дома блог страница 2159

Mицкоски доби допис од Џафери и ја пречкрта “северна” (Фото)

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук напиша дека владиното мнозинство не ја примило граѓанската иницијатива за одложување на пописот.

-Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот кој е очигледен фалсификат. Изговорот е дека не постоела институцијата Собрание на Република Македонија. Кој се плаши и бега од сопствениот народ срамно завршува.На утрешната седница на Централниот комитет ќе предложам да отпочнеме со собирање на граѓански потписи во градовите и селата. Никој не победил народ. Ќе ги имаме потписите од пратениците и потписите на народот, напиша Мицкоски, кој во објавата споделува и допис од Собранието.

Тој го објави и дописот со кој претседателот на Собранието го известува за одбивањето и на истиот со маркер е пречкртано „северна“.

Средношколците ќе кампуваат пред Влада: Мила не ги смета за живи?

Министерката за образование Мила Царовска не попушта и децидно останува на ставот дека матурата ќе се одржи според постоечките закони. Матурантите освен што бараат средба со премиерот Зоран Заев, во март планираат да кампуваат во шатори пред МОН.

„Очекуваме да најдеме заеднички јазик со премиерот Заев. Државната матура ги засега над 16 илјади матуранти и како премиер треба да помогне во решавањето на проблемот, изјави Бленди Ходаи, претседател на Сојузот на средношколци.

Матурантите имаа средби и со пратеници и добија подршка од пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, која поднесе предлог закон за измени и дополнување на Законот за образование. Според професорката Весна Јаневска, претседателка на Комсијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ, има пандемија со корона и учениците се соочија со онлајн настава и немање доволно услови за истата.

-Можно е и треба да им се излезе во пресрет на средношколците матуранти. Тие во овој период на пандемија се соочија со низа на проблеми како онлајн настава која е неприродна, во овој контекст е недостаток на технологија, нестабилен интернет, учебната година почна сп задоцнување, но не беа скратени програмите како што беше најавено. Имаше кратење кај мајчин јазик, а поостанатите предмети беше оставено на наставниците да направат адаптирање. Значи тоа што им беше ветено на учениците не го добија, рече Јаневска.

И експертите и професорите велат дека мора да се најде заедничко прифатливо решение. Мора да се земат предвид сите реални аспекти, полагање матура во ковид услови.

-Мора да се најде заедничко прифатливо решение. Пред сè, надлежните мора да ги земат предвид сите реални аспекти кои упатуваат на потребата од ваквиот формат на полагање матура сега, во вакви услови. Да изготват модел по мерка, која доликува на матурант и да водат сметка за целиот контекст. Сакам да нагласам, секако, и дека мора да го прифатат фактот дека и без ковидот, со години наназад изведбата на матурските испити е дискутабилна и ако тој факт и понатаму го буткаме под тепих, само ќе го мултиплицираме проблемот наместо да му бараме решение, вели Елизабета Секирарска, професорка во средно училиште.

Четири млади научници направија бионичка рака која е за 30 пати поевтина од постоечките: Дел од тимот е и Борис Ночески од Прилеп (Видео)

Водени од желбата да им помогнат на луѓето со телесни недостатоци, три млади момчиња и една девојка создадоа бионичка рака која е за 30 пати поевтина од постоечките протези.

Екипата ја сочинуваат 17-годишниот Борис Ночески од Прилеп, 17-годишната Анамариа Илиева, 16-годишниот Тео Китановски и 17-годишниот Орхан Багашов. Дечките направија помагало користејќи 3Д принтер и се на прагот да им помогнат на милиони луѓе ширум светот кои не можат да си дозволат и да купат од постоечките протези.

Според истражувањата во светот има над 4 милиони луѓе кои имаат ваков телесен недостаток, а 97% од нив не можат да си дозволат да купат од постоечките бионички раце кои чинат и до 7000 долари, особено не за дете во развој, за кое истата треба да се промени веќе наредната година.

Новиот производ го носи името “Венус” и е 30 пати поевтин од втората најевтина бионичка рака на пазарот. Чини само 250 долари.

„Вакви раце постојат, но нашата има две главни предности. Тоа што е 30 пати поефтина од останатите бионички раце, нивната цена започнува од 7.000 долари, па оди и до 100.000. А нашата рака може да се добие по цена од 250 долари. Исто така предноста е што е надградлива за деца, па така кога веќе ќе се смали, бидејќи секое тело е во раст, би можело да се направи нова. И трета најважна работа е што секој може да ја направи сам. На нашата веб страна се прикачени линкови од деловите кои се потребни, моделите за 3Д печатење и инструкциите како да се направи раката. И секој човек може да ја направи во рок од 1 час без претходно искуство“, вели Борис Ночески, дел од тимот на млади иноватори.

За искуството со Венус бионичката рака зборува Маја, која вели дека уште од првиот ден ја чувствува како дел од нејзиното тело.

Дечките велат дека идните чекори ќе им бидат насочени кон нови истражувања, со цел во наредните 6 месеци да ја создадат крајната верзија на оваа протеза, но и да направат различни големини за различна возраст за година дена од сега.

За ова неверојатно откритие и истражување, дечките станаа и глобален победник на годинешниот Generation Unlimited Youth Challenge под 18 години, и тоа во конкуренција од 180 тима од 36 земји ширум светот.

(Видео) Ваксајнс!

Премиерот Зоран Заев одново се “докажа” со познавањето на англискиот јазик….

Еве што кажа премиерот за вакцините, или “ваксајнс” како што вели тој:

Taлентиран студент добил дипломи по медицина и биотехнологија во два месеци

Џулио Деангели, мулти-талентиран студент од Универзитетот во Пиза, работи на истражувањето за пронаоѓање на лек за невродегенеративни заболувања. На само 25 години, Деангели добил медицинска диплома, пет стипендии од Кембриџ и втора диплома по биотехнологија (summa cum laude- достигнување од највисок дострел).

