дома блог страница 2211

(Видео) Милијарди маски за лице завршиле во океаните

Во 2020 година биле произведени над 50 милијарди заштитни маски за лице, а се проценува дека 1.56 милијарди завршиле во окенаите, пренесуваа од “Oceans Asia”.

Во извештајот се наведени застрашувачки податоци кога станува збор за загадувањето во време на пандемиja, а со оглед на количината на маски кои завршиле во светските води, тоа е голем проблем. Се проценува дека се потребни над 450 години за разградување на една маска.

Исто така, во извештајот се наведува дека околу 3% од вкупно 52 милијарди произведени маски завршиле во останатите води.

Maкедонско сценарио во Cpбиja: Вучиќ пpиcлушкуван цeлa годинa

Дел од полицијата го прислушкувале претседателот на Србија, Александар Вучиќ, околу година и половина, а покрај шефот на државата, како што дознава српскиот Курир, имало и цел список на лица кои биле ставени на незаконски мерки за прислушкување.

Прислушкувани се и разговорите на дел од семејството на претседателот на Србија – неговиот брат Андреј Вучиќ и постариот син Данило Вучиќ, директорот на БИА, Братислав Гашиќ, Милош Вучевиќ, градоначалник на Нови Сад и потпретседател на СНС, Никола Селаковиќ, шефот на дипломатијата, Владимир Ѓукановиќ, член на претседателството на СНС и пратеник, но и Звездан Терзиќ, првиот човек на фудбалскиот клуб Црвена Звезда.

Прислушкуван е Претседателот на Србија, а исто така се прислушкувани неколку членови на неговото семејство и некои од водечките луѓе на СНС, пред се оние кои имаа контакт со Александар Вучиќ. Тоа е целиот список. Зад оваа акција стои дел од полицијата. Набавена е специјална опрема, неофицијално, никој не знаеше за тоа. Во зградата на Министерството за внатрешни работи се наоѓаше тој центар од каде што ги прислушкуваа разговорите – наведува изворот на Курир, а на прашањето како е можно никој да не знаеше за тоа, и тоа доста долго време, тој објасни:

Собранискиот одбор за контрола на безбедносните служби ги контролира службите, но не и Министерството за внатрешни работи. Никој не знаеше ништо за набавката на таа опрема. Слушаа кого стигнаа.

Клопкото почна да се расплетува кога неколку лица, полицајци, сфатија кој е метата на мерките за незаконско прислушкување.

Кога некои од полицајците сфатија кого слушаат, тие му ги однесоа снимените разговори на претседателот на Србија – додава истиот извор.

Претседателот на Србија во интервју за новогодишното издание на Курир откри дека бил прислушуван. Вучиќ тогаш рече дека бил прислушуван околу година и половина, дека има докази за тоа – свои снимени разговори, како и дека смета дека знае кој стои зад сето тоа. Наскоро пристигна и потврда од министерот за полиција Александар Вулин, како и најава дека полицијата ќе открие кој стои зад оваа афера.

Медиумите јавуваат дека веќе е започната опсежна и детална истрага за тоа кој, по чија наредба и со каква цел, го прислушувал шефот на државата. Во тек се сослушувања, пред се, на припадници на Службата за специјални истражни методи на Управата за криминалистичка полиција, а истражните дејствија ги извршува секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи. Службата за специјални методи на истрага е одговорна, меѓу другото, и за спроведување на електронски надзор.

Раководител на овој сектор беше Дејан Миленковиќ, кој беше отпуштен на почетокот на септември 2020 година. Извори на Курир од Министерството за внатрешни работи наведуваат дека Миленковиќ бил отпуштен токму затоа што се дознало дека се прислушува врвот на државата.

Зоран Драгишиќ од Факултетот за безбедност вели дека е потребно што е можно побрзо да се утврди кој го прислушкувал претседателот на државата.

Претседателот не кажа целосно кој го прислушкувал. Тој е претседател на Републиката, но и претседател на Советот за национална безбедност. Ова мора да се испита до крај. Најдобро би било сите да се воздржат од шпекулации се додека не дојдат до докази што се резултат на истрагата – рече Драгишиќ.

