дома блог страница 2207

“Bpeмеплов” – емотивно мyзичко пpвенче на oxpиѓаните Moника Cтojкocка и King Cold (Видео)

“Времеплов” е ново македонско музичко парче и прва заедничка соработка на Моника Стојкоска и Кing Cold, или Стефан Стојкоски.

Станува збор за првенче на двајца млади артисти од Охрид со музичка позадина. “Времеплов” е песна за една искрена љубов која и покрај сите напори не завршува среќно. Искрена и емоитивна, регетон, рап и поп микс на музика со чиста сентиментална порака.

-Давајте се целосно но внимавајте да не се изгубите себеси. Љубовта знае да боли а лекцијата која се учи е доживотна. Верувам дека кога ќе го слушнете текстот ќе ви биде се појасно, вели пејачката Моника Стојкоска која е и еден од авторите на текстот.

Музиката и монтажата на видеото е на Стефан Стојкоски а мастерингот е во соработка со Наум Долоски Мечка од Warrior Production, гитара Јордан Трајаноски Парго,пијано Ивана Гаврилова, аранжман Арбен Бајрам. Видеото за љубовната приказна е снимено во Охрид од страна Јован Ристески.

За артистите:

King Cold со продуцирање музика се занимава повеќе од 10 години. Има соработка и со охридскиот јутјубер Wik Kakarotski за песната „300 бензин 200 плин“ како и во песната “Криза” со Парго и Зоки Зоц.

Моника Стојкоска е дипломец на Музичката академија во Штип, отсек флејта. Ова е нејзин ваков прв проект а со музика се занимава уште од 8 годишна возраст во охридското основно музичко училиште “Методи Патчев”. Учествувала и на неколку детски музички фестивали.

Песната е проект на новата аудио видео продукција од Охрид New Tone, создадена од млади артисти со желба и талент за нова музика и свежина на домашната музичка сцена.

Слушнете во продолжение:

На втор ден Божик во Прилеп се пpaзнyва и Cветецот чија икона стана чyдо пред 5 години (Фото)

Денеска православните христијани го празнуваат вториот ден од Христовото раѓање – Божиќ. Денеска исто така православната црква го слави и Соборот на Пресвета Богородица како и споменот на Свети Никодим Прилепски и Тисмански.

Пред 5 години, на 31 март 2015 година во Прилеп, според православната црква, токму во храмот „Св. Благовештение“, се случи чудо, бидејќи иконата на Св. Никодим Прилепски, која сега стои во средината на црквата започна да мироточи.

Капките од мироточењето и денес се познаваат на иконата.

Верувале, или не! СДСМ: “Оваа година вложуваме во градинки, болници, училишта, патишта, пруги, гасификација…”

СДСМ продолжува со креирање и реализација на мерки и политики, кои ќе овозможат новата 2021 година да биде година на економски раст и развој, година во која македонската економија полека на сигурно ќе се враќа на претходните стапки на раст, година во која ќе продолжи да расте и стандардот на граѓаните – велат од владеачката партија.

Соопштението во целост ви го пренесуваме во продолжение:

Претходната година соочени со глобална финансиска и здравствена криза, покажавме дека со одговорен, инклузивен и домаќински пристап последиците од коронакризата врз економија можеме да ги сведеме на минимум.

Од почетокот на кризата, креиравме и реализиравме четири пакети-економски мерки за поддршка на најпогодените компании и поединци од кризата, за што обезбедивме над 1,2 милијарди евра. Тие политики дадоа резултат.

Спасени се десетици илјади работни места, а директно им се помогна на околу 500.000 граѓани.

Оваа година ќе биде година на целосно економско заздравување, година на економски раст и развој, што се потврдува и со Буџетот за 2021 година кој е развоен и скроен да одговори на сите предизвици во годината пред нас.

Најголем дел од проектираните средства во Буџетот или 83% се расходи наменети за капитални проекти, важни проекти за граѓаните низ целата држава.

Оваа година продолжуваме да инвестираме во патната и железничката инфраструктура, во енергетиката, гасификацијата, во изградба и реконструкции на градинки, болници, училишта, вложуваме и во животната средина, во комуналната инфраструктура како и во изградба на социјални станови

Со Буџетот за 2021 година обезбедуваме одржливост, рационализирање на трошењата, како и прецизни проекции со цел ефикасно справување со епидемијата. Истовремено, обезбедена е буџетска резерва, во случај на продолжено траење на пандемијата.

Продолжуваме посветено да работиме во интерес на граѓаните, на економијата, на државата.

Детската амбасада од Прилеп по 15-ти пат ја организираше манифестацијата “Божикен ручек”: Испратија радост во домовите на 800 деца (Фото/Видео)

По 15-ти пат годинава се одржа традиционалниот “Божикен ручек”, кој e во организација на “Детската aмбасада за сите деца во светот” од Прилеп. Поради пандемиjaта предизвикана од кopoнавиpycoт, настанот се одржа под специфични околности. Наместо собирање и заедничка прослаба на Хриството раѓање, од “Детската амбасада” испратија пакетчиња и оброк во домовите на над 800 деца.

Во продолжение прес конференцијата Александра Северкоска Стојаноска, извршен директор на Детската амбасада:

“Дозволете ми најпрво од името на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, како и од мое лично име, да упатам честитка до сите вас присутните и македонската јавност по повод Новогодишните и Божиќните празници, со желби за љубов, мир, здравје и благосостојба.

И во време на пандемија која му пркоси на светот, ние, со поддршка од нашите пријатели, пријателите на децата, не дозволивме Божиќните трпези на повеќе од 500 деца да останат празни. Водејќи грижа за нашите најмили, кои се иднината на овој свет, на нашата држава, поради неможноста од физичко присуство, оваа година нашите активности се насочени повторно да внесеме радост во детските срца и да ја предизвикаме таа најмила детска насмевка на малите лица, со тоа што испративме пакетче и оброк во домовите на повеќе од 800 деца, 600 пекетчиња и 200 оброци, од најзагрозените целни групи, но и за членовите на Детската Амбасада и партнерите на нашата организација.

Целта и значењето на овој настан се мотив за нашата посветеност кон единството на децата, сплотени под едно небо, без никакви разлики по верска, етничка, јазична, или било која определба на децата. Децата се само деца, и пандемијата нема да претставува пречка за нас да го посветиме вниманито на нашите најмили во празничните денови, па тоа било и на овој начин. Традицијата по 15ти пат ќе го потврди нашето посветено делување за нашите најмили, за нашата иднина – децата. Едно небо за сите деца.

Започнувајќи од 2006 година, Божиќниот Ручек се одржува веќе Јубилејни 15 години како централна манифестација што го одбележува почетокот на секоја наредна година, со Благослов на МПЦ-ОА и поддршка од Градоначалникот на Општина Прилеп. И оваа година опфативме традиционално повеќе од петстотини деца од целата територија на нашата држава. Децата кои се опфатени се од Прилеп, од Скопје, Битола, Тетово, Куманово, Крушево, Штип, Охрид, Струга и од другите градови и општини ширум државава. Можеби 800 деца нема да седнат на заедничката маса, но тие виртуелно ќе се дружат преку нашата страна на социјалната мрежа Фејсбук, каде ќе се објават фотографиите од приемот на Божиќното пакетче, односно ланч-пакетот.

Заклучно со овој Јубилеен 15ти Божиќен ручек вкупно ќе бидат опфатени 7800 деца. Тоа е голема организација која во вакви услови бараше голема посветеност, но нема поубаво чувство кога знаеш дека внесуваш радост во едно мало, а големо срце. Големи се срцата на тимот на Детската Амбасада и бројните волонтери кои се вклучија во намерата за успешна реализација на оваа активност.

Како и секоја година нашата порака е во рамките на нашето мото „Едно небо за сите деца“, а тоа значи децата да се почитуваат помеѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата, и сите ние заеднички да придонесуваме кон градење на нашето општество. Бидејќи децата се нашата иднина.

Вредностите кои се промовираат со самиот настан се: еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децта. Тоа пак води до нашиот постулат на програмските задачи на Детската Амбасада дека сите деца се исти и еднакви во остварувањето на нивните права, односно дека ништо не е позначајно од среќата на детското лице, па затоа на оваа Божиќна трпеза, на ваков индиректен начин, учество имаат и деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе празнуваат.

Со благослов на Јубилејниот 15 годишен Божиќниот Ручек од Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар, започнаа подготовките, и со поддршка од 500 пакетчиња од Градоначалникот на Општина Прилеп, г-дин Илија Јованоски, успеавме да ја постигнеме оваа бројка, незаборавајќи ја дополнително поддршката оваа година од 100 пакетчиња од д-р Ванчо Чифлиганец, од Адора инженеринг од Скопје, како и други општествено одговорни граѓани.

Оваа година поради пандемијата на Божиќниот Ручек нема да се доделува најпрестижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ и ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, но тоа ќе биде направено понатаму во некоја следна активност кога тоа ќе го дозволат можностите во текот на оваа година. Оваа измината година сите аплаузи и почит, одат кај целиот медицински персонал во нашата држава.

Организацијата на овој Јубилеен 15-ти по ред Божиќен Ручек за повеќе од 600 деца успешно се реализира благодарение на тимот од Детската Амбасада, ЕЛС на Општина Прилеп, Алкалоид А.Д. од Скопје, Кромберт и Шуберт од Битола, Адора инженеринг од Скопје, Прилепска Пивара од Прилеп, Млекара А.Д. Битола од Битола, Винчини од Виница, Фан продукција Зоран од Прилеп и Карго експрес од Битола. Медиумски покровители на овој настан се: Канал 5 Телевизија, Македонската Радио Телевизија, Наша ТВ Телевизија, Тера Телевизија, Сити медиа, Радио 5 Чоки и Радио Пела, веб порталите Шеталиште, Маркукуле и Инфокомпас, на кои од името на сите деца неизмерно им се заблагодаруваме”.

Ви ги пренесувам во целост благословот на Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар:

“Најмили наши, дечиња!

Денес е Божиќ, најрадосниот ден за децата, зашто Самиот Бог, Синот Божји, заради нас од небесата посакал и слегол на земјата, раѓајќи се од Пресвета Богородица, во пештера, во градот Витлеем, и бил положен во јаслите на јагнињата и овците.

Кога се родил Христос, Синот на Бога Отецот, Неговото раѓање го објавиле т.е. соопштиле Ангелите, кои ја пееле Божикната песна: „Слава на Бога во висините и на земјата мир и меѓу луѓето добра волја“.

На Неговото раѓање се радувале и пастирите. А малото дете, малото Боже (Божиќ – Христос Синот Божји) рекол: „Јас се јавив на земјата, како дете, Син човечки, сличен на вас децата и на вас луѓето, за да се покажете и вие како синови (деца) Божји, слични на Мене во вечното Царство на Мојот Отец“.

Оваа радост, раѓањето на Синот Божји за децата, за луѓето и за целиот свет, е неизмерна, зашто празнувајќи во Црквата, и ние во неа пееме: “Христос се раѓа – прославите Го! Христос е на земјата – пресретнете Го! Христос е на небесата – вознесе те се кон Него!

Ако Христос вам како на деца и нам како на луѓе ни се дарува како мало дете, Младенец со љубов, и ние со љубов треба да Му одговориме на Неговата љубов и да Му го принесеме нашето срце и да ја слушнеме Неговата порака и поука, и вие бидете како деца незлобиви.

Христос си играл со децата, растел како што растат децата, пораснал и станал Учител но не престанал да ги сака децата, па при една прилика на Апостолите, а тоа значи и на сите луѓе, кога зел и на повисоко место поставил едно дете рекол: „Кој нема да биде како ова дете нема да влезе во Царството Божјо“. А при друга прилика, кога Апостолите не дозволувале децата да Му се приближат на Христа, за да не Го вознемируваат, Он рекол: „Оставете ги децата да дојдат кај Мене, зашто нивно е царството Небесно“! (Мат. 19, 14).

Ние славејќи го роденденот на малиот Бог, Божиќ, според обичајот за роденденот треба да Му подариме нешто на Христос, за Неговиот роденден. Па се прашуваме што би сакал Он да Му подариме, најмили наши дечиња?! Он од нас ништо другo не бара, освен нашите срца. Он сака нашите срца да Му бидат јасли, а нашите души пештера. Ете тој е најголем подарок што треба да Му Го дадеме на Христа, сега и секогаш и во сите векови. Амин!

Христос се роди! Навистина се роди! Ваш во малото дете, Богомладенецот Христа, постојаниот молитвеник дедо Владика Петар”.

Легендата Мекејлеб ни го честиташе Божик

Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Лестер Бо Мекејлеб, со честитка на Твитер за Божик до Македонците и Србите.

„Среќен Божик на моето српско и македонско семејство!!“, објави на Твитер еден од најзаслужните за историското четврто место на Македонија на Европското првенство 2011 во Литванија, кога тој беше избран во идеалната петорка на шампионатот.

