израел работи на амбициозен проект – голема модерна населба сред пустина.

Тел Авив е најголемиот двигател на Израел, со “Силициумската долина” на Средоземното море, па сите патишта водат во овој град. Во регионот се сконцентрирани најголемиот дел на високотехнолошките компании во земјата и најголемиот дел на висококвалитетната работна сила. Речиси 90% од инвестициите одат во овој дел на земјата.

Квалитетот на живот е висок, меѓутоа, кириите и другите трошоци непрекинато растат, па се помал број на луѓе можат да си дозволат луксузен живот во Тел Авив.

Решението би можело да го понуди визијата “Израел 2040-земја на иднината”, која во наредниве 20 години, со огромни напори на целата земја, предвидено ќе ги населува пустините Негев и Галилеја со дури 1.5 милиони луѓе.

Прилеп секојдневно се празни: Денеска загyбивме уште пет наши сограѓани

Во последните 24 часа се направени 2562 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 758 нови слyчаи на Koвид-19 во: Скопје 324, Куманово 43, Штип 22, Прилеп 46, Тетово 21, Струга 27, Велес 26, Битола 23, Охрид 28, Кавадарци 36, Гостивар 32, Гевгелија 17, Струмица 26, Крива Паланка 3, Радовиш 5, Кочани 19, Пробиштип 1, Пехчево 2, Берово 2, Валандово 8, Виница 2, Делчево 8, Кратово 4, Свети Николе 6, Кичево 14, Ресен 2, Неготино 11

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (42, 65, 74, 83, 69, 80 и 86г), двајца од Куманово (87 и 52г), еден од Дебар (80г), пет од Прилеп (65, 79, 65, 61 и 76г), еден од Струга (62г), двајца од Битола (77 и 69г), четири пациенти од Охрид (62, 70, 57 и 81г), еден од Свети Николе (65г), двајца од Кичево (64 и 77г) и еден пациент од Неготино (74г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Инcтитyтот за jaвно здравje peгиcтpиpa 944 оздpaвени пациенти од: Скопје 270, Куманово 51, Дебар 24, Штип 25, Прилеп 69, Тетово 36, Струга 43, Велес 51, Битола 53, Охрид 46, Кавадарци 53, Гостивар 44, Гевгелија 30, Струмица 20, Крива Паланка 6, Радовиш 12, Кочани 19, Пробиштип 7, Демир Хисар 1, Пехчево 2, Берово 8, Валандово 6, Кратово 3, Свети Николе 15, Кичево 19, Ресен 13, Неготино 18

Досега во земјата се направени вкупно 383.769 тecтирања на Koвид -19.

Вкупната бpojка на Koвид диjaгнocтициpaни во нашата земja од почетокот на епидемиjaта изнесува 79190, бpojката на оздpaвени пациенти е 56099, починaa 2340, а бројот на активни слyчаи изнеcyва 20751.

Боки 13 поднесува kpивични против премиерот, поранешни пратеници, министри?

Дали овие кривични пријави, кои најверојатно ќе бидат поткрепени со силни докази до обивнителството од страна на обвинетиот Јовановски, за кој се води судски процес за “Meѓународен сојуз”, ќе му дадат друг тек на целиот случај, останува да видиме Во пресрет на најавите на премиерот Зоран Заев за прочистување на судството и отчетност на обвинителството, денеска извори од обвинителството информираат дека в четврток продолжува со поднесување кривични пријави во обвинителството Бојан Јовановски, кој е обвинет во случаите “Рекет” и “Меѓународен сојуз”,пишува Република.мк

Јавноста за овие случаи има впечаток дека се водени контролирано од страна на власта, имајќи предвид бројни поврзаности на лица од власта со обвинетите во овие два случаи. Крајниот епилог од овие два случаи треба да биде чистење на замешаноста во овој криминал на лица од врвот на власта и СДСМ, потпомогнато од обвинителката Русковска и судството.

Имено, токму и тоа е информацијата од Јавното обвинителство, првообвинетиот Бојан Јовановски заедно со својот адвокат во четврток на 24 декември околу 10 часот ќе се појават во просториите на обвинителството, каде што Јовановски ќе поднесе поголем број кривични пријави против јавни функционери и највисокиот врв од власта, каде што според наши претпоставки тука се вклучени премиер, поранешни пратеници, министри и други видни личности кои се во блиска корелација со СДСМ и Заев.

Целата статија прочитајте ја на РЕПУБЛИКА.

