дома блог страница 2231

Нема машка и женска професија: Слаѓана Јакова е единствената жена возач на камион за смет (Видео)

Радовишанката Слаѓана Јакова (39) вработена како шофер во Јавното претпријатие „Плаваја“ во Радовиш речиси е единствената жена во регионот и пошироко која е возач на камион од ваков вид.

Сторијата која ја објави телевизија “СИТЕЛ” ги воодушеви сите и ги собра симпатиите на корисниците на социјалните мрежи.

-Возам од 10, 11 години прво трактор, па кола, па дојде ред и со камион, кај нас фамилијарна работа е возењето маж, брат, сите возиме, вели таа.

Слаѓана додава дека никој не верувал кога се пријавила на огласот дека ќе може да го вози камионот за собирање на сметот во Радовиш.

Во целата сторија уживајте во продолжение:

ИЗВОР: “СИТЕЛ ТВ”

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во 18:10ч. гостин во “Што не е јасно” на “Алфа ТВ”

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва гостува во емисијата “Што не е јасно” на “АЛФА ТВ”

“Вечерва гостувам во „Што не е јасно?“ во 18:10 на Алфа телевизија. Следете ме”, напиша Мицкоски на Фејсбук.

(Видео) Не издржа срце јуначко: Учителката “се опушти” но заборави да го исклучи звукот

“Онлајн” часовите си имаат свои предности и маани. Од предностите веројатно би требало да ја издвоиме домашната, опуштена атмосфера, но сепак не смее да се заборави дека станува збор за час во виртуелна училница во која присуствуваат над 20 лица.

Наставничката се “опушти” на час, но брзо сфати дека не е исклучен звукот, па учениците го слушнаа нејзиното “звучно дело”.

Погледнете ја нивната реакција:

УХМР предвидува снежна покривка и на пониските места

Нова снежна покривка ќе се формира викендов на планините од врнежите што ги најавуваат метеоролозите.

Од УХМР информираат дека под влијание на влажен бран за време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни (локално над 20л/м2). Поради продор на постудена воздушна маса во недела врнежи од снег ќе има и на некои пониски места, особено во западните делови од земјава.

Од понеделник ќе преовладува претежно стабилно време, освен во крајните западни делови, каде ќе има услови за повремен дожд.

Утре температурата утринска ќе биде од три до седум, дневната од шест до 14. Во недела утринската од два до осум, дневната од 4 до 11 степени. Во наредната недела утринските температури ќе се спуштат и под нулата и ќе се движат од минус три до седум степени. Дневните ќе бидат од 5 до 15 степени.

Измамен прилепчанец: Го лажеле дека се јавуваат од фирма, па ја растоварил робата на погрешно место

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе kpивична пријава против Б.А.(33) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 30.12.2019 пријавениот телефонски се јавил на Ц.Т., претставувајќи се дека се јавува од фирма и му кажал да оди до Струмица за да земе производи од друга фирма. Додека Ц.Т. во Струмица ја товарал робата, повторно телефонски бил контактиран од пријавениот, кој побарал него да остави 20.000 денари кај едно лице во Велес, но бидејќи Ц.Т. немал пари, се договориле робата да ја однесе во стовариште во Скопје и да се врати во Прилеп.

Вечерта во 21.00 часот, пријавениот повторно му се јавил на Ц.Т. и му рекол дека турата за Струмица отпаѓа, а има нова тура за Куманово, при што му дал број од лице во фирма од каде требало да товари производи. Кога Ц.Т. наредниот ден пристигнал во Куманово, на неколку наврати се обидел телефонски да го контактира лицето посочено од пријавениот, но не успеал да го добие, по што сфатил дека бил измамен.

Со фалсификувана банкнота од 50 евра платил во цвеќара во Прилеп

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 23.12.2020 во 16.00 часот во просториите на Одделението за внатрешни работи Прилеп, К.Д.(49) од Прилеп пријавила дека околу 15.40 часот во цвеќарница во Прилеп едно лице сакало да купи производи со банкнота од 50 евра по што, при обид во менувачница да ја замени банкнотата, пријавителката била известена дека е фалсификувана.

Да донираме за малиот Матеј од Прилеп ycпешно да застане на нозе: Оваа сума може и мора веднаш да се собере!

Maлиот Матеј од Прилеп имаше опepaциja на левата нога, односно на тетивата во болницата “Медикус” во Чуприја. Хумани граѓани помогнаа за опepaтивниот зафат, но сега е потребна нова помош за ова детенце успешно да закpeпне и да чекори слободно.

Неговото семејство апелира до сите хумани граѓани, фирми и организации да помогнат за неговата pexaбилитациja. Tретманите кои Матеј треба да ги помине се во Негорски бањи, но истите не подлежат под Фондот за здравство, бидејќи опepaциjaта беше извршена вон нашата држава.

