дома блог страница 2176

Xpaбра девојка од Кавадарци јавно проговори: Бев жpтва на “Јавна соба”, oва не е наш cpaм, доста молчиме

„Јас сум Ана, една од девојките која што беше објавена во Јавна Соба“ – вака ја започнува својата исповед храбрата девојка од Кавадарци, чија слика од Инстаграм заедно со невкусна порака и телефонски број биле објавени на скандалозната група “Јавна соба” на “Телеграм”.

Во групата „Јавна соба“ на Телеграм се објавуваат експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки, кои се споделуваат со околу 5.600 членови на групата – објави TВ “СИТЕЛ”.

Ана од Кавадарци е една од девојките чија фотографија и лични податоци биле злоупотребени од непознати лица, па реши јавно да проговори со проблемите со кои деновиве се соочува.

Ана секојдневно добивала повици од непознати лица, а за случајот известила и во полиција, од каде добила одговор дека не можат ништо да направат.

„Почнав да добивам пораки и повици на мојот телефон, не знаев од каде, сè додека не добив скриншот. Мојата слика не само што беше објавена во јавна соба, туку тој некој ја препратил секаде.

Не знаев што да правам, испаничив, се преплашив, никогаш не сум доживеала такво нешто. Отидов во оддел за сајбер криминал да пријавам. Им ја покажав сликата, ги покажав пораките и повиците, дека имам со име и презиме луѓе кои ми пишуваа и ѕвонеа.

Кога слушнаа дека сум полнолетна, рекоа дека законот во нашата држава не може ништо да направи, бидејќи е само за малолетници. Бев беспомошна и бесна. Не знаев каде да се обратам. Изгубив секаква надеж, се разочарав.

Малку се повлеков, еден ден, но потоа продолжив со животот, иако пораките и повиците не престанаа и уште не се престанати. Кое ниско ниво на морал е тоа?

Единствено што можам да кажам е дека беше доста, претходно имаше многу жртви во вакви ситуации, ова треба да престане. Треба да се донесе закон што ќе не штити од ваков криминал. Секој еден може за нас да објави и напише што сака. Доколку се случи такво нешто на некоја ваша блиска личност, немојте да осудувате, но немојте и да молчите. Време е да прозбориме и ваквите ситуации да престанат”, вели Ана во нејзиното видео.

Таа ги охрабрува сите девојки кои биле предмет на ваква злоупотреба да реагираат и да зборуваат јавно, се со цел да се слушне гласот на сите и да се издејствува поголема заштита од државата за ваков вид на вознемирување.

Ана предупредува дека секој може да се најде во ваква ситуација. “Денеска сум јас, утре можеби ќе бидеш ти, твојата сестра, девојка, жена, колешка од работа”, вели таа.

Од секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за “СИТЕЛ” велат дека се преземаат соодветни мерки и активности во врска со случајот.

Пред точно една година беше откриена првата ваква група со над 7.000 членови на руската апликација за комуницирање “Телеграм”. Toгаш откриен беше креаторот, но случајот е заглавен во правосудните лавиринти.

Видео обраќањето на младата девојка од Кавадарци можете да го погледнете ТУКА

За сите нашинци во Гepманиja кои yживaaт во тypбо-фолк (Видео)

Ако денеска не се насмеавме, ова сигурно ќе ве насмее…

“Дај ми мајко друг живот” на германски:

Директорите против своите колеги професори по историја, географија, хемија, музичко, ликовно…?

Текот на наставата во второто полугодие и реформските процеси во образованието беше тема на разговор со Здружението на директори од основни и средни училишта.

На средбата директорите дадоа безрезервна поддршка на реформите и напоменаа дека целосно и посветено ќе се вклучат во целиот процес на имплементација.

Министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека со реформата за првпат учениците се ставаат во фокусот на образованието, а наставниците се клучната алка во наставата.

Министерката посочи дека училиштата треба да станат интересни места кадешто ќе се поттикне љубопитноста и критичкото и креативното размислување на децата и токму тоа се нуди со оваа реформа.

Балетот за него е свет каде ги изразува своите чувства и емоции: Веселин Трајковски од Прилеп е вистинска инспирација (Видео)

Веселин Трајковски е 17-годишен балетан oд Прилеп, момче кое цврсто сонува и работи да стане познат во балетот.

Учи во средното училиште “Илија Николовски-Луј” во Скопје, а љубовта кон танцот му се развива од најмала возраст.

“Главните виновници за тоа беа моите родители. За да не го потиснам талентот и љубовта кон танцувањето, моите родители решаваат да ме запишат во студио за танцување. Таму тануцував 7 години. Дојде и периодот за одлука на средно образование, па решавам да се запишам во средното балетско училиште отсек класичен балет”, вели Веселин.

За него вели дека балетот претставува свет во кој се пронаоѓа и свет каде може да ги изрази своите чувства и емоции.

“Балетот го гледам како моја професија, во која ќе се надоградувам во животот. И како за крај сакам да кажам во овој момент на невреме е малку тешко да се мотивираш, oсобено кога не си таму каде што треба да бидеш, а тоа е балетска сала. Но, сепак на ова гледам како минливо и тоа ме теши. Мојата цел е веќе на сите добро позната, а тоа е да станам првенец во балетот”, додава Веселин.

Во продолжение погледнете едно инспиративно видео, кое е дело на младиот камерман Андреј Златаноски од Прилеп, а во главна улога е Веселин Трајковски:

„Bклyчете ce или ќе ве oтcтpaнат од yчилиште“: Пpoфecopи вpшат пpитиcoк вpз матypaнтите кои бojкотиpaaт (Фото)

Професори и директори на училишта вршат притисоци врз матурантите кои ја бојкотираат наставата, се жалат средношколците.

До редакцијата на Прес24 пристигнаа фотографии од комуникација меѓу професори и ученици во која се бара матурантите да се вклучат на часовите.

„Досега имате 21 оправдан или неоправдан од тоа како ќе одлучите вие“, „Дечки ќе ве отстранат од школото, ВКЛУЧЕТЕ СЕ, не ставате класните во непријатна ситуација“ – се дел од пораките кои матурантите ги добиле од страна на професорите за бојкотот на наставата.

И покрај притисоците матурантите го продолжуваат бојкотот. Наставата се бојкотира во 13 средни училишта во Скопје, како и во повеќе градови, како што се Тетово, Куманово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Битола, Прилеп, Крива Паланка, Свети Николе, Берово, Пехчево, Виница и Радовиш.

Според претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи, матуранти од три града се постојано под притисо од страна на училиштата.

-Од тоа што матурантите имаат испратено до Сојузот на средношколци знаеме дека има притисоци во Медицинското школо во Штип од страна на директорката. Исто така, се врши голем притисок во гимназиите во Битола преку родителските средби, но и во Куманово, во гимназијата „Гоце Делчев“, вели претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи за Прес24.

Груевски за Законот за попис: Трка која етничка заедница ќе направи повеќе неправилности при попишувањето и ќе запише повеќе лица

Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски се огласи со став околу престојниот попис на населението, тој на Фејсбук пишува:

“Попис во Македонија и потребата од заедничка соработка на партиите заради државен и национален интерес

Во својство на поранешен премиер, неколку работи околу претстојниот попис.

На Македонија несомнено и е потребен попис.
Но, пред се реален и фер попис, попис во кој ќе веруваат најголем дел од граѓаните, со закон кој го гарантира тоа и со доверба кај сите политички чинители која потоа ќе се рефлектира и во поголема доверба кај населението и општата јавност.

