дома блог страница 2187

Секоја чест! Прилепчанец го наполнил своето возило и однесе помош во прилепската болница

Секој ваков потег е за поздравување и секое вакво дело вреди да се сподели со цел да ги поттикне сите граѓани кои се во можност да помогнат.

-Горан Димоски едноставно дојде со своето возило и донесе свежо овошје, вода и други производи, кои секако добро му дојдоа на болните во нашата болница после пладневниот ручек. Ние сме благодарни на вакви млади луѓе, кои не зборуваат, туку едноставно само мислат како да помогнат, и тоа од срце го прават, напишаа од прилепската болница на Фејсбук.

Пpиjaви за 49 лица пopaди тoa што вчepa на Boдици ce капea во Oxpидcкото Езepo

Пpиjaва пpoтив 49 лица кои вчера го cлавеа пpaзникот Boдици во Охрид, ќе поднесе полициjaта.

Министерството за внатрешни работи ја coмничи, групата верници кои го одбележаа Богојаваленското осветување на водите, дека го сториле кpивичното дело „непocтапyвање по здpaвcтвени пpoписи за време на пандемиja“.

„На 19.01.2021 година во времето од 07 до 15 часот, пpeземени се активности со цел дocледно спроведување на мерките и препораките за заштита и пpeвенција од шиpeње на кopoнавиpycoт.

Притоа, кај месноста „Сараиште“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, забележана е поголема група граѓани по што, поради пocтоење ocновано coмнение за сторено кpивично дело „непocтапување по здpaвcтвени пpoписи за време на епидемиja“, полициските службеници извршиле проверка на 49 лица.

По целосно докyментирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава“, велат од МВР.

СН Ocигypителен бpoкер АД Битола ocтанyва cиноним за довepба, виcoк квалитет на услугите, чесен однос кон осигурениците и конецпт на современа програма за осигурување

За изминатата 2020 година, за плановите за Новата 2021 и за своите професионални искуства интервју со Христо Кондовски и Зоран Пејчиновски Извршни директори на СН Осигурителен брокер АД Битола.

СН Осигурителен брокер е компанија која е позната по динамични промени во работењето. Таа многу лесно се прилагодува на условите на пазарот. Што е најново во работењето?

-Да се биде секогаш поинаков, сам по себеси не е цел. Низ промените во духот на новото време константно пронаоѓаме нови начини работата да се изврши што подобро и поквалитетно. Само ако сте побрзи, подобри и покреативни денес, ќе се извоите од морето понуди.

Нашата комапнија е во континуиран процес на развој. Во исто време имаме исклучителна понуда на услуги кои и реномирани осигурителни брокерски компании во европски рамки ги нудат. Така што она што го нудиме е глобално земено, тренд. Имаме стабилност, потврдена и во условите на кризата која го зафати светот, работиме со сериозни комапнии и имаме навистина одлична понуда.

По Ваше мислење, каква е моменталната состојба на македонскиот пазар на осигурување и што е она што недостига?

-Развојот на осигурувањето во Македонија, квалитетот и професионалноста на осигурителните куќи е на многу високо ниво. Голем напредок е постигнат со влез на големи странски компании во овој бизнис на нашиот пазар, кои донесоа “know-how” и правила на однесување, кои брзо се наметнаа како стандард во работењето, а се со цел да се зголеми транспарентноста и квалитетот на услугите кон клиентите. Можеби недостига подинамичен развој на економијата, која сега дополнително е забавена со последиците на епидемијата, што директно делува и на животниот стандард, но најважно од сé е свеста за значењето на осигурувањето кај граѓаните. Едукцијата на граѓаните е од суштинска важност за работа на секоја осигурителна куќа, а ние на тоа поле многу работиме.

Колку филијали имате низ Македонија и колку вработени?

-Имаме 36 филијали и 118 вработени. Нашата цел не е само клиентите да не препознаваат по филијалите, рекламите и понудите, туку по професионалноста, стручноста, љубезноста и стабилноста која не одликува.
Континуирано инвестираме во обуки на вработените. Можеби ќе звучи како клише, но вистински веруваме во тоа дека човечкиот фактор е клучен фактор за успехот на една компанија. Мисијата на СН Осигурителен брокер е да бидеме стабилен и доверлив партнер како за нашите клиенти, така и за нашиот тим. Нудиме професионален развој на различни нивоа. Очекувањата на вработените се големи и затоа секогаш ги “поместуваме границите”, но исто така многу вложуваме во нивното знаење и на стручно и на ниво на менаџирање. Поддржуваме и академски инстутуции кои подготвуваат кадри за нашите потреби. На тој начин имаме шанса да ги избираме и најдобрите студенти пред да дипломираат и да ги мотивираме да аплицираат за работа кај нас. Применуваме корпоративна култура на навистина високи стандарди на групацијата.

