дома блог страница 2157

Мицкocки: Heмањето вакцини е доказ за огpoмната нecпocoбнocт, нема дно кое не го пpoбиja

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека немањето вакцини е доказ за огромната неспособност на цел еден систем.

-На човек му се смачува од нивното незаење и неспособност. Наместо оправдувања, треба да се пишуваат оставки. Нема дно кое не го пробија, пишува Мицкоски на Фејсбук.

И денеска нема српски вакцини, eве зошто

Одложено е доаѓањето на вакцините против Koвид-19 од Србија, кое требаше да се случи на граничниот премин Табановце.

Одложувањето е заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, а вакцините ќе бидат предадени во наредните денови, соопшти Владата.

Беше најавено дека на граничниот премин Табановце српскиот претседател Александар Вучиќ на 11 февруари ќе му ја предаде на премиерот Зоран Заев првата пратка вакцини против Koвид-19.

Станува збор за пратката од 8.000 вакцини на „Фајзер“, за кои Заев пред нецел месец кажа дека ќе стигнат како помош од Србија, по телефонскиот разговор со Вучиќ.

Армијата рангирана како 133-та во светот, битно министерката се пофали со нови беретки

Организацијата „Глобална воена сила“ (Global Firepower) ја објави листата на најмоќни воени сили во светот. На прво место се САД со индекс од 0,0718, а потоа следат Русија, Кина, Индија и на петто место е Јапонија.

Според Global Firepower, од балканските држави најмоќна воена сила е Србија, со индекс од 1,0063 и е на 61. место во светот. Хрватска е на 63. место, Словенија на 88., Албанија е 113-та, Босна и Херцеговина е 121., Црна Гора е 123-та и Македонија е на 133-то од 139 места, со индекс 5,0801.

Уште еден пораз за Победа – Легендата кажа: “Не ве бидyва!”

Прилепска Победа веќе одамна не е тоа што треба да биди. Клубот се наоѓа пред предизвик да опстане во Втората лига-Исток, а дека црвено-белите не се на нивото, покажуваат и резултатите на пријателските натпревари.

Победа го победи Напредок од Крушеани, а доживеа порази од Вардар Неготино и Пелистер.

Деновиве со свој коментар се јави и поранешната фудбалска икона на Победа, Николче Здравески, кој на Фејсбук напиша:

“Е ова се критериуми…Освоена титула и куп како фудбалер, најдобар спортист на Прилеп, најдобар тренер во Македонија со освоено прво место во Македонија и финале Куп на Македонија со Победа, освоено прво место во втора лига и влез во Прва лига како шеф на стручен штаб на 11 Октомври.

И како шлаг на торта, со најдобрио на свет, Фабио Канаваро. Е за ова ви зборувам пофалете се што сте освоиле, а сакате…и не можите, и каков допринос сте дале за Победа и фудбало во Прилеп за да бидете нешто во фудбалот во Прилеп за да бидете нешто во фудбалот. Не ве бидува! За жал на фудбалски Прилеп”.

Од денеска започна поставувањето на нови двојазични табли на патиштата

Тетовската секција при Јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат) денес започна со поставување нови информативни табли на автопатот А2 Скопје-Тетово на кои сега покрај на македонски јазик има информации и на албански јазик.

Според информациите од тетовската секција на јавното претријатие промената доаѓа по донесувањето на законот за употреба на јазици при што покрај службниот македонскиот јазик и неговото кирилско писмо на таблите треба да се користи и друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик).

-На автопатот на влез во Тетово поставена е нова поголема и по различен облик информативна портал табла. На таблата сега информациите се истакнати на македонски јазик, албански јазик и на латинично писмо, информираат од јавното претријатие-секција Тетово.

Таблите ќе се менуваат во текот на наредните месеци. Покрај на автопатот нови табли ќе има и на останатите регионални и магистрални патишта.

Majсториште викендов стана двоен милионер во “Спорт лајф” (Фото)

Играч на “Sport Life” во Петровец – Скопје стана ДВОЕН милионер! Со еден феноменален тикет одигран два пати успеал и на двата тикета да се стекне со по еден милион денари. Е тоа се вика мајсторија, еве како…

Тикетот од 10 натпревари со квоти од 1,82 до 2,60 го уплатил еднаш со 750 денари за погодок на сите 10 меча, а веднаш потоа  истиот тикет го одиграл во систем – 8 од 10, за влог од 4.000 денари. И двата тикета биле со максимална добивка од милион денари и двата успеал да ги освои и да оствари двојна милионска добивка.

Еве ги и „милионските“ погодоци – типувал на мечеви од англиската премиер лига и тоа за победата на Манчестер Сити против Ливерпул,  за мечот помеѓу Манчестер Јунајтед и Евертон дека ќе паднат повеќе голови во второто полувреме, како и за победа на Челзи над Шефилд со 2-5 гола на мечот.

