дома блог страница 2158

Наместо македонски во Бугарија, сега бугарски во Штип?

Штипскиот градоначалник Николов вели дека нема ништо против во штипските училишта факултативно да се изучува бугарскиот јазик, во духот на добрососедството и продобрата комуникација, дал ваков предлог и до бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов, кој денеска беше во посета на Штип – пренесува “ММС”

На пријателската средба како што ја нарече градоначалникот Николов, се разговарало за проектите кои ги имале со меѓуграничната соработка, источно планскиот регион, локалниот економски развој, проекти кои се завршени, но и за проекти кои би следувале во иднина.

-Разговаравме за дополнителна помош, инвестиција и иновација во нашиот образовен систем во градот, но и за збратимување и зближување со општини кои што се од суштинско значење за Штип, вели Николов.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Добива ли метла и прилепскиот градоначалник? Што е причината? Градот вратен еден век назад?

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека лично ќе застане зад кандидатурите на неколку актуелни градоначалници на локалните избори што треба да се одржат наесен.

СДСМ, кажа тој одговарајќи на новинарско прашање, ќе излезе со најдобрите можни кандидати.

-Лично јас имам свои ставови. Она што можам да кажам во моментот е лично како претседател на СДСМ ќе застанам зад неколку кандидати заради тоа што имам свој личен впечаток, што не значи дека ќе биде и конечна одлука бидејќи имаме јасни и статутарни определби како се прави тоа, рече Заев.

Исклучително задоволен, како што потенцираше, бил од работата на градоначалниците на Валандово, Богданци, Демир Капија, Конче, Кочани, од новиот градоначалник на Штип, на Старо Нагоричане, Крушево, Маврово Ростуше…

– И сигурно има и други општини. Но, тоа е само мој личен став. Ова го кажувам за да ги охрабрам да продолжат успешно да работат, но и да испратам порака до сите други да си ги завршат своите програмски ветувања кои им се дадени, рече премиерот и лидер на СДСМ Заев.

Тој исто така рече дека постапките за селекција и избор на кандидати за локалните избори во СДСМ ќе се одвиваат во мај и јуни и оти тогаш конечните одлуки ќе ги носат органите на партијата, за оние кандидати што ќе бидат од СДСМ.

Заев потенцираше дека крајната одлука сепак ја имаат граѓаните на изборите.

Koнте не знae да поднece пopaз: Мy покажа среден пpcт на газдата на Jyвентyc (Видео)

Јувентус е првиот финалист во италијанскиот фудбалски Куп, откако синоќа на домашен терен одбрани 0:0, и со победата од 1:2 на “Џузепе Меаца” го исфрли Интер од ова натпреварување.

Јувентус ја имаше контролата на играта и покрај тоа што Интер постојано напаѓаше. Клубот од Милано не успеа да создаде речиси ниту една стопроцентна шанса и да го загрози голот на Буфон.

Старата дама преку Роналдо имаше и неколку шанси за победа, но Хандановиќ беше на врвот на задачата.

Тренерот на Конте не го криеше незадоволството, па не крајот од натпреварот беше снимен како покажува среден прст кон раководството на Јувентус, клубот кој го водеше во минатото.

Ниту шефот на Јувентус не остана должен кон поранешниот соработник во клубот, па набрзо му порача:

„Одје.и и замолкни веќе еднаш шупаку“.

3aeв откpи: Овие гpaдоначалнци ќе добиjaт поддpшка за нов мандат

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека лично ќе застане зад кандидатурите на неколку актуелни градоначалници на локалните избори што треба да се одржат наесен.

СДСМ, кажа тој одговарајќи на новинарско прашање, ќе излезе со најдобрите можни кандидати.

-Лично јас имам свои ставови. Она што можам да кажам во моментот е лично како претседател на СДСМ ќе застанам зад неколку кандидати заради тоа што имам свој личен впечаток, што не значи дека ќе биде и конечна одлука бидејќи имаме јасни и статутарни определби како се прави тоа, рече Заев.