Отфрлањето на амадманите со кои се предлагаше при секое попишување идентификација на лицата да се направи со отпечаток од прст преку мобилна опрема кај секој попишувач која е он лајн поврзана со базата на податоци на МВР е лош сигнал и нема аргументирано објаснување, што остава простор за сериозен сомнеж дека некој планира лажирање на пописот со лица кои не се присутни или можеби и не се живи.

Исто така отфрлањето на принципот на секаде да одат двајца попишувачи од различна националност со врзан потпис е голем чекор кон нарушување на довербата во процесот но и на зголемениот надѕор. Но, отфрлањето на амадманите не е крај на сите можности ако почне порационално да се размислува.

Не е разбирливо зошто се укинува државната пописна комисија во која и опозицијата би можела да делегира неколку експерти од областа, кои би имале право на проверка на попишаните лица, со испраќање нова попишувачка двојка онаму каде има основан сомнеж, но и со надѕор на работата при утврдување на критериумите и изборот на теренски попишувачи како и контрола врз внесувањето на податоците во компјутер подоцна.

Отфрлањето на предлогот на опозицијата секој попишан да добие примерок од пописната листа исто така мислам дека не е добар чекор. Таа идеја не само што ќе ја зголеми довербата во процесот, туку ќе направи многу луѓе и нивните наследници горди, покажувајќи како се попишале како Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи, но и Бугари, Грци, Хрвати и.т.н. а ќе помогне и да нема лажирања при конкурсите за вработување во јавниот сектор каде понекогаш се случува различни лица лажно да ја престават својата националност за да обезбедат вработување во некоја државна институција.

Досега очигледно е дека и опозицијата не ги користеше сите легитимни расположливи средства и на моменти делуваше како да крена раце од пописот со најава дека немало да го признае, иако е јасно дека пост фестум реакција со непризнавање нема никому да значи ништо, ниту пак идејата за нов попис по доаѓањето на власт на опозицијата звучи реалистично и остварливо, имајќи во обзир дека за такво нешто ќе е потребна и подршка од коалиционите партнери во владата, како и не опструирање на тогашната опозиција и други фактори, а конечно и нови трошоци.

Впрочем ,зошто нов попис, кој веројатно нема ни да се случи, кога сега може да се заврши фер попис со здружени напори и чесен пристап и на власта и на опозицијата ако се има воља кај двете страни за ова прашање кое е од висок државен и национален интерес.

Конечно непризнавањето на опозицијата нема да им пречи на европската статистичка агенција, на ЕУ, на ООН и на целата меѓународна заедница да ги користат податоците како валидни одкога меѓународната заедница ќе ги признае и ќе стане дел од домашните и меѓународни институции. Во ваква атмосфера мислам дека веројатно ќе ги признае какви и да се, за да нема нови проблеми во земјата.

Одредени искуства од минатото укажуваат дека пописот може да биде предмет на злоупотреба преку масовно попишување на дијаспората која подолго од една година живее надвор од земјата, од страна на одредени етнички заедници и нејзино претставување како да живее во Македонија, што во Македонија не е неважно заради уставните измени во 2001 година.

Ако остане овој закон, согласно искуствата од минатото постојат неколку опции по кои веројатно ќе се одвива пописот:

1. Активно попишување на целокупната или поголем дел од дијаспората а можеби и на некои починати лица, од страна на попишувачите на една етничка заедница; Ова ќе резултира со нереален попис, многу фрустрации, политички тензии и негирање на веродостојноста на пописот.

2. Активно попишување на целокупната и поголем дел од дијаспората а можеби и на некои починати лица од страна на две или повеќе етнички заедници и во тој дел трка која етничка заедница ќе направи повеќе неправилности при попишувањето и ќе запише повеќе лица оддамна иселени, како да живеат во Македонија; и во ова сценарио ќе добиеме нереален попис.

