Облачно вpeме со повpeмен дожд, на планините cнег: Во текот на ноќта вpнежите ќе бидaт обилни

Времето денеска во земјата ќе биде претежно облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повремен снег ќе има понекаде и на повисоките места.

Во северните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер, а слаб јужен во јужните делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 6 до 11 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Променливото облачно време со повремени врнежи од дожд ќе се задржи и во среда особено на северозапад, а на планините и на некои повисоки места повремено ќе врне снег. Во северните делови на планините ќе се формира дополнителна снежна покривка, а мала снежна покривка ќе се формира и понекаде на повисоките места.

Од овој влажен бран, врнежите ќе бидат пообилни на запад (над 25 л/24ч) особено во ноќта кон среда и претпладнето во среда кога во републиката ќе започне да дува и повремено силен северозападен ветер (над 65 км/час). Потоа следува период на стабилно и се потопло време.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.