Несовесни граѓани со автомобили ја уништиле ски-патеката на Пониква

Несовесни граѓани со автомобили во текот на ноќта возеле по ски-патеката број 1 на Пониква и ја онеспособиле за скијање. Вработените во фирмата концесионер „Еуроком“ од Кочани забележале дека снежниот слој со дебелина од дваесетина сантиметри е оштетен и раскопан од автомобилските гуми, чии траги беа видливи рано изутрината.

– Снегот што падна во текот на изминатите неколку денови ни овозможи одлично да ги подготвиме патеките за скијање, со оглед што за продолжениот празничен викенд очекуваме зголемено присуство на гости. Сепак, нечие несовесно однесување и возење по снежната патека, без разлика дали е намерно или е резултат на нешто друго, често ни создава вакви проблеми. Бараме надлежните да поведат поголема контрола и да го санкционираат таквото дивеење, истакна Благој Манев, управител на фирмата „Еуроком“.Во текот на претпладневните часови почна санирањето на оштетувањата на патеката, при што се носи снег од други локации, а истовремено се поставува дополнителна заштитна ограда.

Инаку, пред почетокот на оваа скијачка сезона двата ски-лифта на Пониква беа целосно реконструирани за што беа обезбедени 4,8 милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за локална самоуправа и од буџетот на Општина Кочани.

Kaко ce пpaзнyва Бoжиќ шиpyм cвeтoт?

Божиќ – денот на христовото раѓање според христијанската традиција, а кој започнува да се слави со Бадник, односно денот пред Божиќ, кај нас се слави со голема почит и внимание. Со него се поврзани многу обичаи и симболи, а се почнува со пеењето на коледарските песни и денот кога семејството се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости.

Се поставува богата посна трпеза, која најчесто содржи гравче, сарми, риба, салати, колачи, овошје… Се меси погача (лепче) со паричка, а на некои места паричката се става во пита.

Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година.

Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши лепчето, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата. Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, со значење сите во семејството да бидат здрави.

За време на овој празник се пали и коледарски оган, кој е поврзан со обичајот наречен Коледица или Коледе. На Божиќ, рано утрото почнува богослужба во црквите.

Со бадниковата вечера завршуваат предбожиќните пости! Богатата трпеза и големиот број традиции го прават овој празник толку посебен, па на една македонска трпеза ќе може да се најде убаво печено месо, сарма или подварок, печен компир, по некоја заостаната риба од бадниковата вечера, црвено вино, а за десерт чоколадна торта, милиброд и печена тиква.

Сепак во другите држави се негуваат различни традиции кои создаваат прекрасна атмосфера помеѓу семејството и пријателите. Еве како изгледаат божиќните трпези во земјите низ светот.

Франција

Божиќната трпеза во Франција и во местата каде се зборува француски јазик е наречена Le Reveillon. Тоа е долга вечера или по можност забава, а името потекнува од францускиот збор réveil (будење), бидејќи обичајот подразбира луѓето да останат будни до полноќ, кога се служи вечерата и часовите кои следуваат потоа.

За предјадење се служи „Foie gras” (џигер од гуска или патка), остриги, пушен лосос или тенки палачинки направени со брашно од хељда.

Главен оброк е печена гуска декорирана со костени, а место тоа може и мисирка, говедско или јагнешко печено месо. За пиење најчесто се служи шампањско.

Перу

Уште на почетокот на декември во перуанските цркви се одржува настанот „Chocolatadas”. Користејќи пари донирани од граѓаните, организаторите на овој настан го печат колачот панеттоне и прават зачинето топло чоколадо во големи казани.

Главен оброк на трпезата е печена мисирка, гарнирана со свежо овошје, а се служи во комбинација со пире од јаболка и разни видови салати, погачица или сладок леб-марципан.

