дома блог страница 2208

(Фото) “Мајкрософт” создава апликација која ќе им овозможи на луѓето да разговараат со починатите роднини

Компанијата “Мајкрософт” аплицираше за патент со кој ќе создадат вештачка интелегенција и ќе им овозможат на луѓето да “разговараат” со нивните починати роднини.

Доколку сте ја гледале серијата “Black Mirror”, сигурно знаете дека ова воопшто не е нова идеа.

Во суштина, како што е детално опишано во серијата на Чарли Брукер – вештачката интелегенција ќе собере податоци за личностите, фотографии, нивниот глас од снимени видеа, нивните активности на социјалните мрежи и ќе го создаде нивниот говор.

Според извештаите во Протоколот, документите се доставени до Заводот за патенти и трговски марки на САД и се зборува за создавање „2Д или 3Д модел на одредена личност“ со употреба на слики и видео од нив.

Елон Маск сега и официјално е најбогатиот човек во светот

Елон Маск го претекна Џеф Безос и сега тој е најбогатиот човек во светот.

Вредноста на компанијата “SpaceX” е 188 милијарди долари, што е повеќе од Амазон на Џеф Безос, смета “Bloomberg’s Billionaire Index”.

Реакцијата на Маск беше очекувана:

Cтoилкoвски: Oвa e виcтинcкoтo лицe нa “бopбaта co лажни вести”

Ова е вистинското лице на Заев, ова е вистинското размислување на Заев, ова е диктиран текст од Заев објавен преку неговиот безпоговорен извршител, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, после ckaндалозниот објавен текст на порталот Мактел на Саше Ивановски Политико кој што важи за жесток поддржувач на актуелните политики на власта на Заев.

Ова е чиста лага и измислица, намерна конструкција изведена и во наслов кој што треба да креира целосно извртена и лажна слика за опозицијата и Христијан Мицкоски.

Ова е честитката на Заев за Божик до Мицкоски, ова е и негова лична честитка, ако сакате, и за именденот на неговиот политички ривал.

Ова е демократскиот капацитет на Заев диктатopoт! Ова е вистинското лице на “борбата со лажни вести”, продуцирано директно од медиумскиот паж на Заев!

Cpамно и подло, за време на ваков семеен празник, во вакви тешки времиња! Оттука, јас инсистирам на реакција со осуда од новинарските здруженија и реакција од телото за Етика.

Истовремено инсистирам и на извинување и директен укор од владиното тело за борба со лажните вести.

И на крај, но најважно, инсистирам на извинување од Зоран Заев до Христијан Мицкоски за ваквиот однос од неговиот близок соработник кон лидерот на опозицијата!

Во спротивно ќе покаже дека навистина е негова нарачка!, пишува Стоилковски во својата објава.

Дождот ќе продолжи цел викенд, еве каде се очекуваат најмногу врнежи

Врнежите од дожд кои од синоќа ја зафатија државата, од попладнево ги има на цела територија, а особено поинтензивни ќе бидат во западните делови, каде ќе наврнат нови 30 литри на метар квадратен. На планините во северозападниот дел од државата ќе врне снег.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека до изутринава во западните делови количествата на врнежи изнесуваат 20 литри на метар квадратен и дека почвата е веќе натопена од дождот.

Од утре до понеделник ќе преовладува врнежливо време. Повремено во западните делови врнежите ќе бидат поројни и пообилни. На планините во северозападниот и западниот дел ќе врне снег и значително ќе се зголеми снежната покривка.

Во вечерните часови во сабота кон недела и преку ноќ во недела, врнежите повремено ќе преминуваат во снег на некои повисоки места, особено во северниот дел од земјава.

Целиот овој период се најавува јужно струење што значи дека температурите ќе бидат над нулата.

Бакнyвajте ce секогаш кога имате можност: Научниците открија колку позитивен ефект има бакнежот врз телото

Покрај манифестацијата на чувствата, бакнежите имаат исклучително корисен ефект врз нашето тело.

Збогум болка и депресија

Бакнувањето најмалку три минути го ослободува телото од стрес и депресија: ендорфините („хормоните на среќата“) го уништуваат кортизолот, откриле канадски психолози. Познатиот професор Валтер Туман дури и ја вклучи практиката на бакнување во неговиот курс наречен антистрес.

Страсниот бакнеж е исто така многу ефикасен како лек против болка во мигрена или, да речеме, забоболка: бакнежите се 200 пати посилни од морфиумот.

Бакнеж на среќата

Според анкетите, мажите кои ги бакнуваат своите жени пред да заминат на работа имаат поголеми приходи од оние кои не го прават тоа. Британски научници открија дека оние кои не штедат бакнежи ќе бидат оптимисти, секогаш уверени во своите способности и поверојатно е дека ќе успеат во личниот живот и кариера.

Патем, Британците најмалку се бакнуваат во просек (најчесто Германците) – можеби тоа е тајната на нивниот скептицизам?

Пукање од возбуда

Со бакнување и, на пример, со пукање со пиштол, нашето тело ги произведува истите хормони. Приливот на адреналин ја зголемува менталната и физичката активност. Затоа водете љубов, а не војна!

Сцената за која зборува цела Америка: НБА ѕвездата одби да клекне за време на интонирањето на химната

Koшаркарот на Мајами Хит, Мејерс Ленард, одби да клекне за време на интонирањето на американската химна на мечот против Бостон.

Додека неговите соиграчи клекнаа, Ленард мирно стоеше слушајќи ја химната.