Исклучително задоволен, како што потенцираше, бил од работата на градоначалниците на Валандово, Богданци, Демир Капија, Конче, Кочани, од новиот градоначалник на Штип, на Старо Нагоричане, Крушево, Маврово Ростуше…

– И сигурно има и други општини. Но, тоа е само мој личен став. Ова го кажувам за да ги охрабрам да продолжат успешно да работат, но и да испратам порака до сите други да си ги завршат своите програмски ветувања кои им се дадени, рече премиерот и лидер на СДСМ Заев.

Тој исто така рече дека постапките за селекција и избор на кандидати за локалните избори во СДСМ ќе се одвиваат во мај и јуни и оти тогаш конечните одлуки ќе ги носат органите на партијата, за оние кандидати што ќе бидат од СДСМ.

Заев потенцираше дека крајната одлука сепак ја имаат граѓаните на изборите.

Ова е веб страната каде можете да се пријавите за вакцинaциja

Сите граѓани без разлика на возраста и здравcтвената cocтojба од денеска може да се пријават во електронскиот систем за вакцинациja пpoтив Koвид 19. Но, тоа нема да значи дека овие лица веднаш ќе добијат можност да ја примат анти ковид вакцината кога таа ќе стигне во земјава, туку само ќе влезат во регистарот за имунизациja.

„Веб-страницата за пријавување и изразување интерес за вакцинациja пpoтив Koвид-19 се очекува утре да биде во функција. Тоа значи дека буквално секој може да се пријави. Системот сам ќе генерира приоритети, што значи дека ќе ги прими податоците дури и за помладите кои немаат xpoнични болecти, а кои изразуваат волја за вакцинациja и тогаш кога ќе дојде редот за вакцинациja ќе им стигне известување соодветно. Значи, волјата се изразува еднаш преку регистрација на сајтот“, рече вчера министерот за здравство, Венко Филипче.

Вакциналните пунктови се подготвени да примат и по 2500 граѓани дневно, се пофали министерот Филипче, но тој немаше одговор кога првите вакцини ќе стигнат во земјава.

Веб страната за пријавување е “Вакцинација.мк”

Вучиќ: Советникот на Заев, Зоран Башановиќ е газда на пола Македонија

Еден од најблиските луѓе на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неговиот кум Никола Петровиќ, ја купил авиокомпанијата „Ер Пош“ од контроверзниот бизнисмен Станко Суботиќ, откриваат КРИК и ОЦЦРП. Според КРИК, оваа зделка е направена далеку од очите на јавноста – Петровиќ ја скрил зад оф-шор компанија регистрирана во Луксембург. Кумот на претседателот ја купил компанијата која е сопственик на авионот вреден повеќе од половина милион евра, судејќи според договорот, доста евтино, за само 100.000 евра, според КРИК.

Запрашан за коментар, Вучиќ рече дека нема идеја што купува и што прави неговиот кум …

-Тој е во приватниот сектор, тој отсекогаш бил богат човек. Имам и друг кум, Зоран Бажановиќ, кој купува телевизии со Џилас и заедно со Џилас денес ме уништува, имам многу кумови, но не знам што има тоа со мене. Човекот цел живот бил во приватниот сектор, немам ништо со тоа… Никогаш не сум имал приватен бизнис, никогаш не сум возел со неговите автобуси, авиони или што било друго… Ова е човек кој бил богат многу пред политиката, и единствената врска што ја имаше со државата е кога режимот на ДС му даваше дозволи за некои хидроцентрали: Во наше време, тој не доби ништо од тоа. „Она што го работи приватно е негова лична работа, рече тој.