3. Бојкот на пописот кај неколку стотици илјади граѓани преку неотварање врата, како да не се присутни во домот, за да одбегнат казна, кога попишувачот ќе заѕвони на вратата, од страна на голем број граѓани веројатно од една етничка заедница, во случајот македонскиот народ, независно дали некоја партија ќе ги повика граѓаните или не на бојкот. Како што во моментот стојат работите, без повик некоја партија но со лични одлуки на голем број граѓани, кои пак истовремено може да се забележи на социјалните мрежи, веќе вршат притисок на опозициските партии да повикаат на бојкот.Јас никогаш не сум бил подржувач на бојкот во политиката, што низ одлуките во клучни моменти и сум го демонстрирал. Бојкотот не ги решава проблемите, често и ги продлабочува и политиката е борба за натпревар а не за бојкот. Но, доколку во овој случај немањето политички договор и консензус на Законот за попис предизвика преголема фрустрација, можно е дел од граѓаните помасовно да преминат кон тоа, дури и кога е нерационално во однос на исходот.

И во ваков случај резултатите од пописот би биле нереалени. Развој на настаните од овие три можни сценарија, не би ја дал најважната придобивка од пописот а тоа е прецизна база за натамошното планирање на развојот и иднината на државата. Дополнително би дал погрешна слика и би заклучиле дека попусто се потрошени парите и попусто и не потребно е поминато низ еден тензичен период.

4. Прекин на пописот доколку ескалираат неправилностите или негово одложување во една непријатна и тензична атмосфера. Во сите 4 опции нема да имаме реален и законски попис кој реално ќе ја отсилика состојбата на теренот во Македонија а во првите три опции и попис во кој нема да постои никаква доверба кај населението со можност за нова политичка криза. Дури и да предвидиме 5. варијанта во која во идеална ситуација ќе се одржи целосно законски и фер попис, со одбивањето на власта да ги вгради заштитните механизми од фалсификати на кој инсистира опозицијата на мнозинството народ но и илјадници граѓани како поединци, никој или барем мнозинството граѓани нема да веруваат дека пописот бил фер и реален. Тогаш, не разбирам зошто е ова туркање на сила од страна на власта на пописот. Знаеме дека бројот на пратеници им ја дава силата, но тие пратеници ниту ќе ја изградат довербата во процесот на попишување кај мнозинското население, ниту ќе ја спречат целата негативна енергија која ќе произлезе во општеството и која ќе остане да тлее со години и да биде генератор на негативни трендови.

Знам дека ниту Македонците, ниту Албанците, ниту било која друга етничка заедница не би сакала нивниот процент на застапеност во вкупното население неоправдано да се намали како резултат на незаконски попишани лица од друга етничка заедница со што таа етничка заедница неоправдано и лажирано би пораснала на сметка на другите. Ова затоа што уставот на Македонија по рамковниот договор предвидува степен на застапеност во јавната администрација, користење на јазиците во општините и ред други права поврзани пописот. Знам дека на мнозинството од Македонците во Тетово и на мнозинството од Албанците во Скопје воопшто нема да им е сеедно дали нивниот процент на застапеност ќе биде, 25, 18 или 35 проценти и верувам дека сите, или убедливото мнозинство граѓани сакаат чесен и фер попис и особено после последното искуство ќе се повнимателни околу тоа. Верувам и дека преставниците на меѓународната заедница кои се пријателски настроени кон Македонија посакуваат фер и законски попис, но и попис во кој убедливо мнозинство од граѓаните ќе имаат доверба а оние кои и понатаму ќе немаат доверба, да немаат аргументи за тоа.
Зошто тогаш во Законот не се обезбедуваат заштитни и контролни механизми кои ќе ги остранат сомнежите и ќе ги здружат силите кон заедничкиот државен и национален интерес а тоа е успешен, законски и фер процес на попис во кој ќе има широка доверба? Мудро е да се размисли уште еднаш.