Неговиот гест ги изненади и разбесни Американците, бидејќи сметаат дека кошаркарот на Мајами одбил да ја поддржи бopбата против pacизмот.

(Видео) Газда на векот! На своите вработени им подели 4 милиони долари божиќен бонус

Сопственикот на компанијата “FloraCraft” им доделил приближно 4 милиони долари во бонуси на неговите 200 вработени пред празниците.

Сопственикот Ли Шоенхер ја води компанијата од 1973 година, а одлуката за доделување на еден ваков великодушен бонус ја донесол на 14 декември. На тоа вработените возвратиле со громогласен аплауз.

Бонусот на секој вработен ќе варира во зависност од стажот кој го има секој од нив, а просекот би се движел по 20.000 долари за секој вработен.

Вработените ќе го добијат бонусот во два дела. Првиот дел ќе им биде исплатен во готово до крајот на следната година, а другиот на сметката до крајот на март 2020 година.

Навистина еден потег кој заслужува секаква пофалба!

УХМР со убави вести: Денес ни доаѓа и снегот

Времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во западните делови, особено претпладне и кон крајот на денот, а локално таму ќе наврнат и над 25 л/м2. На планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

Според Управата за хидрометеролошки работи, во следните денови ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите најобилни ќе бидат во западните делови, каде на планините ќе врне снег и значително ќе се зголеми снежната покривка, особено во Шарпланинскиот масив. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

10 години “Прилеп стари фотографии”, 10 години исполнети со сеќавања за богатото културно историско минато на градот под Марковите Кули

Популарната Фејсбук фан страна “Прилеп стари фотографии” денеска слави 10 години од своето постоење. Страната во изминатите 10 години стана култна и е вистински сведок за богатото културно историско минато на градот под Марковите Кули. “Прилеп стари фотографии” беше темел на порталот www.oldprilep.com, кој се појави една година подоцна и денеска претставува катче каде постојат записи и фотографии за сите културни, историски знаменитости, настани, личности, од речиси сите периоди во историјата на Прилеп.

Еве што напишаа администраторите на сајтот по повод 10-годишниот јубилеј:

“Драги пријатели…

На денешен ден пред точно 10 години ја поставивме првата фотографија на ФБ профилот (денес Фан страна) „Прилеп – Стари Фотографии“ со што го означивме почетокот на едно убаво дружење со фотографиите од нашиот град Прилеп.

Пред 9 години успеавме со надчовечки напори да ги пребродиме сите предизвици, и со само-финансирање да ја создадеме веб страницата www.oldprilep.com , која од идеја прерасна во прекрасен медиум со одлична заедница, медиум кој успеа да ги надмине проблемите и да биде пример за одлична соработка со секој добронамерник.

Иако мал тим успеавме да изградиме одличен и почитуван медиум кој има што да каже и да покаже а притоа останавме имуни на секакви партиски и националистички притисоци. Особено се гордееме за пријателствата кои ги надминаа тастатурите и продолжија и надвор од сајтот и ФБ профилот „Прилеп – Стари Фотографии“.

До денес на веб страницата www.oldprilep.com имаме поставено точно 20.450 фотографии, разместени тематски и хронолошки во 1531 постови.

Неизмерно сме благодарни на сите кои ни помогнаа… Посебено на Фото „Зрак“, Емил и Милан Димкар, Димче Чалата, Горан Ристески, Душко Апостолоски, Јане Дамески и многу други (Се надеваме дека нема да замерат што не ги спомнавме) кои несебично ни ги отстапија домашните фото архиви.

Во иднина планираме да продолжиме со исто темпо…Поздрав… Среќни празници… Од Администрацијата на ПСФ”.

Денот кога се иcполни очекyвањето за cпac на нapoдите: Чecтит Божиќ, Xpиcтoc се poди!

“Денеска се исполни очекувањето на народите, се исполни копнежот на пророците и патријарсите, се исполни надежта на праведниците, зашто дојде денот на спасението!

Денес се роди Творецот на вселената, се роди Претсуштествениот – дојде Миротворецот. Овој е Денот во кој со Бога се сретнавме, Денот во кој со Бога се видовме и во кој Бога Го примивме.

Денес Беспочетниот влезе во времето и го поврза со вечноста; во човечкиот живот засветли светлината и дојде Сонцето на вечната правда; се изврши големото и преславно чудо, за кое ангелите на небесата ликуваат, а луѓето на земјата се радуваат, зашто се помирија небото и земјата.

Затоа, сите народи да запееме: Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!” – извадок од говор на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

На сите граѓани од православна вероисповед им го честитаме големиот Христијански празник Раѓањето на Господ Исус Христос – Божиќ. Им посакуваме оваа година да имаат многу здравје, бериќет, успех на секое поле и овие празнични денови да ги поминат во духовен мир заедно со своите најблиски.

Божиќ е исто така празник на љубовта и хуманоста и во овие денови, секој од нас, според можностите кои ги има, треба да им помогне на оние на кои помошта им е неопходна.

Божиќ е празник на мирот и празник на радоста. Господ Исус Христос при една прилика им порачал на своите апостоли „Мир ви испраќам од небото“. Тој мир посакуваме да се всели во срцата и душите на сите наши православни Христијани, да ги посети сите наши домови и општество и тој мир да ни даде сила и да ни даде моќ во деновите кои доаѓаат за да ги поминеме благочестиви, онака како што доликува на вистински православни Христијани.

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

ЗА МНОГУ ГОДИНИ!