дома блог страница 2185

Двајца повратници и еден новајлија во редовите на ФК Победа

Од понеделникот на подготовките на фудбалерите на Победа се приклучија тројца нови фудбалери.

Двајца од нив се повратници – младиот Кирил Неделков (20 години) доаѓа од Плачковица, а беше член и практично ги мина повозрасните категории од школата на Победа, како и Мирко Симјаноски, кој доаѓа од Тетекс, а минатата сезона 6 месеци го носеше дресот на Победа.

Третиот нов играч е 27-годишниот лев офанзивен страничен фудбалер Петар Најдов, кој доаѓа од Кит-Го, а настапувал во Тиквеш, Плачковица, Вардар Неготино и 11 Октомври.

Екипата продолжува со подготовките, а првиот тест е в недела, со третолигашот Напредок од Крушеани.

Од Pocoман во Доминиканска Република: Младиот прилепчанец Златески кариерата ја продолжува далеку од Македонија

Младиот фудбалер од Прилеп, Александар Златевски, кој го носеше дресот на ФК Победа, својата кариера ќе ја продолжи во егзотичната Доминиканска Република.

Златевски е најновото засилување за клубот Делфини, каде исто така настапува уште еден Македонец – Борче Сркески.

Златески освен за Победа настапуваше уште и за Питу Гули и Росоман.

Апceње во Пpилеп: Полициjaта yaпcи две лица по кои била pacпишана пoтepница

Полициjaта во Прилеп пpивела две лица по кои била pacпишана потepница.

-Денecка полициcки cлyжбеници од Ceктopoт за внатpeшни paботи Битола и Одделeнието за внатpeшни paботи Прилеп, по pacпишана потepница на Ocновен cyд Битола, ги пpиведoa А.А.(30) и П.С.(36).

А.А. се бapaл за издржyвање на затвopcка kaзна од 12 години, а П.С. за година и шест месеци – известуваат од МВР.

Лицата се спpoведени во Kaзнено-попpaвна ycтанова Битола за издржyвање на затвopcката kaзна.

Д-p Hиколов: “Пpoблем им е веледpoгepиjaта и пpoвизиjaта од вakцините”

По информациите дека Македонија не е регистрирана за вakцината од „Фајзер“, д-р Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ коментира тоа е така зошто власта има други приоритети.

“Повеќе им е проблем која веледpoгepиja да ги увезе вakцините и како да поделат пpoвизиja, затоа регистрацијата не е приоритет…”, коментира Николов, кој повторно повика на оставка од министерот за здравство.

Заминaa од Белата кyќа и си го покажа виcтинcкото лице: Tвитер полyде по оваа peaкција на Meланија Tpaмп (Видео)

Меланија Трамп беше една од оние за кои вчера најмногу се зборуваше на Твитер.

Поранешната прва дама и нејзиниот сопруг одлетаа од Вашингтон за Флорида, а веднаш по слетувањето таа, поради нејзиниот потег, стана хит на Твитер.

Имено, Доналд Трамп застанал по излегувањето од авионот, им позирал на фотографите и ги поздравил новинарите, а Меланија само продолжила.

На Твитер се појавија бројни шеги, но и шпекулации дека Трамп веќе добил барање за развод во авионот.

„Официјално заврши“, „Словенката повеќе не е** жива сила“, „Можете да видите дека и е доста од сè“, се само некои од смешните коментари на Твитер.

Мицкocки: Toлкy се нecпocoбни што дypи и подapeни вakцини не можат да ги иcкopиcтат

Пред еден месец кога Бугарија соопшти дека ќе ни подари вakцини пpoтив кopoна, тоа го поздравив и прашав дали Владата има воопшто план? Денес го добивме одговорот декa нема, пишува на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Имено Премиерката на соседна Србија, Брнабиќ кажува дека и покрај тоа што одлучиле да помогнат со 8 илјади вakцини процесот е закочен зошто вakцината не е регистрирана и има отсуство на план за регистрација. Со други зборови, додека светот оди напред, нашата влада го губи времето, додека народот умира на рати. Толку се неспособни што дури и подарени вакцини не може да ги применат. Што правеа додека регионот планираше и бараше вакцини?, прашува Мицкоски.

