дома блог страница 2217

“Имаме притисоци и уцени, нема да потклекнеме”, вели лидерот на тутунарите (Видео)

По серијата од лажни ветувања дека ќе се корегира годинашната, катастрофална откупна линија, пукна трпението на излажаните и понижени тутунари, па тие, вo понеделник се селат пред Владата. Ќе бараат одговори од премиерот – кога и како мисли да го исполни ветеното – објави “АЛФА ТВ”

„Од самиот старт на откупот, ние сфативме дека ова е игра. Значи, се земаат квалитетени тутуни во пониски класи, одбитоци од огромни 10 проценти, динамиката е слаба на откуп…ланската година се откупуваа по 1.200.000 кг на ден, а сега по некои 400-500 тони на ден. Затоа ние одлучивме – протест пред Владата за конечно да каже премиерот дали има решение за нашите проблеми или нема, – изјави за Алфа, Игор Мирчески, од ИО на незадоволните тутунари за “ТВ АЛФА”.

„Ние нема да подлегнеме, ниту јас како Игор, ниту членовите на ИО и во оваа работа ќе одиме до крај. Ние сме најбедната, најсиромашната класа, ние сме тие кои ја храниме нацијата и Владата мора да има слух за нас“, вели Мирчески, признавајќи дека во последниве денови трпат невидени притисоци, со цел нивно дискредитирање како водачи на протестите.

„Јас имам 10 тона тутун за предавање. Предадов неколку килограми и ако тие неколку килограми го одредат целиот просек, тоа е веќе смешно, само се тоа луѓе што не се разбираат од тутун. Значи, имаме притисоци разни, тивки уцени, меѓутоа ние нема да потклекнеме“, – категоричен е Мирчески.

Инаку, колку за потсетување, македонските тутунари, досега не влегоа во ниту еден пакет-мерки на Владата, заради што бараат барем зголемување на субвенциите, бидејќи како што велат, откупот на тутунот, и покрај досегашните преговори со сите релевантни фактори, вклучително и со премиерот, на територијата на цела Македонија, и понатаму се одвивал по старата шема. А од Сојузот на земјоделски здруженија пак, минатата недела, во знак на револт, најавија дека од понеделник ќе ги повлечат нивните контролори, односно поверениците од вагите и ќе го стопираат откупот на тутун.

Kaролина Дурло за “АЛФА ТВ”

(Видео) Новогодишната прослава за нив беше кобна: Погледнете што предизвика огнометот во Рим

Во престолнината на Италија, стотици птици беа пронајдени mpтви на улиците откако заврши новогодишниот огномет, соопштуваат од здружението за заштита на животни.

Страшното видео снимено во близина на главната железничка станица во Рим, беше брзо споделено на социјалните мрежи, пренесува АП.

Cинот на Зopaн Џopлев: 3a него, cлавете го неговото име и памтете го зaceкогаш, а плачете го вчepaшниот ден

Наско Џорлев, син на познатиот виолинист Зоран Џорлев, кој вчера на 53-годишна возраст почина од компликации од кopoнавиpycoт, денеска преку статус на Фејсбук се пpocти од својот татко.

-Вчерашниот ден, беше најтажниот ден што се има случено на мене и на моето семејство. На вчерашниот ден сфатив дека животот е толку суров и до крај ќе остане исполнет со тага, на местото каде што ми се откина дел од душата. Моето семејство и светов изгуби еден од најдобрите луѓе кои постоеле и ќе постојат.

Полн со живот, позитива и безрезервна љубов за сите во неговиот живот. Имаше многу планови за што понатаму, никогаш не се откажуваше, неговиот оган гореше силно до крај.

Во плановите не имаше вклучено мене и брат ми секогаш, таман дури почнавме и да свириме заедно поредовно. За секој имаше време да посвети внимание, секогаш сакаше да помогне, без разлика колку и да беше близок, се додека му треба помош. За секој имаше љубов и разбирање, и се правеше од срце и на чесен начин на кој повеќето луѓе не можат ни да замислат.

Другар, искрен и добар, народен човек, мојот херој. Мојот татко, мојот прв пријател, моето се. Се што имам е од татко ми, се што сакам и правам денес е поради татко ми, се ми имаш пружено. Се што ќе продолжам да правам е ЗА ТАТКО МИ. Фала ти тато за се, тато е најдобар тато, душичке наша!

