дома блог страница 2209

Разубавете им го денот на вашите најблиски: 15 прекрасни пораки за да го честитате Христовото раѓање

Не пропуштајте да им го честитате овој голем празник на вашите најдраги личности, а за тоа можете да ги искористите овие божиќни пораки.

1. Срцето на човекот го смислува неговиот пат, а Бог управува со неговите чекори! Се’ што правите, каде и да одите, нека биде благословен вашиот пат. Среќен Божиќ!

2. Дозволете Бог да се всели во вашето срце, љубовта во вас да се раѓа секој ден, затоа што Божиќ станува видлив во секоја љубов помеѓу луѓето. Христос се роди!

3. Нека тишината на овој свет ден ви донесе мир во надежта, радост во животот и љубов за оние со кои живеете! Од срце ви посакувам мирни денови. Христос се роди!

4. Нека сребрените зраци од божиќното утро го осветлат вашиот подарок составен од здравје, среќа, мир и љубов. Христос се роди!

5. Божиќ доаѓа, ни се приближува Бог. Нека ве грее огнот на среќата, постојано во куќата да ви цвета радост, нека светиот крст во животот ве води, Христос се роди!

6. Нека целата година ве прати чувство на љубов, среќа, топлина и потреба за блиските да бидат до вас. Среќен Божиќ!

7. Денес простете им на оние кои ви згрешиле, подарете им љубов на најблиските, помогнете им на тажните, а на полноќ погледнете во небото – ќе видите ѕвезда што оди и тивко изговорете Христос се роди!

8. На тивката божиќна ноќ, нека во вашето срце се всели радост, љубов и надеж. Бидете здрави, силни и полни со среќа. Среќен Божиќ!

9. Денес радоста доаѓа од небото и тоа е она што ви треба. Бидете исполнети со здравје, насмевки и љубов. Имајте мир во вашиот дом. Среќен Божиќ!

10. Кога последната свеќа на Бадник догорува, слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божик, Христос се роди!

11. Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати, Христос насекаде да ве води, Среќен Божик, Христос се роди.

12. Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди!

13. Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а божикното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов!

14. Како што бадниковиот оган се ложи, во вашиот дом среќа да се множи, нека светла ѕвезда во животот вас ве води, зашто денес е Божик – Христос се роди!

15. Рана зора додека се руди, коледарска песна ве буди, среќа и радост Бог нека дари, полна софра, а и многу пари. Сите да ве служи здравје, бадниковата вечер да ви е на здравје! Бериќет и к’смет в куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува!

(Фото) Како што “доликува” за еден премиер: Народот трпи за леб, а трпезата на Заеви ја краси златен прибор

Православните христијани вечерва го празнуваат Бадник како предзнак на раѓањето на нашиот Бог Исус Христос.

И додека граѓаните споделуваат скромни фотографии од нивните трпези на кои изоставуваат многу продукти поради рецесијата и пандемиjaта која остави на улица многумина сограѓани, семејството Заеви се пофали како раскошно го празнува празникот, пренесува Курир.

Имено внуката на премиерот Зоран Заев сподели фотографија од домот каде на трпезата се гледаат златни виљушки и лажици со кои семејството вечерва ќе ја јаде вечерата, пишува порталот.

Инаку паричката во домот на Заеви се падна токму кај Зоран Заев.

Божиќна бајка во најстарата црква во Прилеп во пресрет на Христовото paѓање (Фото)

Најстариот црковен храм во Прилеп, Св. Благовештение, украсен во духот на Христовото раѓање – Божик

-Дева денес Надсуштествениот го раѓа и земјата му принесува пештера на Непристапниот, ангелите со пастирите славословуваат, а мудреците со ѕвездата патуваат, зашто, заради нас се роди Младенец, Предвечниот Бог. Мир Божји. Христос се роди – Вистина се роди! – напишаа од црквата Св. Благовештение.

(Фото) Како се славеше Божиќ во родниот град на Христос

Православните христијани во Витлеем, библискиот град на западниот брег во кој се родил Христос, секоја година со нетрпение го очекуваат Божиќ. Но, оваа година ќе се прославува само во домовите со најблиските.

Илјадници верници, меѓу кои голем број на туристи, ги исполнуваа храмовите во Витлеем и го славеа Христовото раѓање.

Верниците оваа година литургијата можат да ја следат во живо на социјалните мрежи.

Прекрасна празнична честитка: Македонска песна ечи на најпрометната улица во Солун (Видео)

Празнична честитка од Солун, на најпрометна улица, во најубавите денови од годината, на најубав начин се свири песната за најголемиот Апостол Петков Терзиев – Војводата Ениџевардарско Сонце…

“Македонскиот Робин Худ” (според Алберт Сониксен), кој беше “некрунисаниот крал на вардарските мочуришта” (Фредерик Ковач), а за кого Грците велеа дека е “невидливиот демон” (Пенелопе Делта)…
Ова е културна победа среде Солун…

Песната ќе не обедини… Честит Бадник, пишува на Фејсбук, Илија Димовски.

Теодора има ангелски глас со кој освојува: Слушнете ја најубавата изведба досега на духовната песна “Небо и земја” (Видео)

Младата Теодора Мицевска од Битола освојува и плени со својот глас.

Во пресрет на Бадник и Христовото раѓање Божик, таа објави видео спот за песната “Небо и земја”.

Теодора е голем љубител на македонската изворна песна и има добиено неколку гранд при награди на интернационални фестивали.

Слушнете ја нејзината изведба на христијанската песна “Небо и земја”, ќе ви предизвика прекрасно чувство и ќе ја преслушате неколку пати:

Минатата година пред Божик, Теодора објави видео запис и за песната “Вечниот Бог”.

Еве кои холивудски ѕвезди го прославуваат православен Божиќ

Некои од најпознатите холивудски ѕвезди го слават православен Божиќ. Некои од нив се родени во православни фамилии, но други го прифатиле православието поради партнерот.

Ким Кардашиан е родена во Лос Анџелес, но по потекло е Ерменка. Имено, таа е четврта генерација од иселениците од Ерменија. На својот Твитер профил минатата година таа објави дека Божиќ го прославува на 7 јануари.

Оваа убавица е родена во Лондон, нејзината мајка е од Јамајка, а таткото никогаш не го запознала. За време на врската со рускиот тајкун Владислав Дороњин, Наоми станала верник во Руската православна црква.

Слвниот актер, чиј татко е далечен потомок на Абрахам Линколн, љубовта го натерала да прејде во православната вера. Имено, кога за втор пат се ожени со колешката Рита Вилсон, актерот одлучи да стане православен христијанин. Таткото на Рита е Бугарин, додека нејзината мајка е од Грција. “Мислам дека православието е мое духовно наследство. Се оженив во истата црква во која мојата сопруга е крстена и во која се крстени нашите деца”, изјавил Том.

50-годишниот актер Џим Белуши е роден во Чикаго, а неговите родители се мигранти од албанско село кое се наоѓа недалеку од границата со Грција. Џим е припадник на Албанската православна црква и тој е горд на своите корени.

Џенифер Анистон православието го наследила од таткото Џон Анисотн, кој исто така се занимава со глума. Тој е роден како Јанис Анастасакис на грчкиот остров Крит. Џенифер донирала многу пати во црквата која е под закрила на Васеленската патријаршија.

Еве зошто за Бадник во домот треба да имате бадниково гранче

Вечерва е Бадник, големиот празник пред Божиќ, ноќ која секој треба да ја помине со семејството, да јаде од посната трпеза и да крши леб со паричка која се смета дека носи здравје, среќа и бериќет во текот на целата година.

За Бадник традиционално домот се украсува со бадниково гранче. Неизбежниот симбол на Бадник го симболизира здравјето, го слави животот и вечната среќа.

Според народните верувања, токму со ова дрво праведниот Јосиф запалил оган за да го затопли штотуку родениот Исус и неговата мајка Марија.

Бадниковото гранче уште се нарекува дрво на животот, исто како она дрво на животот во рајот што симболично дава вечност.

Честитка од Португалија за Владата и подржувачите на Референдумот

Португалскиот постојан преставник во ЕУ Нуно Бруто изјави на прес конференција во вторникот во Брисел дека нема потреба да се брза да му се предлагаат нови заклучоци на Советот на ЕУ за блокираното проширување.

Од друга страна министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Заев изјавија дека од Владата се сеуште оптимисти дека почетокот на преговорите Македонија ќе ги има со португалското претседателство.

(Видео) Мистичен рид со 100.000 крстови: Многу легенди говорат како настанал

На 12 километри северно од литванскиот град Шиаулаи се наоѓа рид по кој оваа држава стана позната во светот на туризмот.

Ридот крие голем број на тајни и легенди, бидејќи тука се поставени над 100.000 крстови.

Според една легенда, некој човек во 1850 година ветил дека ќе постави голем крст ако оздрави од лошата болecт од која боледувал. Неговиот пример го следеле и останатите мештани, па по неколку години биле поставени над 100 крстови.