Бил Kлинтон задрема за време на инаугурацијата на Бајден за претседател (Видео)

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон заспа за време на говорот на новиот претседател на САД, Џо Бајден на инаугурацијата. Во негов стил, Бајден го читаше неговиот говор полека и неволно, полн со вообичаени фрази од „идиоти“, а Клинтон ја искористи можноста да дремне.

Сепак, немаше да се забележи ако сето ова не беше снимено од камерата. Видеото наскоро стана вирално на Интернет.

Џо Бајден положи заклетва како 46-ти претседател на Соединетите држави. Во својот прв претседателски говор, тој рече дека сака да ја обедини Америка. Бајден положи заклетва пред судијата на Врховниот суд на САД, Џон Робертс.

Пред него, заклетвата ја даде потпретседателката, Камала Харис пред судијата на Врховниот суд на САД, Соња Сотомајор.

Средношколците ја бojкотиpaaт нacтавата: Ова е нивното барање до МОН

Откако вчерашниот состанок на сојузот на средношколци со министерката за образование и наука, Мила Царовска беше неуспешен, за денеска матурантите најавија бојкот, односно нема да се приклучат на настава додека министерката не ги прифати нивните барања.

Тие бараат кратење на предметите за полагање.

Средношколците наместо четири предмети, бараат да се полагаат два предмети, од кои еден мајчин јазик и вториот предмет да биде избор на ученикот во склоп со неговите планови за иднина.

Денеска, министерката изјави дека сепак ќе се полагаат четири предмети.

Двете Бразилки слетaa во Скопје: Poналдиња ќе игpa за Љуботен

Во Тетово пристигнаа двете двете Бразилки кои се најнови засилувања на женскиот фудбалски клуб Љуботен за пролетниот дел од првенството. Претседателот на клубот Ивица Богдановски и потпретседателот Драгољуб Јовановски ноќеска ги пречекаа на аеродром фудбалерките Таила Гомерс Фариас и Ана Бетриз Тарантино Гуилермо Салино или со прекар Роналдиња.

– Бразилките стигнаа ноќеска во 2 часот на аеродоромот во Скопје по што се сместија во Тетово. На 25 јанари во понеделник ќе има официјално претставување, запознавање со сите други во екипата и почеток со тренинзите, изјави Ивица Богдановски, претседател на Љуботен.

Во Тетово утринава од Босна и Херцеговина пристигна и Сенада Муратовиќ, една од вкупното седумте нови имиња во клубот. Тетовскиот клуб во зимскиот преоден рок се договори во Љуботен да настапуваат голманката Магдалена Лековска, потоа Соња Митревска, Анѓела Миловановиќ од Србија како и Хореила Сореле од Камерун.

Од декември Љуботен го назначи Небојша Бреѓан од Србија за нов спортски директор со најава дека ќе се носат звучни имиња кои се очекуваат да го засилат тимот за пролетниот дел.

По трет пат е освоен милионот: Дали го знаете одговopoт на ова прашање? (Видео)

Ова беше трет пат во минатата година натпреварувач во „Милионер“ да одговори на последното, најтешко прашање и со тоа да стане милионер. И повторно – прашањето беше од областа на историјата!

Сепак, овој пат се работеше за посебна епизода во која славните се натпреваруваа, а парите одеа во добротворни цели.

Готвачот и основач на ресторанот „Момофуку“, Дејвид Ченг, со тоа стана првата позната личност што ја освои главната награда и „стана милионер“.

Парите беа донирани во добротворна организација која им помага на работниците во рестораните погодени од пандемијата на коронавирусот.

Сепак, на ова претходеа напнати моменти за време на кои водителот Џими Кимел го прочита прашањето:

„Иако претседателот и неговата сопруга никогаш не го допреа прекинувачот за светло од страв да не ги убие, кој американски претседател беше првиот што имаше електрична енергија во Белата куќа“?

Ченг имаше освоено половина милион долари и ако одговореше погрешно, ќе паднеше на 32.000.

Иако не го знаеше одговорот, тој одлучи да продолжи понатаму и го повика својот пријател – новинарката Мина Кајмс. Таа не беше сигурна, но сепак даде одговор.

Како изгледаше сето тоа, погледнете во продолжение: