дома блог страница 221

Од денеска можат да се доставуваат предлози за Третоноемвриски награди и признанија

По повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп 3-ти Ноември, Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници традиционално секоја година доделува општински награди и признанија “3-ти Ноември” како и награда за животно дело.

Овие признанија и награди се доделуваат на физички и правни лица за достигнувања во општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и политичкиот живот.
Предлог за доделување награди и признанија можат да дадат претпријатија, здруженија и граѓани како и други субјекти.

Предлозите се доставуваат до Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при Советот на Општина Прилеп, во приемното одделение во новата општинска зграда или на адреса ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1-Прилеп почнувајќи од денес (11.09.2025) до 13.10.2025 година.

Предлозите треба да бидат образложени, аргументирани и да ги задоволуваат критериумите за посебни достигнувања во Општината во соодветната област, за периодот од 3-ти Ноември 2024 година до денес, односно за животно дело на кандидатот, кој подолг период впечатливо е присутен со значајни остварувања во својата област.

Се продава комплетно разработен бренд и инвентар во Прилеп (Фото галерија)

Се продава игротеката KidsLand, лоцирана на ул:”Димо Наредникот” бр.44 во Прилеп.

Цената е 20.000 евра, а идните сопственици ќе добијат разработен бизнис и комплетен инвентар погоден за игротека, или дневен престој.

Опремата и инвентарот се користени само една година!

Повеќе информации на телефонскиот број: 077 982 544

Со 2,5 милиони денари Владата ќе го спасува “Македониумот” во Крушево – До крајот на годинава целосно ќе се реконструира и конзервира

Обезбеден е проект за интервентна заштита на споменикот „Македониум“ во вредност од 2,5 милиони денари што ќе биде реализиран до крајот на годинава, а НУ „Завод и музеј Прилеп“ работи на проект за целосна реконструкција и конзервација на целиот комплекс, информира денеска на прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева.

Митева најави дека проектот ќе биде финализран до средината на седната година, по што Министерството за туризам и култура ќе ја утврди динамиката и планот за финансирање и целосната реконструкција.

Сегашната состојба на овој споменик, наведе портпаролката, не е резултат на негрижа од актуелната Влада, туку на долгогодишно одлагање и непостапување во изминатите години.

– Реконструкцијата на споменикот Македониумот почна пред повеќе години и требаше да заврши во 2017 година. Со симнувањето на скелето во таа година процесот беше насилно прекинат оставен без потребна заштита. Од тогаш до денес цели седум години не било преземено ништо за негово завршување и заштита што остави длабоки последици на овој значаен култирен споменик – рече Митева.

Таа истакна дека нема да бараат оправдувања и оти имаат обврска да го исправат тоа со преземање конкретни и одговорни чекори поради културната и националната важност на „Македониумот“.

– Би сакала да потенцирам дека „Македониумот“ е уникатен архитектонски и уметнички објект, создаден со бетон, витражи и специфични материјали што бараат врвна стручност. Затоа и дел од експертизата ќе ја обезбедиме од странство, за да гарантираме дека ова културно наследство ќе биде трајно заштитено. „Македониумот“ нема да биде оставен да пропаѓа. Ќе го реконструираме, ќе го сочуваме и ќе му ја вратиме заслужената слава. Овој споменик не е само културна вредност, туку е дел од нашата национална меморија и идентитет, и како таков ќе биде пренесен на идните генерации – додаде Митева.

Изложбата „Украс“ од уметницата Марјана Костојчиноска Узунчева, утре во ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп

На 12 септември 2025/ петок/ од 18.30 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Украс“ од уметницата Марјана Костојчиноска Узунчева. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

