дома блог страница 2189

(Видео) Рускиот претседател доследен на традицијата – се спушти во ледената вода на -20 степени

Рускиот претседател Владимир Путин нурна во ледената вода во московскиот регион по повод православниот празник Богојавление – Водици.

Претседателот нурна во дупка исечена во форма на крст, се прекрсти и се спушти во водата три пати.

Претходно, портпаролот на претседателот, Дмитриј Песков, објави дека Путин учествувал во капењето на Водици, дека е негова традиција „тој не се менува“.

Празникот се славеше низ цела Русија. Оваа година, водата беше осветена за прв пат на Катедралниот плоштад на Главната храна на вооружените сили на Русија, кој беше отворен во јуни минатата година. Во предградијата на Москва, беше до 20 степени под нулата, но без оглед на тоа, имаше многу кои сакаа да се приклучат на традицијата.

Cpце како планина: Прилепчанец ги храни гулабите на плоштад (Фото)

Фотографија полна со љубов

Малите работи и дела некогаш го прават човека поголем и од планина.

На фотографијата која на социјалните мрежи ја сподели новинарот Љупчо Мургоски, е Гога Најче, прилепчанец чија добрина треба да биде инспирација за сите.

“Наместо да пијам кафе, ќе ги нахранам гулабите”, велел тој пред неговите пријатели, кои му симнуваат капа за доброто дело.

Секоја чест!

(Видео) Непокорот на охриѓани: Продолжува вековната традиција во “Балканскиот Ерусалим”

И покрај забраната за прославување на верскиот празник Водици, охриѓани го покажаа својот непокор капејќи во осветенеите води во езерото.

Ниту мерките за спречување на ширење на кopoнавиpycoт, ниту минусните темератури не спречија поголема група млади граѓани да се капат во езерото.

Нашите стари верувале дека ноќта меѓу 18. и 19. јануари е време кога небото се отвора и „Бог се јавува“.

Според верувањето, Богојавление-јавувањето или објавата од Бог, се случува во текот на ноќта во очи на Богојавление, кога за миг се отвора небото за да се вкрстат ветровите што дуваат во зима со оние што дуваат во лето. Во тој миг сите води на светот престануваат да течат, а оној што ќе се затекне на отворено и ќе го види тоа, може од Бог да побара исполнување на една желба.

Според христијанското верување, во 30. година од нашата ера Исус Христос како дрводелец живеел со својата мајка Марија и нејзиниот сопруг Јосиф, а потоа го повикал Јован Крстител да го крсти во реката Јордан. Според Библијата, веднаш по крстењето, а тоа било извршено со три пати потонување во водата, се отворило небото и се слушнал гласот на Отецот Бог кој објавил дека Исус е негов син, а тогаш рамото на Исус слетал Светиот Дух во облик на гулаб. Со ова крштевање Исус го означил почетокот на својата мисија и проповедите.

Богојавление е еден од петнаесетте најголеми христијански празници. Него го карактеризираат и голем број други верувања и обичаи кои се практикувале во минатото.

Бумбароски: “МОН ги омалуважува одделенските наставници, a Мила носи шал од 400 евра”

– Одделенскиот наставник игра важна улога во заедницата, од давање знаење до зачувување на благосостојбата на децата, инспирирање на критичка мисла и морални вредности. Тој најчесто е страствена и посветена индивидуа со силна желба за доживотно учење. Затоа, со секое потценување и обезвреднување на одделенските наставници, всушност се обезвреднува и удира врз ТЕМЕЛОТ на образовниот процес

– Во последно време сведоци сме на многубројните омаловажувања на наставничката професија. Како тоа да беше малку па по објавувањето на новата сомнителна концепција/реформа за основно образование од страна на МОН, тие омаловажувања се засилија, посебно кон одделенските наставници.

Ме изненади и користењето на мноштво навреди на дел од предметните наставници со потценувачки тон насочени против сопствените колеги и пријатели, одделенските наставници. Не само што не доликува… Не само што НИШТО не се постигнува со користење на навредлив и понижувачки вокабулар… Туку тоа е сосема спротивно од професијата УЧИТЕЛ, почитувани колеги.

Одделенскиот наставник покрај тоа што секојдневно одржува настава тој и ги подготвува учениците за наредните нивоа на образование преку СОВЕТУВАЊЕ, ОБЈАСНУВАЊЕ, ПОКАЖУВАЊЕ, УТВРДУВАЊЕ, ПОУЧУВАЊЕ, ОБРАЗУВАЊЕ, МОТИВИРАЊЕ, ВОСПИТУВАЊЕ, ОХРАБРУВАЊЕ, ПОСТАВУВАЊЕ, ПОТСЕТУВАЊЕ, ИНСПИРИРАЊЕ, ДЕФИНИРАЊЕ, НАБРОЈУВАЊЕ, НАВЕДУВАЊЕ, УЧЕЊЕ…

Целата колумна прочитајте ја на порталот ДЕЦА.МК.

Автор: м-р Гоце Бумбароски, наставник по одделенска настава ООУ Кочо Рацин – Прилеп

(Видео) Преседан на инаугурацијата на Бајден: После 152 години за првпат нема да присуствува претседателот во заминување

Пред утрешната инаугурација на 46-от американски претседател Џо Бајден, во Америка се организира како еден од најризичните досега, поради можноста за конфликт во Вашингтон, но и поради сеприсутната глобална пандемиja, во која животот го загубија повеќе од 400 000 Американци.

Овој настан ќе биде посебен бидејќи бројот на посетители е ограничен поради пандемиjaта на кopoнавиpycoт, и овој пат медиумите нема да имаат можност да ја измерат популарноста на новиот претседател според бројот на неговите поддржувачи кои би дошле на инаугурацијата.

Само членовите на Конгресот на САД и по еден гостин ќе присуствуваат на настанот, а организацискиот одбор за инаугурацијата забрани присуство на граѓани.

Патем, инаугурацијата на Бајден не е една од најневообичаените само поради пандемијата, туку и поради фактот што за прв пат по 152 години, претседателот во заминување нема да присуствува на инаугурацијата по изборите, бидејќи Доналд Трамп потврди дека не планира да се појави на настанот.

Пee подобро и од некои македонски пејачи: Јапонец ја изведува “Ако yмpaм ил загинам” (Видео)

По изненадувањето кое ни го приреди јапонски оперски пејач Казухиро Котецу со песната „Македонско девојче“, на самиот ден од дочекот на Новата 2021 год, денеска не воодушевува со уште една негова изведба. Овој пат тој ја отпеа „Ако умрам ил загинам“ од легендарниот Јонче Христовски.

Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, за пријателскиот народ од Македонија ја изведе песната „Македонско девојче“.

Неговиот голем пријател македонскиот тенор Благој Нацоски вели дека Казухиро песните ги снима во Токио и дека тој е голем пријател на Македонија.

Ибрахимовиќ со два нови погодоци се впиша во листата на рекорди

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ беше двоен стрелец синоќа во триумфот над Каљари (2:0) во натпреварот од 18. коло на Италијанскиот фудбалски шампионат. За 39-годишниот Швеѓанец овие погодоци се први во 2021 година.

Така, Ибрахимовиќ се запишува во листата на стрелците 23 години по ред. За прв пат тој постигна гол на 30 октомври 1999 година како дел од матичниот клуб Малме. Напаѓачот играше во Шведска до 2001 година, по што се пресели во Ајакс.

Потоа настапуваше за големи фудбалски екипи како Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед, Лос Анџелес галакси.

На почетокот на 2020 година се врати во Милано и има голема заслуга за лидерската позиција на Милан во Серија А.

„Бог се јави“: Православните верници денеска празнуваат Богојавление – Водици

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 јануари.

Денеска е Богојавление (Водици).

Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

Поврзаноста на празниците Рождество Христово и Богојавление е воочлива во самата содржина на богослужбените песни. Во стихирите на празникот Рождество Христово наоѓаме мисли и изрази кои се однесуваат на празникот Богојавление, а во Богојавленската служба изрази кои се однесуваат на Рождеството. Тоа се оправдува со фактот дека во почетокот на 6 / 19 јануари се славел еден колективен празник (επιφὰνεια, ϑεοφὰνεια = Богојавление), кој соединувал повеќе настани од Христовиот живот на земјата, односно се празнувало општото Божјо јавување на земјата. Подоцна кога од празникот на 6 јануари се издвоиле останатите спомени (како на пример Рождеството Христово), главниот спомен кој останал да се празнува на овој ден било Крштението на Господ Исус Христос на реката Јордан.

Во историјата на празникот Богојавление можеме да следиме три периоди: првиот е периодот на III век кога Богојавлението е главниот настан кој се празнува на 6 јануари, но е поврзан со повеќе настани од Божјото јавување на земјата; потоа вториот период е IV век, кога Рождеството Христово станува центар на празнувањата во овој ден; и третиот период е крајот од IV век и подоцна, кога споменот на Рождеството Христово се издвојува од Богојавлението.

Празникот Богојавление се нарекува така зашто во мигот на Крштението Христово „се покажа поклонувањето на Света Троица“. Отецот зборуваше од небото за Синот Кој се крштева, Синот Божји се крштеваше од св. Јован и како таков беше посведочен од Бога Отецот, а Светиот Дух Кој слезе во вид на гулаб го потврди гласот на Отецот. Уште се нарекува и „Просвештение“, зашто во древноста во навечерието на празникот, по примерот на Христа се крштевале и со Божјата благодат се просветлувале огласените.

Овој празник започнал да се слави на Истокот уште во III век и тоа особено во Египет. Првото сведоштво за него го наоѓаме кај св. Климент Александриски (215 г.), во неговото дело „Стромата“, каде што вели дека следбениците на гностичкиот еретик Василид уште пред православните започнале да го слават овој празник. Имено, за нив овој празник имал големо значење – нивното учење вели дека Христос бил само обичен човек, а станал Син Божји во мигот на Неговото Крштение. Православните, пак, спротивставувајќи му се на ваквото погрешно учење на гностиците, го востановиле овој празник објавувајќи ја преку него особено силната и длабока смисла на Божјото јавување. До почетокот на IV век Богојавлението веќе се славело насекаде. Неговата самостојност започнува на Истокот, од каде што подоцна е пренесен на Запад.

Според главниот спомен на Богојавление – Крштението Христово, во древноста, во навечерието на празникот се извршувало осветување на водите за крштение и биле крштевани огласените. Исто така особено значајна е традицијата на големото торжество на реката Јордан, во која на полноќ многумина влегувале во водата да се искапат, а ова капење ги очистувало телесните и духовните рани. Според Уставот, во навечерието на празникот и на самиот негов ден се врши осветување на водите. Стихири за богослужбата на овој празник имаме од: Јован монах, Визант, Козма монах, Анатолиј, Патријархот Герман, а каноните ги напишале св. Јован Дамаскин и св. Козма Мајумски.

Специфично за празникот е и тоа што во древноста, Александриските епископи според одредбите на Првиот вселенски собор, секоја година за Богојавление ги испраќале и своите посланија до старешините на црквите во кои бил објавуван датумот на празникот Воскресение за таа година. Старешините потоа им го објавувале тој датум на верните. Тоа го практикувале зашто токму во Александрија цветала астрономската наука. Така, Црквата зачувала многу пасхални посланија од Александриските епископи, меѓу кои се и оние на светите Теофил, Дионисиј, Атанасиј и Кирил Александриски.

Смислата на празникот Богојавление

Христос „на секому му ја даде можноста да ја стекне благодатта на синовството, да го стекне Богојавлението во својот личен живот. Тоа јавување Божјо го сочинува богопознанието, а бидејќи тоа е егзистенцијално собитие, затоа и го предизвикува спасението“ (Јеротеј Влахос).

Собитието на создавањето е едно чудесно таинство во кое Троичниот Бог се јави и го повика човекот од небитие во битие, го создаде според образот на Словото, вдахнувајќи во него живот преку Светиот Дух. Човекот живееше во благодатно заедничарење со Бога, за него небесата беа отворени и од таму тој го слушаше гласот на својот Создател, разговараше со Него сѐ до мигот кога заради неговата непослушност тој ја изгуби благодатта и заедницата со Бога. Како последица на тоа небото се затвори за сиот човечки род, кој сега веќе не можеше да преуспева во духовниот живот, ниту да бива поткрепуван и просветлуван од Божествената благодат. И живеејќи без Бога, валкајќи се, потопувајќи се во нечистата и матна вода на гревот човекот достигна страдање, кое, пак, за своја последица го имаше целосното деформирање на неговата личност.

