дома блог страница 2191

На Коки сега му чинел Вучиќ

Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, на Твитер се пофали дека Македонија ќе добие донација од 8.000 вакцини од соседна Србија.

-Премиерот Зоран Заев, штотуку соопшти одлична вест, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска потврди дека Србија ќе ни помогне со најмалку 8.000 вакцини од Фајзер, кои ќе си ги платиме по набавна цена – напиша Костадинов.

Нели со Србија раководеше националистичко раководство?

Пpиведен Гpaдоначалник зapaди пapтиcки вpaботувања

Пет луѓе се yaпceни, меѓу кои и претседателот на општина Улцињ, Љоро Нрекиќ.

По налог на Основниот државен обвинител во Улцињ, освен Нрекиќ, yaпceни се и Сеад Османовиќ, секретарот на Секретаријатот за финансии на општина Улцињ и шеф на Општинскиот одбор на Демократската партија на социјалистите, Мустафа Горан, секретарот на Секретаријатот за комунални дејности и заштита на животната средина, Саубих Мехмети, директорот на Службата за заштита и спасување, Милазим Мустафа, секретарот на Комуналната полиција и поранешен претседател на Советот на општина Улцињ.

Според сознанијата на “Вјести”, тие се yaпceни во врска со сомнежи за партиски вработувања.

Според истите сознанија, обвинителството ги терети за несовесно работење во службата.

Peгyлатopна дoнece oдлyкa: Oд yтpe нoвo пocкaпyвaњe нa гopивaтa

Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,53%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно oдлуката на РКЕ на Република Македонија од 11.01.2021 година.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 54,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 54,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,172 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 11.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 30,823 ден/кг.

3aeв: Гpaдоначалниците од СДCM да не глyмат локални шepифи

Градоначалниците од СДСМ да не глумат локални шерифи и да им служат на граѓаните достоинствено, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, за кого деновиве беше објавено дека повеќе вработени во општината се жалат на мобинг од страна на општинската управа, а кој веќе имаше слични обвиненија и во минатото.

Мојата порака е таа што секогаш ја давам за градоначалниците од СДСМ кои победија на изборите – да не глумат локални шерифи и да им служат на граѓаните достоинствено. Лично разговарав со него и секако добив соодветно објаснување и корекции за одредени работи. Јас сум служител на сите граѓани и сакам да бидам секогаш во нивна заштита. Оваа недела сигурно ќе реагирам зашто јас сум служител на сите наши граѓани и сакам да бидам секогаш во нивна заштита. Секако, граѓанин е и градоначалникот, но тој извршува сериозна и одговорна функција. Не знам детали, не можам да инсинуирам било што, но дефинитивно ќе се информирам за случајот и ќе дадам дополнително коментар, изјави Заев.

Сител вчера објави дека четворица членови на Дисциплинската комисија се мета на раководството на општината и против нив се поднесени дисциплински постапки. Претходно, телевизијата неколку пати објавуваше случаи со мобинг врз вработените.

Инаку, во општина Лозово вработени се 12 службеници, а за три години се соочиле со речиси 30 дисциплински постапки.

(Видео) Најостриот критичар на руската влада приведен веднаш штом пристигна на аеродромот во Москва

Алексеј Навални, најостриот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, беше приведен синоќа откако слета во Москва.

Навални беше приведен на пасошка контрола на аеродромот Шереметјево.

Ова е прв пат кога Навални доаѓа во Русија откако минатата година наводно беше затpyeн со нервен агенс. Навални за нападот ја обвинува владата предводена од Владимир Путин, а што рускиот претседател тоа го негира.

Опозиционерот пристигна со авион на „Викторија ерлајнс“ од Берлин. Интересно е што авионот слета на аеродромот Шереметјево наместо на аеродромот Внуково. Одлуката за промена на аеродромот е донесена во последен момент.

Пред тоа, авионот кружеше над Москва. Компанијата „Виктори ерлајнс“ за Ројтерс изјави дека Внуково е затворен за сите влезни летови.

Интерпелација за Димитров во Собрание

Собранието денеска треба да ја започне 30-та седница на чиј дневен ред се 50-тина предлог-закони за изменување и дополнување на постојни закони, како и интерпелацијата за работата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Меѓу предлог-законите на дневен ред на оваа седница се и оние за изменување на законите за еднакви можности на жените и мажите, за заштита од вознемирување на работно место и за употреба на знаковниот јазик, како и на законите за практиканство и за волонтерството, сите по скратена постапка.

Пратениците по скратена постапка ќе расправаат и за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за вработување на инвалидни лица и на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, како и на Предлогот на закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија.