За изложбата „Украс“

Најновиот креативен подвиг на ликовната уметница Марјана Костојчиноска Узунчева отелотворен во комплексната и интерпретативно повеќеслојна просторна инсталација насловена „Украс”, отвора низа актуелни прашања во врска сo позицијата и третманот на жената денес и родовата (не)еднаквост, посебно во конзервативни и патријархални општества. Инсталацијата се состои од навидум секојдневни предмети кои претставуваат своевиден визуелен код, како дел од нашето етнолошко богатство и културна традиција, но групирани и транспонирани на овој начин и во овој контекст се лишени од баналност и добиваат сосема поинаква, поширока димензија и симболика. Во централниот дел, доле на подот, како елемент на инсталацијата кој е замислен како условно статичен, поставени се мноштво кристални, утилитарни и декоративни предмети, главно вази со различна форма и големина, послужавници украсени со хеклани милеа и помали садови со различна намена во домаќинството. Тие на некој начин ја трасираат патеката на движење на гледачот, создавајќи интерактивна, имагинарна траекторија која како да води низ некаков невидлив лавиринт полн со препреки и неочекувани изненадувања… Вториот дел, условно мобилен – се состои од повеќе хеклани / плетени чаршафи и милеа и класични завеси кои висат / лебдат во просторот налик на распнати бели едра. Едра на некој имагинарен брод кој за жал не плови никаде, или би можел, кога би имало поволен ветер… Како главен дел од овие висечки текстилни варијации монтирани на тенки дрвени даски кои треба да асоцираат на корнизи, во централниот горен дел од композицијата се обесени чаршафи за маса, со поголема димензија на кои е  испишан текст – „Послужи/ме” (кој е двозначен, замислен како игра на зборови…) и „Одма” кои кореспондираат и се во директна корелација со послужавниците поставени на подот, како и зборот „Украс”, кој всушност го претставува јадрото, односно есенцијалниот наративен дел на приказната која авторката ни ја пренесува. Според неа – „Во суштина сѐ се врти околу овие два збора, особено зборот  „Послужи/ме“ и насловот на инсталацијата „Украс“. Се работи за збор кој дирекно дава наредба,  да се послужи кафе, да се послужи јадење, да се послужи слатко. Но, исто така може да значи и некој или нешто да послужи за некоја цел, да „послужи“ за пример. И во двата случаи се работи за искористување или употребување. Во конкретниов случај се работи за жената во општеството во кое живее. Таа е работна сила која е најмалку платена и неа секогаш ѝ е резервирано да работи одредена професија.  Тоа се очекува од неа. Да се послужиме со нејзините знаења. Вториот дел е неплатена работна сила во фамилијарното живеење и нееднаквоста со „партнерот“ во семејството (се разбира наметнато од општеството). И тука се очекува од неа ексклузивно да ги извршува сите домашни обврски. Да се послужиме со нејзината умешнот и снаодливост, да се сработат сите обврски со насмевка. Да се послужиме со силата која таа ја дава во општеството и домаќинството. И овде тоа природно се очекува од неа…

Делото е интригантно и според  концептот и според реализацијата и начинот на собирање на предметите кои Костојчиноска Узунчева ги инкорпорира во инсталацијата, главно декоративни предмети кои биле составен дел од нечиј невестински мираз (чеиз), до нивната моќна симболика и универзалната, недвосмислена порака која тие ја носат. Белата боја на ракотворбите, главно рачно хеклани / плетени и везени чаршафи и милеа, вообичаено алудира на девственост, на чистота, на невестинско руво; акумулацијата на кристалните предмети – вази, кои означуваат одреден статусен симбол, трофеј, награда, е истовремено и потсетник за фрагилноста на постоењето, физичката и емоционална кршливост, транспарентност и сензибилност; рачно ткаените килими во кои секоја шарена нитка, секој нов ред е почеток на нова приказна, нов живот и на крај, неброените часови, времето и трудот посветени да се изработат сите овие предмети во кои е вплотена сета љубов, надеж и парче душа на идната невеста – сето тоа се спојува во една единствена приказна. Секој од овие предмети поседува своја посебна и/сторија која истовремено е и лична, интимна, но и колективна и на некој индиректен, имплицитен начин зборува за жените кои ги создале, употребувале, ги дале или добиле како наследство, лично или како дел од некоја семејна историја, некогаш долга и со децении, пренесувана од колено на колено. Исто така, интересен е и начинот на кој сопственичките на истите ги отуѓиле, се разделиле од нив, односно моментот кога од нивниот личен, интимен музеј, овие предмети станале дел од друга поголема приказна, изложени сега и овде, во вистински музеј.

Авторката Костојчиноска Узунчева, за потребите на својата инсталација, главно ги купува кристалните вази и плетените чаршафи од жени кои продаваат дел од својот чеиз, претежно од егзистенцијални причини, за нивното семејство да може да преживее во овие турбулентни и економски неизвесни времиња… Тој посебен момент на купопродажба на нешто толку лично поседува своја симболика и извесна траорност – сведочи за саможртвувањето и лишувањето / одрекувањето на жената од некој нејзина сопственост, за бришењето и заборавањето на минатото во име на сегашноста и/или иднината, за прагматичноста над емотивноста и приврзаноста кон предметите кои понекогаш и не се само тоа, зборува за нејзината ранлива социо-економска положба во општеството односно за врзувањето / крпењето крај со крај… Секако, поимот „крпење” е неслучајно спомнат во овој контекст. Везење – развезување, шиење – рашивање, плетење –  отплетување, и крпење, повторно и одновно крпење и открпување, правење пачворк од своите соништа, мечти, надежи…  Толку многу глаголи кои иманентно им припаѓаат, односно се поврзуваат исклучиво со жените и домаќинството како нивни микросвет.  Дали овие декоративни предмети кои се дел од нашата етнолошка ризница и од нашата културна традиција се само тоа што навидум, на прв поглед го претставуваат или истовремено имаат повеќе различни значења – анахрона декорација, банален украс кој фаќа прашина на некоја полица, статусен симбол, и дали жената сѐ уште се идентификува, перцепира и третира како украс / декорација, трофеј, статусен симбол, се некои од низата поразителни прашања со кои Костојчиноска Узунчева се занимава, со ненаметлива, суптилна иронија која нѐ тера да се преиспитаме и во начинот на читање и толкување на делото и да прокопаме малку подлабоко во некои болни родово сензитивни теми и колективни, традиционални матрици, стереотипи и предрасуди со кои сме соочени.… Анита Бошкова Доковска .