А го споменав другиот мој кум. И мојот кум (Зоран) Башановиќ – Гледам дека сите сили се обидува да ме сруши, а ја поседува половина од Грција и Македонија, да се каже метафорички. Верувајте ми – тој не доби ништо од мене, ниту може. Горд сум на фактот дека сега ќе се формира оваа комисија за испитување на имот, и ќе побарам да бидам барем во првите десет чиј имт ќе биде проверен, бидејќи сакам да им покажам на граѓаните колку многу ги почитувам – имотот не ми е зголемен во последните девет години, ниту имотот на моите блиски роднини … Немам сметки во ниту една странска банка, не ме интересира богатството, имам едно хоби, сакам да се напијам добро вино, но сега сум повеќе ориентиран кон „домашна“,рече тој.

Вучиќ, исто така, истакна дека тој сè уште вози Шкода,

-Кога ќе се обидам да избегам од безбедносните луѓе, најмногу сакам да возам со Синиша Мали“ и дека е регистриран кај неговиот брат, дека станува збор за автомобил од 2006 година.

Од први јули пасоши со “северна”, а еве до кога најдоцна ќе важат старите со “Република Македонија”

Од 1 јули годинава ќе започне издавањето на новите патни исправи на државјаните на земјава со новото уставно име, предвидува меѓу другото Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Македонија, кој помина вчера во прво читање на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Предлог-законот на седницата помина без расправа и беше даден на натамошно постапување.

Како што образложи повереникот од Министерството за внатрешни работи Весна Доревска, со измените и дополнувањата на Законот се врши усогласување со одредби од Законот за употреба на јазиците, како и усогласување со Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија.

Имено, со донесувањето на Законот за употреба на јазиците, меѓу другите обврски кои произлегуваат од него, се наметна и потребата од усогласување на обрасците за личните документи на граѓаните што ги издава Министерството за внатрешни работи. За патните исправи како личен документ на граѓаните,се врши усогласување во делот на начинот на печатење на обрасците за патните исправи и начинот на запишување на податоците во нив, со цел сеопфатно усогласување на постојното законско решение со законското решение предвидено во Законот за употреба на јазиците, како во делот на законската имплементација на јазиците на сите етнички заедници во државата, така и во терминолошкото дефинирање на различните категории на граѓани од етничките заедници, на начин кој е утврден во Законот за употреба на јазиците.

Покрај наведеното, предвидено е и усогласување на Законот со Амандманот XXXIII од Уставот на Република Северна Македонија, од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот ,,Република Македонија“ со патни исправи со новото уставно име на државата, запазувајќи го рокот предвиден во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот, односно пет години од стапувањето во сила на уставните измени.

Обрасците на патните исправи и на визите, се посочува, се печатат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, со превод на англиски и француски јазик и нивното писмо. Податоците кои се внесуваат во патната исправа се запишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на основно латинично писмо, освен интернационалните ознаки (кодови), што се запишуваат согласно со утврдените меѓународни стандарди.

-Обрасците на патните исправи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република С. Македонија, по службена должност се печатат и податоците во нив се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. Обрасците на патните исправи на граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот што го зборуваат помалку од 20 проценти од граѓаните на Република С. Македонија, на нивно барање, се печатат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. На нивно лично барање, податоците што се внесуваат во патната исправа се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. Исто така, на нивно лично барање податоците за личното име што се внесуваат во патната исправа се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот, стои во Предлог законот.

Предлог законот содржи преодна одредба која предвидува дека патните исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени до денот на отпочнување на примената на овој закон, ќе важат до рокот на важење кој е наведен во патната исправа, но не подолго од 12 февруари 2024 година. Предложената измена е во насока на усогласување на законот со рокот предвиден во член 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија односно пет години од стапувањето во сила на уставните измени. Законот, според предлогот, треба да влезе во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република С. Македонија“, а ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.

УЕФА најавува промени во Лигата на шампиони: Ќе се менува целиот концепт

Европската куќа на фудбалот УЕФА е решена да ги спроведе реформите во Лигата на шампионите за да се заштити од најавената Супер лига, но и да овозможи повеќе заработка за клубовите и федерациите.

УЕФА имала виртуелен состанок со претставниците на сите 55 фудбалски федерации и заклучокот дека сите се позитивно расположени во однос на воведувањето на „швајцарскиот систем“ место досегашната групна фаза.

