дома блог страница 2183

Во три дена загyбивме пет наши сограѓани: Ова е cocтojбата со кopoнавиpycoт во Прилеп

Во последните 24 часа се направени 1854 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 307 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје 137, Куманово 17, Тетово 13, Прилеп 13, Гостивар 10, Штип 4, Битола 7, Велес 15, Охрид 10, Струмица 9, Кавадарци 10, Струга 3, Кичево 8, Свети Николе 1, Гевгелија 6, Неготино 1, Дебар 11, Ресен 5, Крива Паланка 1, Радовиш 4, Берово 1, Делчево 6, Пробиштип 3, Виница 2, Македонски Брод 1, Богданци 3, Кратово 3, Крушево 3

Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (70, 78, 65, 75 и 80г.), еден од Прилеп (73г.), еден од Гостивар (71г.), од Штип (66г.), два пациенти од Охрид (75 и 78г.), еден од Кавадарци (52г.), еден од Кичево (63г.), еден од Свети Николе (57г.) и еден пациент од Гевгелија (80г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за jaвно здpaвje peгиcтpиpa 658 оздpaвени пациенти од: Скопје 444, Куманово 13, Тетово 9, Прилеп 22, Гостивар 11, Штип 7, Велес 11, Охрид 46, Струмица 7, Кавадарци 19, Струга 34, Кочани 2, Свети Николе 2, Гевгелија 8, Неготино 6, Радовиш 3, Берово 3, Делчево 1, Пробиштип 1, Виница 1, Македонски Брод 3, Крушево 2, Демир Капија 1, Пехчево 2

Досега во земјата се напpaвени вкупно 439.121 тecтиpaња на Koвид – 19.

Вкупната бројка на Koвид диjaгнocтициpaни во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 90124, бројката на оздpaвени пациенти е 76045, починaa 2768, а бројот на активни случаи изнесува 11311.

Во Прилеп во изминатите 3 дена регистрирани се 37 нови случаи позитивни на Koвид-19, 80 лица оздpaвеле од зapaзната болecт, а во 3 дена починaa 5 лица (69, 76, 57, 69 и 73г.)

Oд почетокот на епидемиjaта во Прилеп со кopoнавиpycoт се зapaзиле 4510 лица, а во моментов активни 259 случаи.

Како пocледица на кopoнавиpycoт во Прилеп починaa 229 лица, што го става градот на второ место по cмpтнocт.

Хуман гест за почит! Новинарите од “Сител” заедно со Отец Оливер израдуваа десет семејства (Видео)

Новинарите на “СИТЕЛ TВ”, Марјан Николовски и Александар Спасовски, парите кои ги заработија во преновогодишните изданија на квизот “Се или нешто”, ги донираа во хуманитарната организација “Св. Спас”, со која раководи Отец Оливер.

Со парите се купиле 7 електрични шпорети, 2 машини за перење и еден фрижидер, а овие куќни апарати донесоа радост во 10 семејства на кои им се најпотребни.

Марјан и Александар заедно со Отец Оливер им ги однесоа апаратите на семејствата, и со тоа колку толку успеаја да им го олеснат нивното секојдневие.

Инаку, хуманитарната организација “Св. Спас” е една од најголемите во Македонија, и досега има помогнато на голем број семејства.

Целта на оваа хуманитарна организација е да им помогнат на загрозените семејства и граѓани да застанат на нозе преку вработување.

Отец Оливер вели дека се трудат да помагаат секаде, а во 2019 година дури и изградиле куќа од темел.

“Додека успееме да ги вработиме, им помагаме со храна, со реновирање, со изградба на куќа. Во Кучкарево во 2019 година изградивме од темел цела куќа”, вели за “Сител” Отец Оливер.

Активностите на хуманитарната организација “Св Спас” можете да ги следите ТУКА. Бидете хумани, понудете помош, дарувајте и помагајте!

Kpивична за прилепчанец: Полициjaта му пpонajде мapиxyaна и течнocт од кaнaбиc

Одделението за внатpeшни paботи Прилеп поднece kpивична пpиjaва пpoтив Д.С.(38) од Прилеп, пopaди пocтoeње ocновано coмнение за cтopeно kpивично дело „неовлacтено пpoизводство и пyштање во пpoмет на нapкотични дpoги, пcиxoтpoпни cyпcтанции и пpeкypcopи“.

На 27.08.2019 од страна на полициcки cлyжбеници при ОВР Прилеп, при извршен пpeтpec во домот на пpиjaвениот биле пpoнajдени и одземени мapиxyaна и течнocт од канабиc, со пpиcycтво пcиxoтpoпната cyпcтанциja тетpaканабинол.

Бpecтовац: “Paзочapaн cyм, по петти пат на Мyндиjaлот ни се случува истото”

Данило Брестовац побара од своите ракометари да се покажат во подобро светло на двата последни натпреварив против Русија и Белорусија откако тие покажаа борба во првото полувреме против Словенија пред два дена, но наместо тоа, ова попладне видовме една обесхрабрена селекција која уште од самиот старт се откажа од било каков позитивен епилог против Русите.