За умeтницата:

Д-р Марјана Костојчиноска Узунчева дипломирала на ФЛУ Скопје – отсек графика.  Досега реализирала 27 самостојни изложби и повеќе од 50 групни во земјава и во странство.

Нико Чонески за еснафско Крушево! Утре промоција на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Крушево

ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево ги известува сите членови, симпатизери и граѓани на највисокиот град на Балканот, дека во петок (12.09.), со почеток од 19.30ч. во Конгресната сала на хотел Монтана, ќе биде промовиран кандидатот за градоначалник на партијата и советничката листа.

Нико Чонески е изборот на владеачката партија, човек од еснафот, почитуван и трудољубив стопанственик кој ветува нов развој на Крушево.

Др.Александра Мијајлевска Стефановска, председател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево, ќе биде носител на советничката листа на престојните локални избори.

-Со особена чест и задоволство Ве покануваме на свечената промоција на кандидатот за градоначалник на општина Крушево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Нико Чонески. Ова е момент кога започнуваме нова страница за иднината на нашата општина – страница исполнета со визија, проекти и решенија за подобро, поразвиено и модерно Крушево – стои во поканата од ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево.

ДЕНЕСKA Е ТЕЖОК ПРАЗНИК И СТРОГ ПОСТ: Отсекување на главата на свети Јован Крстител

Православните христијани денес го празнуваат Денот на отсекување на главата на Свети Јован Крстител.

Во времето кога Јован проповедаше во Палестина, во Галилеја владееше Ирод Антипа, еден од синовите на оној Ирод што насекаде се прослави со својот расипан карактер. Овој наследи некои особини од татко му, па ја избрка својата законита жена и живееше незаконито со Иродијада, жената на својот се уште жив брат Филип.

Јован отворено и пред целиот народ го прекоруваше и го разобличуваше за тоа, па Ирод го затвори. Во една прилика Ирод приреди гозба во својот дворец. Ќерката на Иродијада, Саломија, го восхити Ирода со својата страствената игра на гозбата, така што овој замаен од пиењето и вети се што ќе посака.

Саломија, поучена од мајка и, која не можеше да му го прости јавното разобличување на Јована, ја побара главата на пророкот. Ирод нареди и Јован беше обезглавен. Иродијада продолжи да се изживува над мртвата Јованова глава и го избоде неговиот јазик со игли.

Подоцна еден дворски слуга чесно ја закопа главата на свети Јован Крстител.

Наскоро злосторниците ги снајде заслужената казна. Првин кнезот Арета, таткото на законитата Иродова жена, подигна војска и го порази Ирода, а подоцна цезарот Калигула го протера во Галија, па во Шпанија, каде Ирод и Иродијада ги завршија своите неславни животи во беда и понижување. Саломија, пак, ја снајде лоша смрт во реката Сикорис.

Две вечери, две различни музички приказни – Најдобрата Terasa во Прилеп ве кани на одлично викенд дружење и забава

Во неповторливиот амбиент и атмосфера каков што нуди само Pub Club Terasa, секој момент станува посебна приказна.

Тука музиката звучи поинаку, пијалокот е повкусен, а дружбата добива ново значење.

Овде ноќите се претвораат во спомени што се паметат долго, а викендот е секогаш резервиран за добра забава и позитивна енергија.

И овој викенд Terasa ви носи музичко уживање, две вечери, две различни музички приказни:

Во петок, 12.09, за прв пат во Terasa Pub Club ќе уживаме со Acoustic Duo Band. Kaте и Илија ќе ве водат низ вечер исполнета со емоции, хармонија и акустичен звук што носи посебна магија.

Во сабота, 13.09, на сцената се енергичните крушевчани од No Limit Band – ритам без граници и одлична забава.

