дома блог страница 2180

Мачка дадилка: Секој би посакал ваков миленик дома (Видео)

Мачка од милион долари

Детенцето се обидува да се крене на оградата од терасата, а мачката будно го следи и му ги турка рацете долу.

Погледнете:

Поздрав до сите кои велат дека во Мала Преспа живеат Бугари (Видео)

Рецитал на ученичка од Мала Преспа за Гоце Делчев, Јане Сандански и Крушевската Република

Видеото е посебен поздрав до сите негатори и асимилатори на нашинците во Албанија.

Заев: Никогаш не сум посочил дека друго лице е виновно за „Moнструм“

Премиерот Зоран Заев тврди дека никогаш не посочил оти други лица се виновни за петкратното ybиство кај Смилковско езеро.

„Ако имав информации во изминатите години ќе ги посочев. Никогаш не сум споменал дека друго лице е виновно. Преку читање на пресудите, достапни на тогаш 183 страни, секогаш сум давал одговор на новинарски прашања. Секогаш сум кажувал дека последниот збор е на правосудството. Тие ќе кажат што имаат во врска со случајот“, рече премиерот Заев.

(Видео) Знаевте ли дека Македонија има “гинисов рекордер”? Даниел Јованоски издржа 30 секунди во сад полн со огромни тapaнтули

Македонецот Даниел Јовановски од Блатец влезе во Гинис. Се пријавил во италијанска емисија за да докаже дека неговото име може за само половина минута да се најде во Гинисовата книга на рекорди.

Начинот кој Даниел го избрал да се прослави е навистина невообичаен, но едно е сигурно, неговото име засекогаш ќе биде запишано во Гинисовата книга на рекорди.

– Јас сум првиот Македонец кој за такво нешто влегол во Гинис. Беше интересно бидејќи додека пајаците ме лазат, осеќав како ме гребат. Еден се обиде да ме касне, изјави Даниел.

Признанието од Гинисовата книга тој го доби во 2010 година, но пред неколку дена на официјалната фан страница беше повторно споделен неговиот подвиг.

Уживање: Прилепчанец го направи најјакото видео досега за капитенот Кире Лазаров

За него сите зборови се премалку. Неговите успеси и рекорди тешко дека некој во догледно време ќе ги сруши. Тоа е човекот кој безброј пати не’ направи горди. Ни донесе бескрајна радост и не се откажа од националните бои, дури и на 40-годишна возраст.

Toa e нашиот Кире Лазаров, херој, борец, МАКЕДОНЕЦ! Видеото во продолжение е дело на Мартин Пресилски од Прилеп, кој на ваков начин сака да му се заблагодари на капитенот за се’ што стори за Македонија досега.

Уживајте:

Седум лица се пpecметале во село Poпотово

Физичka пpecметка помеѓу 7 лица во село Ропотово, прилепско

-На 22.01.2021 во 20.10 часот во Полициско одделение Ропотово, А.М.(41) од с.Дебреште пpиjaвил дека околу 18.30 часот пред бензиска пумпа во с.Ропотово по пpeтxoдна pacпpaвиja дошло до физичka пpecметка помеѓу пpиjaвителот, Д.Н., О.Н. и уште две лица сите од с.Дебреште од една страна и С.Д. од с.Добреноец, кичевско и Д.Р. од с.Ропотово, од друга страна. Се преземаат мерки за pacчистување на cлyчajoт – информираат од МВР.

Победа го згази Напредок од Крушеани

Попладнево на стадионот на Могилата, фудбалерите на Победа го одиграа првиот контролен натпревар во овие зимски подготовки. Третолигашот Напредок Крушеани беше совладан со 3-0, полувреме 2-0, со 2 гола на Ф. Спиркоски и еден на Карапеев.

Шефот на Стручниот штаб, Дарко Крстески, им даде шанса на сите фудбалери кои се во тренажен процес, со исклучок на повредениот Дебрешлиоски и новајлиите Најдов, Неделков и Симјаноски, кои подоцна се приклучија на подготовките.

Победа 1 полувреме: Котевски, Бошески, С.Спиркоски, Петкоски, Димитриески, Ангелески, Дунимаглоски, Каралиоски, Јошески, Ф.Спиркоски и Димоски.

Победа 2 полувреме: Столески, Д.Наумоски, Петроски, Белески, Дамевски, Стомнароски, Кисески-Илијоски, Поп-Антоски, Карапеев, Митрески и Алимоски.

Наредниот втор контролен меч црвено-белите ќе го имаат во среда на 27-ми јануари со Велазерими во Кичево.

Дали прилепските матуранти сакаaт да полагаат целосна матура? 70% од нивните врсници одбиле

Сојузот на средношколци денеска соопшти дека бојкотот на наставата е успешен.

– Во четврток (21 јануари) бојкотираа 78% од матурантите, а во петок (22 јануари) 71%. Причината за овој надолен тренд се притисоците и заканите од страна на училишните директори и наставници врз учениците. Ваквите појави ги кршат средношколските права, Конвенцијата за човекови права и Уставот на РСМ. Ги повикуваме средношколците да ги пријават сите притосоци врз нив, а истите ќе бидат соодветно документирани од наша страна. Истовремено ги демантираме лажните вести дека ССРСМ и МОН постигнале договор. Таквите вести се комплетно неточни и имаат за цел да ја дефокусираат јавноста и, многу поважно, матурантите. Наместо ширење лажни вести, властите треба да се соочат со аргументите на Сојузот и да ги прифатат нашите барања, велат од Сојузот на средношколци.