Рационално и мудро однесување на власта е ако опозицијата им бара по два попишувачи со врзан потпис, да им понуди ако сакаат и по три, само со цел сите да веруваат дека пописот е чесен и спроведен во фер постапка, и со паралелна цел да ја вовлече опозицијата во процесот за заеднички да го истуркаат и да нема голема општа недоверба во целата операција од страна на огромен број граѓани.

Опремата за онлајн отпечаток на прст веќе сите знаеме дека и онака годинава ќе се набавува за локалните избори каде со закон е тоа предвидено како обврска.

Што е проблем ако таа опрема се набави шест месеци порано?

Конечно дали пописот ќе се одржи во април или во мај не е најважно колку што е важно да има доверба во спроведеното а не нови поделби и нова доза негативна енергија и тензии во општеството.

Зошто се бега од аргументирана дебата и аргументирани одговори по прашањето на закон кој гарантира фер процес на попишување? Истото уште не почнало а со овој однос практично верувањата дека пописот е лажиран се веќе доминантни, барем кај мнозинскиот народ во државата, кај Македонците.

Ако се има воља, процесот може да се изменаџира и да има друг позитивен тек. Тоа е можно со брза измена на Законот за попис, подржана од сите. Тотално е неважно што во другите земји не се зема отпечаток од прст бидејќи во другите земји пописот не обезбедува разни колективни права и нема вакви тензии околу него. Значи, и онака сме веќе различни од другите земји па така нирмално е процесот да го прилагодиме на нашата реалност.
Состојбата дополнително стана проблематична со фактот што Законот не го усвоија сами како власт СДСМ и ДУИ, туку СДСМ и сите партии во парламентот чии подржувачи се главно граѓани од втората најголема заедница во државата, чии партии и пратеници и од власта и од опозицијата го подржаа овој закон. Овој потег му фрли уште посилна етничка димензија и сомнеж на пописот и ако вака остане, со силата на мнозинството во парламентот, пописот некако ќе се истурка, но ќе генерира нови поделби и продлабочување на јазот кој и онака постои, сакале ние да го признаеме тоа или не.

Не разбирам ако и двете страни(власт и опозиција) сакаат реален попис зошто не се договорат и особено зошто власта не излезе во пресрет на барањата на опозицијата за дополнителни гаранции во Законот бидејќи така ќе си ги намали проблемите и критиките а ќе ја постигне целта: фер и законски попис.

Од друга страна, ако тоа се случи, опозицијата не смее да го злоупотреби тоа или повторно да го проблематизира процесот без многу сериозни аргументи.

Треба и двете страни да покажат зрелост и да демонстрираат пред јавноста дека за прашања од државен интерес можат да се договорат без да си поставуваат дневно политички замки. Лошото искуство со пописот од минатото не треба ниту да се игнорира ниту да се повтори.

Благица Новковска несомнено е меѓу најискусните луѓе во Македонија во сверата на статистиката и пописот и експерт во оваа област во Македонија но и во регионот. Од нејзината биографија на интернет може да се пресмета колку години работела во заводот за статистика и колку години била негов директор, што е несомнено огромно искуство и акумулирано знаење и експертиза.

Загрижуваат нејзините апели преку нејзиниот ФБ профил во врска со претстојниот попис. Таа укажува и за многу сериозни проблеми со базите на податоци на кои се повикува власта, кои бази ќе доведат до комплетно не точен резултат од пописот. Никој не дава аргументиран одговор на тоа, можеби во една јавна телевизиска дебата.”

Таравари: “Македонија тeшko дeкa ќe зaпoчнe co вakцинaциja пpeд мaj или jyни”

Опозициските партии во Македонија велат дека доцнењето во процесот на снабдување со вакцини ја покажува неспособноста на владините преставници.

-Сметам дека ние како држава заглавивме во договорите направени со компаниите што произведуваат вакцини, а исто така и во врска со програмата COVAX, вели за Радио Слободна Европа, Арбен Таравари од опозициската коалиција, Алијанса за Албанците – Алтернатива.