📍 Резервирајте навреме на: 070 304 967

Прилепчани во Австралија собираат средства за помош и спас на ФК Победа (ВИДЕО)

Нашинец од Прилеп кој живее во Австралија, заедно со македонското друштво “Методија Андонов – Ченто”, покренаа акција за собирање на средства за помош на фудбалскиот клуб Победа.

Во разговор за јутјуб каналот “Австралиски живот”, кој е во сопственост на Ратко Трајковски, уште еден нашинец од Битола кој живее во оваа прекуокеанска земја, Гоце раскажува дека прилепчаните веќе не можеле да гледаат како клубот тоне.

При неговата посета во Прилеп, тој разговарал со претставници од навивачката група, како и со раководството на клубот, кои со радост ја примиле веста за неговата иницијатива.

Повеќе слушнете во разговорот во продолжение:

Сите нашинци во дијаспората кои сакаат да ја поддржат оваа иницијатива за спас на ФК Победа, тоа можат да го направат со донации на следниот ЛИНК

Денски дегустација, музика и дружба пред Саат кулата, вечерта диско супа на Камена бина – Оваа сабота ќе биде ден за уживање во Прилеп

На 13 септември во Прилеп, по седми пат ќе се слави млекото, сирењето и луѓето кои стојат зад нив – сточарите. Тие кои со љубов и упорност ги чуваат стадата, ја негуваат традицијата и ни го даруваат вистинскиот вкус на нашата земја.

Во текот на денот – кај Градскиот Саат

Од утро па сè до попладне, платото кај Градскиот Саат ќе се претвори во вкусна и шарена сцена:

🥛 ќе имате можност да поразговарате со повеќе производители на млеко и млечни производи од цела Македонија
🧀 ќе дегустирате сирења и млечни специјалитети
🌿 ќе откриете локални производи што совршено се спојуваат со нив
💬 ќе слушнете вистински приказни за предизвиците и радостите на сточарството

Во рамки на дневниот дел, од 14 до 16 часот ќе се одржи конференцијата „Гласот на сточарите“ со два актуелни панела:

• Предизвици околу регистрација и продажба од куќен праг
• Човечки капацитети во сточарството

За атмосферата ќе се погрижи групата Романса, со звуците на староградската музика која секогаш носи доза носталгија и радост.
________________________________________

Вечерта – кај Камената бина

На зајдисонце, се селиме кај Камената бина. Таму, дечките од Слоу Фуд Млади Македонија заедно со шеф Маре Јаневска ќе приготват Диско Супа – вкусна, креативна и по малку бунтовна супа, направена од намирници кои инаку би завршиле во отпад.

А додека супата се подготвува, сцената ќе ја оживеат Јана Мрческа & Баже – млади, енергични и полни со ритам. Ќе има песна, ќе има смеа, и ќе има порака: храната е премногу вредна за да се фрли.

________________________________________

📅 13 септември 2025
📍 Прилеп – Градски Саат (дневна програма) и Камената бина (вечерна програма)

Дојдете да ја прославиме традицијата, младоста и иднината на нашето сточарство.

Фестивалот „Млеко“ е место каде што вкусовите, приказните и музиката се спојуваат во едно – а вие сте дел од таа приказна.

Николоски од првиот регионален спортски самит во Скопје: Владата сериозно е посветена на спортот, речиси нема место каде што не инвестираме

Сериозно сме посветени на спортот и правиме се што е во наша можност да создадеме спортска инфраструктруа и да им дадеме шанса на сите што сакаат да се занимаваат со спорт, рече потпретседателот на Владата Александар Николоски на отворањето на Првиот регионален спортски самит – Скопје 2025.

“Имаме сериозна програма која втора година по ред ја правиме во рамки на локaлната самоуправа со која минатата година инвестиравме стотина милиони евра во општнинте, оваа година одиме со 250 милиони евра и тоа ќе продолжи во годините пред нас каде што сериозен дел има и инфраструктурата во спортот. Нема населено место во кое не носиме спортска инфраструктура и мислам дека тоа е основата затоа што младите генерации ќе можат да практикуваат спорт и со тоа да им дадеме шанса. Паралелно со тоа во тек се неколку законски измени со кои што треба да овозможат сериозни финансиски олеснувања од една страна и од друга страна сериозни инвестиции, на начин што државата ќе одели дел од средствата и ќе ослоободи даноци за оние кои ќе инвестираат во спортот. Таа синергија меѓу инфраструктурата и можноста на инвестирање во спортот ќе даде резултати. Она што е значајно за нас како Влада е да ја држиме политиката надвор од спортот” – се обрати потпретседателот на Владата, Александар Николоски.