Рочиште за 27-ми април: Нарушена е доверливоста на доказите, има индиции дека е можно некој да ги фалсификувал

На денешното рочиште за т.н. организирање на настаните на 27-ми април вешто лице сведочеше за доказите за телефонски разговори кои ги понуди Вилма Рускоска, обвинител во предметот. Според вештакот проф. Д-р Мирослав Котевски, доказите кои ги приложила Рускоска пред судот кога го подигнала обвинението не биле запечатени односно заштитени од промени, поради што тој се сомнева дека е можно некој да ги променувал – односно да направил фалсификат – oбјави “Курир”

– Материјалните докази кои ми беа предадени од страна на одбраната не содржат никаква заштита на датотеките (“xls” фајловите) со што се нарушена нивната доверливост како податоци, вели професорот Мирослав Котевски.

Според него, во вакви незаштитени електронски докази секој кој имал контакт со нив до моментот на поднесување на обвинението можел да направи промена, односно фалсификат.

– Дополнително, во ваквите датотеки може да се креираат непостоечки (фиктивни) нови записи кои никогаш реално како настан не постоеле. Тоа може да бидат текстуални пораки кои не биле разменети помеѓу два мобилни телефонски броја или две лица, говорна комуникација меѓу две лица која никогаш не била реализирана или приклучувања кон глобалната интернет мрежа, појаснува професорот.

Дополнителен проблем е што според него во EXCEL датотеките не може да се утврди дали се правени измени во податоците поради фактот што измените и/или дополненијата може да се направат без запис (трага) за настанатата измена и/или дополна и без запис кој и кога ја направили таа измена и/или дополна.

Индиции за можно фалсификување на доказите има поради неколку утврдени непостојани податоци од страна на вештакот, односно одредени разговори кои се запишани во една ексел табела, не се забележани во три други ексел табели во кои исто така би морало да ги има. Според вештото лице професор Котевски, ова е доволна причина да се посомнева во кредибилноста и веродостојноста на доказите.

– Ова наведува на заклучок дека доверливоста на xls фајловите кои се дел од доказните материјали е проблематична, заклучи проф. Д-р Котевски на денешното рочиште кое започна со проблеми откако Рускоска во судот донела погрешен советник кој не бил од полето на стручност на Котевски.

Кој и зошто би фалсификувал докази е прашањето кое треба да си го постави секој кој и досега ги следел ваквите индиции во овој случај, пред се поврзани со четирите различни верзии на сведокот соработник Александар Василевски Нинџа кои нему му донесоа казна под минималната, на 15 други луѓе над 200 години затвор, а на Рускоска ново обвинение за т.н. организирање на настаните на 27-ми април.

Извор: “Курир”

3дpaв пиjaлок, но иcтовpeмено и нajголем непpиjaтел на забите

Одамна е познато дека кафето е голем непријател на белите заби, но стоматолозите сега велат дека чајот има уште поголемо влијание врз бојата на глеѓта на забите.

Ова важи за сите чаеви, не само за темните.

„Глеѓта на забите е порозна и може да апсорбира танин од чајот, правејќи ги забите потемни, сивкави или кафеави“, вели стоматологот д-р Џордан Кирк.

Чајот содржи неколку соединенија што можат да предизвикаат таа грда промена на бојата на забите, менувајќи ја нивната боја за неколку нијанси, а колку ќе се промени бојата на глеѓта, влијае и тоа колку е силен чајот што го сакате.

Зелениот чај најмногу ги обојува забите, бидејќи содржи најмногу танини, велат стоматолозите.

Танините исто така имаат добри страни, тие се антиоксиданти, па секако го намалуваат ризикот од карцином и кардиоваскуларни болести.

Но, ако чајот е „ваш пијалак“, многу е важно да ги миете забите барем двапати на ден, посветувајќи и по триесет секунди на секоја половина од секоја вилица.

Ова е наједноставниот начин да спречите забите да добијат грда боја без да мора да ги менувате навиките и да го исфрлате омилениот чај од употреба.

До четврток стабилно и суво време, од петок целосна промена

До четврток ќе се задржи стабилно и суво време по котлините со појава на магла и значителна ниска облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од петок до недела, под влијание на влажен бран ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините со снег.

Поради продор на студена воздушна маса од север, в сабота кон крајот на денот висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под 1000 метри, па снег ќе има и во повисоките населени места, особено во западните делови од земјава.