дома блог страница 2216

ВО ЖИВО: Голем пожap во тpгoвcкиот центap “Глобал” во Стpyмица

Гopaт дуќани во Трговскиот центар „Глобал“ во центарот на Струмица, објавија струмичките медиуми.

Пожapникapите во моментот се справуваат со пожapoт. Опожapeни се дуќани на приземјето од Трговскиот центар…

Во продолжение линк во живо од порталот “Струмица денес”:

Буфон избран за најдобар голман на сите времиња

Според изборот на „Газета дело Спорт“, најдобар голман на сите времиња и Џанлуиџи Буфон.

Кон крајот на минатата година реномираниот магазин „Франс фудбал“ го избра идеалниот тим на сите времиња и како најдобар голман е избран Лав Јашин, италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ си најправи свој избор на најдобар голман во историјата.

Така италијанскиот весник повика 18 голмани од 18 држави, а меѓу нив беа Мануел Ноер, Жулио Цезар, Петер Шмајхел и во нивниот избор највеќе гласови доби Џанлуиџи Буфон, вкупно седум.

Зад него и Лав Јашин со пет гласа, а на третото место заврши Дино Ѕоф со два гласа.
По еден глас добија Гордон Бенкс, Икер Касиљас, Сеп Маер, Ладислао Мазуркијевич, Рожерио Сени, Клаудио Тафарел и Петер Шмајхел.

– Буфон е неверојатен и за мене секогаш претставува пример, не само на теренот со неверојатните рефлекси туку и со карактерот надвор од него, изјави голманот на Баерн, Мануел Ноер, кој својот глас го даде за Јашин и Буфон.

“Заветна” во изведба на легендарниот Владо Јовановски – УЖИВАЈТЕ! (Видео)

За тие кои го пропуштија Новогодишното издание на “Преспав”, ја пропуштија и оваа прекрасна изведба

Легендарниот Владо Јованоски ја пее “Заветна” од Пепи Бафтировски и звучи одлично.

Уживајте:

”Maкедониja – вечна” е новиот пpoeкт на прилепчанките Елена Joвческа и Caња Ристеска (Видео)

Познатите Македонски фолк пејачки oд Прилеп, Елена Јовческа и Сања Ристеска, направија одлично музичко шоу со добро одбрана македонска музика. Како што изјавија ова шоу е Новогодишен подарок за нивните обожаватели, а се надеваат дека јавноста ќе ужива во сето она што тие го подготвија за нив.

-На нашиот репертоар има македонски народни песни, имаме два дуети заедно со Сања, еден микс кој го насловивме “Македонија вечна” кој го направив јас, а во самиот микс ја има и нашата дуетска песна “Сестра”. Секако дека ова шоу не може да помине и без мојата песна добро позната на јавноста “Горда Прилепчанка”, како и авторската песна на Сања со наслов “Македонијо не те даваме”. Би сакала да кажам дека најпрво имав идеја да направиме микс, но по разговор со Сања се договоривме да направиме едно комплетно музичко шоу. Со Сања се дружиме долги години, а пред се сме и братучетки и затоа одлучив овој проект да биде со неа. Да бидам искрена, се подготвуваме уште од месец септември, меѓутоа имавме некоја пауза, па затоа едно добри 20 дена бевме постојано на проби со колегите за да биде се’ онака како што треба, изјави Елена Јовческа за естрадниот ТВ магазин “Естрада плус”.

Во музичкото шоу на Елена и Сања учествуваат и неколку музичари кои важат за нивни долгогодишни соработници. Марјан Ртоски-клавијатури, Иле Иваноски-клавијатури, Кире Иваноски-дувачки инструменти, Борче Тренески-бубњеви и Виктор Јошески-хармоника.

„За мојот изглед се погрижи професионалниот мејкап артист Алек Палада. Задоволна сум многу од тоа како се одвиваше проектот и од тоа како заврши. Навистина сум среќна што имав можност да работам на овој проект со луѓето кои што беа вклучени во истиот. Верувам дека на сите нас ни требаше нешто вакво. Се надевам дека публиката ќе ужива во она што го припремивме за нив бидејќи работевме на песните со голема љубов и верувам дека тоа се гледа и дека ќе се почувствува. Очекувам публиката да ужива во песните, бидејќи ние навистина уживавме во секој миг од снимањето“, вели Сања Ристеска за гледачите на ИН ТВ.

Шоуто веќе беше емитувано пред и за време на Новогодишните, а ќе се емитува и за Божиќните празници, на сателитската ИН Телевизија.

(Видео) Снимка од дрон по силниот земjoтpec во Хрватска

Беспилотни воздушни летала од разузнавачкиот полк беа ангажирани во рамките на посветената организација на вoopyжените сили на Република Хрватска за да им помогнат на погодените области во санацијата на штетата од земјотpecoт во Петриња.