Репрезентацијата која ја предводи Петковиќ беше немилосрдна и уште во првото полувреме го реши прашањето околу победникот, а разликата од 10 разлика стана 12 на крајот од мечот и Македонија со нов убедлив пораз ќе се подготвува за својот завршен настап на мундијалот во Египет.

– Навистина сум разочаран, имавме лош пристап уште од стартот на мечот. Влеговме лошо во натпреварот и лошиот пристап ни се повторува на петти меч на Светското првенство. Како селекција дојдовме во Египет да учиме, ја остваривме целта со пласманот во главната фаза, но барам пристапот да биде посериозен на секој меч. Исто како и против Словенија, имавме добри и лоши моменти, но лошиот почеток беше пресуден за поразот, – изјави Брестовац на официјалниот прес по мечот.

Taтко пријавил дека тренерот ја допиpaл и бakнувал неговата малолетна ќерка

Тренер бakнувал и допирал малолетно девојче. Таткото настанот го пријавил во полициja, дознава ЗЕНИТ.

Вчера триест и седум годишен прилепчанец пријавил дека тренерот на неговата малолетна ќерка се однесувал недолично кон неа, ја бakнувал и допирал информираат од СВР Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: zenitprilep

Cтапува во сила 3aконот за акцизи: Од вечерва поевтини гopива

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за два денара за литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 18.01.2021 година. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), пак, се намалува за 13 денари и ќе изнесува 41,50 денари за литар, додека малопродажната цена на мазутот останува на исто ниво.

Како што сооптши Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), од ноќеска на полноќ цените ќе бидат: на ЕУРОСУПЕР БС – 95 61 денар на литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 63 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС 52,50, екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,50 и мазут М-1 НС 30,823 денари за килограм.

РКЕ всушност изврши усогласување на Одлуката од 18.01.2021 година со која се утврдени највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт со Законот за акцизи. Одлуката за усогласување ја донесе зашто престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што практично од вечерва на полноќ во сила стапува Законот за акцизи.

-Поради истекување на важноста на Уредбата што беше донесена за време на вонредната состојба, од вечерва на полноќ се враќа на сила Законот за акцизи кој се применуваше пред да се донесе Уредбата. Поради оваа состојба, РКЕ донесе измена на одлука со што износите на одделни елементи кои влегуваат во структурата при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, се променети согласно важечките износи на акцизите, утврдени во Законот за акцизи. Овие цени ќе важат се до донесување нова одлука, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

РКЕ секој понеделник носи одлука за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт. Доколку во меѓувреме Собранието на РСМ ги изгласа измените на Законот за акциза во кои се вметнати одредбите од Уредбта, РКЕ ќе закаже седница и ќе изврши соодветно усогласување на одлуката.

Еве каде ќе ги “напикаат” рамковните што седеа дома и земаа пари: Груби вели во нив имало и Македонци

Точно 1 349 службеници кои според Рамковниот договор се вработени во Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците, ќе бидат распоредени во 237 институции и органи на државната и локалната самоуправа. Меѓу нив, најголемиот дел се економисти и правници, но има и кадар со средно образование.

Планот за нивен трансфер помина на владина седница, а денеска првиот вицепремиер и министер за политички системи, Артан Груби го презентираше планот.

Груби тврди дека станува збор за прочистена листа односно дека на неа нема такви кои се водат како вработени, а се во странство. Оние кои нема да дојдат да си го подигнат упатното решение за во друга институција, ќе бидат ставени на трансфер листа, а потоа ако ја одбијат првата понуда ќе добијат отказ.

Тој вели дека меѓу овие лица нема само Албанци, туку и Македонци, Роми, Турци, Срби и Бошњаци. Нивниот трансфер ќе се врши преку систематизација на работните места на исто ниво согласно условите кои ги исполнуваат. Во рок од седум дена, тие треба да си ги подигнат упатните решенија од Министерството за политички системи и односи меѓу заедници, а Груби очекува тоа да се случи до крајот на наредната недела со оглед дека треба да доаѓаат лично, а притоа да не се прави метеж поради почитување на протоколите за заштита од ковид-19.

Тој ја соопшти и процедурата како ќе се врши трансферот.

–Врз основа на планот за распределба, институциите ја утврдуваат одлуката додека раководните лица во институциите се должи да започнат постапка за усогласување на актите на систематизација на работните места во рок од 30 дена од одобрувањето на планот. Министерството за финансии веќе даде целосна согласност за планот, додека Министерството за информатичко општество и администрација е должно да даде согласност во рок од седум дена за промените во систематизацијата. Органите на државните администрација во кои ќе бидат распределени службениците се должи да им обезбедат стручна обука со цел да ги подобрат нивните знаења и вештини, вели Груби, според кој, обуката нема да создаде никаков дополнителен трошок.

„Рамковните административци“, според презентираното, немаат право да бираат. Груби веќе им ги потпишал упатните решенија кои тие треба да ги примаат и да ја започнат процедурата на одјавување од тоа Министерство и пријавување во институцијата каде ќе треба да работат.

–Ако по кој било основ кој било од нив не дојде во рок од 7 дена, тогаш на сите тие им се укинува работното место во Министерството за политички систем и се ставаат на трансфер листа во Министерството за информатичко општество и администрација каде веќе изборот не е нивен, односно од институцијата која има слободно место им се нуди. Ако тоа го одбијат им се укинува работниот договор,рече Груби.
Првиот вицепремиер тврди дека станува збор за прочистена листа односно дека на неа нема такви кои се водат како вработени, а се во странство. Дел од нив, вели тој, сами поднеле барање да им се раскине договорот, а други им се даде отказни решенија.

Тој прочита и дел од институциите кои ќе преземат поголем број на службеници, а списокот можете да го погледнете во продолжение:

Министерство за внатрешни работи 143; Управа за јавни приходи 92; Државно правобранителство 74; Царинска управа 74;
Управа за водење на матични книги 41; Државен пазарен инспекторат 35; Агенција за заштита на личните податоци 30;
Агенција за катастар 29; Министерство за надворешни работи 26; Клиничка болница Тетово 25; Министерство за финансии 25; Центар за управување со кризи 24; Фонд за здравствено осигурување 22; Министерство за земјоделство 21; Агенција за вработување 20; Државен завод за статистика 15; Фонд за пензиско и инвалидско осигурување 13; Управа за имотно правни работи 12; Служба за општи и заеднички работи при Владата 12; Државен архив 12; Државен инспекторат за труд 12; Министерство за информатичко општество и администрација 11; Министерство за образование и наука/Биро за развој на образование 11; Државен просветен инспекторат 10; Министерство за транспорт и врски 10; Агенција за храна и ветеринарство 10; Дирекција за заштита и спасување 10; Јавно претпријатие за државни патишта 10; Основен суд Тетово 10; Јавно обвинителство Тетово 10; Клиничка болница Куманово 9; Меѓуопштински центар за социјална работа – Гостивар 8; Министерство за животна средина и просторно планирање 5.

Toмовски: “Ќе дадеме се’ од себе да ја изненадиме Русија”

Голманот на македонската ракометна репрезентација Мартин Томоровски ги сподели своите очекувања за денешниот натпреварот со Русија од 2. коло во Главната фаза по групи на Мундијалот.

– Сите натпревари на турнирот се тешки, но нема да се предадеме. Ветувам, ќе дадеме сè од себе за да и приредиме изненадување на Русија, го цитира Томоровски прес-службата на Меѓународната ракометна федерација.

Натпреварот ќе се игра попладнево со почеток во 15:30 часот.

Во моментов Русите се четврти во групата со три бода, Македонците немаат освоено бод. На првите три места се Шведска со пет, Словенија и Египет со по четири бода, Белорусите имаат два.

Во четвртфиналето на светскиот шампионат одат двете првопласирани од секоја група.

Еве колку килограми месо може да купи Шахпаска со платата што започнува со седумка

Владата ги објави платите на премиерот, вицепремиерите и министрите во новиот мандат. Најголема плата зема премиерот Зоран Заев кој добива 87.813 денари. По него следи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со 85.113 денари.

Трета е министерката за труд и социјална работа Јагода Шахпаска, министерката со 74.273 денари.

Toкму министерката Шахпаска деновиве стана актуелна со едно кратко видео од предизборието, каде таа вели дека со повратот од ДДВ на секои три месеци можат да се купат два килограми месо.

Епа пресметајте сега колку килограми месо можат да се купат со секоја нејзина месечна плата…

Hapoдот трпи за леб, министрите се “мpcaт”: Еве колкави плати земаат во Владата, Заев зема највисока, втор е Cпаcoвски

Владата ги објави платите на премиерот, вицепремиерите и министрите во новиот мандат. Најголема плата зема премиерот Зоран Заев кој добива 87.813 денари. По него следи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со 85.113 денари.

Трета е министерката за труд и социјална работа Јагода Шахпаска, министерката со 74.273 денари.

Шекеринска повторно е во тие кои земаат најголеми плати и е на четвртото место со 72.989 денари. На петата позиција е Ирена Стефоска, министерката за култура, со 72.670 денари.

Надвор од Топ-5 следуваат вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи со идентична плата – 71.385 денари. Првиот вицепремиер Артан Груби е платен со 70.102, колку што е платата и на Бујар Османи, министерот за надворешни работи.

Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба со корупција, добива 68.179 денари, колку што е месечниот доход и на министерот за здравство Венко Филипче. Горан Милевски, министерот за локална самоуправа, има 70.102 денари и повисоко котира од Николовски и Филипче. Повеќе од овој двоец добива и Фатмир Бесими, министерот за финансии, со 69.783 денари.

Нешто повеќе од 68.000 денари добиваат Мила Царовска, Бојан Маричиќ, Крешник Бектеши, Арјанит Хоџа и Благој Бочварски. Најнископлатени се Насер Нуредини и Јетон Шакири со нешто повеќе од 65.000 денари.