Но, Божјата љубов и сострадание кон родот човечки е толку голема, што Бог Отецот Го испрати Синот Свој, чиешто доаѓање на земјата имаше за цел да му ја објави на човекот предвечната Божја промисла за него, според која тој е создаден по образ и подобие на Христа, Словото Божјо. И еве, Крштението Христово ни покажува дека Он дојде при нас, го зеде нашиот образ, за да го очисти, просветли и облагодати за ние полесно да дојдеме до Него. Он е Новиот Адам Кој сега повторно го отвора небото, од каде гласот на Отецот ја покажа, ја објави обожената човечка природа примена од Христа. Јавувањето, пак, на Светиот Дух во вид на незлобив и кроток гулаб, го објави крајот на потопот од гревот и почетокот на несфатливата милост Божја кон нас луѓето. И сето ова Бог го направи за да можеме ние повторно да се искачуваме кон Бога и да стекнеме заедница со Него.

Така, значи Пресвета Троица учествуваше во создавањето на човекот и ете, сега повторно Пресвета Троица учествува во неговото пресоздавање. И тоа покажува една голема богословска тајна: дека единствено човекот, кој е создаден според образот Христов, може да биде посветеник и поклоник на Пресвета Троица. Затоа Црквата овој ден го нарекува и празник на пресоздавањето на човекот, почеток на неговото обожување.

Богојавлението, пак, за нас почнува во крштелниот купел, кој е духовна утроба што нѐ преродува за еден висококвалитетен и достоинствен живот. Ние во крштението се очистуваме, ја отстрануваме Адамовата нечистотија, го измиваме нашиот внатрешен човек. Ја примаме благодатта Божја, го примаме залогот на Духот, но го примаме со можност да се усовршуваме. Според тоа, кога човекот прави гревови, тој ја валка веќе очистената и измиена негова природа. Тогаш благодатта се повлекува од него и тој духовно умира зашто ја губи својата заедница со Бога и можноста што ја примил на крштението. „Секако благодатта не се губи целосно, но во овој случај таа не го врши спасението“ (Ј. Влахос).

Сепак радоста на празникот Богојавление е токму во верата дека сѐ може одново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди. А тоа се случува во мигот кога ние суштински ќе се доближиме до празникот и ќе сфатиме дека очистувајќи се повторно ќе ја привлечеме благодатта Божја во нашиот живот. Колку и да сме извалкани, помрачени и со своите гревови оддалечени од Бога, сепак, во нас не згаснала надежта и жедта за доброто, совршеното и убавото. Тогаш кога ќе одлучиме да живееме во совршена послушност кон Бога, исполнувајќи ја Неговата најголема заповед за љубов кон ближните, тогаш и небото на нашиот внатрешен живот постојано ќе биде отворено и ние слободно ќе разговараме со Бога, Чијашто светлина ќе го озарува целокупното наше битие.

3a 15 дена минys 15 килогpaми: Нова хит диета со пopтокали и jajца

Се заснова на точно утврдени правила … Оваа диета е наменета за дебели луѓе, но и за оние кои имаат проблеми со варење или нечиста кожа, бидејќи ја намалува апсорпцијата на маснотиите на природен начин, па затоа ја прави кожата поубава.

Диетата е прилично ограничувачка, па затоа пред да одлучите да ја користите, консултирајте се со нутриционист и лекар и следете ја под медицински надзор. Многу е важно, доколку се одлучите за оваа диета, да си поставите реални цели.

Пожелно е дека дури и со најограничувачките диети, телото да губи максимум половина килограм на ден.

Оваа диета нуди можност за губење на цел килограм на ден.

Бидејќи помалку јаглехидрати се трошат за време на вежбање, мускулната маса се намалува, затоа е потребна физичка активност. Може да биде фитнес, трчање, возење велосипед, пливање или едноставно пешачење. Не посолувајте ја храната премногу, бидејќи задржува вода во организмот. Користете билки наместо сол.

Меѓутоа, ако немате премногу вишок килограми, тогаш прибегнете кон друга диета! Или вежбајте го според поблаг, прилагоден рецепт.

МЕНИ

Понеделник

Појадок: 1 портокал (или во сличен опсег круша, праска, лубеница, диња …. не банана), 2 двопек, чаша кафе или чај без шеќер.

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 кисело млеко (или јогурт).

Вечера: 2 домати или 2 дцл доматно пире, 2 варени јајца, 1/2 кг зелена салата (мала глава) или краставица, 2 двопек.

Вторник

Појадок: 1 портокал, (или во сличен опсег круша, праска, лубеница, диња – не банана), 2 двопек, шолја кафе или чај без шеќер.

Ручек: 1 портокал, 1 јајце, 1 кисело млеко, 2 двопек.

Вечера: 125 гр мелено говедско месо, 1 домат (или 1дцл доматно пире), 1 тост, 1 чаша чај или кафе.

Среда

Појадок: 1 портокал (или во сличен опсег круша, праска, лубеница, диња – не банана), 2 двопек, чаша кафе или чај без шеќер.

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 кисело млеко, 1 мала салата.

Вечера: 125 гр мелено месо, 1 портокал, 1 тост, 1 чаша кафе или чај.

Четврток

Појадок: 1 портокал (или во сличен опсег круша, праска, лубеница, диња – не банана), 2 двопек, чаша кафе или чај без шеќер.

Ручек: 125 гр свежо кравјо сирење со малку млечна маст (а може да користите и сирење моцарела), 1 домат, 1 тост.

Вечера: 125 гр мелено месо, 2 домати или 2 dcl доматно пире, 1 јаболко, 1 тост

Петок

Појадок: 1 портокал (или во сличен опсег круша, праска, лубеница, диња – не банана), 2 двопек, чаша кафе или чај без шеќер.

Ручек: 200 гр варено месо или риба, 1 домат, 1 тост

Вечера: 500 гр варен зеленчук (моркови, грашок, компири, (), 1 јајце, 1 домат. Јадете нормално за време на викендите!

За одржување на посакуваната тежина:

Кога ќе ја достигнете саканата тежина, одржувајте ја јадејќи го следното мени секој понеделник.

Појадок: 1 лимонада без шеќер (можете да користите вештачки засладувачи)

Ручек: 1 јајце, 1 тост, 1 домат (може да имате уште едно јаболко)

Вечера: 1 тост, 1 домат (може да имате уште едно јајце)

Инструкции и правила

-Месото и варениот зеленчук можете да ги зачините со вегета

– Не пијте алкохол

-Можете да јадете храна топла или ладна, и важно е да ја земате во правилен редослед.

– По пет дена ќе изгубите 2,5 – 5 кг.

-По пет дена, бидете најмалку 2 дена без диета и јадете нормално, но умерено. Два дена подоцна, повторете ја диетата и така 3 пати за 5 дена; вкупно 15 дена.

-За петнаесет дена диета (ако ги одземеме деновите без диета) може да изгубите до 15 кг, што нема да добиете, ако после диетата јадете нормално и секој понеделник на менито за одржување на телесната тежина.

Еве што вели миниcтepката Шaxпacка за кpaвите во недела… до тyка дojде paботата

Објаснувајќи дека во дел од дејностите не може во целост да се воведе недела да биде неработен ден, министерката за труд и социјална политика, Jaгода Шахпаска, во емисија на “ТВ 24”, наведе неколку примери каде што работниот процес не може да запре и во недела.

“Кравите мора да се молзат во недела, за да има млеко во понеделникот. Телекомуникациите исто така треба да работат и низа други. Јасно е дека треба да има надомест за работа во недела, но постојано се јавуваат дејности кои се засегнати од оваа дебата. Треба да го дефнириаме сето ова, со оглед на тоа дека треба да има ослободени од работа во недела, но има и неопходни дејности кои мораат да работат и во недела. Но, морам да напоменам дека не сакаме ова законско решение да има своја имплементација во услови на ковид пандемија”, рече Шахпаска.

Таа информира дека се работи на законското решение за недела- неработен ден и дека досега се направени две драфт верзии на законот кои се разгледани и на седница на Економско социјален совет и со писмен допис испратена до сите засегнати страни.