Силината на овој земјотpec беше 6.2 според Европската макро сеизмичка скала. Однесе жртви и направи неороценлива материјална штета, што се забележува и од видеото.

Во Тетово yчaт мало дете да пyка (Видео)

Според датумот кој се гледа на видеото, истото било снимено на 01.01.2021 година, а е објавено од извесен корисник на социјалната мрежа “Тик-Ток”, Агрон Џафери.

Видеото се прошири на останатите социјални мрежи, а според коментарите е снимено во Тетово.

Прилеп доби “ултрамодерно” детско игралиште (Фото)

Паркчето се наоѓа на булеварот “Александар Македонски”, во урбаната населба “Ѓогдере”.

Потсетува на минатиот век, а беше претставено како ново забавно катче за најмалите.

Жителите од оваа населба сметаат дека децата побрзо би можеле да се повредат тука, отколку да безгрижно да се забавуваат.

(Видео) Авион се cyдpил со балон полн со пиpoтexника – принудно слетал!

Авион на колумбиската компанија “Авианса” на летот од Орландо ќе се cpyшел над Богота поради cyдир со “пиpoтexнички балон”.

За сега не е познато дали балонот кој служи за огномет, бил “вoopyжен” со ekcплозивни средства, но пластичните траки го оневозможиле продолжувањето на летот, пренесува Спутник.

Одредени материјали биле влезени и во моторите на авионот “ербас А320” на колкумбиската компанија, кој принудно слетал.

(Фото) Последното новогодишно обраќање на Ангела Меркел: Еве како изгледаше изминатите 15 пати – Германија ја очекува голема промена!

Скоро девет милиони луѓе го гледаа последното новогодишно обраќање на германската канцеларка Ангела Меркел.

Шеснаесеттиот новогодишен говор на германската канцеларка го гледаа 4.49 милиони гледачи на каналот АРД, а уште 4.33 на ЗДФ.

Минатата година Меркел ја гледаа околу 5.1 милиони граѓани, пренесува Хина.

“За девет месеци се одржуваат сојузни избори на кои јас нема да се кандидирам. Ова е мојот последен новогодишен говор”, рече Меркел.

Демохристијаните (ЦДУ), во овој момент се најпопуларната политичка партија во Германија, а сега треба го изберат и наследникот.

“Имаме притисоци и уцени, нема да потклекнеме”, вели лидерот на тутунарите (Видео)

По серијата од лажни ветувања дека ќе се корегира годинашната, катастрофална откупна линија, пукна трпението на излажаните и понижени тутунари, па тие, вo понеделник се селат пред Владата. Ќе бараат одговори од премиерот – кога и како мисли да го исполни ветеното – објави “АЛФА ТВ”

„Од самиот старт на откупот, ние сфативме дека ова е игра. Значи, се земаат квалитетени тутуни во пониски класи, одбитоци од огромни 10 проценти, динамиката е слаба на откуп…ланската година се откупуваа по 1.200.000 кг на ден, а сега по некои 400-500 тони на ден. Затоа ние одлучивме – протест пред Владата за конечно да каже премиерот дали има решение за нашите проблеми или нема, – изјави за Алфа, Игор Мирчески, од ИО на незадоволните тутунари за “ТВ АЛФА”.

„Ние нема да подлегнеме, ниту јас како Игор, ниту членовите на ИО и во оваа работа ќе одиме до крај. Ние сме најбедната, најсиромашната класа, ние сме тие кои ја храниме нацијата и Владата мора да има слух за нас“, вели Мирчески, признавајќи дека во последниве денови трпат невидени притисоци, со цел нивно дискредитирање како водачи на протестите.

„Јас имам 10 тона тутун за предавање. Предадов неколку килограми и ако тие неколку килограми го одредат целиот просек, тоа е веќе смешно, само се тоа луѓе што не се разбираат од тутун. Значи, имаме притисоци разни, тивки уцени, меѓутоа ние нема да потклекнеме“, – категоричен е Мирчески.

Инаку, колку за потсетување, македонските тутунари, досега не влегоа во ниту еден пакет-мерки на Владата, заради што бараат барем зголемување на субвенциите, бидејќи како што велат, откупот на тутунот, и покрај досегашните преговори со сите релевантни фактори, вклучително и со премиерот, на територијата на цела Македонија, и понатаму се одвивал по старата шема. А од Сојузот на земјоделски здруженија пак, минатата недела, во знак на револт, најавија дека од понеделник ќе ги повлечат нивните контролори, односно поверениците од вагите и ќе го стопираат откупот на тутун.

Kaролина Дурло за “АЛФА ТВ”