Литванија

Литванскиот божиќен оброк наречен „Kucios” произлегол од паганските обичаи и голем број ритуали се уште се одбележуваат. Специфично за него е што се состои од 12 различни видови јадења. Оброкот традиционално започнува кога првата ѕвезда ќе се појави на небото, која и најавува на мајката во секое домаќинство да скрши лепче за секој гостин.

Според литванските обичаи, а и во останатите Балтички земји, едно место на масата секогаш останува празно. За главно јадење се служи риба (крап, харинга или штука) во комбинација со кисел зеленчук.

Исто така, се служат и погачици т.н. „kuciukai” (мали, слатки печива без квасец, со афионово семе) потопени во млеко од афионово семе, кое е омилено јадење за празникот. Исто така, во Литванија се верува дека секој оној кој ќе ја напушти Божиќната трпеза пред да завршат сите со јадење, ќе го следи несреќа.

Шпанија

Во текот на божиќните празници во Шпанија традиционално се јаде касно навечер. Така, на ноќта пред Божиќ, вечерата почнува некаде помеѓу 22 и 12 часот на полноќ.

Оброкот обично започнува со разновидни мали садови т.н. „тапас” кои се сочинети од различни видови сирења, тиквички, шунка, маслинки. Супата од морски плодови е многу популарна за Божиќ, особено во крајбрежните региони.

Се служи и бела шпаргла, како и јадења од разновидна морска храна, вклучувајќи „angulas” (бебиња на јагула), „langostinos” (морски ракчиња) и „besugo” (печена морска риба од видот спариди).

За десерт Шпанците обично јадат колачиња од марципан, шпански крофни т.н. „churros” и „turron” (колач во форма на цигла направен од мед, шеќер, печени бадеми и белки од јајца).

Аргентина

Во Аргентина празникот се прославува вечерта пред Божиќ, а главен оброк на нивната трпеза е говедско, свинско или мисиркино месо. Во некои подрачја се јаде и печен паун. Исто така, се служат и разни видови пити од дробено овошје и зачини, а состојките кои се ставаат внатре, варираат од едно до друго домаќинство.

Омилено јадење на Аргентинците на божиќната трпеза се сармите т.н. „ninos envuettas” што во превод значи „завиткани деца”, исполнети со сечкано говедско на големи квадрати и тврдо варени јајца, кромид и зачини, кои потоа се печат.

Со вечерата се служи шампањско со парчиња свежо овошје, јаболков сок или друго цедено овошје. За десерт претпочитаат „pannetone” и пудинг.

Германија

Во оваа земја Божиќ се прославува два дена, на 25 и 26 декември. Семејството се собира околу трпезата ноќта пред Божиќ. Главниот оброк традиционално се јаде дента на Божиќ, а е сочинет од печена гуска и печен крап.

Се служат и зготвени зеленчуци како кељ, зелка и кисела зелка. Божиќната трпеза ја заокружува колачот „christstollen” кој е вид на овошна торта приготвена со сушено зашеќерено овошје и јаткасти плодови, посеана одозгора со шеќер во прав.

(Фото) Успеале да ги земат “вилиците” од баба му и го направиле најморничавиот снешко

Мајка на две деца била шokирана кога видела каков снешко има во дворот на куќата.

Стефани Марфи од Тенеси, одлучила заедно со сопругот Пол, 4-годишната ќерка Феј и 3-годишниот син Доги, да ја посетат нејзината баба.

Стефани им дозволила на децата да си играат во снегот и им предложила да направат снешко – но “Проектот снешко” заминал во погрешен правец.

Имено, децата одлучиле да ги искористат вилиците на нивната прабаба и да ги постават на снешкото, а вака изгледаше нивното дело.

Претседателот на МАНУ: Во една од најсиромашните држави во Европа, се предлага концепција која не постои во ниту една друга држава

Македонскиот јазик има повеќедневна традиција, формиран е пред формирањето на државата Македонија, а се зборува надвор од границите на денешна Македонија. За посебноста на македонскиот јазик веќе поодамна се изјаснила светската славистика, не македонската или бугарската.

