дома блог страница 2174

Teшка cooбpaќajка на излезот од Пpилеп, на патот Пpилеп-Kpyшево (Фото)

Teшка cooбpaќajна нecpeќа се cлyчи yтpoво околу 6.30 часот, на излезот од Пpилеп, на патот Пpилеп-Kpyшево.

Според неофицијални информации во cooбpaќajката тешко повpeдени се две млади лица.

Повpeдените итно се пренeceни во клиниките во Скопје. Повеќе информации подоцна.

Јаневска: “Со новата концепција се предвидува изборен предмет ceкcyално образование во второ одделение”

Професорката Весна Јаневска која е претседател на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со новата концепција за реформи во образованието, вечерва во Дневникот на Сител телевизија истакна дека освен тоа што ќе се учи без учебници по новата предложена концепција, без ниедно објаснување што ќе учат децата, а се воведува сексуално воспитување во второ одделение како изборен предмет, се внесува хаос, а ученици ќе учат различни работи кај различни наставници.

-Според концепцијата училиштата сами ќе ја организираат наставата според своите капацитети, наставниците без учебници, освен за првата група на предмети ќе користат многу извори и ќе се адаптираат и ќе предаваат тоа што тие сметаа дека е соодветно.

Јаневска вели дека може да се случи во Прилеп предмет општествени науки да учат за Прва светска војна, додека во Битола ако наставникот смета дека Втора светска војна е позначајна, а ако се сретнат децата да не знаат дека учат де факто ист предмет.

-Притоа со оваа концепција им се даваат изборни предмети на децата од второ одделение кога тие не можат сами да избираат затоа што родителите им се старатели, во кои предмети има и јога и пилатес, но и сексуално воспитување во второ одделение, без никаков детал за тоа што децата во тие 16 недели ќе учат ако го изберат или доколку го изберат, објасни Јаневска.

Јаневска дополни дека образовна реформа е потребна, но сепак нема потреба од интегрирање на предмети туку, интегрирање на наставни содржини, како и сите недоследности кои ги наброја мора да бидат предмет на јавна дикусија и експертски мислења, па затоа оваа концепција треба да биде отстранета.

Победа ЗА ОФС, Пoбеда против ОФС: Гешоски присутен – раштиман оркестар од некогашната гордост на градот

Вчера во Прилеп се одржа Изборно Собрание на кое доверба доби Марјан Стојкоски од присутните делегати. Присутните изразија задоволство од работата на Муамед Сејдини и најавија дека е добро да се кандидира за нов мандат на претседателската функција во ФФМ – oбјави “Dribling.mk”.

Овој ОФС го кандидираше Стојкоски за член на Управниот Одбор на ФФМ во следниот мандат. На Собранието присуствуваа 46 од вкупно 59 делегати, тоа е повеќе од 3/4 четвртини од вкупниот број со право на глас.

Воедно на ова собрание имаше претставник и на ФК Победа во името на Благоја Гешовски кој ги поддржа активностите на ОФС Прилеп.

Истовремено на официјална Фејсбук страна на клубот, портпаролот информираше дека ФК Победа, почитувајќи го Законот за спорт, нема да учествува на Собранието на ОФС Прилеп.

“ФК Победа, почитувајќи го Законот за спорт, нема да учествува на денешното Собрание на ОФС Прилеп. Како и останатите клубови од Првата и двете Втори лиги и ФК Победа се залага клубовите да даваат свои претставници кои ќе учествуваат во работата на Собранието на Фудбалската Федерација на Македонија и со тоа директно ќе учествуваат во изборот на фудбалските органи но и во и унапредувањето на македонскиот фудбал”, напиша Димоски.

Стана ли некогашната градска гордост целосно раштиман оркестар?

УEФA paзвива нов фopмат, ќе ce peфopмира Лигата на шампиони до 2024 година

Европската фудбалска федерација развива нов формат за Лигата на шампионите, пренесува „АС“.

Според изворот, претседателот на организацијата, Александар Чеферин, преговара со пет претставници на Европската клупска асоцијација (ЕЦА): Реал Мадрид, Јувентус, Манчестер јунајтед, Фенербахче и ПСЖ.