На дневниот ред на 30-та собраниска седница е и Интерпелацијата за работата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, поднесена од опозициските пратеници Александар Николоски, Антонијо Милошоски, Владо Мисајловски, Ѓорѓија Сајкоски, Жаклина Пешевска, Никола Мицевски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Велика Стојкова – Серафимовска, Бети Стаменкоска Трајкоска, Игор Здравковски, Благица Ласовска, Бојан Стојаноски, Лидија Петкоска, Петар Ристески, Ане Лашкоска, Игор Јанушев, Љупчо Пренџов, Олга Лозановска, Јадранка Поцкова, Александар Велјановски, Златко Пенков, Даниела Христова, Дајанчо Ефтимов, Миле Лефков, Бране Петрушевски, Здравко Трајанов, Љупчо Димовски, Димитар Апасиев, Зоранчо Јованчев, Силвана Ангелевска, Мирче Аџиоски, Иванка Василевска, Борислав Крмов, Иван Стоилковиќ, Ели Панова и Ангелинка Петкова.

(Фото) Полицијата ги yaпcила затоа што го прекршиле кapaнтинот – се правдале дека никогаш не слушнале за пандемијата

Полицијата во Хепмпшир yaпcила неколку лица кои го прекршуваат кapaнтинот, а тие се правдале дека никогаш не слушнале дека има пандемиja, затоа што не гледале вести.

Како што објавија на Твитер: “Полициските службеници пристигнале на пријавената адреса и ги привеле лицата кои го прекрувале кapaнтинот”.

“Тие рекоа дека никогаш не слушнале за пандемиjaта од кopoнавиpycoт и дека никогаш не ги гледаат вестите”.

Полицајците секако не го прифатиле тоа како доволна причина и ја растуриле мини-журката.

(Фото) И на Сахара има повеќе снег од Прилеп

Неверојатни фотографии се споделуваат на социјалните мрежи од Сахара, откако на делови од пустината се формираше снежна покривка.

И додека ние сме навикнати да имаме снег и многу ниски температури во јануари, ова не е баш вообичаено за овој дел на светот.

Исто така, пред два дена најниската температура беше измерена и во Саудиска Арабија -2 степени Целзиусови.

Пандов: Нижеполе не е Вевчани, па Заев и Спасовски не ги испратија ЕБР (Фото)

Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, реагира дека се покажало дека насилната полициска реакција за време на Вевчанскиот карневал била со цел да се покаже сила против народот, кој сатирично ги критикувал политиките на власта, а не за некакво обезбедување на јавното здравје.

Како показател за такво нешто, Пандов објави фотографија од Нижеполе каде што огромна група граѓани го искористија убавото време за скијање, но притоа се создадоа големи групи скијачи, за кои никој не реагира.

“Слика 1: Пред само четри дена беше Вевчанскиот карневал на кој Заев и Спасовски уште сабајлечки ја испратија ЕБР за да разбијат било какво групирање на вевчанци.

Слика 2: Денес во Нижеполе – пишува Пандов покрај фотографии од двата настана”,

Teтово кyпи 5 автобycи 720.000 евpa, Пpилеп 4 за 1.000.000: Диpeктopката потпиша и замина?

Преку Проектот за подобрување на општински услуги кое Министерството за финансии го спроведува заедно со Светска банка општина Тетово набави пет автобуси за градски превоз во вредност од 720 илјади евра. Со ова општина Тетово за првпат добива јавен превоз во градот со воведување на три градски рути. На настанот за примопредвање на автобусите присуствуваа министерот за финанасии Фатмир Бесими и градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

Министерот за финансии во своето обраќање истакна дека на граѓаните на Тетово им се обезбедува една нова општинска услуга, која ќе придонесе за подобрување на условите за живот во општината.

-Со ова на граѓаните на Тетово ќе им се обезбеди една нова општинска услуга, која ќе придонесе за: прво, безбеден превоз на патници, второ – поефикасен сообраќај во градот и трето, и особено битно, намалување на загадувањето. Исто така, со ова се отвораат и нови работни места за граѓаните во јавното претпријатие за транспорт. За набавката на автобуси преку МСИП-проектот општина Тетово доби 72,6 милиони денари или 1,18 милиони евра. Со реализирање на јавната набавка постигната е пониска цена за автобусите од 44,3 милиони денари или околу 720 илјади евра, додека за останатите средства има можност општината да ги искористи за друг проект, рече Бесими.

Градоначалничката на Тетово Арифи посочи дека автобусите ќе бидат предадени на користење на локалното јавно-транспортно претпријатие “Тетово транспорт”. Со набавката на овие автобуси градот Тетово за прв пат добива јавен превоз за потребите на жителите на градот и околните населени места.

Планирани се три рути за одвивање на јавниот транспорт низ градот, кои ги опфаќаат главните артерии на градот во сите делови.

За потсетување, општина Прилеп во 2019 година купи 4 автобуси од истата марка “ИСУЗУ” на метан за 1 милион евра, или по 250.000 евра за еден автобус.

Oд друга страна општина Тетово потроши 720.000 евра и купи 5 автобуси, или по 144.000 евра за еден автобус.

Сумата за купените автобуси во Прилеп беше предмет на долга дискусија и препукување помеѓу власта и опозицијата. Тогашната В.Д. директорка Мери Цветаноска, повеќе не раководи со Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, под чија надлежност е и градскиот превоз.