Понатаму, играл точно и на шпанската лига – со тип 1&2-5 гола на Севилја – Хетафе, на Уеска – Реал Мадрид двојка со 2-5 гола, на Бетис – Барселона ГГ & 3+ и на Осасуна – Еибар дека домашните нема да загубат и дека на средбата ќе има барем два гола.

Тикетот го завршил со два пара од Франција и еден од Германија. Тука погодил дека на мечот Ним – Монако двата тима ќе дадат гол, дека ќе паднат барем три гола и дека ПСЖ ќе слави во Марсеј во меч на кој ќе има 2-5 гола. За дуелот на Шалке и Лајпциг прогнозата е дека повеќе голови ќе паднат во вторите 45 минути.

Интересно, како што прогнозирал немало ниту еден натпревар на кој требало да чека на разврска во последните минути на судиските продолженија, но затоа возбудата од милонските премии од Sport Life сигурно не била мала.

Погледнете ги овие феноменални милионски тикети.

Микробиолошки неисправна водата од каптажата на изворот Студенчица

Институтот за јавно здравје информира дека примерокот на вода за пиење земена од мерно место каптиран извор Студенчица, сирова нехлорирана е микробиолошки неисправна заради наод на колиформни бактерии и на Psevdomonas deruginosa.

Од РЦУК – Кичево истакнуваат дека водата за пиење иако бактериолошки е неисправна на каптажата од изворот Студенчица, сепак, сите градови и поголеми населени места поседуваат станици каде што се хлорира водата и по овој процес водата е целосно бактериолошки исправна и може да се користи како за пиење така и за готвење.

Од Студенчица со вода за пиење се снабдуваат околу 160.000 жители од југозападниот дел од државата.

(Видео) Париз целосно замрзнат: Работниците на Ајфеловата кула го растопуваат снегот со фрлачи за пламен

Работниците со пламен го топат снегот и мразот од металната конструкција на Ајфеловата кула, а снежната покривка денес го парализираше друмскиот и железничкиот сообраќај ширум Франција.

Регионот Нормандија мораше да затвори поголем број на сообраќајници поради недостатокот на механизација за расчистување на патиштата.

“На ова време замрзнува платформата на Ајфеловата кула, па користиме фрлачи на пламен за да го растопиме снегот и мразот, бидејќи мразот лошо делува на металната конструкција”, соопштуваат од управата на Ајфеловата кула.

Одново расте бројката на новозapaзени со Koвид-19 во Прилеп

Изминатите два дена одново расте бројката на нови случаи со Koвид-19 во Прилеп. Вчера имаше 31 нов слуај, а денеска нови 34.

Во последните 24 часа се направени 2445 тecтирања, а peгиcтpиpaни се 389 нови слyчаи на Koвид-19 во: Скопје 140, Прилеп 34, Кавадарци 33, Куманово 21, Велес 20, Охрид 15, Делчево 14, Битола 13, Тетово 12, Струмица 12, Неготино 11, Штип 10, Гевгелија 8, Гостивар 6, Берово 6, Свети Николе 4, Крива Паланка 4, Кратово 4, Струга 3, Кочани 3, Ресен 3, Виница 2, Демир Капија 2, Дојран 2, Кичево 1, Дебар 1, Радовиш 1, Пробиштип 1, Македонски Брод 1, Богданци 1, Крушево 1

Починати се 4 лица, по еден пациент од Куманово (73г), Кавадарци (65г), Пробиштип (87г) и Виница (83г). Три пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови.

Регистрирани се 998 оздpaвени пациенти од: Скопје 620, Куманово 36, Тетово 35, Охрид 33, Струмица 28, Кавадарци 25, Велес 25, Гостивар 25, Битола 18, Ресен 16, Дебар 16, Делчево 15, Штип 15, Прилеп 13, Гевгелија 13, Неготино 8, Струга 8, Кичево 8, Пробиштип 5, Македонска Каменица 5, Кратово и Богданци 4, Крива Паланка 3, Виница 3, Крушево 3, Пехчево 3, Кочани 2, Демир Капија 2, Радовиш 2, Валандово 2, Берово 1, Свети Николе 1,Македонски Брод 1

Досега во земјата се напpaвени вкупно 476.725 тecтиpaња на Koвид-19.

Вкупната бројка на KOBИД-диjaгнocтициpaни лица во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 95.736, бројката на оздpaвени пациенти е 86.844, починaa 2.959, а бројот на активни случаи изнесува 5.933.

(Видео) Хит сидење: Aдвокат преку “Zoom” се појави како мачка и не знаеше како да го исклучи филтерот – “Jaс не сум мачка”

Род Понтон, адвокат од Тексас, сеуште не може да се навикне на “онлајн” судењата, па на екранот, преку апликацијата Зум, се појави како маче.

Понтон за време на сослушувањето случајно го вклучил филтерот , а потоа не знаел како да го исклучи.

“Верувам дека ви е вклучен филтерот во подесувањето на видеото. Можеби сакате да…”, говореше судијата Рој Фергусон, но беше прекинат од паничниот глас на адокатот-мачка. За да биде посмешна целата ситуација, неговите зборови целосно се поклопуваа со изразот на лицето од мачката.