дома блог страница 2181

Доаѓа снегот: Ќе се формира снежна покривка и на пониските места

Времето денеска претпладне ќе биде прoменливо облачно, попладне почнувајќи од запад со врнежи од дожд, на планините од снег. Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират на секаде и ќе се интензивираат, особено во западните делови (над 25л/м2) каде на места ќе бидат поројни и проследени со повремено силен југозападен ветер.

Според УХМР, на планините снежната покривка значително ќе се зголеми, а поради ветерот ќе има услови за појава на снежни наноси. Минималната температура ќе биде во интервал од два до осум, а максималната ќе достигне од седум до 14 степени.

Во понеделник во текот на денот ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со умерен до засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови. Поради продор на студена воздушна маса врнежите ќе преминат во снег и на некои од повисоките места. Снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси.

Во вторник и среда ќе преовладува студено време со засилен северозападен ветер и со повремени врнежи претежно од снег.

(Фото) Со вакви фуги сите плочкари би јаделе ќoтeк по куќи

Се досредува милионската реконструкција на булеварот “Гоце Делчев” во Прилеп

Дефинитивно ако сите плочкари вака би фугирале, ќе ги бркаат со ќотек од по куќи…

Урнебесен твит: “Кога ќе примиш од вakцина од Србија” (Видео)

Твит на денот

“Кога ќе примиш од вakцина од Србија”:

Мицкоски прашува: Нели идентитетот беше „бетон“?

Нели идентитетот беше “бетон” и “не се преговара за идентитетските прашања” со источниот сосед? За ова ли се менуваше член на историската комисија? Нели придавката “македонски” била испишана со златни букви, како сега токму тоа исчезна од записниците на комисиите?, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.

-Владата на јавноста ѝ должи одговори.Колку подолго Заев е премиер, толку повеќе Македонија ќе губи. Иднината ќе биде наша и ние заедно со народот за нејзе ќе се избориме!, напиша Мицкоски.

Одpeден пpитвop за тpeнepoт од Пpилеп: Полициjaта му поднece кpивична за обљyба на малолетничka

НККР при ОВР Прилеп денеска (23.01.2021) поднece kpивична пpиjaва до ОЈО Прилеп за cтopeно kpивично дело “обљyба co злoyпотpeба на положбата” по член 189 од КЗ на РСМ, пpoтив Р.П.(46), пpиjaвен од родител дека извршил обљyба врз 15-годишна малолетничка.

Од cтpaна на cyдиja на пpeтxoдна пocтапка опpeделена му е мepка пpитвop во тpaeње од 30 дена во КПУ Битола.

Според нашите сознанија, се работи за тренер по џудо, а МВР истражува и други вакви случаи во Прилеп.

Како се разработени, страв да те фати

Советот на општина Прилеп денеска ја одржа редовната 52 седница, на која се усвоија извештаjот за работата на Советот за 2020 година и Програмата за работа за 2021 година, како и Одлуката за усвојување на Програмата за работа и развој со инвестициони вложувања и финансискиот план за 2021 година на ЈКП ,,Водовод и канализација’’.

Освен тоа на веб страната од општината и на Фејсбук профилот на градоначалникот Илија Јованоски, се пофалија дека донеле одлука да донирање на дури 5м3 камени бекатон плочки на манастирот Св.Ѓорѓија.

Секоја донација е добредојдена во македонските светилишта, но која е потребата општина да се фали со 5м3 камени бекатон плочки….

Еве на кое ниво се дојдени македонските институции:

(Видео) Туристи казнети да прават по 50 склекови затоа што не носеле заштитни маски

Група на туристи кои не носеле заштитни маски во Бали, Индонезија, биле казнети од полицијата да направат 50 склекови. Полицајците сметаат дека со оваа казна ќе ги натераат туристите да ги почитуваат здравствените протоколи.

Како што пренесува “Инсајдер”, туристите кои воопшто не носеле маска биле приморани да направат по 50 склекови, а оние кои половично ја носеле, односно под носот, тие морало да прават по 15 склекови.

“Странските туристи речиси и да не ги почитуваат здравствените протоколи”, вели началникот на полицијата.

“Најпрво тие велат дека не знаеле за мерките, а потоа велат дека ги заборавиле маските”, додава тој.

(Видео) Мистериозен канал откриен на Антарктикот: Експертите имаат своја теорија

Научниците на Антарктикот останаа збунети откако НАСА сними чуден “канал” во мразот.

“Замрзнатата пустина” служи како научно истражувалиште на повеќе од 1.000 научници во текот на годината, кои ги следат климатските промени и ја проучуваат истоиријата на Земјата. Пејсажот на Антарктикот им дава пристап на недопрениот дел од светот, каде можат да ги спроведуваат своите истражувања и покрај тоа што температурата паѓа до минус 90 степени.

Mеѓутоа, “Science Channel” во својата серија “Што на Земјата?” откри една чудна фотографија – на која е прикажано длабнатина во мразот како да има слетано некој објект.

Авијацискиот новинар Џо Папалардо тврдо: “Мене ми изгледа како нешто да има слетано. Можеби нешто се cpyшило. Кога размислувате за нешто што се случува на тој дел од светот, во главата го имате најлошото сценарио”.

Власта тргна и против ФФМ? Им пречи што е Федеpaциja на Македониja, а не на „Севepна“?

Фудбалската федерација на Македонија веќе подолго време се наоѓа под притисок од страна на власта. Несогласувањето на релација ФФМ-Агенција за млади и спорт е поради тоа што македонската федерација одбива да го промени својот Статут кој наводно треба да биде усогласен според Законот за спорт – пишува “Република.мк”

Иако има одлука по тужба на ФФМ усвоена од Управниот суд со која се поништува одлуката на Државната комисија за одлучување во втор степен дека Федерацијата не должна да го промени Статутот, притисоците од страна на Агенцијата за млади продолжуваат.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини вчера го спомена името на премиерот Заев за притисок кон клубовите, иако не сака да верува дека тоа е точно.

-Шпекулациите одеа дотаму што на големо се споменуваше и името на Премиерот на нашата држава.Одбивав да верувам во таквите „игри без граници“ сѐ додека не го прочитав соопштението од Агенцијата за млади и спорт-изјави Сејдини.

Но, според информациите на „Република“, притисокот кон ФФМ доаѓа од највисоките државни структури. Причината е што што Фудбалската федерација на Македонија одбива да го промени името и да ја додаде придавката „Северна“ како што тоа го сторија речиси сите спортски федерациии и сојузи.

Прашање на време е кога ФФМ ќе реагира до УЕФА за мешање на државата во работата на Федерацијата и во таков случај повеќе од јасно е дека европска асоцијација ќе застане на страната на Фудбалската федерација на Македонија повикувајќи се на независноста во своето работење.

Извор: “Република.мк”

Можите да заработите 100 милиони долари: Илон Маск нуди голема награда

Илон Маск, директорот и дизајнер на компаниите Тесла и SpaceX на Твитер објави дека ќе го награди човекот што ќе проајде најдоброто решение за складирање на јаглерод-диоксид.

Имено, овој пат еден од најбогатите луѓе во светот реши да ги вложи своите пари во развој на капацитети за складирање на СО2.