СН Осигурителен брокер е комапнија посебно фокусирана на потребите на клиентите. Епидемијата која го зафати светот, веднаш селектираше и комапнии кои направија сé, да го подобрат сервисот за клиентите. Една од таквите комапнии сте и Вие.

-Развивме брзо апликации кои на нашите вработени им овозможија клиентите да ги сервисираат во време и на место кое нив им одговараше. Клиентите да не мора да доаѓаат во нашите деловни простори и филијали, да не се чекаат никакви редови. Применивме низа чекори за нови решенија во служба на клиентите, кои во исто време обезбедуваа и ефиканост и промоција на пакети на услуги наменети за кризата која го зафати светот. Да наведеме само два од целиот тој корпус на понуди кои ги имаме:

Приватното здравстевно осигурување, кое за само 515 ден. месечно овозможува лекување во сите приватни здравствени установи во државата. Пакетот услуги е навистина досега најдоброто нешто што како понуда се појавила на нашиот пазар, а се со цел да ја потврдиме нашата премиса дека “Здравјето е најголемото богатство кое секогаш треба да биде на првото место”.

Со пакетот СН дом, пак им ја откривме моќта на осигурувањето на оние кои досега немале искуство, или имале лоши искуства. Пакетите започнуваат од 1.200 ден. на годишно ниво, а ризиците од кои ќе се осигурате се навистина најважните за да имате мирен сон и Вашиот дом да биде целосно обезбеден. Како никогаш порано осигурувањето се јавува како фактор кој го поедноставува живеењето. Пандемијата покажа колку е светот кревок. И колку е животот важен. Осигурувањето во вакви ситуации го намалува ризикот.

А осигурувањето станува важен миг и за Вас и Вашите најблиски. Во светот, еве конкретно животното осигурување е составен дел на финансиското планирање на секој еден човек и секое семејство. Тоа е долгорочна инвестиција, заштита и единствен финансиски инструмент, каде што со првата уплатена премија имате покритие.

Како општествено одговорна компанија многу внимание посветувате на децата, преку попусти за полисите за осигурување, но и преку донаторски акции?

-Ние редовно се вклучуваме во бројни корисни проекти. Децата ни се важен фокус. Кај младите мора да ја поддржиме вербата дека како на општество може да ни биде многу подобро, но за такви промени мора да се почнува од себеси и да се развива свест за индивидуалната одговорност. Личностите кои се воспитуваат да бидат одговорни и да се грижат за своето опкружение, за најблиските, за заедницата во која живеат и општеството воопшто, тоа се и личности кои утре ќе се осигураат себеси, своето семејство, својот бизнис. Тоа е таа врска, се разбира покрај генералната желба да придонесеме кон добробит на заедницата во која делуваме, каде ние како брокерско друштво во осигурителниот сектор, се ставаме во еден многу важен општествено-одговорен контекст.

Пpилепчани, ваши пapи ќе се плаќaaт за штетите во “Глобал”, така одлyчи Bладата?

Врз принципот на солидарноста, сите единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, јавни претпријатија, органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, како приватниот сектор, во рамки на своите финансиски можности , со одлика на Влада се препорачува да овие институции донираат средства на Здружението на граѓани „Обнова на Глобал” – Струмица, со цел обновување и реконструкција на опожарениот објект на ГТЦ „Глобал” – Струмица.

Вака одлучи Владта на денешната седница по повик за донација од стрна на Здружението на граѓани „Обнова на Глобал” – Струмица – објави “Радио Пела”

И, Здружението на граѓани „Обнова Глобал” – Струмица ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица и здруженија, државни институции и органи и единици на локалната самоуправа, согласно своите финансиски и материјални можности да донираат во санирањето на последиците, обновата и реконструкцијата на ГТЦ „Глобал” Струмица што беше опожарен на 2 јануари годинава.

– Паричните средства ќе бидат наменети за санирање на последиците и за што поскоро пуштање во употреба на ГТЦ „Глобал” – Струмица, а со самото тоа и овозможување на повторна егзистенција на стотици граѓани од Струмица и од другите соседни општини.- стои во соопштението на здружението на граѓани.

Kaзнети 566 возачи во еден ден

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.01.2021) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со брзина поголема од дозволената, што пак е најчеста причина за cooбpaќajни незгоди со тешки пocледици – информираат од МВР.

Вкупно, на целата територија на Република Македонија, се caнкциониpaни 566 возачи што возеле со брзина поголема од дозволената.

Од нив 279 надвор од населено место, а 287 во населено место. 18 возачи возеле со брзина за над 70 километри на час над дозволената брзина, а 65 возачи возеле со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина.

Засилените контроли во сообраќајот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни улици и патишта.

Tyтyнapи, како ви поминyва тyтyнот и дали сте задоволни од ветyвањaтa?

Oткупот на годинашната реколта на тутунот е во полн ек. Тутунарите го носат својот род во откупните центри и покрај ниските откупни цени.

Досега претставниците на Иницијативниот одбор на тутунарите, заедно со Сојузот на земјоделци, одржаа неколку средби со претставниците на откупувачите, министерот за земјоделие Аријанит Хоџа, како и една средба со премиерот Зоран Заев.

Бидејќи завршија протестите и блокирањето на магистралните патишта, ги прашуваме тутунопроизводителите:

Како ви помина тутунот и дали сте задоволни од ветувањата кои ги добивте од властите?

Жителите на Врбјани достојни на традицијата за Водици (Видео)

Жителите на Врбјани во општина Кривогаштани oстанаа достојни на традицијата и оваа година го одбележаа големиот христијански празник Богојавление Водици.

Во дворот на црквата Св. Никола се одржа литургија и фрлање на крстот.

Адеми: “Aко на пописот Албанците излезат под 20%, нема да ги признаам резултатите”

Пратеникот од редовите на ДУИ, Арбр Адеми, во гостување на TV21 рече дека доколку по пописот се покаже дека Албанците се помалку од 20%, тогаш нема да ги признае резултатите.

„Никогаш, никогаш“ беше неговиот одговор на прашањетои дали би прифатил бројка од 19 проценти.

Како поранешен министер за образование Атеми изнесе и податоци за бројот на запишани ученици од учебната 2017/18.

„Дали може како министер за образование да споделам еден податок со вас – бројот на учениците за учебната година 2017/18 е 121 илјада и 272 Македонци, односно 64.22%, а 60.709 Албанци, односно 32.15%-рече Адеми.

Денecка е Coбop на cв. Joван Kpcтител: Чecит именден Joван, Joванка, Joвe

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јануари.

Денеска е Собор на св. Јован Крстител.

Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Боголавление. Тоа е затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Помазаникот Исус.

Така, иако свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор т. е. главен празник е на денешен ден.

Според Јулијалнскиот календар денеска православните верници го празнуваат Свети Јован Крстител, кој се празнува на 20-ти јануари.

Свети Јован Крстител е важен светец во христијанството, братучед на Исус Христос според евангелието на Лука и човекот којшто го крстил во реката Јордан. Со оглед дека оваа главна улога на Свети Јован се остварила на денот на Богојавление (19 јануари), древната Црква денот по Богојавление му го посветил на неговиот спомен.

Јован Крстител најверојатно имал голема улога во првите векови во христијанството, а според некои, тој дури имал и поголем број на верници.

Денеска, во христијанството, Јован се смета за светец и мачениk. Во исламот е познат како пpорок Јахја ибн Закарија. Медејците, пак, го сметаат за единствен и вистински меcија.

Празникот Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 20 јануари по македонскиот православен црковен календар. Исто така, во православната црква се празнува и денот на отcекувањето на главата на Св. Јован Крстител (11 септември).

Моштите на св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот, а дел од дланката се наоѓа во Бигорскиот манастир, св. Јован Крстител во Македонија.

Се зголемува работното време на угостителските објекти

На денешната владина седница ги разгледавме епидемиолошките насоки, при што Владата донесе одлука дека почнувајќи од 21 јануари, угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, напиша Заев на Фејсбук.

Со оваа одлука заршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензиските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети.