дома блог страница 2184

Еве колку килограми месо може да купи Шахпаска со платата што започнува со седумка

Владата ги објави платите на премиерот, вицепремиерите и министрите во новиот мандат. Најголема плата зема премиерот Зоран Заев кој добива 87.813 денари. По него следи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со 85.113 денари.

Трета е министерката за труд и социјална работа Јагода Шахпаска, министерката со 74.273 денари.

Toкму министерката Шахпаска деновиве стана актуелна со едно кратко видео од предизборието, каде таа вели дека со повратот од ДДВ на секои три месеци можат да се купат два килограми месо.

Епа пресметајте сега колку килограми месо можат да се купат со секоја нејзина месечна плата…

Hapoдот трпи за леб, министрите се “мpcaт”: Еве колкави плати земаат во Владата, Заев зема највисока, втор е Cпаcoвски

Владата ги објави платите на премиерот, вицепремиерите и министрите во новиот мандат. Најголема плата зема премиерот Зоран Заев кој добива 87.813 денари. По него следи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со 85.113 денари.

Трета е министерката за труд и социјална работа Јагода Шахпаска, министерката со 74.273 денари.

Шекеринска повторно е во тие кои земаат најголеми плати и е на четвртото место со 72.989 денари. На петата позиција е Ирена Стефоска, министерката за култура, со 72.670 денари.

Надвор од Топ-5 следуваат вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи со идентична плата – 71.385 денари. Првиот вицепремиер Артан Груби е платен со 70.102, колку што е платата и на Бујар Османи, министерот за надворешни работи.

Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба со корупција, добива 68.179 денари, колку што е месечниот доход и на министерот за здравство Венко Филипче. Горан Милевски, министерот за локална самоуправа, има 70.102 денари и повисоко котира од Николовски и Филипче. Повеќе од овој двоец добива и Фатмир Бесими, министерот за финансии, со 69.783 денари.

Нешто повеќе од 68.000 денари добиваат Мила Царовска, Бојан Маричиќ, Крешник Бектеши, Арјанит Хоџа и Благој Бочварски. Најнископлатени се Насер Нуредини и Јетон Шакири со нешто повеќе од 65.000 денари.

Европски cyд донесе пpecyда: Нoceњето мacка на jaвно мecто е нeycтавно

Основниот суд во Брисел пресуди дека обврската да се носи маска на јавно место како противепидемиска мерка е неуставна. Ова го објавија белгиските медиуми со образложение дека Обвинителството се жали на одлуката.

Се наведува дека судот донел пресуда за случајот на маж за кого полицијата констатирала дека не носи маска додека бил во кланица во една од населбите во главниот град.

Според судот, барањето да се носи маска на јавни места произлегува од владината резолуција, несоодветна со основниот закон.

Како што пренесуваат медиумите, судијата истакна дека условот да се носи маска не ги зема предвид околностите – дали нарушувањето е направено на отворено или во затворено. Судот утврди дека е соодветно да се воведат ограничувања на личните слободи во обидите да се стави крај на пандемијата, но инсистираше да се направи разлика помеѓу условите во кои е констатирано нарушувањето.

Се очекува белгиската Влада денеска да донесе одлука со која до март се забрануваат несуштински патувања надвор од земјата.

Во САД падна џекпот вреден 731 милион долари

Џекпот на лотаријата „Пауербол“ од 731,1 милион долари падна, по продаден билет во Лонаконинг, Мериленд, САД. Продавницата во округот Алегени, ќе добие бонус од 100.000 долари за продажба на лозот за петтата најголема добивка на лотарија во историјата на Америка.

Среќниот добитник на џекпотот претпочита да остане неименуван – Мериленд е една од државите што им овозможува на победниците да останат анонимни. Сепак, да се чува во тајност толку голема сума е тешко, особено ако билетот го купил околен жител. Лонаконинг е град со околу 300 семејства, со стапка на сиромаштија од околу 20 насто – далеку над државниот просек.

Постојниот џекпот на конкурентската лотарија „Мега милиони“ – од 970 милиони долари – засега е трет по големина во историјата на САД. Најголемиот џекпот од 1,58 милијарди долари, којшто се акумулираше во „Пауербол“, го освоија три лица во 2016 година.

Среќните добитници на џекпот може да изберат да ја добијат целата сума или на рати. Повеќето добитници претпочитаат да ги земат парите одеднаш. Ова значи дека среќникот кај „Пауербол“ сега може да добие 546,5 милиони – после данокот, а во случај на успех кај „Мега милиони“, денес добивката би изнесувала 715,3 милиони долари.

(Видео) Еве како Заев тврдеше дека обвинетите за “Moнcтpyм” се невини, а била вмешана тогашната влacт

Констатацијата на обвинителката Фатиме Фетаи пред Cyдот за cведочењето на Зоран Заев за случајот „Монcтpyм“ дека „ниту материјалите доставени од негова страна, ниту, пак, неговиот исказ ја смени фактичката состојба од претходно“ е во спротивност со неговото тврдење во интервју за српски медиум од 2017 година.

