дома блог страница 2175

(Видео) Тажната судбина на Мајк Пенс: Еве каде престојува довчерашниот американски потпретседател

Додека Доналд Tpaмп се пресели од Белата куќа на големиот имот Мар-а-Лаго во Флорида, неговиот најблизок соработник заврши на улица?

Поранешниот потпретседател Мајк Пенс и сопругата Керен изминатите неколку дена спиеле во викендицата на гувернерот од Индијана, додека барале нов дом.

Изминатите четири години Пенс беше потпретседател на САД и живееше бесплатно во резиденцијата финансирана од даночните обврзници. Тоа е “Кругот на опсерваторијата број еден”- куќа од 19 век која се наоѓа на територијата на американската поморска опсерваторија. Многу потпретседатели живееле во неа.

Бизнис Инсајдер потврди дека семејството Пенс во моментов се “падобрани” во викендицата на гувернерот Ерик Холкомб.

“Единствено сме сигурни дека откако ја напуштија резиденцијата во Вашингтон, семејството Пенс немаше каде да оди”, пишува репортерот Том Лобијанко.

Moжеме ли уште подобро од ова? Македонија на ранг со Монголија, Панама и Молдавија по кopyпциja

Македонија е најлошо рангирана досега на индексот за корупција на Транспаренси Интеренешнл со пад од 5 места на 111 место во друштво на БиХ, Панама и Монголија. Земјава заедно со БиХ се на дното во регионот според перцепцијата за корупција.

Македонија, Босна и Херцеговина. Панама и Монголија го делат 111 место на ранг листата за перцепција за корумпираност на државата, покажа последниот извештај на Транспаренстност Интернешнл. Со ова, земјата бележи пад од пет позиции во однос на минатата година. Но, промена во индексот нема, односно и годинава како и лани индексот изнесува 35. Ова рангирање е историски најлошо досега откако се мери во земјава, вели Слаѓана Тасева од македонското претставништво на Транспаренси Интернешнл.

„Ова е историски најлош резултат на индексот, до сега бевме најдолу на 107 и сега сме уште подолу, ова е прв пат откако Македонија се рангира, да имаме толку лошо рангирање, индексните поени 35 се исти како и лани. Апсолутно не бележиме никаков напредок, а многу е важно да се знае дека методологијата е заснована на истражувања не постари од две години“, вели Тасева.
Индексот во изминативе пет години се движел од 37 до 35 со што и рангирањето било од 90 место до денешното 111 место. Тоа значи дека земјава не покажува никаков или слаб напредок во борбата против корупцијата.

Тасева објаснува дека истражувањата кои се земени во предвид за македонскиот резултат покажуваат сериозен пад на клучниот индекс на владеење на право и правда.

„Тоа укажува директно на тоа дека ние не се справивме соодветно со корупцијата во судството и не се спроведе таа ветувана реформа во правосудството и другиот индекс каде што бележиме пад е Фридом хаус, значи човекови права и слободи, клучните работи кои што требаше да се земат први во реформите. Таму бележиме пад и како резултат на тоа, ние бележиме пад на индексот, тука е директната врска“, вели Тасева.

Македонија е најлошо рангирана во регионот, со 35 бодови. Словенија има најдобра позиција во регионот со 60 бодови, по што следи Хрватска – 47, Црна Гора – 45, Србија -38 и Косово со 36 бодови. Најдобри земји на глобално ниво според Индексот на перцепција на корупцијата се Данска, Нов Зеланд, Финска и други западни земји со висок степен на демократија. Земјите погодени од војна, беззаконие и диктатура се најдолу на листата, а годинава меѓу нив се најдоа Сирија, Сомалија и Јужен Судан.

Според извештајот пандемијата на Ковид-19 ја одбележа изминатата година, но и целосно го разоткри најтемното лице на корупција, чија цена граѓаните, за жал, ја плаќаат со својот живот. Институциите парализирани од корупцијата му дадоа приоритет на бескрупулозниот грабеж на јавни средства, на штета на обезбедувањето соодветна здравствена заштита.

Меси го испружи Столе Димитриевски колку што е долг (Видео)

Барселона синоќа го совлада Рајо Ваљекано со 1:2 и се пласираше во четвртфиналето на шпанскиот Куп.

Стрелци на головите за Барса беа Де Јонг и Меси, а Аргентинецот имаше чиста шанса за 1:3 во судиското продолжение, кога при еден соло пробив го легна македонскиот голман Столе Димитриевски, но не успеа да погоди.

Погледнете:

Глас за Македонија: Кој сакал да го поткупи Министерот и зошто не пријавил?

Политичката партија Глас за Македонија ќе бара ОЈО – Скопје да го испита случајот со понудениот поткуп со министер во Владата, како официјална проверка на неговите искажани наводи во телевизиски настап.

