дома блог страница 2190

3a 15 дена минys 15 килогpaми: Нова хит диета со пopтокали и jajца

Се заснова на точно утврдени правила … Оваа диета е наменета за дебели луѓе, но и за оние кои имаат проблеми со варење или нечиста кожа, бидејќи ја намалува апсорпцијата на маснотиите на природен начин, па затоа ја прави кожата поубава.

Диетата е прилично ограничувачка, па затоа пред да одлучите да ја користите, консултирајте се со нутриционист и лекар и следете ја под медицински надзор. Многу е важно, доколку се одлучите за оваа диета, да си поставите реални цели.

Пожелно е дека дури и со најограничувачките диети, телото да губи максимум половина килограм на ден.

Оваа диета нуди можност за губење на цел килограм на ден.

Бидејќи помалку јаглехидрати се трошат за време на вежбање, мускулната маса се намалува, затоа е потребна физичка активност. Може да биде фитнес, трчање, возење велосипед, пливање или едноставно пешачење. Не посолувајте ја храната премногу, бидејќи задржува вода во организмот. Користете билки наместо сол.

Меѓутоа, ако немате премногу вишок килограми, тогаш прибегнете кон друга диета! Или вежбајте го според поблаг, прилагоден рецепт.

МЕНИ

Понеделник

Појадок: 1 портокал (или во сличен опсег круша, праска, лубеница, диња …. не банана), 2 двопек, чаша кафе или чај без шеќер.

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 кисело млеко (или јогурт).

Вечера: 2 домати или 2 дцл доматно пире, 2 варени јајца, 1/2 кг зелена салата (мала глава) или краставица, 2 двопек.

Вторник

Појадок: 1 портокал, (или во сличен опсег круша, праска, лубеница, диња – не банана), 2 двопек, шолја кафе или чај без шеќер.

Ручек: 1 портокал, 1 јајце, 1 кисело млеко, 2 двопек.

Вечера: 125 гр мелено говедско месо, 1 домат (или 1дцл доматно пире), 1 тост, 1 чаша чај или кафе.

Среда

Појадок: 1 портокал (или во сличен опсег круша, праска, лубеница, диња – не банана), 2 двопек, чаша кафе или чај без шеќер.

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 кисело млеко, 1 мала салата.

Вечера: 125 гр мелено месо, 1 портокал, 1 тост, 1 чаша кафе или чај.

Четврток

Појадок: 1 портокал (или во сличен опсег круша, праска, лубеница, диња – не банана), 2 двопек, чаша кафе или чај без шеќер.

Ручек: 125 гр свежо кравјо сирење со малку млечна маст (а може да користите и сирење моцарела), 1 домат, 1 тост.

Вечера: 125 гр мелено месо, 2 домати или 2 dcl доматно пире, 1 јаболко, 1 тост

Петок

Појадок: 1 портокал (или во сличен опсег круша, праска, лубеница, диња – не банана), 2 двопек, чаша кафе или чај без шеќер.

Ручек: 200 гр варено месо или риба, 1 домат, 1 тост

Вечера: 500 гр варен зеленчук (моркови, грашок, компири, (), 1 јајце, 1 домат. Јадете нормално за време на викендите!

За одржување на посакуваната тежина:

Кога ќе ја достигнете саканата тежина, одржувајте ја јадејќи го следното мени секој понеделник.

Појадок: 1 лимонада без шеќер (можете да користите вештачки засладувачи)

Ручек: 1 јајце, 1 тост, 1 домат (може да имате уште едно јаболко)

Вечера: 1 тост, 1 домат (може да имате уште едно јајце)

Инструкции и правила

-Месото и варениот зеленчук можете да ги зачините со вегета

– Не пијте алкохол

-Можете да јадете храна топла или ладна, и важно е да ја земате во правилен редослед.

– По пет дена ќе изгубите 2,5 – 5 кг.

-По пет дена, бидете најмалку 2 дена без диета и јадете нормално, но умерено. Два дена подоцна, повторете ја диетата и така 3 пати за 5 дена; вкупно 15 дена.

-За петнаесет дена диета (ако ги одземеме деновите без диета) може да изгубите до 15 кг, што нема да добиете, ако после диетата јадете нормално и секој понеделник на менито за одржување на телесната тежина.

Еве што вели миниcтepката Шaxпacка за кpaвите во недела… до тyка дojде paботата

Објаснувајќи дека во дел од дејностите не може во целост да се воведе недела да биде неработен ден, министерката за труд и социјална политика, Jaгода Шахпаска, во емисија на “ТВ 24”, наведе неколку примери каде што работниот процес не може да запре и во недела.

“Кравите мора да се молзат во недела, за да има млеко во понеделникот. Телекомуникациите исто така треба да работат и низа други. Јасно е дека треба да има надомест за работа во недела, но постојано се јавуваат дејности кои се засегнати од оваа дебата. Треба да го дефнириаме сето ова, со оглед на тоа дека треба да има ослободени од работа во недела, но има и неопходни дејности кои мораат да работат и во недела. Но, морам да напоменам дека не сакаме ова законско решение да има своја имплементација во услови на ковид пандемија”, рече Шахпаска.

Таа информира дека се работи на законското решение за недела- неработен ден и дека досега се направени две драфт верзии на законот кои се разгледани и на седница на Економско социјален совет и со писмен допис испратена до сите засегнати страни.

3a тoa дека, cмиcлата на Богojaвлeниe нe e cкокaњeтo по базените, нитy фpлањето на гyлабитe

Со векови и векови течат водите на свештениот Јордан, хранејќи го со влага тропското зеленило, кое расте покрај неговите брегови, среде пустинското пространство и непрегледните долини.

Брзите водни струи на Јордан ја оживуваат монотонијата во тој предел, кој некогаш, во дните на Стариот Завет, се одликувал со плодородие и богатство на растителен свет, сè до оној ден, кога се случило погубувањето на старозаветните нечестиви градови Содом и Гомор, чии жители, со своите беззаконија и гревови, го навлекле врз себе страшниот и праведен Божји гнев. Со векови лежи печатот на гневот Божји и нема таква сила во природата, која повторно би го оживеала пустиот дом.

Тага и скаменетост надоаѓа од јужната страна на Јорданската долина, каде што е расположено Мртвото Море, кое изобилува само со огромна содржина на сол и асфалт и кое не допушта вегетација на никаков живот во своите води и во апсолутно бесплодната почва на своите брегови. Окружено со безживотна неподвижност, тоа служи како мрачно потсетување за пустошот и смртта.

И колку често нашата душевна состојба е подобна на тој мртов басен, кога во нас гасне љубовта кон Бога, кога омртвува и се лади нашата душа, исполнувајќи сè со тага и униние, па ние почнуваме да бараме заштита од самите себе, од таа угнетувачка пустелија, која е внатре во нас, па очекуваме некој да ни помогне за да излеземе од тој духовен мрак.

Во една малку позната населба во палестинската земја, во семејството на еден добродушен и скромен дрводелец, минувале детството и младоста на Спасителот, Кој сè уште од никого не бил познат дека е ветенитот Месија. И ете, на Јорданските брегови, откако навршил 30-годишна возраст, примил крштение од светиот Јован Претеча, па потоа го започнал својот проповеднички подвиг. Откако Спасителот се крстил, се отвориле небесата, и Духот Божји во вид на гулаб слегол врз Него, и се слушнал глас од небото: „Ти Си Мојот возљубен Син, во тебе е Мојата волја“ (Лука 3: 22). Токму тука, на светот му била јавена Светата, Едносуштна, Неразделна Троица, и небото се отворило заради човекот, откривајќи му го царството на вечниот свет.

Духот Божји слегол на земјава, за да оживеат човечките срца, а со него слегло и благословението и гласот од небото, кој сведочел дека Христос навистина е Син Божји. Тоа ни го потврдуваат и зборовите од празничниот тропар: „Кога во Јордан се крштеваше, Господи, се потврди поклонувањето на Света Троица: гласот на Отецот сведочеше за Тебе и Те нарече Свој возљубен Син; и Духот во вид на гулаб, ја потврди вистината на тоа сведоштво…“.
Откако се крстил заради нашето спасение, Христос се оддалечил во пустината, и откако поминал таму четириесет дена и ноќи во пост и молитва, излегол меѓу народот за да проповеда.

Во тие дни, кога моќта на Римската империја ги угнетувала другите народи, кога неподносливиот тежок јарем на древното ропство, жестокоста, несправедливоста, пониженоста, безумниот раскош и деспотизмот на едните, а крајната бедност и обесправеноста на другите, ги раздразнувале карактерите и ги разнишувале моралните вредности, ете во едно такво време се слушнал гласот на Спасителот, кој најпрво повикувал на покајание, а преку покајанието – кон духовно вознесување.

Прогласувајќи го за основа законот на љубовта и милосрдноста, обраќајќи се кон најзаборавените, понижените и отфрлените, Христос директно говори дека секој човек, како носител на бесмртна душа, за чие искупување Бог и дошол на земјава, заслужува почит. Здравите немаат потреба од лекар, туку болните, говорел Христос, и знаејќи ја бездната на човечкото паѓање, Он ја знае и бездната на страдањата, па преку чудотворните милосрдности ги оживува и оздравува и душата и телото. Преку подвигот на Својот земен живот среде грешните и слабите, Христос им дарувал на луѓето прошка, милост и очистување.

„И одеше Исус по цела Галилеја и, кога поучуваше по синагогите, го проповедаше Евангелието на царството и лекуваше секаква болест и немоќ кај народот“ (Матеј 4: 23). Неговите проповеди биле необични, зашто никој никогаш не му се обраќал на народот со толку многу љубов, не принесувал толку многу радости и не говорел така, како што говорел Христос, никого не издвојувајќи, но на сите правејќи им добрини и милости. Во предвечните зборови на Новиот Завет звучела правдината на разобличувањето, состраданието, љубовта, безгрешната правда и мудрост.

„И по Него одеше многу народ од Галилеја и од Десеттоградието, од Ерусалим и од Јудеја, отаде Јордан“ (Матеј 4: 25). Останувајќи совршен Бог, а во исто време имајќи човечко тело и душа, Христос живеел на земјата како Човек, носејќи ја тешкотијата од нашето паѓање во грев и бремето на земниот живот, претрпувајќи лишувања, замор, гонења и страдања. Зашто „Синот Човечки не дојде да Му служат, туку дојде да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина“ (Матеј 20: 28).

И ете, доаѓа Он, секогаш окружен со толпа од народ, и се притискаат луѓето до Него и се туркаат да се допрат до крајот од Неговата облека, од која истекува извор со исцеленија. Прокажените, неизлечиво болните, слепородените, парализираните стануваат здрави. И се преродуваат порочните души и излегуваат од мракот и трулежот.
Така и Марија Магдалина, која била исцелена од Спасителот и од која биле прогонети седум демони, оставила сè и тргнала по Христа.

Жестокосрдечниот, себељубивиот и немилосрдниот Закхеј, кој најпрво од чисто љубопитство посакал да Го види Проповедникот, за Кого толку многу слушал, откако разбрал дека доаѓа Христос (како и секогаш, окружен со многу народ), па за да види кој е тој Учител, се искачил на една смоква, па откако им се вкрстиле погледите, почувствувал прелом во својата душа, а по посетата на Спасителот на неговиот дом, тој од корен го сменил начинот на живеење и тргнал по патот на добродетелите. Божјата љубов кон паднатиот човек, манифестирана во целата нејзина полнота, ги разбранувала со огромна сила светлите страни на неговиот дух.

Како светол бран, како буен поток тече во нашиот живот Божјата милосрдност. Доволно е само внимателно да погледнеме околу себе и ќе забележиме дека таа милосрдност постојано е тука, во наша близина. Поврзувајќи ја претставата за буен поток со мислите за неговата живоподателна способност, ние во своите мисли насликуваме слика на оживување на природата, зашто во близината на водните извори има бујно зеленило и слободно дишење, а добро ни е познато и тоа, колку многу плискањето на водата го одмора нашиот ум и пријатно е за нашите уши.

Јавувајќи се како симбол на расцутување, растење и очистување, а во исто време и како материја која е совршено неопходна за секое живо суштество, водата се идентификува како извор, кој го заситува чувството на духовна жед, кој го потпомага растот на духовните сили, кои, пак, се оросени со живата вода од Божественото слово. Затоа празникот на Господовото Крштение е толку многу торжествен, а во исто време и трогателен, зашто богослужбата завршува со големиот Богојавленски водосвет, во кој светиот Крст се потопува во водата, па на таков начин водите се осветуваат, а ние, пак, во своите мисли веќе имаме претстава за сето она, што се случувало на бреговите на реката Јордан.

Фактот што празнувањето на овој величенствен празник кај нас се случува во зимските денови, кои честопати се случува да бидат со големи студови и мразови, нè потсетува да не заборавиме дека животворниот и светол извор, кој ни дава да ја почувствуваме сопствена внатрешна духовна топлина, никогаш не замрзнува, па колку и да бидат ниски температурите во природата. Свечените црковни песни, велелепието на празничната богослужба, трикратното пеење на величанието: „Те величаме, Живодавче Христе, Кој заради нас во тело си се крстил од Јован во реките Јордански“, лицата на искрените верници, кои со солзи и благоговение пристапуваат до празничната икона – сето тоа ни говори за денешната духовна радост, за светоста и величието на овој спасоносен ден.

И секоја година, по извршувањето на водосветот, ние понесуваме во нашите домови од светата богојавленска вода. Овој обичај му дава уште поголемо оживување на празникот. Дај Боже, со внесувањето на оваа голема светиња во нашите домови, во нашите души да се слее и благодатта на Божјиот Дух, која во нас ќе ги раздвижи нелицемерната љубов, милосрдноста, трпението, сочувствителноста…

Допрени од свештените настани, кои се случиле на празникот Богојавление, да паднеме со молитва пред Господа, та Он да ја всели онаа љубов во нас, која не знае за пречки, која не изладува, туку секогаш е жива и ја храни нашата душа.

Само таквата љубов принесува вистинско блаженство, го омекнува и најзакоравеното срце, принесува чудна и длабока радост, проникнува со торжество и восхит. Само таквата љубов нè приближува до Бога, зашто во Него е животот и вистината, смислата и спокојот, безграничното блаженство и бескрајната света љубов. Амин!

Пишувa: Протоереј Златко Ангелески

Верувале, или не: Миле Талевски најави дека ќе се живее преубаво, ќе имало правда и дисциплина (Видео)

Прес-конференција, Миле Талевски, пратеник на СДСМ

“Ред, правда и дисциплина на секое ниво, се начелата од кои се води Владата предводена од СДСМ.

Активно се работи на подобрување на условите за работа на припадниците на Министерството за внатрешни работи, што придонесува за зголемена ефикасност во превенцијата и откривањето на законски прекршоци.

Министерството за внатрешни работи обезбеди средства во износ од 150 милиони денари за бонус плата за прекувремени часови за 2020 година.

Постојано се работи на унапредување, реконструкција и модернизација на објектите на МВР.

За три и пол години реновирани се над 46 полициски станици во државата, а за овие 4 месеци реконструирани се 5 објекти – ОВР Крива Паланка, ОУР Кавадарци, ОВР Гевгелија, објекти на воздухопловниот оддел на МВР база Петровец, а при крај е реконструкцијата на ОВР Кавадарци, и полициска станица Бит пазар.

Посветеноста на Министерството за внатрешни работи за зголемување на безбедноста во сообраќајот дава видливи резултати. Според статистичките податоци за 2020 година, имаме сериозен пад на бројот на сообраќајни незгоди, споредено со 2019 година.

Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 забележано е намалување за 21 отсто на сообраќајни несреќи. За 75 отсто е намален бројот на загинати пешаци. Сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за 47 отсто, а за 26 отсто е намален бројот на лица загинати во сообраќајни незгоди.

Овие податоци се резултат на континуираните контроли и неселективното казнување што го прави полицијата на Северна Македонија.

СДСМ продолжува со реализација на мерките и политиките зацртани во програмата. Обезбедуваме подобри услови за работа на полицијата, која е партнер и заштитник на граѓаните”.

Дупките кои се појавија по земjoтpecoт во Хрватска постојано се зголемуваат – најголемата е широка 25 метри (Видео)

После paзорниот земjoтpec кој кон крајот на минатата година ја погоди Банија, во селото Меченчани покрај Петриња, се создадоа големи дуки во тлото кои се шират, а секој ден се се пошироки.

Мештаните се во стpaв, затоа што најголемата е широка 25, а длабока 13 метри.

„Целото село има проблем. Скоро нема куќа која нема своја дупка“, рекла за хрватски РТЛ, мештанката Мирјана Дубровац. Покажувајќи ја своката дупка, која се отворила веднаш после потpecoт, Мирјана вели дека таа секој ден е се поширока.

Полицијата ги заградила дупките и тоа е засега единствено што може да се направи. Мештаните сметаат дека причината за настанувањето на дупките може да бидат подземните води.

Веат дека чекаат доаѓање на експерти од Словенија и Италија. Сепак, за дупките да бидат квалитетно санирани, треба прво да се истражат, а тоа ќе потрае некое време.

Вистинска убавица: Вака изгледа Исаура од „Преспав“ зад камерите

Актерката Емра Куртишова или попозната како „Исаура од Преспав“ често знае да сподели фотографии од синмање на серијата или од нејзиното милениче, но овојпат таа објави фотографија на која има поразлична фризура и нежна шминка, по што секако следеа многу лајкови и позитивни коментари.

