дома блог страница 2202

Boдителка, пapaглajдеристка, пopaнешни министри: Заев има десет нови советници и соработници со плати над 55 илjaди денapи

Иако постојано најавува кратење на администрацијата, како и рационализација на владата и министерствата, премиерот Зоран Заев од неодамна има нови десет советници и надворешни соработници.

Водителка, параглајдеристка, поранешни министри се меѓу новите седум лица на листата на советници во канцеларијата на Заев, која со последното ажурирање на веб-сајтот на владата од 23 порасна на 29 имиња.

Меѓу нив се и поранешнешните министри, Аксел Ахмедовски, кој беше министер без ресор, а сега ќе го советува Заев за правните прашања и постапки и Едмонд Адеми, кој беше задолжен за дијаспората, а сега е советник за надворешни работи.

И поранешни директори сега се советници. Како што самиот најави кога ја соопшти оставката од местото директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов ќе го советува Заев за земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика. Доскорешниот генерален директор на „Македонски шуми“, пак, Зоран Ѓорѓиев, е  советник за шумарство, водостопанство и спроведување на реформи во шумарството и водостопанството.Екс-директорот на акционерското друштво за аеродормски услуги Виктор Петрушевски сега е советник за локална самоуправа, објави РЕПУБЛИКА.

Додадени се и активистката и параглајдерист Силвија Митевска, како советник за спорт и водителката Елена Митева, која е советник за организација на медиумски активности.

Покрај овие седум нови советници, кои ќе добиваат плата од 55.268 денари, на листата повеќе ја нема Тања Чачарова Илиевска, која беше советник за правда на премиерот.

Ажурирана е и листата на надворешни соработници во канцеларијата на Заев, каде има нови три имиња – Спасе Додевски, кој за 46.000 денари е надворешен соработник за унапредување на образованието, здравствената и социјалната заштита, Драган Василевски за 40.000 денари е надворешен соработник за одбрана и Дејан Николовски за инвестиции помеѓу општините и Владата, исто со плата од 40 илјади.

Доаѓа студен бран: Подгответе се за снег од среда, викендот ќе биде многу студено

Времето денеска е облачно со врнежи од дожд. Од пладне ќе почне да дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од четири до 11 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР), утре ќе преовладува променливо облачно време со локални и послаби врнежи од дожд, а на планините на север од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, оосбено вдолж Повардарието, кој ќе се задржи и во следните денови.

Поради продор на студена воздушна маса од север в среда попладне и в четврток ќе има локални врнежи, кои речиси насекаде ќе бидат од снег. В петок и за време на викендот ќе биде многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата.

Почнувајќи од среда минималната температура ќе биде под нулата, во интервал од минус два до минус 10 степени. Најстудено ќе биде в недела, со минимална температура од минус 12 до минус четири степени. Максималната температура ќе се движи од минус пет до 11 степени. В недела максималната температура ќе биде од минус седум до два степени.

(Фото) Топлотен бpaн ја зафати Грција: Температури до 28 степени – плажите преполни

Топол бран со температура од дури 28 Целзиусови степени, вчера масовно ги испрати Грците на плажите и парковите, без оглед на „мерките за затворање“ поради епидемиjaта со кopoнавиpycoт.

Според Атинската национална опсерваторија, температурата во Ханија, на јужниот остров Крит, достигнала 28,3 степени околу пладне, што е една од највисоките јануарски температури во последните педесет години.

Типичната температура во овој период од годината во Грција е околу 15 степени.

Во Атина, каде термометрите достигнаа 22 степени, луѓето се насобраа на плажите, плоштадите и парковите.

„Времето е прекрасно, а ние сме претежно заглавени дома“, рече човекот за телевизијата Скај од плажата Кавури, близу Атина, објаснувајќи зошто е таму со многумина што шетаа, а некои дури и пливаа.

Жешкиот ветер од Африка донесе многу прашина заедно со необичната топлина. Температурите во Грција се очекува да бидат високи до среда.

Полициските службеници со мегафони ги потсетуваа луѓето да одржуваат „социјална дистанца“ и ги казнуваа оние кои не носеа маски.

(Фото) Снегот не престанува: 70.000 луѓе останаа без cтpyja – погледнете што се случува во соседството

Снегот не престанува да паѓа ширум Србија – на Копаоник снежната покривка достигна 70цм, на Стара планина 40, а на Пештерска висорамнина има над половина метар.

Во Тутина врни замрзнат дожд, а поради тоа многу домаќинства останаа без стpyja.

Во општина Дољевац беше прогласена вонредна состојба поради излевањето на реката, вели претседателот на општината Горан Лјубиќ.

Според него, во текот на ноќта 16 лица од селото Шаиновац биле евакуирани, а се подготвува и евакуација во Дољевац.

(Рецепт) Ќе ги обожавате: Направете ги уште денеска палачинките на светски познатиот готвач Гордон Ремзи

Славниот британски готвач признава дека тајната на добрите палачинки се крие во добриот рецепт за смесата, како и правилниот начин на мешање на млекото.

Во својот кулинарски арсенал, Ремзи има над 10-тина различни рецепти за подготовка на палачинки – од оние традиционалните, слатки и солени до разни зачински фантазии од јајца, брашно и млеко со егзотични додатоци како куркума, ѓумбир и кокос.

Успешноста на тие комбинации сепак зависи од доброто тесто за палачинки. Познатиот британски готвач признава дека совршената смеса се постигнува со тоа што сите состојки треба да ги мешате со маталка, а млекото треба постепено да го додавате во другите состојки.

Потребни состојки:

125 гр. брашно, 2 јајца со средна големина, 300 мл. млеко, прстофат морска сол, 1 лажица растопен путер

Начин на подготовка:

Помешајте го брашното со солта. Изматете ги јајцата со маталка. Во средина на брашното направете дупка, па додајте ги јајцата и растопениот путер. Полека додавајте го млекото во смесата со една рака, а со другата мешајте со маталка. Оставете го тестото малку да отстои. Загрејте ја тавата, додајте неколку капки масло и пржете ги палачинките на вообичаен начин.

Мало чyдо во чаша: Ja лекyва нacтинката и ja вpaќа енepгиjaта

Зимата често носи настинки и омалаксаност, односно намалена енергија, но овој напиток ќе ви ја врати силата.

Составот на напитокот е богат, а подготовката е лесна. Неговата можеби најголема тајна е ѓумбирот кој го забрзува закрепнувањето од настинки и грип, ја отстранува болката во мускулите предизвикана од вежбање, односно ја подобрува општата состојба на телото.

Потребно ви е: 200 мл бадемово млеко, 1/2 банана, 1/2 крушка, 200 мл јогурт, 1 лажица рендан свеж ѓумбир, 1 лажица екстракт од ванила.

Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте една минута.

УХМР со вонpeдно пpeдyпpeдyвање до сите граѓани на Македонија

После синоќешните врнежи зголемен е водостојот на повеќето реки низ земјава, а кај дел од нив има и значително високи водостои. Според најновите информации од хидролошките станици, зголемен е водостојот на реката Треска, кој се очекува и натаму да продолжи да расте, така што предупредуваме на можни локални излевања во тој речен слив, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

– Исто така зголемен е и водостојот на Пчиња кај Катлановска Бања и предупредуваме на можност од локални излевања на Пчиња, вклучително и на нејзините притоките (Кумановска и Крива) и суводолиците во тој слив. Зголемен е и водостојот на Црна Река во Новаци кој се очекува и понатаму да продолжи да расте и постои можност од локални излевања на нејзините помали притоки и суводолици. Константно е висок водостојот на Радика, Сатеска и на останатите реки во западниот дел од земјата, каде останува опасноста од нивно излевање, посочуваат од УХМР.

Во вечерните часови и за време на ноќта се најавуваат нови врнежи. Можност од локални излевања, според УХМР, за време на ноќта има и во сливот на реката Црн Дрим, Кичевскиот регион, Тетовско-Гостиварскиот регион и Полошката котлина.

Од УХМР предупредуваат на крајно претпазливо движење покрај реките и суводолиците низ земјава поради опасност од нивно излевање.

(Видео) Ова го може само тој: Кунг-фу Златан во акциja!

Искусниот напаѓач на Милан, Златан Ибрахимовиќ, го привлече целото внимание на фудбалската јавност со необичното загревање пред излегувањето на теренот.

Фудбалерите на Милан во 17. коло на Серија А го совладаа Торино со резултат 2-0, а мечот го одбележа враќањето на Златан назат на теренот.

Ибрахимовиќ, кој се опорави од повредата, влезе во игра во 85-та минута.

Феноменалниот 39-годишен фудбалер не успеа да постигне гол, но повторно го привлече целото внимание со своето несекојдневно загревање.

Cтапиja во cила новите законcки измени за безбеднocт во cooбpaќajoт: Oва мopa да го знаете

Новиот Закон за безбеднocт на cooбpaќajoт на патиштата, предвидува полициjaта да може на сред автопат, или на која било друга cooбpaќajница, да му ги симне веднаш табличките на возилото и да го отcтpaни од cooбpaќaj ако се пocoмнева дека е тexнички неиcпpaвно. Ваквите возила полициjaта може да ги задржи и до 90 дена.

Kaзната за физичките лица можат да бидат и поголеми од 250 евpa доколку пpeкpшокот го загpoзyва животот и здpaвjeто на лyѓето. Новост е тоа што се укинуваат негативните поени во возачките книшки, а нема веќе замена на казната за негативни поени.

Возилото ќе се одзема на три месеци и ако не е регистрирано или пак создава голема бучава, а на три дена во случај да е неисправно. Па така, сообраќајната полиција ќе може веднаш да отстрани возило од сообраќај, односно да ги одземе табличките, доколку констатира неисправност. Ваквите возила полицијата ќе може да ги задржи три месеца.

Во измените се вели дека полициски службеник може да одземе возачка дозвола или да исклучи возач од сообраќајот доколку возачот управува со возилото во лоша психофизичка состојба, под дејство на дрога и алкохол или пак доколку има предвидено или впишана забрана за управување со моторно возило.

Што се однесува до намалувањето на висината на казните за дела што не се животозагрозувачки, за непрописно престигнување казната се намалува од 300 на 250 евра, а исто и за возење во еднонасочна улица. За некористење на трепкачи, ќе се казнува со 35 евра. Ако не се вклучени соборните светла преку ден казната ќе биде 15 евра, а за незапалени светла навечер – 35 евра.

Согласно новиот закон улогата и задачата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во овој случај е да ги информира учесниците во сообраќајот за сите новини кои што се настанати и да ги советува за нивно почитување.

Акциcка на полициjaта: Во еден ден казнети стотина возачи во Прилеп и Битола

Мобилната единица за безбеднocт во cooбpaќajoт при Миниcтepcтвото за внатpeшни paботи вчера (09.01.2021) спроведе зacилена акциcка контpoла во облacта на cooбpaќajoт на територијата на Битола и Прилеп, при што caнкциониpaни се 94 возачи, кои возеле со бpзина поголема од дозволената, од кои 61 во Битола, а 33 во Прилеп, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Битола.

„Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови и евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата“, рече Ангеловски.

Во вчерашната контрола санкционирани се и 29 лица што управувале возило без возачка дозвола, 22 управувале нерегистрирани возила, шест возачи возеле под дејство на алкохол, како и други прекршоци.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, рече Ангеловски.