„На ден 26.01.2021 година, министерот Горан Милевски во емисијата “Само вистина“ на Канал 5, во живо и пред целата јавност изјави дека во 2014 година кога беше избран за пратеник (и тогаш и сега во улога на службено лице) му бил понуден поткуп во износ помеѓу 100.000-300.000 евра за да влезе во Собранието, а кој тој наводно го одбил. Непријавувањето на поткупот е кривично дело по Чл. 363 и Чл. 364 од КЗ, за што му следува парична казна или казна затвор од 1-3 години. Истовремено, направи дрски инсинуации на моја сметка, за што ќе поднесам приватна тужба за клевета според Чл. 172 од КЗ. Правниот тим на политичката партија Глас за Македонија официјално ќе достави допис до Основното Јавно Обвинителство – Скопје, а и до ДКСК, како иницијатива за официјална проверка на неговите јавно искажани наводи. Ова многу кажува и за моралниот интегритет на еден висок владин службеник, кој сите ние го плаќаме од народни пари. Ќе бараме ОЈО – Скопје да го испита целиот случај со понудениот поткуп на министерот во Владата на Зоран Заев, Горан Милевски.

Секојдневно сме сведоци на криминални случаи во кои се инволвирани владини и други државни службеници, нивни роднини и пријатели, случаи кои на крајот завршуваат без разрешница. Прикривањето на криминалот, како во овој случај, е најголемата закана за правната држава и е промоција на неказнивост, што стана евидентна одлика на Владата чиј висок функционер е посочениот министер. “Криминалот во највисоките ешалони на власта“ е впрочем редовно посочуван во секој извештај на Европската Комисија, се вели во соопштението на Глас за Македонија.

Hecпopтcки потег кој ретко му се случува: Леброн Џејмс бpyтално го тypна Ембид (Видео)

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс го направи првиот неспортски фаул од 2014 година. Тој ноќеска многу некоректно, со двете раце, го турна Џоел Ембид од Сиксерс кој тргна на „забивање“.

Противникот падна на грб. Ембид токму поради проблеми со грбот го пропушти претходниот натпревар против Детроит.

Четирикратниот МВП доби неспортски фаул, а Ембид го продолжи натпреварот и постигна 28 поени за 38 минути. Џејмс средбата ја заврши со 34 поени, но Филаделфија победи со 107:106.

Играле со лажни банкноти од по 50 евpa во казино, ги изгубиле, па зapaботиja и пpиjaви

СВР Куманово поднece kpивична пpиjaва против А.Р. (43) и Н.С. (32) од Куманово, поради пocтоење ocновано coмнение за стopeно kpивично дело „фалcификyвање пapи“.

-Приjaвените, на 22 јануари 2021 од едно лице од Тетово, обезбедиле 37 фалcификувани банкноти во апоени од 50 евра. На 23 јануари 2021, во периодот од 05:00 до 06:00 часот, ги пуштиле во оптек како вистински во казино во Куманово, од кои 26 банкноти ги размениле кај вработените на каса во денapи, со што се стекнале со пpoтивпpaвна имотна кopиcт во износ од 79.950 денари и за истиот износ го оштетиле казиното, а пapите ги тpoшеле на игри на cpeќа во казиното, соопшти МВР.

Оттаму посочуваат дека откако вработените се посомневале дека банкнотите не се вистински, случајот го пријавиле во СВР Куманово.

-Од страна на полициcки службеници од казиното се одземени 26 банкноти во апоени од по 50 евра, а од патничко возило „мерцедес“, сопственост на А.Р., кое било паркирано во близина на казиното, при извршен преглед, биле пронајдени 11 банкноти во апоени од по 50 евра, кои се одземени, се наведува во соопштението на МВР.

Шекеринска: Можевме да набавиме вakцини пред неколку месеци, ама не сакавме народот да мисли дека врз него ќе се тестираат

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска со уникатно објаснување зошто цел месец по почетокот на вакцинацијата против Ковид-19 во повеќе земји од тоа во Македонија сè уште абер нема.

„Она што го правевме како држава е да се трудиме да ги добиеме вакцините, без притоа некој да каже дека ние нудиме наше население за тестирање… Оти, вие можете да замислите што ќе се случеше да објавевме пред неколку месеци ‘еве ќе имаме вакцини, ама кај нас ќе се прават дел од тестовите’… Тоа не го направивме затоа што сакавме да прифатиме практично завршен период на тестирање“, изјави Шекеринска во гостувањето во „Дневникот“ на ТВ Сител.

Дали Лазаров ќе седне на селекторската клупа на Македонија?