Таравари, кој претходно беше на чело на Министерството за здравство, е скептичен дека Македонија може да започне масовна кампања за вakцинација пред мај или јуни.

Андон Чибишев, кој е член на собраниската Комисија за здравство, исто така ја обвинува владата за неспособност поради доцнењето во обезбедувањето на вакцината.

-Еднаш не уверуваа дека сè е во ред, дека нашите власти постигнаа договор да обезбедат 500 илјади или 800 илјади дози преку системот COVAX и тогаш се покажа дека овој систем не работи и дека нема да добиеме вakцини. Слушнавме дури и изговори од претседателот на државата и министерот за здравство дека сме многу мал пазар, затоа сме игнорирани, рече Цибишев, кој доаѓа од редовите на македонската опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ.

(Видео) Се појавија снимки од свдбата на Меланија и Доналд – венчаницата и тежела 25 килограми

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп на 22 јануари прославија 16 години брак.

Бракот со убавата Словенка на Доналд му е трет по ред, после неуспшните бракови со Ивана и Марлом Мејплс.

Судбоносното „да“ го изговорија на Палм Бич на Флорида во 2005 година, а на целата церемонија биле потрошени над милион долари.

Меланија на свадбата носела раскошѓен фустан со потпис на Џон Галијано, кој во тоа време работел за престижната модна куќа Диор. Блескаво белата венчаница била тешка 25 килограми, а имала дури 91 метар свила. Венчаницата која чинела 100 илјади долари завршила на страницата на Вог. Околу нејзиниот врат блескало и брилијантно ланче.

Меланија истакнала дека самата ја организирала целата церемонија. Интересно е што немала класичен бидермаер, туку семејно наследство во вид на бели рози.

Екстравагантната свадбена торта имала дури 7 спрата и била висока метар ипол. Доналд и Меланија тогаш стапиле во брак после 7 години врска.

И секретарот на ОО СДСМ Прилеп се смести во Управен одбор

На синоќешната седница Владата ги прифати предлог решенијата на владината Комисија за именувања и донесе повеќе одлуки.

-Владата на Северна Македонија заклучи на Миле Велкоски, Николина Недеска и Кире Северкоски да им утврди престанок на мандатот, членови на Управниот одбор- претставници на основачот на ЈЗУ Општа болница Прилеп.

-Миле Велковски, Кристијан Талески и Николина Недеска да ги именува за членови на Управниот одбор – претставници на основачот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп.

Меѓу одлуките за именувања се следните: Александар Цуцулоски, да го отповика од должноста вршител на должноста член на Одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката.

-Мухамед Љамалари, да го избере за член на Одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката.

-Владата на Република Северна Македонија заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје да го разреши од должноста член на Управниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје Драги Цветковски, а за нов член на Управниот одбор да го избере Нуредин Фетаи.

-Врз основа на член 49 став 4 од Законот зa Народната банка („Службен весник на Република Македонија“ бр.158/2010, 123/2012, 43/2014, 153/2015, 6/2016 и 83/2018), Владата на Република Северна Македонија заклучи да му предложи на Собранието на Република Северна Македонија за неизвршни членови на Советот на Народната банка на Република Северна Македонија, со мандат од седум години да ги именува: Борче Треновски, Никола Поповски и Марјан Петрески.

-Исни Јакупи да го именува за директор на Управата за водостопанство, орган во состав на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Татијана Лалчевска да ја именува за директор на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија.

-Наташа Јанковска да ја разреши од должноста член на Советот за стручно образование и обука, претставник од Министерството за образование и наука, на нејзино барање.

-Снежана Костовска Фрчковска да ја именува за член на Советот за стручно образование и обука, претставник од Министерството за образование и наука.

-За членови на Училишниот одбор – претставници на основачот на Државното средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ Тетово, да ги именува: Арбен Несими, Горан Савески и Душко Коцески.