Ова го истакнува претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев во интервју за ТВ Телма, кој вели дека Денот на светите браќа Кирил и Методиј – 24 Мај треба да го одбележуваат повеќе држави, не само Македонија и Бугарија, туку и сите словенски држави и народи.

Во однос на најавените реформи во образованието, Коцарев во интервјуто истакна дека МАНУ треба да даде критичка анализа на концепцијата на основното образование.

Смета дека во една од најсиромашните држави во Европа се предлага концепција која не постои во ниту една друга држава, вклучувајќи ги најнапредните образовни земји во светот.

-Според конепцијата, во сите девет одделенија не се изучуваат посебно предметите физика, хемија и биологија, кои од една страна се основи за применети науки кои, пак, од друга страна се фундаменти за континуираниот, инсклузивен и одржлив економски развој во која било држава, па така и Македонија. Така во една од најсиромашните држави од Европа, во која социјалниот и општествениот статус на учителот е многу низок, се предлага концепција која можеби ќе има несогледливи последици врз македонската економија, но сигурно ќе доведе до целосно обезличување на професијата учител, рече претседателот на МАНУ.

Џонсон целосно ја затвори Британија: Земјата во кapaнтин до февруари

“Велика Британија ќе влезе во нов национален кapaнтин, откако започнаа притисоците врз здравствениот систем”, изјави премиерот Борис Џонсон.

Премиерот соопшти дека кapaнтинот ќе трае до средината на февруари, а ова ќе биде можеби една од последните мерки во бopбата против Koвид-19.

Доколку се биде по план, како што вели Џонсон, сите здравствени работници во Британија, работниците од системот за социјална заштита, постарите и клинички загpoзените би требало да бидат вakцинирани.

Британија забележа над 58.000 нови случаи на зapaзени од кopoнавиpyc.

Говорејќи за новите мреки, Џонсон вели дека следните неколку недели ќе бидат најтешки.

Седумте чуда на Свети Наум Охридски

За чудата кои се случувале во манстирот Свети Наум Охридски Чудотворец постојат многу сведоштва.

Поп Стеван Ѓорѓевиќ од Охрид го раскажува овој случај, на кој бил очевидец:

-Во 1900 годинa седевме неколкумина после службата Божја под настрешницата пред црквата манастирска. Во манастирот во тоа време беше некој младич Ѓорѓи од Епир. Пред неколку недели негови роднини го довеле и оставиле во манастирот. Беше е совршено безумен и вон себе. По цел ден трчал околу црквата без одмор, бладал, зборувал без врска, не барал ни примал никаква храна, а одел је безмалку гол. Додека седевме и разговаравме Ѓорѓи неколку пати го оптрчал манастирот. На нас не обрнуваше внимание, како и да не постоиме. А и ние, веќе навикнати на неговото однесување, не обраќавме внимание на него. Ама наеднаш тој застана спрема нас и почна благо да ја врти главата кон вратите на црквата како да гледа некого. Потоа ги протри со рацете очите и лицето свое, го насочи својот поглед на нас и праша:

Каде сум ?

Ние му одговоривме: во манастирот на свети Наум. Како ти е Ѓорѓе ? Тогаш тој кажа:

– Бев во некој голем пламен. Пламенот одеше од појасот па нагоре кон главата. И целата глава ми беше во пламен. Но сега еве дојде пред мене еден старец, како свештеник, застана пред мене и дувна во пламенот. Сега пламенот го нема. А старецот влезе во црквата.
Потоа Ѓорѓе погледа на себе, па почнал да навлекува некоја крпа, која му висела низ бедрата. Му донесоа преслека. Тој се облече. После два до три дена го пуштија од манастирот, и тој сам отиде дома.
По силата, која Бог ја дарува на своите светители, и по човекољубието свети Наум наеднаш го исцелил овој човек. Слава на Бога!

Светителот не дозволува да го украдат

Еднаш дошле некои калуѓери од Грција да ги украдат моштите на свети Наум. Игуманот ги примил и угостил незнаејќи за нивната намера. Уште им дозволил, по нивната желба, да преноќат во гробницата на светителот. Таа нивна желба нималку не го зачудила игуманот, бидејќи многу болни и поклоници тоа го прават. После вечерата тие влегле во гробницата со своите торби, во кои под книгите биле лопати, ашови и други справе за рушење и откопување на гробот. Се заклучиле однатре, и кога сите заспале во манастирот, ја почнале својата работа. Но никако не им тргнало. Тие успеале, само да скршат од каменот на гробот. Одеднаш рацете целото тело им се фатиле, така што не мжеле да се помрднат, туку секој останал во онаа полжба во која се затекнал.

Утредента параклисарот сакал да влезе во црквата но не можел. Тропал, тропал, но залудно. Му јавил на игуманот. Сите се собрале, па некако ја отвориле вратата. Кога во гробницата има и што да видат. Сликата била невидена и страшна. Калуѓерите крадци стоеле, клечеле, или седеле како камени кипови. Како кој замавнал со својата справа да удри во плочата, така се фатил и останал како скаменет. Почнал да ги викаат и тресат – но тие само укочено гледале. Игуманот са браќата брзо припаднал на молитва. Молитвата траела долго, додека крадците најпосле не се отпуштиле и помрднале. Им се одврзал и јазикот, и тие со срам и покајание го исповедале пред сите она што веќе било јасно. Кажале уште, дека некој на тоа ги наговорил. Потоа отишле од манастирот. Фалејќи и благословувајќи го Бога и проносувајќи ја славата на свети Наум чудотворец по светот.

Илјада години лежат моштите на светителот во манастирот. Повеќе пати правени се и чесни и нечесни обиди, да се поместат, но секогаш без успех.

Целата статија прочитајте ја на РЕПУБЛИКА.

Заев: “Во 2020-та исполнивме се што ветивме”

И покрај сите предзивици со кои се соочивме, можам да кажам дека во 2020 година успеавме да им го испорачаме тоа што им го ветивме на граѓаните. Минатата, 2020-та, не научи да бидеме погрижливи, посолидарни и сплотени, покажа дека кога има криза најважно е да сме здружени. Затоа Владата беше фокусирана на поддршка на секој граѓанин на кој му е потребна потпора, 2020 покажа дека инклузивното креирање на политиките и водењето грижа за потребите на луѓето, носат стабилност и раст на економски план, рече денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими.

Оваа, 2021, напомена Заев, е година на рестарт и заживување. Кризата е можност и од нас зависи, порача премиерот, колку ќе ја искористиме. Клучни ќе бидат капиталните инвестиции за кои се проектирани 23 милијарди денари, инфраструктурата, енергетиката, дигитализацијата и земјоделството.

Буџетот, подвлече премиерот, е избалансиран, одговорно планиран и кроен соодветно, за да одговори на предизвиците.

-И во време на пандемија, во консулатција со стопанските комори, синдикатите, академската фела и граѓанскиот сектор, обезбедивме ликвидност и опстанок на компаниите, задржувајќи ги вработените каде што е тоа можно. Македонската економија е стабилна, жива и динамична, не дозволивме потрошувачката да запре, а тоа е можно сако ако добро се планира и ако брзо, соодветно и паметно се реагира. Ефектите се видливи. На економски план, се покажа дека борбата за спас на работните места е најправилната и најчовечната стратегија, подвлече Заев.

Cooбраќајка на патот Прилеп- Градско: Изгубил контрола на автомобилот и излетал од патот

69-годишен грчки државјанин го загуби животот откако со својот автомобил излетал од патот Прилеп – Градско. Бил однесен во болница, но по кратко време починал.

-Вчера во 13.30 часот на патот Прилеп – Градско, во близина на с.Тројаци, патничко возило „нисан“, со грчки национални ознаки, управувано од А.Л.(69) од Република Грција, излетало од патот, велат од полициjaта.

Оттаму посочуваат дека по незгодата, А.Л. бил пренесен во Здравствен дом „Борка Талески“ во Прилеп, но по кратко време пoчинaл.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починaтиoт било дадено на обдукциja.