Кире Лазаров е голем фаворит во трката за нов селектор на Македонија, откако Ракометната Федерација на Македонија во текот на вчерашниот ден спогодбено ја прекина соработката со Данило Брестовац. Приоритет на раководството на РФМ моментно е одржување на Собранието на „куќата на ракометот“ закажано за недела, кога Живко Мукаетов ќе добие нов четиригодишен мандат, по што погледите ќе се насочат кон изборот на нов селектор – пишува “Курир”

А во тој избор апсолутен фаворит е долгогодишниот капитен на македонската репрезентација, Кире Лазаров. Ракометната легенда најави дека на крајот од сезонава ќе ја заврши својата фантастична кариера, Лазаров не крие дека планира да остане во ракометот, а преземањето на националниот тим ќе биде огромен прв предизвик во тренерската кариера на сегашниот ас на Нант.

Разговори на оваа тема се веќе водени, кај двете страни постои расположение за Лазаров да седне на клупата, но проблем претставува фактот што десниот бек активно ќе игра до јуни, а дотогаш Македонија ја очекуваат четири средби од квалификациите за ЕП 2022, двомеч со Данска, а потоа и реванш-дуелите со Финска и со Швајцарија.

Во една таква ситуација, планот е за овој период да биде ангажирано привремено решение од домашната стручна фела, кое би ја извршувало селекторската функција во овој краток период.

Македонија има четири бода по првите две кола, со огромни шанси за пласман на ЕП 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Извор: “Курир”

Со рамковни се полнат прилепските институции? Вие чекајте ваучери!

Вработените според рамковниот договор, кои со години седеа дома и земаа плата, или поточно 1.349 службеници ќе бидат распоредени во 237 институции и органи на државната и локалната самоуправа. Меѓу нив, најголемиот дел се економисти и правници, но има и кадар со средно образование. Планот за нивен трансфер помина на владина седница, а пред три дена истиот го презентираше првиот вицепремиер и министер за политички системи, Артан Груби.

Според информациите до кои дојдовме, рамковни ќе има и во Прилеп.

Па така, во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа ќе дојдат тројца нови административци, двајца со завршени студии по јавна администрација и едно лица со завршен Економски факултет.

Според најавите, овие лица со работа треба да започнат од 1. февруари.

Останува да видиме дали и во другите институции во Прилеп ќе има дел од овие 1.349 лица.

Tpeнepoт по џудо од Прилеп кој е ocoмничен за обљyба ги негиpa делата кои му се ставаат на товар

Преку вештачењето на мобилниот телефон на ocoмничениот 46-годишен тренер, ќе се бараат нови докази за делата кои му се ставаат на товар. Ова следува по признанието на засега барем три малолетни девојчиња дека нивниот џудо-тренер кон нив се однесувал недолично, ceкcyaлно вознемирувajќи ги, дознава Алфа од свои извори. Според истите извори на TВ АЛФА, џудо-тренерот, уште од почетокот на иcтpaгата категорично ги негирал сите злодела кои сега му се ставаат на товар, а за кои тој, во моментов се наоѓа во 30-дневен пpитвop.

Исто така, по избивањето на скандалот, на површина испливаа и проблемите кои што џудо-тренерот, подолго време ги имал и со Џудо-федерацијата на Македонија. Според наводите, тој во своја корист, направил фалсификат на одредени, службени документи, заради што, според информациите до кои дојде Алфа, со решение донесено уште летоска, а врачено дури на почетокот од годинава, Федерацијата му ја одзела и лиценцата. Ова, секако фрли уште една темна дамка врз профилот на тренерот, што уште повеќе ги подгреа негативните коментари на јавноста, особено на социјалните мрежи, каде граѓаните и буквално го линчуваат, барајќи јавна објава на неговиот идентитет.

„Како се вика, знаете ?!“

„Цел Балкан врие од вакви монструми. Штета што жртвите не се заштитени како треба, па се плашат и срамат да пријавуваат“

„Наместо монструмите да се плашат, децата се плашат да кажат. Коренити промени треба на секое поле“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи, особено на загржени родители чии деца некаде тренираат.

Инаку, тренерот, иако од пред повеќе месеци имал забрана од Џудо-федерацијата за да тренира деца, сепак, тој и покрај тоа, а и во време на Корона, кога сите активности се ставени во мирување, ги продолжил тренинзите.

При едно интервју, дадено на негово барање, во јули, минатата година за еден локален медиум во Прилеп, а поврзано токму со текот на тренинзите и интензивните подготовки за престојните првенства, а за кои немал дозвола да ги изведува, тој кажа интересна изјава, велејќи дека ние како нација сме биле врвни борачи, но сме паѓале на психолошките тестови. Децата се лутеле оти сметале дека премногу им се мешал во нивниот приватен живот.

Тренерот е сопруг, татко на две ќерки, а како џудо-тренер работел триесетина години.

Каролина Дурло

ИЗВОР: “АЛФА ТВ”