Инакy, Емра е како професионален актер во Театарот за деца и младинци во Скопје, и е добро позната е кај помладата публика.

Фото/“Инстаграм”

Македонија го совлада Чиле и се пласираше во следната рунда од СП во Египет

Ракометната репрезентација на Македонија ја оствари првата победа на светското првенство и се пласираше во следниот круг од натпреварувањето.

Имено со резултат 32:29 Македонија попладнево ја совлада репрезентацијата на Чиле.

Во следниот круг на натпревари ќе се натпреварува со репрезентациите од групата Х, односно македонските ракометари ги очекуваат уште три доста тешки натпревари и тоа против Русија, Белорусија и Словенија.

За играч на натпреварот беше прогласен македонскиот капитен Кире Лазаров.

Советник, Пpaтеник, Миниcтep, Диpeктор на Цapина: СДCM Пpилеп ги негyва cвоите кадpи

Поранешниот пратеник и Министер за транспорт и врски, Горан Сyгарески, од денеска официјално го презеде директорското место во Царинската yправа.

“Денес и официјално стапувам на нова должност. И во новиот професионален предизвик продолжувам чесно, посветено и транспарентно да служам на интересите на граѓаните и државата. Ќе сторам се’ да ја оправдам укажаната доверба. Упатувам благодарност на досегашниот директор за неговиот ангажман во Царинската Управа. Можеме уште повеќе и уште подобро! Нови професионални успеси за подобра иднина!”, напиша Сугарески на Фејсбук.

Tри пати ce заљyбyваме во животот, а caмо една љyбов е виcтинcка: Eве како да ја пpeпознаете

После сите бродоломи, порази и емоционални рани, важно е да не престанете да верувате во љубов

Психолозите истакнуваат дека ние навистина се вљбуваме три пати во животот, и секоја од овие љубови се раѓа од посебна причина.

Прашањето е – Која од овие љубови е навистина вистинската? Обично се заљбуваме за прв пат во младоста, најчесто во средно училиште. Оваа љубов обично е идеализирана и тогаш ни се чини како најубавата бајка.

Врската ја започнуваме со мислата дека оваа љубов ќе трае вечно, дури и кога ќе се појават предизвици. Во оваа љубов, многу е поважно како другите нè гледаат, отколку она што навистина го чувствуваме.

Втората љубов е комплексна емотивна врска која нè учи, односно не охрабрува да откриеме што сакаме и што ни треба во љубовта. Во оваа љубов често сме изложени на манипулации или лаги. На почетокот мислиме дека овој пат избравме нешто уникатно и правилно за нас, и на крајот сме убедени дека направивме грешка. Понекогаш оваа врска може да биде токсична – емотивен ролеркостер, полн со подеми и падови, од кој стануваме зависни. Но, оваа врска има и своја добра страна, од неа учиме што е љубов и што всушност не е.

После оваа врска, се враќаме во себе, со многу повеќе љубов и знаеме што повеќе НЕ сакаме од партнерот, и што ни треба. Овие врски носат важна лекција – тие нè учат дека во секоја врска треба да останеме доследни на самите себе и да развиваме поголема самодоверба и самодоверба.

И третата љубов е вистинската. Тоа е љубов што не ја очекуваме и не ја планираме, едноставно се случува. Доаѓа во време кога сè изгледа невозможно и прави нераскинлива и необјаснива врска помеѓу две души. Во оваа врска нема идеалистички очекувања од партнерот, нема притисок и сè е толку убаво и крајно едноставно.

Тоа нè охрабрува да се развиваме духовно, да останеме верни на самите себе, а неговата главна карактеристика е почитта. Во оваа љубов има апсолутна слобода, но и најубава приврзаност.

Се чувствувате пријатно, задоволно и исполнето, и секој разговор е лек, додека секој предизвик е шанса за заедничко учење и напредок. После сите бродоломи, порази и емоционални рани, важно е да не престанете да верувате во љубовта. Постојано тропа на вашата врата и ќе влезе во вашиот живот кога ќе го отворите срцето и бидете навистина подготвени за неа.

На Коки сега му чинел Вучиќ

Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, на Твитер се пофали дека Македонија ќе добие донација од 8.000 вакцини од соседна Србија.

-Премиерот Зоран Заев, штотуку соопшти одлична вест, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска потврди дека Србија ќе ни помогне со најмалку 8.000 вакцини од Фајзер, кои ќе си ги платиме по набавна цена – напиша Костадинов.

Нели со Србија раководеше националистичко раководство?