дома блог страница 2218

Мицкоски: Дедо ми беше активен во црквата има напишано библија за деца која уште се продава во соборен храм

Во вечерашната емисија на Алфа Телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што кажа дека дедо му бил активен во црквата и има напишано библија за деца која уште се продава во соборен храм.

„Мојот татко практично се сели во Скопје 67- 68 година, тој е по потекло од Кичево или што би рекле Кичевчани од Чифлик тоа се оние староседелци од Кичево како што ги гледаме и покоен Стојмир неговиот татко како што и неговиот татко, дедо ми покоен Томе и тие потекнуваат чие што име го носи чичко ми, односно на татко ми братот,тие потекнуваат од навистина пристојна христијанска фамилија дедо ми до неговата смрт би рекол беше прилично активен во црквата дури има напишано и библија за деца, Стојмир Мицкоски кој што е ете би рекол благословена и од археепископот на Македонската Православна црква“ нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде и дека дедо му практично го описменил и го научил на првите букви, бројки и равенки.

„Тоа е пишувано веднаш по распадот на поранешната држава човекот имаше таков еден ракопис би рекол навистина фантастичен бидејчи живеевме во едно семејство во еден стан во ценртарот на градот на Булевар Маркси Енгелс во една соба живеевме јас мојата мајка и татко ми во другата соба беа чичко ми Томе братучетка ми Радмила и за жал покојната стрина Анкица сопругата на чичко ми Томе и дедо ми покојниот.Тоа беше еден убав би рекол семеен живот многу луѓе на мало место. Мајка ми тогаш беше студен на медицински факултет студирашње татко ми работеше во металскиот завод тито и практично детството и оние први прошетки тука низ градскиот парк до градскиот стадион до сегашната влада до луна паркот и слично беа со дедо ми Стојан. Практично тој ме описмени, тој ме научи првите букви да ги пишувам, првите рабенки по математика, да ги собирам бројките, да ги одземам и така натаму. И навистина имаше еден прекрасен ракопис би рекол красноспис. И сето тоа беше напишано на лист нормално потоа прекуцано обработено компјутерски и како семејство го финансиравме тоа издание на таа библија за деца мислам дека и до ден денеска во Соборниот храм во центарот на градот може да се најде“ нагласи Мицкоски.

Четири хороскоопски знаци ги очекува среќа во љубовта и пари- ќе бидат најсреќни во 2021 година

Среќа во љубовта и пари ги очекува овие четири хороскопски знаци.

Од почетокот на летото до август, Овните ќе ја пронајдат љубовта што ја барале. Тоа е трајна врска за која сонуваат со години. Оние во врска се подготвени за следниот чекор во врската со партнерот, да почнат да живеат заедно или да стапат во брак.

Ќе имаат среќа и со финансиите и ќе напредуваат во кариерата.

Лавовите ќе имаат среќа со финансиите, па ако размислувате да започнете сопствен бизнис, ова може да биде ваша година.

Оние кои се во врска размислуваат за родителство и брак, па така до крајот на 2021 година би можеле да бидат пречекани со најдобрите вести. Оние кои не се во врска би можеле да пронајдат вистинска љубов до јули.

Девиците имаат можност од август да запознаат нови луѓе и да стапат во врска. Таа ќе биде зафатена со подобрување на односите со нејзиниот партнер, а loveубовта ќе докаже дека ќе освои сè.

Во 2021 година, Јарец очекува внатрешен мир и хармонија. Оние кои не се во врска ќе најдат љубов следното лето. Оние кои се во врска ќе ги подобрат односите со партнерот.

Покрај тоа, тие можат да очекуваат напредување во кариерата и подобрување на нивната финансиска состојба

Филипче: “Ме замолиja да не кажyвам колкy вакцини ќе добиеме”

Точно се знае колку дози вакцини од Фајзер ќе пристигнат во февруари, колку во март и колку во април, но министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека од компанијата замолиле се уште да не се објавуваат детали.

Во изјава за медиумите дадена пред Ургентниот центар во Скопје, министерот Филипче рече дека изминатата недела имале интензивни телефонски разговори со компанијатаизрази уверување дека следува период на успешна имунизација во земјава.

– Од компанијата не замолија се уште да не се објавуваат дозите, иако точно знаеме колку дози треба да стигнат во февруари, колку во март и колку во април. Изминатата недела имавме во континуитет телефонски разговори, разменуваме маил со компанијата „Фајзер“ и мислам дека тоа е една политика која успеаја да ја имплементираат заради зголемување на дел од нивното производство, истакна Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Во однос на големиот број медицински персонал, кој е пријавен за невработен, Филипче информираше дека делумно направената анализа покажува оти еден дел од тој медицински персонал е вработен во приватните здравствени установи, а дел е заминат во странство.

– Така што во никој случај не станува збор за толкава бројка на невработен медицински персонал, рече Филипче.

Aко миcлевте дека caмо пишyвaaт kaзни: Полицajци cпacиja жена од водите на Bapдap на пpвиот дeн од Hoвата година

Полицијата има прилично зафатен работен ден на 1 јануари. Но ако мислите дека само пишуваат казни и растураат забави, има полицајци кои прават и добри дела.

Денеска полициски службеници спасија 67-годишна жена од водите на Вардар.

-Денеска во 10.16 часот, веднаш по добивање на пријава во СВР Скопје дека има женско лице во р.Вардар, во близина на хотел во Скопје, полициски службеници од интервентната полиција влегле во водите на Вардар и ја извадиле жената, на која веднаш ѝ е пружена прва помош, велат од полицијата.

Потоа 67- годишната жена е пренесена во Градската општа болница „8 Септември“, при што не биле констатирани повреди.

“Алфа” во домот на Мицкоски: Следете го празничното интервју во 18:10 часот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва ќе биде гостин на телевизија Алфа.

Со почеток од 18:10 часот, тој во интервјуто ќе зборува за сите актуелни теми во Република Македонија.

Haпаднат полициски службеник во Прилеп

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2020 во 17.30 часот во Одделението за внатрешни работи Прилеп било пријавено дека во 16.45 часот пред казино во Прилеп полициски службеник бил физички нападнат од Е.Д, пишува по дневниот билтен на МВР.

Tpoгателна пpиказна ce кpие зад пocледниот емотивен cтатyc на Мицкоcки за малиот Ангел

На два часа пред новата година лидерот на ВМРО-ДПМНЕ напиша личен статус кој ја соддржи трогателната приказна за малиот Ангел кој е предвреме родено детенце кое боледува од болест која со сигурност уште не е утврдена а го загрозува неговото кревко здравје.

„Ангел…, така му е името, вистински ангел. Ќе помине се ова како лош сон, а ние заедно сонце ќе се радуваме. На крај од оваа 2020 сакам да знаеш дека ти ме мотивираше за уште посилни битки. Вреди Ангел да се бориме заедно и да знаеш дека ќе победиме. Нека ти е среќна Ангел оваа Нова Година…„напиша Мицкоски.

Ангел е детенце од Лисиче кое е родено во 27-та недела, заглавен меѓу болничките лавиринти родителите сѐ уште со сигурност не знаат која е болеста со која се справуваат. Лекарите со поделено мислење помеѓу сколиоза или церебрална парализа, но она што со сигурност се знае дека мора брзо да се делува. Упатените во случајот апелираат да се сврти вниманието на здравствените власти и министерот за здравство Венко Филипче за да се побара спас во болница во Турција.

Фотографијата која Мицкоски ја објави е направена уште пред неколку дена кога го посетил нивниот дом. Силно трогателната приказна на родителите кои освен со болеста се борат и со сиромаштија и социјална несигурност ја прави оваа животна приказна уште подраматична.

Она што се знае е дека по добивањето на јавност на целиот случај се јавиле хумани луѓе кои изразиле подготвеност да помогнат.

(Фото) Бил толку пиjaн што си го променил името во Селин Дион

Пиењето алkoxoл секогаш треба да биде умерено.

Toмас Дод уживал во песните на Селин Дион за време на божиќната ноќ, кога неговиот “пиjaн мозок” добил луда идеја.

Промената на името го чинела 89 фунти, а тој купил и дополнителни осум сертификати за да докаже дека неговото ново име навистина е Селин.

– Јас сум опседнат со неа, не можам да ве лажам. Но, оваа одлука е можеби погрешна, вели тој.

Годината ќе биде бериќетна: Првото бебе во прилепската болница е женско, се роди утрово

Првото бебе во прилепската болница “Борка Талески” во Новата 2021 година е женско, а се роди утринава

Бебето се родило во 9:35 часот и е тешко 2.950 грама. Ова е второ дете на Ангелка Ѓорѓиева, а ќе се вика Инес.

„Да ви биди на сите среќна и бериќетна Новата година, поминавме прекрасно, презадоволна сум од тиимот со кој што соработував, докторката, бабицата, сестрата, целиот тим, поминавме лесно, дај Боже да биде така и оваа година лесна ии само убави работи“, истакна среќната Мајка.

Целиот прилог погледнете го на СИТЕЛ ТВ

(Фото) Осомничен му испрати новогодишна честитка на јавен обвинител

Осомничен во предмет му испрати новогодишна честитка на јавен обвинител, пренесува Прес24.

Осомничениот вели дека случајот му го променил животот во погрешна конотација, но му била лекција за повеќе да внимава како реагира.

-Со оглед на тоа што согласно Законот за кривична постапка, основно право и должност на јавниот обвинител е да ги гони сторителите на кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност, во јавноста често е присутна перцепцијата дека постои конфликт меѓу обвинителот и осомничениот, односно дека тие се на спротивставени страни. Но, во реалноста, јавниот обвинител е на страната за законот, неговата улога е да го штити општеството од криминалот и превентивно да делува во насока на спречување на идни кривични дела. Оваа улога на јавниот обвинител многу често ја разбираат и осомничените, кои понекогаш самите признаваат дека сториле кривично дело и се подготвени да ја сносат санкцијата што ќе им биде определена низ една законита постапка, велат од ОЈО.