За разлика од Фетаи, која побара ocлободyвање на еден од обвинетите, поблага kaзна за друг и доживотен затвop за останатите тројца „како директни извршители“ на петкратното yбиcтво кај Смилковско Езеро, лидерот на СДСМ во наведеното интервју тврдеше дека нема докази за нив, а имало сомнение за вмешаност на тогашната власт.

Извор: “Експрес.мк”

Убави вести: За викендот дожд, а потоа повторно ни доаѓа снегот

До понеделник ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди, за време на викендот со умерен до засилен јужен, а во понеделник западен ветер.

За утре има најава за слаби врнежи од дожд во западните делови. Во сабота и во недела, претежно во попладневните часови, врнежи ќе има во поголем дел од земјава, ќе бидат со умерен интензитет и на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег.

Според прогнозата на УХМР, утре времето ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат над нулата освен во Берово (минус два). Максималната дневна ќе се движи од пет до 13 степени.

За време на викендот утринските темепратури над нулата, а дневните од седум до 12 односно до 14 степени. Во вторник и среда минималните температури од минус три до два, односно од минус седум до минус два, а дневните максимални од два до девет, односно од минус еден до пет степени.

Поради продор на студена воздушна маса од понеделник кон крајот на денот повторно ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места, а од вторник снег се очекува и на некои пониски места.

Директорот на статистика: Кој нема да се попише, може да добие и 5 години затвop

Вечерва при своето гостување во емисијата „Вин Вин” на ТВ Телма, Апостол Симовски, директор на ДЗС се закани, дека кој нема да учествува во пописот ќе одговара кривично, а за тоа е казна од 5 години затвор.

„Првиот обид да не се излезе во пресрет да се дадат податоци, а е обврска по закон ќе биде санкциониран. Ќе биде санкциониран. Ние ќе поднесеме пријава, ние не сме казнена институција меѓутоа ќе поднесеме до обвинителството. Но, ќе поднесеме и на мотиваторот на таквото дејство“, нагласи Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика во емисијата „Вин вин“.

Симовски потенцираше дека ако не се излезе во пресрет за време на пописот тука веќе се сноси и кривична одговорност, а казните во законот предвидуваат 5 години затвop.

„Се надевам дека ќе има доволно памет во оваа држава“, рече Симовски.

Отворајте новчаниците: Владата ги задолжи државните институции да донираат пари за обновување на „Глобал“

Со пари на граѓаните ќе се обновува приватен објект. Премиерот Зоран Заев кој беше аболициран за тоа, сега ги задолжи државните институции да донираат пари за обновување на „Глобал“.

Пожарот кој на почетокот од годинава избувна во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица предизвика голема материјална штета, а на седница на Владата во вторникот беше усвоена информација со која на сите државни и јави институции им се препорачува во духот на хуманизмот и солидарноста да донираат за обновување на опожарениот трговски центар „Глобал“.

-Владата на Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со доставениот Повик за донација од Здружението на граѓани ОБНОВА НА ГЛОБАЛ – Струмица и донесе заклучок да им препорача на органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како на приватниот сектор имајќи ги предвид хуманизмот и солидарноста како темелни вредности на уставниот поредок, во рамките на своите финансиски можности да донираат средства на Здружението на граѓани ОБНОВА НА ГЛОБАЛ – Струмица со цел обновување и реконструкција на опожарениот објект на ГТЦ Глобал – Струмица, стоеше во соопштението од Владата по одржаната седница.

Двајца повратници и еден новајлија во редовите на ФК Победа

Од понеделникот на подготовките на фудбалерите на Победа се приклучија тројца нови фудбалери.

Двајца од нив се повратници – младиот Кирил Неделков (20 години) доаѓа од Плачковица, а беше член и практично ги мина повозрасните категории од школата на Победа, како и Мирко Симјаноски, кој доаѓа од Тетекс, а минатата сезона 6 месеци го носеше дресот на Победа.

Третиот нов играч е 27-годишниот лев офанзивен страничен фудбалер Петар Најдов, кој доаѓа од Кит-Го, а настапувал во Тиквеш, Плачковица, Вардар Неготино и 11 Октомври.

Екипата продолжува со подготовките, а првиот тест е в недела, со третолигашот Напредок од Крушеани.

Од Pocoман во Доминиканска Република: Младиот прилепчанец Златески кариерата ја продолжува далеку од Македонија

Младиот фудбалер од Прилеп, Александар Златевски, кој го носеше дресот на ФК Победа, својата кариера ќе ја продолжи во егзотичната Доминиканска Република.

Златевски е најновото засилување за клубот Делфини, каде исто така настапува уште еден Македонец – Борче Сркески.

Златески освен за Победа настапуваше уште и за Питу Гули и Росоман.