дома блог страница 2210

Според верувањата, овој зачин задолжително треба да го ставите на бадниковата трпеза вечерва, а еве и зошто

Велат дека на овој ден птиците престануваат да пеат, лисјата на дрвјата престануваат да треперат, а водите во реките престануваат да течат.

Според традицијата на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења. Неопходно е да се стави храна што ќе ви донесе среќа, здравје и плодност. Јадењата потребно е да се со непарен број – 7, 9, 11 – колку повеќе се – толку подарежлива ќе е новата година во домот. Задолжително е јадењата да се само посни.

Лебче со паричка – Лебчето замесено со сода или квасец, зазема централно место на трпезата на Бадник. Во него се става паричка. Се украсува со фигури како житни класови, плуг, крст и др.

Суви пиперки со грав / сарма со зелка – Карактеристика на полнети пиперки за трпезата на Бадник е дека се користат суви пиперки, кои претходно треба да се потопат во топла вода за да омекнат и потоа да се измешаат со сварен грав. Другата опција се традиционалните сарми, полнети со ориз.

Компот од суви сливи – тоа е вид компот од суво овошје. Ако не ви се допаѓа, може да додадете кое сакате суво овошје.

Овошје (јаболка, ореви, мушмули, дуњи) – Во минатото на Бадник се кршеле оревите кои биле наречени за секој член од семејството. Ако јатка им е бела и голема, човекот ќе биде здрав и ќе има среќа во текот на годината.

Кисела зелка – Ги заменува свежите салати и добро оди со оние кои пијат топла ракија, која се подготвува во многу домови.

Печена тиква – Важно е трпезата на Бадник да има и нешто слатко за да е благ животот на семејството во текот на следната година. Медот е носител на мудроста на пчелите затоа него можете да го ставите врз печената тиква.

Лук – Лукот има ритуално значење. Може само да се стават неколку глави, слободно расфрлани на трпезата, но важно е и од секоја храна да се каснете барем малку. Лукот штити од зло и болести.

Покрај наведената храна на трпезата на Бадник задолжително треба да се стави и сол. Куќа без сол не треба да биде, зашто каде нема сол, таму влегуваат болестите и несогласувањата.

Пожapникapи гаснea коледарски огнови во Прилеп, Битола и Кривогаштани (Видео)

На социјалните мрежи се шират видеа од синоќешните коледарски огнови низ државата. Поради пандемиjaта оваа година имаше засилено полициско присуство низ градовите и населените места, а МВР дури и повика граѓаните да пријават групирања.

Сепак, коледарските огнови не изостанаа, а на некои места по пријава интервенирале полициски службеници, но и пожapникapи.

Видеата во продолжение се од Битола, Кривогаштани и Прилеп:

Најубавата божикна честитка: Погледнете го најновиот Божикен спот за песната “Xpиcтoc се paѓа, на cветот paдocт”

Традиционално, и овој Бадник, Здружението “Бадникови поворки” со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ.

Со голема радост соопшуваме, дека и покрај строгите протоколи за работа и отежнатите околности што ги создаде пандемија на ковид-19, успеавме да ја исполниме нашата света должност и да оставиме за навек уште едно музичко дело. Најголема благодарност упатуваме до Еписокопот Антаниски и Игумен Бигорски Партениј, за неговата безрезервна духовна поддршка за целиот тим, во текот на целиот процес на создавање на делото.

Видео записот за ново-возобновената Божикна песна (каланда) “Христос се раѓат, на светот радост” е снимен во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорскиот манастир.

Оваа музичка творба потекнува од широките балкански простори од времето на Ромејското Царство, Византија и се пеела меѓу мијачкото население, заради што и сегашната верзија е отпеана токму на познатиот мијачки дијалект. Нејзиниот народен мелос, пак, е карактеристичен за нашите простори, како и за богатата традиција која сме ја сочувале како наследници на ромејската култура и духовност.

Екипата, која со огромна љубов, радост и посветеност го оствари овој историски потфат во чест и спомен на богатиот творечки дух на Мијаците, на нивната вера и ревносна борба за зачувување на православната вера и традиција и во најтешките времиња, е во состав на:

Режија – Дејан Пројковски, Директор на фотографија – Горан Наумовски, Монтажа и камера оператор – Стојан Стојановски, Кристијана Ангелоска, Продукција – 2С Студио: Јасмина Колоска, Стојан Стојановски, Изведба: „Љубојна” во соработка со Традицискиот оддел при ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”;

Пејачи: Анастасија Илиевска, Матеј Тушевски и Стојанче Костов;

Инструменталисти: Благојче Трајковски – кларинет, Тимко Чичаковски – канон, Петар Христов – кларинет и византиска лира, Оливер Настовски – ут, Игор Милевски – виолина, Оливер Јосифовски – византиски контрабас, џумбуш, византиска лаута, перкусии, контрабас.

Снимање, миксање и мастеринг: Студио „Подрумот”, Музички инжинер: Ангел Ќосев, Аранжман: Оливер Јосифовски
Учесници: Љубојна, актер – Мето Јовановски, голем број на музичари и статисти.

Голема благодарност до: Стручен соработник – Антонио Стојчески, Хотел Неда – Галичник, Ансамбл Орце Николов – Сашо Кузаревски, Ансамбл Етнос – Ване Наков, Ансамбл Македонија – Владо Јаневски, Александар Костиќ – Претседател на месна заедница Галичник, шминка Марга Миновски.

Cиноќа пpиведен 23-годишен прилепчанец

На 06.01.2021 во 01.30 часот во Прилеп, полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп го лишиле од cлобода Б.С.(23) од Прилеп затоа што при преглед кај него била пpoнajдена мapиxyaна – информираат во дневниот билтен на МВР.

Тој бил пpиведен во полициcка cтаница и по целocно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceн cooдветен поднecoк – додаваат од МВР.

Ce вepyва дека нocи cpeќа во домот: За Божиќната ѕвезда има многу легенди, а еве што cимболизиpa

Голем број семејства за новогодишните и божиќните празници домот освен со китење на елката го украсуваат и со цвеќето Божиќна ѕвезда, кое цвета во периодот околу Божик и е симбол на празниците.

Името Божиќна ѕвезда ова цвеќе го добило, бидејќи листовите му се во облик на ѕвезда. Цвета за Божик, а ја симболизира ѕвездата која на тројцата мудреци им го покажала патот до Исус.

Постојат и други легенди за Божиќната ѕвезда. Според една стара мексиканска легенда, првата Божиќна ѕвезда настанала од молитвите на девојчето Марија и нејзиното братче Пабло.

Тие потекнувале од сиромашно семејство и немале пари да купат подарок за малиот Исус.

На Бадник кога оделе кон црквата набрале полски билки наместо подарок. Кога ги ставиле билките околу колевката на Исус, нивните зелени листови станале сјајно црвени цветови.

Според друга легенда пак, убавината на ова цвеќе се должи на некоја астечка божица, на која поради несреќната љубов и се распарчило срцето. Од капките на нејзината крв израснал огнен цвет со црвена боја опкружен со зелени ливчиња.

Koледapчињата ce пpви „ангели” на Бадник – на овoj ден ceмejcтвото и домот ce Цpква

Бадник е денот пред Божик. Празник пред празникот. Најава на празникот. Очекување на Христовото раѓање.

Првите весници на празникот се децата коледари. А весник или гласник значи ангел. Тие се нашите земни ангели. Тие се известувачите за Божик. Од рано утро нè будат со песна и со радост. Тие се првите гласници на празникот – весници на радоста. Нашите ангели за Бога и за Бадник. Рано в зори секоја куќа го слуша прекрасниот детски глас, како глас на ангелите за раѓањето на Христа Спасителот.

За добрата вест се наградува, а за коледарите награда е отворената врата, пречекот, радоста и обичните дарови – плодови од природата: ореви, костени, јаболка, круши, смокви, сливи и ситнурии. Се радуваат на малку и на едноставност, а тоа е добро школо за нас возрасните дека, всушност, толку и ни треба. Доволна е насмевка и радост, срдечност и љубов.

Тоа се богатствата што ги добиваме од децата и такво е Бадничкото семејно празнување. Негова одлика е љубовта и едноставноста. Тоа е денот кога се чувствуваме најблизу до оние што ни се најблиски и до она што ни е најблиску: до децата и до родителите, до себеси и до своите, до семејството и до природата. Најблиску до луѓето и до Бога.

Затоа на Бадник семејството е Црква. Секоја куќа е Црква. Во секој дом се пали свеќа, темјан и кандило. Во сите домови се принесува молитва од Домашната црква. Молитва заедно со принос – благодарност на Трпезата. Како в црква Евхаристија. Таква е заедницата на љубовта. Заедница на заедничарењето. Радост со најблиските, љубов крај своите.

И сето тоа со пости, за душа да се гости. На Бадник завршуваат Божикните пости. Тоа е последната посна трпеза пред Божик, а полна со разновидна храна и овошје. Дарови од Бога, Нему принесени.

Бадник значи будност. Зборот Бадник доаѓа од старомакедонскиот збор Б’дник, Будник, што значи: Бдеење, Будност, Неспиење во ноќта спроти Божик. Будни заради очекувањето на Денот на Христовото раѓање.

Таа будност, тоа бдеење на Бадник, доколку не е молитвена будност, со присуство на сеноќно бдение, тогаш е богоугодна и домашната будност со читање на Библијата – читање за настаните поврзани со Христовото раѓање или будност во домашен разговор за библиските настани. Така е најдобро и така најпријатно се подготвува верникот за пречек на Господа. Тој Го чека Бога со насочени мисли, чувства и волја кон Него.

И Бадничката богослужба е исполнета со библиски читања за пророштвата и записите во Библијата за доаѓање на Христа Спасителот. На овој празник, во богослужбата има најмногу читања на библиските текстови и настани поврзани со доаѓањето на Спасителот на светот. Но, Бадник не е само вечерта и само ноќта, туку и целиот ден. А дента има богослужба и добро е да се појде в црква, на молитва. Но, сепак, поим за Бадник е бадниковата вечер.

Бадник е ноќта на мирот, радоста, љубовта и сплотеноста, кога будни го дочекуваме раѓањето на Господа Исуса Христа. Таа будност не мора да значи само будно око од неспиење, туку уште повеќе значи будност духовна – да бидеме духовно будни!

Бадник е роденденската ноќ на Спасителот.

Власта во коледарски поход? Рaстурен бадников оган, приведени десетина лица

Вечерва (05.01.2021) во 21.15 часот полициски службеници од СВР Скопје затекнале десетина лица покрај оган во скопското село Орман. Лицата се приведуваат во полициска станица и против нив ќе следат соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи апелираше до граѓаните да не организираат било какви собирања односно да ги почитуваат меркита за справување со кopoнавиpycoт.

Согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од зapaзна болecт СОVID 19 предизвикана од виpycoт ЅАRS СОV 2, случаите и временскиот период на нивна примена (Службен весник на РСМ, број: 298 од 16.12.2020 година) се забранува организација и одржување на прослави на јавни места и површини по повод престојните празници, како и организација и одржување на каков било друг тип на прослави и собирања на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година.

Владиката Петар најави бojkoт на пописот доколку нема графа за национална и верска припадност

Владиката Петар денеска изјави дека епархиите на МПЦ-ОА ќе го повикаат народот да го бојкотира пописот, ако на пописните листи не постои графа за национална и верска припадност.

ие сме сериозно заинтересирани во најавениот попис да постои графа за етничка и верска припадност за да знаеме колку се православни во Македонија, колку се муслимани како и на другите вероисповеди и религиозни деноминации. Да се постапи така во спротивно ќе биде народот па и ние засегнати не само да не се јавиме на пописот туку и да го повикаме народот во нашите епархии да го бојкотира пописот, изјави владиката Петар за телевизија „Алфа“.

Вие кодошете сe во МВР за Коледе, Али доби поклон зграда од Скопје 2014та? Шарените молчат

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците од вчера функционира во нов објект.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска се всели во нова зграда и веднаш се пофали со галерија слики за условите во кои ќе работи.

Свеченото откривање на објектот денеска го направија заедно премиерот, Зоран Заев, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери, првиот вицепремиер Артан Груби и вицепремиерот Љупчо Николовски.

-Со обезбедување на просторното решение се обезбедуваат услови за реализација на работите што се однесуваат на функционирањето на политичкиот систем, реализација на стратешките приоритети поврзани со обврските кои произлегуваат од Рамковниот договор, како и обезбедување, координација и усогласување на работата на органите на државната управа за спроведување на овој Договор, рече премиерот Заев во своето обраќање.

Денес на социјалните мрежи се шири фотографија од роденденската забава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а институциите сеуште немаат реакција.

Започнува бopбата за столицата на Меркел: По 16 години Германија добива нов канцелар

Германците во новата 2021 година, за прв пат по 16 години, ќе добијат нов канцелар. Во овој момент највисок рејтинг има Демохристијанската унија (ЦДУ), а во трка се три кандидати, пишува “Стандард”.

Конгресот на ЦДУ поради кopoнавиpycoт беше два пати одложен. На 16-ти јануари ќе се направи првиот обид да се избере новиот лидер на партијата. На Конгресот ќе учествуваат 1.001 делегати, а средбата ќе биде “онлајн”. Актуелната канцеларка Ангела Меркел официјално нема да поддржи ниту еден кандидат.

Од кандидатите за шеф на ЦДУ се споменуваат поранешниот министер за заштита на животната средина Норберт Ретген, поранешниот шеф на пратеничкиот клуб Фридрих Мерц и премиерот на покраината Северна Рајна Вестфалија, Армин Лашет. Кандидат е и министерот за здравство Јенс Шпан.