За него, славете го неговото име и паметете го засекогаш, а плачете го вчерашниот ден!

Оваа слика е последната наша заедничка, кога ја редевме елката. Му ја испративме заедно со еден Дедо Мраз како поклонче за Нова година. Последниот здив го има испуштено држејќи ја.

Зоран Џорлев – сопруг, татко, брат, другариште, човечиште, маестро…

Те сакаме, немаш појма колку ќе ни фалиш, засекогаш и повеќе! Твоите Наско, Мартин и Офелија“, напиша Наско Џорлев.

Овие три xopocкопcки знаци најбpзо ќе ги пoчyвcтвyвaaт позитивните пpoмени кои co ceбе ги нocи Новата 2021 година

Ретката конјукција на Уран и Сатурн доведува до помирување на спротивставените ставови и означува тивок почеток на позитивните промени што нè очекуваат во 2021 година. Планетата на среќата и просперитетот Јупитер ќе поминат низ со соѕвездието Водолија поголем дел од годината и една по една отворени можности за промени.

По промената по тешката 2020 година не доаѓа одеднаш, туку постепени, а први ќе ја почувствуваат три знаци од Зодијакот.

Јарец

Љубов

Многу емотивни проблеми се решени, а сега останува само да сонувате, фантазирате и планирате на емоционално ниво.

До крајот на јануари добивате нови шанси за љубов. Единствената турбуленција ја носи Венера на квадрат – можни се недоразбирања и несогласувања во семејството или со партнерот. Јупитер во вашата друга астролошка куќа може да поттикне приказни за потомство. Осамените срца на крајот на есента можат да сретнат личност која ќе го освои нивното срце.

Работа

Големи можности ги очекуваат Јарците кои бараат нова работа, особено во првата половина на есента.

Многумина ќе инвестираат пари и нови проекти што ќе донесат просперитет и економска предност на пазарот.

Можно е некои да најдат нова работа во друг град или да решат да ја сменат професијата. Планетите многу ве сакаат во областа на вашата кариера.

Здравје

Ќе имате проблеми со пад на енергијата, но со добра исхрана и соодветна мотивација, можно е да го постигнете она што го сакате.

Водолија

Љубов

Најважниот период за љубовта сигурно ќе биде почетокот на ноември. Активната Венера со поддршка на Марс им носи силни емоции на сите оние кои сакаат да се вратат на својата стара љубов. Нови средби и забавни авантури можат да доведат до нова љубов. Јупитер и Сатурн ве охрабруваат да останете смирени во случај на недоразбирање во семејните односи. Големи одлуки на љубовен план ве чекаат од почетокот на 2021 година.

Работа

Јупитер и Сатурн ви помагаат да се соочите со пречките во вашата кариера и да се подготвите за навистина неверојатен почеток следната година Овие две планети се во многу позитивен транзит со Сонцето, така што имате можност да започнете и да реализирате многу проекти. Оние што бараат работа треба да ги имаат сите интервјуа до крајот на февруари. Beе бидете расположени за тимска работа, затоа побарајте помош од колегите за сè што ви треба. Зимата ќе ви донесе подобра финансиска состојба.

Здравје

­­Ќе имате одлична физичка и ментална енергија што ќе ви помогне во работата во стекнување нови вештини и одлични идеи.

Риби

Љубов

Ноември и Декември беа навистина неповолен период за љубов кон родените во знакот Риби. Венера беше во опозиција што може да донесе криза во бракот или врската. Време е да зборувате отворено и вистината конечно да излезе на виделина. Кажете сè што чувствувате, бидејќи само со позитивна комуникација можете да избегнете дополнителни компликации на емоционално ниво. Подобра клима во љубовта ве чека на крајот на јануари. Транзитите на Јупитер и Сатурн во овој период ќе ви донесат поволна можност да планирате со саканата личност.

Работа

Ве очекуваат краткорочни деловни пречки. Време е да се охрабрите, да ги надминете и да ги реализирате можностите за напредок во текот на зимата. Имате големи дилеми и тешки одлуки, но обидете се да решите сè до средината на јануари. Побарајте поддршка од колегите и партнерите. Последниот квартал од 2020 година беше напнат во однос на деловното работење, но тоа беше важна подготовка за зимата што ви носи економски просперитет.

Здравје

Добрата вест е дека лесно можете да се справите со нервозата и стресот. Bие можете да дадете сè од себе и да работите напорно и нема да се чувствувате уморни.

Денеска сончево, од вечер следуваат врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде сончево, претпладне со услови за слаба магла по одделни котлини, а попладне со мала до умерена облачност.

Во текот на ноќта, како што соопшти УХМР, облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места на запад врнежи од снег.

Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Од недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Тој што денеска прв ќе ви влезе дома може да ви донесе cpеќа: Овој ден е наречен уште и “Прв Божик”

Православната црква денеска го празнува Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец.

Светата православна црква на овој ден го празнува споменот на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец. Свети Игнатиј бил ученик на Светиот апостол и евангелист Јован Богослов од кого бил поставен, за епископ на црквата во Антиохија со која раководел 40 години.

Празникот Св. мч. Игнатиј Богоносец во народот познат како Св. Игнет, Игњат, Игнатов ден, итн. се нарекува и „Прв Божик“ зашто тогаш започнуваат подготовките за празникот Рождество Христово ‒ БОЖИК.

Според верувањата на овој ден кој ќе ви влезе прв дома, ќе ви донесе среќа или несреќа.

На овој ден мајките ги теглеле своите деца, „ги подигаат“ за ушите или главата за да растат повеќе.

Ако тоа бил млад и убав човек (момче или девојка) се сметало дека носат среќа, а ако прв влезел некој старец или баба верувале дека не ќе оди најдобро…

Игнатиј бил ученик на Св. апостол Јован. Во времето на Трајан тој бил епископ во Антиохија, каде многу се прочуло по својот свет живот, така што многумина го напуштаа збрканиот незнабожечки поглед на свет и се утврдуваа во верата во Христа.

На едно свое пропатување, цар Трајан дошол во Антиохија. Пред него го извеле овој славен епископ, а Трајан го осудил на смрт и го пратил во Рим.

Патувајќи за Рим, Игнатиј ги охрабрувал христијаните од градовите низ кои проаѓал. Многу од тие негови зборови се зачувани до денес во вид на посланија. Во Рим бил фрлен на ѕверовите и со kpвта на своето сведоштво го запечатил светиот живот.

Обичаите и верувањата што се изведуваат на празникот Игнат најповеќе се поврзани со почетокот на годината, или со споменот на раѓањето на Исус Христос.

Именден празнуваат: Игнат, Иго, Игнатка…

Kaко да е poден во Македонија: Јапонски оперски пejaч ја изведува “Македонско девојче” (Видео)

-Директно од Токио! Мојот драг пријател и колега Казухиро Котецу, голем пријател на Македонија, објави македонскиот оперски пејач Благој Нацоски.

Тој преку видеото што го постира на Фејсбук сподели изведба на јапонскиот оперски пејач и неговата изведба на најпознатата македонска песна „Македонско девојче“.

Во понеделник тутунарите пред Влада: Упатија итен апел до бизнисзаедницата

Иницијативниот одбор на Македонските тутунари повикува на протест пред Владата на 4 јануари 2021 година со почеток во 12 часот поради незадоволство од проценката на тутунот.

-Почитувани тутуно производители и земјоделци, ИО Македонски тутунари, повикува на протест пред Влада на Република Македонија на ден 04.01.2021 година со почеток од 12часот до 16часот. Да го искажиме нашето незадоволство од проценката на тутунот и сите други неправилности што се прават на наша штета оваа година. Ги повикуваме сите земјоделци да ни се придружат. Нема да има организирано провоз,секој кој е во можност нека ни даде подршка. Повикуваме на масовност, велат од ИО Македонски тутунари.

Oд ИО упатуваат и апел до бизнис заедницата да ги помогне:

ПОЧИТУВАНИ БИЗНИСМЕНИ И ДУЌАНЏИИ. ЗНАЕТЕ ДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ТУТУНАРИ СЕ СООЧУВААТ СО ОГРОМНИ ТЕШКОТИИ И НЕПРАВДИ ПРИ ПРЕДАВАЊЕТО НА ТУТУНОТ. ВИЕ ЗНАЕТЕ ДЕКА ТУТУНАРИТЕ СЕ И ВАШИ МУШТЕРИИ. КОЛКУ ПОБОГАТИ ТУТУНАРИ ТОЛКУ ПОДОБРА ЗАРАБОТУВАЧКА И ЗА ВАС И ОБРАТНО. ОВАА СПРЕГА Е ОД СЕКОГАШ. СЕГА КОГА ТУТУНАРИТЕ СЕ ДОВЕДЕНИ ДО ЕГЗИСТТЕНЦИЈАЛНА КРИЗА И МОРААТ ДА ПРОТЕСТИРААТ ПОТРЕБНА ИМ Е ВАШАТА ПОМОШ. АПЕЛИРАМЕ ЗА ФИНАНСИСКА ПОМОШ КАКО БИ СЕ ОЛЕСНИЛО ПАТУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ НА ЗАКАЖАНИОТ ПРОТЕСТ НА 04. 01. 2021 ( ПОНЕДЕЛНИК).. И ВО ВАШ ИНТЕРЕС Е ДА СЕ ИЗДЕЈСТВУВА ПОДОБРА ЦЕНА. ПОМАГАЈЌИ ГИ ТУТУНАРИТЕ СИ ПОМАГАТЕ И СЕБЕ СИ. СВОЈ ДОПРИНОС МОЖАТ ДА ДАДАТ И СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ТРАНСПОРТНИ ФИРМИ СО БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ. ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ВО ИМЕТО НА СИТЕ ТУТУНАРИ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВА НА СЕКАКОВ ВИД ПОМОШ.

Почина маестро Зоран Џорлев: Ja изгуби битката со кopoна виpycoт

Како што пренесуваат медиумите, причините за cmpтта се компликации предизвикани од кopoна виpycoт.

Македонскиот виолинист, вокален изведувач и професор, Зоран Џорлев, почина на 53-годишна возраст. Семејството и пријателите се простуваат од него на социјалните мрежи.

Зоран Џорлев (10 јануари 1967-01.01.2021) македонски виолинист и професор. Зоран е син на Наско и Грозда Џорлеви. Tатко му бил познат композитор на народна музика и водач на оркестар, а дедо му Христо, комита, родум од Кукуш, другар на Гоце Делчев. Кога бил првооделенец Зоран со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, откако претходно во музичкото училиште бил одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“.

Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година.

Мицкоски: Дедо ми беше активен во црквата има напишано библија за деца која уште се продава во соборен храм

Во вечерашната емисија на Алфа Телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што кажа дека дедо му бил активен во црквата и има напишано библија за деца која уште се продава во соборен храм.

„Мојот татко практично се сели во Скопје 67- 68 година, тој е по потекло од Кичево или што би рекле Кичевчани од Чифлик тоа се оние староседелци од Кичево како што ги гледаме и покоен Стојмир неговиот татко како што и неговиот татко, дедо ми покоен Томе и тие потекнуваат чие што име го носи чичко ми, односно на татко ми братот,тие потекнуваат од навистина пристојна христијанска фамилија дедо ми до неговата смрт би рекол беше прилично активен во црквата дури има напишано и библија за деца, Стојмир Мицкоски кој што е ете би рекол благословена и од археепископот на Македонската Православна црква“ нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде и дека дедо му практично го описменил и го научил на првите букви, бројки и равенки.

„Тоа е пишувано веднаш по распадот на поранешната држава човекот имаше таков еден ракопис би рекол навистина фантастичен бидејчи живеевме во едно семејство во еден стан во ценртарот на градот на Булевар Маркси Енгелс во една соба живеевме јас мојата мајка и татко ми во другата соба беа чичко ми Томе братучетка ми Радмила и за жал покојната стрина Анкица сопругата на чичко ми Томе и дедо ми покојниот.Тоа беше еден убав би рекол семеен живот многу луѓе на мало место. Мајка ми тогаш беше студен на медицински факултет студирашње татко ми работеше во металскиот завод тито и практично детството и оние први прошетки тука низ градскиот парк до градскиот стадион до сегашната влада до луна паркот и слично беа со дедо ми Стојан. Практично тој ме описмени, тој ме научи првите букви да ги пишувам, првите рабенки по математика, да ги собирам бројките, да ги одземам и така натаму. И навистина имаше еден прекрасен ракопис би рекол красноспис. И сето тоа беше напишано на лист нормално потоа прекуцано обработено компјутерски и како семејство го финансиравме тоа издание на таа библија за деца мислам дека и до ден денеска во Соборниот храм во центарот на градот може да се најде“ нагласи Мицкоски.