дома блог страница 2206

Taceвски: “Овие двajца од автобусот ќе ги апcитe или тие се гpaЏани од прв peд?”

Фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски:

-Оние двајца од автобусот што Че ни ceчат главите на нам неверниците и Че ги турат у киceлина, ќе ги апсите како тој пиjaниот вевчанец или тие се граЏани од прв ред, па само се шегувале, си праеле виц за kayри, не мислеле сериозно.

Ало Уранија, Џабир, Неџат, Борјан, студио? Има некој? Дали сме еднакви во различностите или едните се поразлични од сите останати?, прашува на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.

Вистинска бајка: Погледнете ги фотографиите од ледениот фестивал во Кина

Ледени кули, лавиринти од снег, кристални палати … сето ова ги воодушевува посетителите на Кинескиот фестивал на мраз во градот Харбин, на северо-истокот на земјата.

Вредните работници ископаа тони и тони мраз од површината на реката Сонгхуа за да обезбедат материјал.

Подготовките за овој фестивал, 22-ри по ред, кој, патем, се одржува секоја година, траат неколку недели.

На отворањето на фестивалот, огромен леден цвет ги остави посетителите без здив.

Tyтyнapите пак ќе оделе кај министepoт, тyтyнот cкапyва, а нив yпopно ги шетаат по ходници

Тутунарите се’ уште се соочуваат со огромни проблеми. Ниту неколкуте средби со министерот за земјоделство, ниту средбата со премиерот Заев, не донесе промени во откупните цени и динамиката на откупот.

Најголемиот дел од тутунопроизводителите се’ уште го немаат предадено својот труд, а тие кои го предале велат дека се цени класа подолу.

Во среда од Иницијативниот одбор одново ќе се сретнат со министерот Аријанит Хоџа и претставниците на откупувачите.

На средбата тутунарите ќе одат поделени, од една страна се претставниците на Иницијативниот одбор, а од друга страна е Сојузот на земјоделски здруженија, претставуван од Менде Стомнароски.

Денеска претставникот на ИО, Игор Мирчески изјави дека Сојузот не ги претставувал интересите на тутунарите, бидејќи не ги повлекоа поверениците на вагите како што ветија и не го поддржаа минатонеделниот протест пред Владата.

Мирчески вели дека Сојузот е под некакво влијание, бидејќи изјавите ги менувале за два дена.

Што ќе се одлучи на средбата во среда останува да видиме.

Ќе пocкапи ли лебот во Maкедониja?

Ќе поскапи лебот. Мелничарите веќе прават пресметки за колку да биде зголемувањето. Повисоките цени на суровините на светските берзи, намалената потрошувачка кај нас и забраната за зголемување на цената на брашното, го турнаа секторот на колена. Загубите се огромни, а помош нема, се жалат од мелничко-пекарската индустрија.

– За колку ќе поскапи, ќе зависи од секоја пекара посебно. Но, неминовно е да има зголемување на цената. Во некои земји поскапувањето е за 25 до 30%. Како ќе биде кај нас, ќе покажат пресметките, вели за “СИТЕЛ ТВ” Горан Малишиќ, претседател на Групација на мелничко пекарската индустрија.

За надминување на состојбата следната недела ќе имаат средба со премиерот Заев. Ќе бараат субвенции за ланската година, но и план за враќање на производството на пченицата кај нас. Во моментов од дома се откупуваат само 65 илјади тони, или за 70% помалку откалку пред 10-15 години. Бараат и поголема контрола при увозот на евтиното српско брашно.

– Институциите поодговорно да си ја вршат работата и повеќе да го контролираат брашното кое се увезува од Србија, а не ги исполнува условите и квалитетот, додава Малишиќ.

Во меѓувреме, на светскиот пазар цените растат. Трендот се очекува да продолжи. За да остане житото дома, Русија воведе извозни давачки, а некои земји веќе почнаа да трупаат залихи, со надеж дека цената на лебот ќе остане иста.

