Победа доби донација дресови од “Моцарт”

Преку кампањата „Нови дресови за нови шампиони“ компанија Mozzart досега помогна на повеќе од 40 спортски клубови на кои им обезбеди комплетна спортска опрема.

Нови дресови за домашните и гостинските натпревари добија и фудбалерите на прилепска ФК Победа.

“Продолжуваме со хуманитарната кампања “Нови дресови за нови шампиони” и со поддршка на локалните спортски клубови и развој на домашниот спорт. Овој пат, нова спортска опрема (комплетна домашна и гостинска гарнитура) добија фудбалерите на ФК Победа од Прилеп. Им посакуваме многу успеси!”, напишаа од Моцарт.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.