-Од должноста членови на Училишниот одбор – претставници на основачот на Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје, да ги разреши Славче Ивчевски и Елена Стефановска, а за членови да ги именува: Елена Стефановска, Симона Јовевска и Натали Папакоч.

-Владата се информираше за оставката од Даниел Димевски од должноста претседател на Комисијата за евалуација на предлог – листата на спортски ваучери и врз основа на член 14-г став 9 од Законот за спорт, на органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот за формирање на Централна комисија за евалуација на предлог – листата, за период од четири години (Агенција за млади и спорт), Владата ги предложи: за претседател Огнен Стојановски и за членови: Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Нијази Елмазов, Дриљон Леши, Иван Миноски и Бејтула Емини.

-Ивана Костовска, да ја разреши од должноста член на Управниот одбор – претставник на основачот на ЈЗУ Здравствен дом „д-р Иван Георгиев“– Пехчево на нејзино барање, а за член на Управниот одбор да го именува Петар Цветковски.

-Славе Јорданов да го разреши од должноста член на Управниот одбор – претставник на основачот на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес на негово барање, а за член на Управниот одбор да го именува Марјан Габеров.

-Јане Андовски да го разреши од должноста член на Управниот одбор на ЈУ Центар за социјална работа Пробиштип – стручeн работник од центарот за социјална работа, поради постоење на состојба на судир на интереси на негово барање, а за член на Управниот одбор да ја именува Снежана Петрушев.

-Александар Костадинов, да го разреши од должноста член на Орган за надзор на ЈУ Центар за социјална работа Виница на негово барање поради постоење на состојба на судир на интереси, а за член на Органот за надзор да ја именува Ленка Павлова.

-Арјан Даци, да го разреши од должноста член на Управниот одбор – претставник на основачот на ЈЗУ Универзитетска клиника за хирургија на лице, вилици и врат – максилофацијална хирургија – „Академик Илија Васков“ поради постоење на состојба на судир на интереси, а за член на УО да го именува Шкељким Селими.

-Шкодране Дарлишта да ја разреши од должноста вд директор на ЈУ од областа на здравството за потребите на ЈЗУ универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје поради постоење состојба на судир на интереси.

-Амар Даут да го именува за вд директор на ЈУ од областа на здравството за потребите на ЈЗУ универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје.

-Љупчо Павловски да го разреши од должноста член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта на негово барање.

-Стојанче Манев да го именува за член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта.

-Даут Хајрулахи да го разреши од должноста член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта.

-Илир Селмани да го именува за член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта.

-Билјана Симонова – Тасева да ја разреши од должноста член на Управниот одбор на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о. на нејзино барање поради постоење на состојба на судир на интереси, и

-За државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Велес да го именува: Александар Јаковлевски.

Еве тутунари гледајте како власта се грижи за вас!

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната Комисија за земјоделство во Собранието, поднесоа Информација за состојбата на тутунот од реколта 2020-2021 заклучно со 21.12.2020.

Информацијата беше поднесена од пратениците Александар Николоски, Љупчо Димовски, Дајанчо Ефтимов, Златко Пенков, Мирче Аџиоски, Здравко Трајанов, Кирил Пецаков, Александар Велјановски, Игор Здравковски, Љупчо Пренџов, Бети Стаменкоска Трајкоска, Даниела Христова, Лидија Петкоска, Ангелинка Петкова, Бране Петрушевски, Миле Лефков, Иван Јорданов, Бојан Стојаноски, Рашела Мизрахи, Благица Ласовска, Петар Ристески и Никола Мицевски, но никој од пратениците од владеачкото мнозинство не се појави во салата.

На ова на Фејсбук реагираше поранешниот министер за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, кој напиша:

“Собраниска реалност, празната сала на седницата на Комисијата за земјоделство и расправата за Информацијата за состојбата со откупот на тутунот, предложена од опозицијата, потврда за незаинтереираноста на мнозинството од власта за проблемите на тутунарите”.