Бојкотот продолжува и од утре.

Инаку, денеска на средношколците поддршка им даде и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Учебната година почна со еден месец задоцнување, и часот трае 30 до 35 минути, што значи скратување на наставните денови од 180 на најмалку 159 и од 166 на најмалку 145 за матурантите. Средните стручни училишта останаа со минимална или никаква пракса. Во наставниот процес се појавува како кусок на содржини, така и настава без повторување, а да не зборуваме за она што веќе многу пати е кажано, техничките потешкотии и пропустите во онлајн наставата. На учениците вклучувајќи ги и матурантите министерката Мила Царовска им вети скратени програми. На веб-страницата на Државниот испитен центар се објавени испитните програми за матурантите 2020/2021 година, истакна на прес-конференција Милка Тримчевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Сугарески мора да е нервозен од оваа лага?

Оваа година планирани се преку 200 милиони евра инвестиции само во патната инфраструктура. Продолжуваме со изградба на пругата кон Бугарија, со гасификацијата, со нови проекти во комуналната инфраструктура. Не чека долга и интензивна градежна сезона, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид на реконструкција на мост на регионалниот пат Куманово-Свети Николе.

„Битола – Прилеп е често споменуван пат. Најавувам дека прв во нашата држава таму ќе имаме автопат, но изграден според меѓународни правила и стандарди, таму очекувам забрзани постапки, тоа би бил првиот автопат кој според планот ќе се изгради следната година. Проектирањето ќе се изведе во текот на оваа година и следната година да имаме и градежни зафати”, истакна Бочварски.

“Замина” и jaзикот?! Maкедонија се откажа од „македонски“ и прифати „официјален јазик на РСМ“?

Преговорите околу историските факти помеѓу Македонија и Бугарија се водат во тајност, што наиде на рекации и противење во јавноста и струката на историчарите, а повремено заради тоа од “неидентификувани извори“ дознаваме што се случува, наместо да добиваме официјални информации.

Придавката “македонски” ќе се користи само во цитатите од записниците, во официјалните заклучоци од средбите, наместо македонски/Македонија ќе се употребува “уставното име на земјава“.

Високи извори од македонскиот дел од Мешовитата историска комисија брифираат дека и покрај тоа што и двете страни генерално се држат до своите позиции, вчерашната средба покажала дека има желба за напредок. За македонската страна е прифатливо што во дискусиите придавката останува во употреба.

Договор има и за името на самата комисија. Нема да се употребува македонска или бугарска страна на комисијата, а терминологијата е усогласена според официјалниот назив на ова тело – Комисијата на Република Северна Македонија или Комисија на Република Бугарија.

“Беа предложени решенија кои се взаемно прифатливи за двете страни. Продолжува дискусијата по записниците за 10-та средба токму по тие прашања. Во таа смисла, постигнавме договор во согласност со меѓудржавната и меѓусебната пракса. Зборувам за, да речеме, учебници на РСМ, а не за македонски учебници”

Она што и за двете страни сега претставува тема за договор е македонскиот јазик. Дискусијата за тоа како ќе се нарекува во официјалните заклучоци од средбите и натаму останува отворена, но најавите се дека во иднина би се користел терминот официјален јазик на РСМ.

А Македонија има два службени јазици, на кој од нив мисли Бугарија под терминот “официјален јазик на РСМ“.

ЗАКОН ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ

Член 1 (1) На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. (2) Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон.

“Во врска со јазикот има јасна формулација која се применува во меѓусебните односи. Станува збор за официјален јазик, македонски јазик според Уставот на РСМ. И не очекувајте од Комисијата да врши некакви промени во однос на тоа. Нашата комисија не е ниту јазична, ниту пак политичка или дипломатска. Таа не се занимава со јазици, туку со историски и образовни прашања”

Решенијата по овие прашања, според двете страни, продолжуваат и во наредниот период. До одржувањето на средбата во полн формат која треба да биде одржана на 25 и 26 февруари, ќе бидат разменувани предлози и идеи по електронски пат, со цел надминување на проблемите во официјалната терминологија.

“Категорично ги отфрламе невистините дека придавката „македонски “ се заменува со уставното име, велат од Комисијата.

Членовите на македонскиот тим во Комисијата би сакале да ја информираат јавноста во однос на неточните и нецелосни информации кои се појавија во јавноста во врска со вчерашната виртуелна средба на која беше усогласен записникот од деветтата средба.

Имено, категорично ги отфрламе невистините дека придавката македонски се заменува со уставното име Република Северна Македонија и дека придавката македонски ќе се користи само во цитатите на членовите на Комисијата, наведуваат од македонскиот тим на Комисијата.“ – објавија некои провладини портали.

Но, повторно, не е наведен ниту извор ниту кој точно, конкретно, демантира, туку стои “Комисијата“, што не значи ништо без наведено име на изворот. Потворно се работи нетранспарентно. Ако се е во ред, нема потреба од криење.