Целокупниот третман се состои од три пати одење на бањи по 21 ден, а вкупните парични средства кои му се потребни на семејството Алексоски чинат 3.000 евра.

За сите кои се во можност да донираат, во прилог трансакциска сметка на семејството:

Или, контактирајте со семејството Алексоски на телефонскиот број: 076/665-146

На малиот Матеј после третманите во Негорски бањи му, идната година во месец мај му следува уште една опepaциja.

Го празнуваме Св. Спиридон, заштитник на занаетчиите

Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од скромни родители, земјоделци, а и самиот бил и останал скромен и смирен сѐ до својата cмpт. Во младоста се оженил и имал деца. А кога умре жена му, тој сиот се предал на служба на Бога.

Заради неговото особено благочестие бил избран за епископ на градот Тримифунт. Но, тој и како епископ не го изменил својот скромен начин на живеење и околу својата стока и обработката на земјата се трудел самиот лично. За себе многу малку употребувал од стекнатото, поголемиот дел им го раздавал на бедните луѓе.

Со Божјата сила покажал големи чуда: измоли дожд во време на суша, го запре текот на реката, воскресна неколку мртовци, го исцели царот Констанс од тешка болест, ги виде и ги слушна ангелите Божји, проѕираше во тајните на човечките срца, многумина обрати во вистинската вера итн.

Учествувал на Првиот Вселенски Собор во Никеја и со своето едноставно, но јасно исповедање на верата, како и со многубројните моќни чуда што ги извршил, голем број еретици ги вратил во Православието.

Беше облечен толку просто, што кога еднаш, како поканет од царот сакал да влезе во царскиот дворец, војникот мислејќи дека е некој просјак му удрил шлаканица. Кроткиот и незлоблив Спиридон му го завртил и другиот образ.

Откако Го прослави Бога со многубројни чуда и на многумина им покористи поединечно, а и на целата Божја Црква, се упокои во Господа во 348 година. Неговите чудотворни мошти сега се на островот Крф и ден-денес Го прославуваат Бога со многубројни чуда.

Свети Спиридон Чудотворец, познат како заштитник на занаетчиите.

27-годишниот градоначалник на Бања Лука им ги собра клучевите на функционерите: Службените автомобили во 16ч. да бидат паркирани пред општина (Фото)

27-годишниот Драшко Станивуковиќ е новиот градоначалник на градот Бања Лука во Република Српска, а еден од неговите први потези ги освои симпатиите во целиот регион.

Станивуковиќ им наложил на општинските административци и функционери клучевите од службените автомобили да ги оставаат во неговиот кабинет, со цел тие да не се возат после работното време. Идеја која добро би било да си примени во сите државни институции и општини кај нас.

“Сите клучеви од преку 50 службени автомобили се вратени во 16 часот, на мое барање, во просториите на Кабинетот на градоначалникот.

Никој веќе нема право службените автомобили да ги користи за приватни цели, како што тоа беше случај досега. Преку 70% од службените автомобили не беа на паркингот пред градската управа, после работното време.

Ќе донесеме одлука сите службени автомобили да мораат да бидат обележени, и истата е подготвена, а подготвен е и новиот Правилник за употребата на овие возила.

Меѓу овие клучеви се наоѓаат автомобили во вредност од преку 100.000 марки, кои ќе ги продадеме, затоа што за граѓаните на Бања Лука постојат поприоритетни работи.

Мораме да ставиме крај на расипничкото однесување, а ова е само прв чекор во тој правец, вечерва ќе донесеме и други одлуки”, напиша младиот градоначалник на Фејсбук.

Тутунарите добија ветување на жими мајка: Нова средба по Нова година

После неколкуте средби со министерот за земјоделие и откупувачите во општина Прилеп и после добиените така наречени писмени гаранции, откупот на тутунот продолжи по старо, без реално вреднување на трудот и маката на тутунопроизводителите.

Денеска претставниците на Иницијативниот одбор во Владата одржаа средба со премиерот Зоран Заев, а на средбата одново беше присутен и министерот Аријанит Хоџа.

Тутунарите добија нови ветувања

Според она што го дознаваме, Заев им рекол дека откупната цена не може да биди во просек 200 денари, но ќе достигнела од 180-190 денари.

После Нова година ќе се одржела нова средба на која ќе се разговарало за укинување на четвртата класа при проценката.

За промени на Законот за тутун ќе се разговара исто така идната година, а идните можни промени би се применувле од идната реколта.

На претствниците од Иницијативниот одбор ќе им било овозможено да бидат членови на второстепената комисија.

Оваа точка е исто така речиси невозможна за оваа откупна реколта, со оглед на тоа дека за да се членува во оваа комисија потребно е да се поседува лиценца која ја издава Министерството за земјоделство врз основа на положен стручен испит.

Како ќе се одвива откупот во наредните денови останува да видиме.