УЕФА, наводно, планира да им даде на најголемите клубови во Европа повлијателна улога на новиот турнир и има намера да развие нов систем за дистрибуција на приходите. Како дел од реформата, може да се создаде нова компанија, во која и УЕФА и клубовите учесници можат да добијат свој удел.

Реформата е планирана за 2024 година, со претпоставка дека може да се случи една до две години порано доколку преговорите бидат успешни и брзи. Забележано е дека тоа може да влијае на националните турнири. Бројот на учесници во врвните европски првенства може да се намали на 16 екипи, а бројот на етапите во куп-натпреварите да се намали на 4-5.

Тутунарите се дават во лаги: Наместо да се подобри, состојбата на месец до крајот на откупот уште повеќе се влошyва

Оваа година заглави откупот на тутунот. Тутунарите револтирани од пристапот на властите кои како што велат тие, ги оставија на милост и немилост.

Имено, откако министерот за земјоделиe им вети дека Bладата ќе најде решение за откупот на нивниот тутун, тие револтирани дека нема ништо од ветеното, а до истекување на рокот за откуп на тутунот остана уште само еден месец, ги повикаа на средба кај нив премиерот и министерот за земјоделие.

Па така преку писмо Игор Мирчески од Иницијативниот одбор ги повика премиерот и министерот за земјоделие на итна средба со откупувачите.

„Почитувани тутунопроизводители останува последниот месец за откуп од овогодишната реколта. А во последно време сведоци сме дека работите на терен имаат тенденција да се влошуваат на и така најлоша и најкатастрофална откупна реколта. Ниската откупна просечна цена од 165 денари наместо да оди во нагорна линија таа почнува да паѓа. Динамиката на откуп наместо да се зголемува, таа исто од 750 тони на ден се врати на 600 тони“, се вели во соопштението.

Тутунарите се оставени сами на себе во оваа реколта и никој до сега од инстиуциите не им излезе во пресрет во нивна заштита.

Вчера на фејсбук во врска со тутунот, се јави и поранешниот технички заменик министер за земјоделие, Цветан Трипуновски.

„Уште еден месец не дели до крајот на законскиот рок на откупот на тутунот, а тутунот стои не откупен. Десетици илјади тутунарски семејства мака мачат со егзистенција. Владата ги прелажа. Заев вети и излажа, загрозена е егзистенцијата на десетици илјади наши сограѓани, само затоа што Заев не сака да им помогне. Можеше, но не сакаше да ја зголеми двојно субвенцијата за предаден килограм тутун и со тоа да им помогне да ја преживеат годината. Но наместо помош, Заев реши да ги остави на милост и немилост“, напиша Трипуновски на Фејсбук.

И во ЈП за ПУП од денecка нова paмковно вpaботена: Ќе ги види нajcкапите автобycи?

После најавените 3 нови рамковни вработувања во ЈУ МЦСР Прилеп, денеска дознаваме дека рамковно вработување ќе има и во Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање.

– 1.349 службеници ќе бидат распоредени во 237 институции и органи на државната и локалната самоуправа, ова минатата недела го изјави првиот вицепремиер и министер за политички системи, Артан Груби.

Изминатите денови првите рамковни вработени добија свои работни места.

Bо Меѓуопштинскиот центар за социјална работа ќе дојдат тројца нови административци, двајца со завршени студии по јавна администрација и едно лица со завршен Економски факултет.

Денеска дознаваме дека едно лице од рамковните ќе работи и во ЈП за ПУП.

Останува да видиме дали и во другите институции во Прилеп ќе има дел од овие 1.349 лица.

Кога сме кај ЈП за ПУП да потсетиме дека ова јавно претпријатие во 2019 година купи 4 автобуси од марка “ИСУЗУ” на метан за 1 милион евра, или по 250.000 евра за еден автобус.

Автобуси од истата марка месецов купи и општина Тетово, но пет на број, за 720 илјади евра, или 144.000 евра за еден автобус.

3acтpaшyвачка снимка: Мечка со сета брзина брка скијач на стаза – со досетлив потег си го спаси животот

3acтpaшyвачка снимка од Романија

Момче скија на планините во близина на романскиот град Брашов, а зад него го брка мечка.

Тој во паника ја зголемил брзината, а луѓето кои се возеле на жичарата се обиделе со свирежи да го одвлечат вниманието на мечката.

За среќа, скијачот се сетил дека има ранец и успеал да го одвлече вниманието на мечката фрлајќи го ранецот во снегот.

Mизо: Странските компании наместо да реинвестираат во Македонија – одат во Србија

Странски компании кои веќе инвестирале во земјава, своите реинвестиции, наместо во Македонија, ги реализираат во соседна Србија.

Во изминатиот период тие постојано критикуваа за лошата бизнис клима и за честото менување на законите, како и за недоволна грижа од страна на владините претставници кои се задолжени за нив. Некои од нив дури сведочат дека добиле одговор од одредени претставници на власта дека во земјава има доволно инвестиции, со што не ги земале во обзир проблемите кои ги мачат компаниите.

За тоа дека компаниите донеле одлуки да го шират бизнисот во соседна Србија, сведочи и Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата на странски компани со технолошко напредно производство во емисијата Топ Тема на Телма.

-Некои од компаниите во Македонија наместо да реинвестираат тука направија реинвестиции во соседните земји, на пример имавме две инвестиции на Адиент тука, таа отиде во Србија, Кромберт и Шуберт отиде во Србија, Аптив отиде во Србија и тоа е еден многу лош сигнал кога ќе видите дека компании кои се тука лоцирани, нивните реинвестирања, нивните нови проекти не ги прават тука, во вашата држава туку ги прават во други места, не успеавме да ги задржиме, изјави Виктор Мизо.

Само компаниите од автомобилската индустрија во Македонија вработува нас 28 илјади луѓе, извозот надмина 3 милијарди во 2019, а лани имаше намалување од 13 проценти.

Во 2020, 49% од целиот извоз од Македонија е на овие 19 компании кои се од автомобилската индустрија, односно повеќе од две третини отпаѓа на овие компании.

(Видео) Од сон до реалност: Во Србија произведен првиот летечки автомобил

Основачот и сопственик на Pink Media Group, Жељко Митровиќ, со секој негов потег покажува како треба да се негуваат страстите.

Сопственикот на ТВ Пинк, уште во средината на мај минатата година најави дека ќе направи летечки автомобил, со кој ќе го прелета Белград.

Сега тој го исполни своето ветување и го направи првиот летечки автомобил, кој е со капацитет за едно лице.

“Денеска е 24 јануари 2021 година – 12 часот, намерно го кажувам датумот и времето, затоа што верувам дека овој ден ќе влезе во историјата на српското, но и европското воздухопловство. Конечно, flying car кој го најавивме, денеска прв пат ќе полета”, вели во видеото Митровиќ.

Pink research development centar (PRDC) на чело со Жељко Митрович и група инженери од Машинскиот факултет во Белград, успеаа да го направат првиот летечки автомобил (опто хоптер), електрична летечка машина со вертикален погон. Идејата е овој автомобил да им служи на сите оние на кои им се здосадени сообраќајните градски гужви, или на оние со авантуристички дух.

Погледнете:

Македонска убавина: Сите патишта водат кон Михајлово (Фото)

Новата снежна покривка е вистински магнет за уживање во прекрасното Михајлово

На Фејсбук групата “Патувања низ Македонија” се објавени прекрасни фотографии од ова рекреативно место на Кожув планина.

Рекреативци и љубители на природата денеска за МИА изјавија дека Михајлово го посетуваат тиквешани, но и гости од други места. Сите тие сакаат да уживаат во снегот, убавата природа и чистиот воздух.

За тие што не знаат, одморалиштето Михајлово е лоцирано на 40 километри од Кавадарци со комплетно реконструиран пат, на надморска височина од 1200 метри, опколено со стара борова шума. „Михајлово“ ќе ви понуди прекрасен престој во целосно реновирани и хотелски адаптирани соби, вкусни оброци подготвени на традиционален начин во со ХАСАП стандардизиран ресторан, спортски терени, пешачки стази, услови за планински велосипедизам…