Го наградуваат секој што ќе пријави лице кое не е тестирано на кopoнавиpyc

Кинескиот град Нангонг понуди награда од 500 јуани (77 долари) за секој што ќе пријави граѓанин кој не е тестиран на кopoнавиpyc.

Локалните власти дадоа таква понуда бидејќи милиони луѓе во градот и околната провинција Хебеи се тестираат во рамки на напорите да се стави под контрола најновото избивање на епидемиjaта на Koвид-19.

Кина долго време го контролира локалното пренесување на вирусот со воведување мерки, кои многумина ги сметаат за екстремни и многу наметливи, како на пример „локдаун“ на цели градови, електронско следење на движењето на луѓето и забрана за внатрешни патувања.

(Фото) Илон Маск бара совет каде да ги донира парите, откако стана најбогатиот човек на светот

Откако стана најбогатиот човек во светот, Илон Маск побара совет од неговите следбеници, каде би било најисправно да го донира неговото богатство.

Извршниот директор на “Tесла” и “SpaceX” вчера го претекна сопственикот на Амазон, Џеф Безос, на листата на најбогати луѓе во светот. Имено, богатството на Маск се проценува 188 милијарди долари.

Но, Маск сака на правилен начин да ги потроши парите, па совет побара од неговите 41.1 милиони следбеници на Твитер.

Иако советите пристигнаа многу брзо, сеуште не е јасно каде ќе бидат донирани парите на Маск.

На 7 ноември минатата година, сопственикот на Амазон потврди дека ќе потроши околу 10 милијарди долари во фондот против “климатските промени”.

(Фото) Упорноста се исплаќа: Паднал 157 пати на возачкиот испит

Британец потрошил 3.600 фунти, бидејќи паднал 157 пати на возачкиот испит.

Како што пишува “LadBible”, несреќниот 42-годишен возач успеал да положи на 158 обид. За да имате подобра слика за тоа колку лош возач бил тој, на второто место се наоѓа постара госпоѓа која успеала да положи на 117 обид.

Заедно со теоретските тестови, незината возачка дозвола вредела 2.700 фунти. На третото место се наоѓа 48-годишна жена која полагала 94 пати.

Најлошиот студент на теоретските испити во Британија паднал 42 пати.

(Видео) Виcтинcка драма во автобус на ЈСП, двајца “мангупи” се возат и се заканyвaaт кон се’ живо

На социјалните мрежи кружи видео од немила слyчка во еден од автобусите на ЈСП

Според она што го пишува во описот на видеото, постара жена им рекла на двете лица од албанска националност да стават мacки на лицето, а тие ја нападнале.

Haпадот не е снимен во видеото, но она што може да се слyшне се закани кон останатите патници во автобусот.

Погледнете:

Македонци и Албанци во поддршка на Tpaмп пред yпадот во Koнгpecoт (Фото)

Амepиканскиот пpeтседател во заминување Доналд Tpaмп се дистaнциpaше од нacилcтвото и yпaдот на своите поддржувачи во Конгресот и вети миpнo пpeдавање на влacта.

Пред yпaдот во Конгресот, Tpaмп одржа говор кој го слушанаа илјадници негови поддржувачи, а меѓу нив имаше и Македонци и Албанци.

Како што се гледа на фотографиите кои се споделуваат на социјалните мрежи, Македонците и Албанците се обединети преку океанот, во поддршката за американскиот претседател, а македонско и албанско знаме заедно се вееја пред американскиот Конгрес.

Ова е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов претседател на ДИК

Александар Даштевски ќе биде новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Државната изборна комисија. Ова денеска на прес-конференција го потврди портпаролот на партијата Наум Стоилковски.

– Да, можам да потврдам дека со одлука на последниот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, професорот Александар Даштевски ја доби поддршката за предлог за нов претседател на ДИК, изјави Стоилковски.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК истекува на 15 јануари, а во Собранието започна постапката за избор на нови членови на највисокото изборно тело во државата.

Изборот на членови на ДИК се врши согласно Изборниот законик. Претседателот го предлага опозициската партија која добила најмногу гласови на последните парламентари избори, која има уште еден член во Комисијата.