Честитката од Американецот со македонски пасош за неговото „српско семејство“, пак, е поттикната од настапите за белградски Партизан.

Втор ден Божиќ – Собор на Пресвета Богородица

На втор ден Божик, според Јулијанскиот календар, се одбележува уште еден голем празник – Собор на Пресвета Богородица.

На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, која што го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.

Кога стана успението на пресвета Богородица ангелите и апостолите на облаците се собираа и, Тома наречен бизнак. Сета Индија ја уверија во тој час, три илјади луѓе, и не сакаше да дојде дури не го увери сиот народ. Зеде облак светол и тој го донесе, и ја сретна света Богородица што се носеше на облаците и во рајот влегуваше.

Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес се слави Пресвета­та Богородица. Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.

По повод празникот Собор на Пресвета Богородица-втор ден Божиќ, утрински богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.

„Тутунарите немаат ни за леб, а власта мува не ја лази и печали преку увоз на тутун“

Тутунарите немаат ни за леб, а власта мува не ја лази, реагираат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека тутунарите секојдневно протестираат и се жалат за откупот на годинешната реколта на тутун, власта на Зоран

Заев печали на трудот и потта на оваа категорија на граѓани, преку увозот на тутун.

Тутунарите разочарани поради ниската откупна цена на тутунот, се закануваат дека целиот род ќе го запалат, а од страна министерството за земјоделие гледаме само лажни ветувања, а на дело нема никакво подобрување при цената за откуп.

Оваа година еден килограм тутун вреди колку една кутија цигари, со овие пари тутунарите не можат ниту да ги исплатат досегашните трошоци за репроматријали, а не да имаат за преживување.

Над 10 илјади тутунари од целата земја се излажани и изиграни. Ова не го заслужуваат македонските земјоделци.

Го повикуваме Зоран Заев веднаш да ги разгледа и прфати предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, кои претходно ги дадовме:

-Зголемување на субвенцијата за тутун за 100%, и таа да изнесува минимум 120 денари за четврта класа, до 180 денари за прва класа на тутун.

-Државата, да интервенира со обезбедување на дополнителни финансиски средства за откуп на произведената количина тутун.

-Да се забрани увоз на тутун за домашните преработувачки капацитети, со единствена цел да се преработува ориентален тутун од домашно производство.

-Ревидирање на мострите на ориентален тутун, во соработка со овластени и стручни претставници на тутунопроизводителите, откупувачите и МЗШВ

-Инспекторите од Државниот земјоделски инспекторат секојдневно да бидат распоредени на откупните места за да го контролираат процесот и текот на откупот, заедно со поверениците

Македонските земјоделци не заслужуваат ваков игноратски однос од страна на оваа ненародна власт. Изминативе месеци излажани беа и лозарите, оризопроизводителите, одлгледувачите на праски, нема земјоделец кој не ги почувствувал последиците од неработењето на оваа криминална власт.

За ова неодговорно работење од страна на премиерот во заминување, Зоран Заев земјоделците многу скоро ќе му дадат црвен картон, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Гостите на роденденот од Али Ахмети ќе платат по 20 евра за неносење маски

На петнаесетината функционери на ДУИ кои на 4 јануари објавија фотографија од која се гледа како во новата зграда на Министерството за политички систем го слават 62-от роденден на партискиот лидер, Али Ахмети, без почитување на мерките за заштита од коронавирусот, Министерството за внатрешни работи им врачило казна.

Од МВР велат дека платните налози се врачени и како и за сите граѓани, така и за овие функционери важи правилото дека ако ја платат казната од 20 евра за неносење маска во рок од една недела, таа ќе им се намали на 10 евра.

Според телевизија Сител, Државниот инспекторат за труд утре ќе го заврши увидот и ако се докаже дека 15-те функционери од владејчката партија ги прекршиле протоколите Министерството за политички систем на чие чело е Артан Груби, ќе биде казнето со 2.500, а одговорното лице со 500 евра.

Следете во живо и уживајте: Божиќен концерт на учениците од музичкото училиште “Ордан Михајлоски – Оцка” од Прилеп

Следете го во живо Божиќниот концерт на учениците од музичкото училиште “Ордан Михајлоски – Оцка” од Прилеп:

Магаре ја “чува” новата рампа пред општина Прилеп (Видео)

Европски, нема што…

Магаре ја “чува” новата рампа пред општина Прилеп, градот “забрзано” чекори по европскиот пат…