дома блог страница 2188

Mу дал капар веспа за да изврши занаетчиски работи: Прилепчнаец пpиjaвил дека бил измамен

На 18.01.2021 во 10.30 часот во ОВР Прилеп, И.С.(44) од Прилеп приjaвил дека бил измамен К.Б. од Прилеп.

-Според пpиjaвеното, во март 2020 година тие се договориле К.Б. да изведува занаетчиски работи во зграда во изградба во Прилеп, инвестиција на И.С., а како аванс за И.С. да му даде веспа на К.Б.. Како што е пpиjaвено, И.С. му ја дал веспата и од тој момент до пpиjaвyвањето К.Б. не ја завршил договорената работа и не ја вратил веспата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МРВ.

Ajде сите заедно да го пpoмениме ayтиcтичниот cвет на малиот Дejaн од Пpилеп: Потpeбни се нови два тpeтмани со матични клетки во Tyрција

Maлиот Дејан Најдоски од Прилеп кој има аутизам, досега успешно помина четири третмани со матични клетки во болницата во Турција.

Сумата која беше потребна за негово лекување изнесуваше огромни 54.000 евра. Со помош на сите хумани граѓани, преку хуманитарни концерти и низа настани, Дејан навреме стигнуваше до третман во Турција и досега четири пати се радуваме на вестите околу подобрување на неговото здравје.

За малото ангелче од Прилеп неопходни се уште два третмани со матични клетки, а сумата која е неопходна за тоа е 14.000 евра.

Сите кои сакаат малиот Дејан да има нормално детство како сите негови врсници, можат да донираат по 100 денари на следните телефонски броеви:

Личните карти, пасошите и возачките дозволи стануваат двојазични- ќе се додаде и „северна“

Владата денеска ги утврди текстовите на Предлог-законот за изменување на Законот за патните исправи на државјаните, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта и на Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Како што соопшти владината прес-служба, утврдувањето на овие текстови е поради усогласување со законските решенија во Законот за употреба на јазиците, како и од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ со патни исправи со новото уставно име на државата, запазувајќи го рокот наведен во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од 33 до 36 на Уставот.

Од Владата најавуваат дека Предлог-законот за изменување на Законот за патните исправи на државјаните на Република СМакедонија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, како и Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието во редовна постапка.

Извор: kurir.mk

Baков тандем нема ниту една екипа на “стapиот континент”: Заедно имаат 73 години, имaaт пocтигнато 744 голови и подигнале 54 тpoфеи

Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ е нов член на Ац Милан и ќе игра во тандем со Златан Ибрахимовиќ во нападот на италијанскиот гигант.

Хрватскиот голгетер потпиша договор до крајот на сезоната со опција да продолжи уште една сезона.

Тие двајца заедно имаат 73 години и го рушат просекот во навистина младиот тим на Милан.

Во овој момент ниту еден тим во Европа не може да се пофали дека има ваков тандем. Имено двајцата фудбалери заедно имаат постигнато 744 голови и подигнале 54 трофеи.

Германците ги очекува “мега-локдаун”: Новите мерки се најстроги до сега

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе усвои нов пакет мерки против кopoнавиpyc на денешната средба со лидерите на федералните влади, што ќе биде построг од постојниот. Многумина ги нарекуваат новите мерки „мегалокдаун“.

Германија е во вид на блокада од ноември, која требаше да трае само четири недели на почетокот и дефинитивно да заврши пред Божиќните празници. Во меѓувреме, училиштата, продавниците кои не продаваат основни намирници, барови, ресторани и забавни и културни објекти се затворени во земјата, со мерки што постепено стануваат построги од воведувањето. Во сила е и мерката според која едно домаќинство може да го посети само едно лице надвор од тој круг.

Во области каде има повеќе од 200 нови случаи на 100.000 жители, не е дозволено да се напушти куќата повеќе од 15 километри за 7 дена.

Експертите, како и бројни политичари се согласуваат дека постојните мерки треба да се засилат затоа што дневниот број на новозаболени лица е рекорден.

Според „Франкфуртер Алемаин Цајтунг“, Меркел ќе побара училиштата да останат затворени, задолжителна работа од дома, задолжително носење на медицински маски или маски FFP2 на јавно место, па дури и полициски час, а мерките треба да траат до 15 февруари.

Шпигел и Ројтерс дојдоа во сопственост на нацрт-мерките што Меркел ќе ги претстави денес.

Како што е наведено, мерката според која само членовите од исто домаќинство имаат право да се дружат треба да остане во сила, додека само на едно лице им е дозволено да ги посети.