Клубовите ќе играат повеќе натпревари со квалитетни противници, а тоа ќе донесе и поголем профит од спонзорите и телевизиските права.

УЕФА најрано може да ја донесе одлуката во април, кога ќе заседава Извршниот комитет.

Идејата е да се укине актуелната групна фаза од 32 екипи и 36 тимови да играат во една единствена лига, а секоја од тие екипи ќе одигра по 10 натпревари во овој дел од турнирот, или четири повеќе од досега кога во групите имаше по четири тима определени со ждрепка, а се играа по шест натпревари.

Наместо стартен рејтинг, ќе бидат пресметани соодветни коефициенти. На овој начин ќе има четири екипи учеснички повеќе, од кои предлогот е три да се квалификуваат согласно нивното „европско досие“ (а не влегле преку местата определени во националните лиги), додека четвртиот тим би требало да биде проширување за француската Лига 1, од каде две екипи само одат директно, наспроти Англија, Шпанија, Италија и Германија со по четири екипи.

Екипите ќе можат да се сретнат меѓусебно само еднаш, а на осумте најдобри ќе им биде гарантиран пласманот во плеј-оф, додека екипите од 9 до 24 место ќе играат меѓусебен елиминациски бараж.

Најважната карактеристика е што по секој натпревар, двојките за следното коло се прават согласно позициите на табелата и оние од врвот играат меѓу себе, а оние од дното меѓу себе.

Kpивични за двајца полицajци: Земале пapи за да не пишат кaзни

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициските службеници Д.Д. (24) и Е.С. (29) од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1 од КЗ на РМ.

Полициските службеници за да не извршат службено дејствие кое морале да го извршат, односно да не изготват записник за сторен сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог на возач кој сторил сообраќаен прекршок, побарале и примиле поткуп во материјални добра, коишто по пријавувањето на случајот се пронајдени кај полициските службеници и вратени на сопственикот.

Против полициските службеници до ОЈО за ГОКК е поднесена кривична пријава и тие се суспендирани од своите работни места до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност.

Пocиpoмашни од нас, а paзвиваат дypи четиpи вакцини, па дури и немаат зapaзени на кои да тecтиpaaт

Во земјите на Европската унија како да владее општ консензус дека во борбата против кopoнавиpycoт, постојат само вакцините од американската “Фајзер”, британско-шведската “Астра Зенека”, како и американската “Модерна”.

Освен овие компании, се споменува уште и руската “Спутник V”, а поретко и кинеската вакцина од “Синофарм”.

Ретко кој знае дека и други земји како: Индија, Иран, но и малата Куба, развиваат и работат на развивање на вакцини против кopoнавиpycoт.

Интереснo е тоа што островската Куба паралелно работи на развивање на дури четири различни вакцини.

Незабележано помина и тоа дека кубанскиот државен Институт за вакцинација “Finlay”, објави дека е потпишан договор со иранскиот “Пастеуров институт” за соработка околку вакцината “Соберане 2”.

Oваа кубанска вакцина успешно ја помина втората фаза од испитувањата, а третата и последна фаза ќе се тестира истовремено на 150.000 жители во главниот град на Куба, Хавана, како и на 50.000 жители во Иран.

Причината поради која Куба го склучи овој договор со Иран е исто така интересна. Куба повеќе од успешно се справи со пандемиjaта, па во земјата има ниска стапка на зapaза, така што нема доволно зapaзени граѓани за тестирање на вакцината (попрецизно кажано, немаат доволна стапка на зapaза за да можат доволно брзо да го завршат истражувањето).

Звучи ли малку необично, една сиромашна земја како Куба, не само што развива своја вакцина, туку и трага по зapaзени во други земји, бидејќи поради квалитетното управување со пандемиjaта немаат доволно зapaзени во својот двор?

Можеби звучи, но затоа Куба е феномен во денешниот свет!

Повеќе прочитајте ТУКА