Друга важна мерка би била обврската да се носат маски во јавниот превоз и продавници.

Нацртот особено нагласува дека е клучно училиштата и градинките да останат затворени. „Постојат индикации дека мутираниот вид на виpyc се шири побрзо кај децата и адолесцентите отколку претходните видови на виpycoт“, се вели во документот. Затоа, училиштата ќе останат затворени до 15 февруари.

Исто така, се планира да се зголеми притисокот врз работодавачите за да им се овозможи на нивните вработени да работат од дома каде што е можно преку посебни прописи.

Дали во најава е нов Пленум? Наставниците се подготвуваат за протести

Собранието на Независниот синдикат за образование и наука донесло едногласна ОДЛУКА за отпочнување подготовки за протести како резултат на недостаток на конструктивен и транспарентен дијалог со Министерството за образование и наука (НСОН).

Во период што претстои НСОН засилено ќе работи на зголемување на бројот на членови со цел да ја зголеми синдикалната моќ за спроведување на протести со следните барања:

– Вклучување на просветните работници во креирање на реформите во образование преку Наставничките совети во секое училиште;

– Исплата на двојно зголемениот работен учинок на наставниците од прво до трето одделение;

– Исплата на плата во законски предвидениот рок и во висина согласно колективниот договор;

– Зачувување на работните места на сите вработени во секторот образование;

– Исплата на додаток на плата или обезбедување на организиран превоз за вработените во руралните средини.

Одлуката за започнување на протести НСОН ќе ја достави до сите здруженија на наставници како и до сите формални и неформални групи на просветни работници кои искажаа огромен револт во врска со моменталната состојба во секторот образование, и истите ќе бидат поканети да му се придружат во НСОН и да учествуваат во претстојните протести.

“Комунизам било, ова не било”: Охриѓани револтирани на полициjaта и влacта

Имаат ли право охриѓани, кога велат комунизам било, ова не било?

Водици е најзначајниот празик за Охрид. Иако годинава немаше масовно осветување на Охридското Езеро, а водосвет се вршеше во црковните храмови и дворови, за да не се напушти вековната традиција, педесетина капачи ѝ останаа верни на традицијата и се искапија во ладните езерски води.

На брегот можеше да се забележи и присуство на полицски службеници, кои неколку пати ги опоменуваа дел од присутните да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД 19, да носат маски и да држат дистанца. На сите капачи по излегувањето од вода им беа земани податоци.

Извор: “Република”

Мицкоски дециден: “Нема ниту една капитална инвестиција, пак ќе ве поткупуваат пред избори”

Информацијата дека финишираат деталите за петтиот сет мерки на Владата за стопанството ја коментира лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

– Подготвувале петти пакет мерки, помош за стопанството. Ниту една реченица консултација со пратеници од опозицијата, стопанството чека средба. Нема реализација на капитални инвестиции, нема нови болници, нема компјутер за секој ученик, нема помош за земјоделците, но затоа има картички и ваучери.

Избори се ближат, па треба да поткупуваат и крадат. Толку знаат и можат. Да не биде после лелекање по амбасади дека опозицијата блокира.

(Видео) Рускиот претседател доследен на традицијата – се спушти во ледената вода на -20 степени

Рускиот претседател Владимир Путин нурна во ледената вода во московскиот регион по повод православниот празник Богојавление – Водици.

Претседателот нурна во дупка исечена во форма на крст, се прекрсти и се спушти во водата три пати.

Претходно, портпаролот на претседателот, Дмитриј Песков, објави дека Путин учествувал во капењето на Водици, дека е негова традиција „тој не се менува“.

Празникот се славеше низ цела Русија. Оваа година, водата беше осветена за прв пат на Катедралниот плоштад на Главната храна на вооружените сили на Русија, кој беше отворен во јуни минатата година. Во предградијата на Москва, беше до 20 степени под нулата, но без оглед на тоа, имаше многу кои сакаа да се приклучат на традицијата.

Cpце како планина: Прилепчанец ги храни гулабите на плоштад (Фото)

Фотографија полна со љубов

Малите работи и дела некогаш го прават човека поголем и од планина.

На фотографијата која на социјалните мрежи ја сподели новинарот Љупчо Мургоски, е Гога Најче, прилепчанец чија добрина треба да биде инспирација за сите.

“Наместо да пијам кафе, ќе ги нахранам гулабите”, велел тој пред неговите пријатели, кои му симнуваат капа за доброто дело.

Секоја чест!