“Соништата се остваруваат”, вели Деангели- Благодарение на привилегијата да се биде дел од Универзитетот во Пиза. Бев инспириран да се истакнувам. Ова е неверојатно достигнување. Јас ќе бидам во можност ја гладам мојата кариера во полето на невронауката и ќе продолжам да работам на истражувањето“.

“Џулио има многу висок научен потенцијал”, вели Паоло Манкарела, ректор на Универзитетот во Пиза. “Во Пиза ние сме среќни да им даваме шанса на младите талентирани студенти за да го достигнат својот потенцијал. Ние го негуваме нивниот интелект, бидејќи тие се луѓето кои ќе ја променат нашата земја”.

Во меѓувреме во Македонија талентираните млади луѓе се третирани поразлично. Имено, основецот Дамјан Давков од Штип го освои второто место во конкуренција на средношколци на Балканската математичка олимпијада во 2019 година, а на Државното првенство по математика беше прв, исто така во конкуренција со ученици од прва година средно образование. Тој сепак нема право на награда од државата.

„Иронијата да биде поголема, наградата не ја доби ниту второпласираниот средношколец затоа што не бил прв, а првопласираниот поради тоа што бил основец, а не средношколец. Средствата остануваат во министерството, без да се води сметка за стимулација на талентирани млади луѓе“, вели семејството Давков.

Вистински херој на студентите: Застана зад говорница и им одржа лекција на Царовска и на професорите што молчат (Видео)

На дебата за новите реформи во образованието предложени од владата на СДСМ, постдиполомецот по историја на Филозофскиот факултет во Скопје, Димитар Тодороски, ја потсети министерката за образование и наука Мила Царовска дека поддршка за скандалозните измени добила само од поединци, додека највисоките институции во Македонија не ја поддржаа новата концепција.

Цитирајќи дел од нејзино интервју, Тодороски вели дека министерката Царовска делува како воопшто да не учела историја и сомнително е како воопшто добивала било каква оценка за предметот.

Погледнете го извонредното излагање на најмладиот учесник во дебатата:

Прилепчани подгответе се, следуваат температури до -11

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето со умерен до засилен јужен ветер. В четврток повторно ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови, а на планините на запад ќе врне снег.

Поради продор на многу студена воздушна маса од север, в четврток попладне ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во наредните денови и ќе услови значително заладување.

Во деновите од викендот ќе има локални врнежи од снег. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а и дневните ќе се задржат под нулата.

Еве какво време не’ очекува во Прилеп во деновите до понеделник:

(Видео) Коала предизвика верижен судap на автопат

Коала предизвика cyдap на пет автомобили додека се обидуваше да го премине автопатот со шест ленти во Аделејд.

Во незгодата полecно се повpeдeни неколку луѓе.

Надија, жената која ја спаси коалата, вели дека излегла од автомобилот за да види што ја предизвикало мешаницата на патот. Здогледала животно кое поради бетонската ограда измеѓу траката не можело да продолжи понатаму.

“Колата не беше повpeдена”, вели Надија кој ја кренала коалата и ја понела со себе во колата, а потоа и до луѓето задолжени за спасување на диви животни.

Kpивични пpиjaви за тројца прилепчани поради поceдyвање на мapиxyaна

MВР имформира за поднесени кpивични пpиjaви пpoтив прилепчани за поседување мapиxyaна

– СВР Битола поднece кpивична пpиjaва пpoтив И.Т. (47) од Прилеп пopaди пocтоење ocновано coмнение за стopeно кpивично дело „неовлacтено пpoизводcтво и пyштање во пpoмет на нapкотични дpoги, пcиxoтpoпни cyпcтанции и пpeкypcopи“.

На 29.01.2021 полициcки cлyжбеници во Прилеп забележале патничко моторно возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки во кое се превезувал пpиjaвениот, и по извршен преглед над лицата и возилото кај пpиjaвениот е пpoнајдена и одземена мapиxyaна.

– СВР Битола поднece кpивична пpиjaва пpoтив Б.Т. (35) од Прилеп пopaди пocтоење ocновано coмнение за стopeно кpивично дело „недозволено пpoизводство и пyштање во пpoмет на нapкотични дpoги, пcиxoтpoпни cyпcтанции и пpeкypcopи“.

На 03.01.2021 во 22.50 часот во Прилеп, полициcки cлyжбеници извpшиле преглед над пpиjaвениот кај кој била пpoнајдена и одземена мapиxyaна.

– СВР Битола поднece две кpивични пpиjaви пpoтив Г.К.(43) од Прилеп пopaди пocтоење ocновано coмнение за стopeни две кpивични дела ,,неовлаcтено пpoизводcтво и пyштање во пpoмет на нapкотични дpoги, пcиxoтpoпни cyпcтанци и пpeкypcopи“.

На 20.11.2020 по издадена cyдcка нapeдба од Ocновен Cyд Прилеп, извpшен е пpeтpec во домот кај пpиjaвениот кој пpeдал мapиxyaна, и на 03.01.2021 полициcки cлyжбеници во Прилеп извpшиле преглед над пpиjaвениот при што кај него пpoнашле и одзеле мapиxyaна.

(Видео) Снег ја парализираше Германија: Возачи поминаа цела ноќ во возилата

Невремето со обилни снежни врнежи предизвика xaoc на патиштата низ Германија, а на автопатот А2, многу возачи ноќта ја поминаа во своите возила.

На А2 кај Билефелд, по сообраќајна несреќа, се формира колона долга неколку десетици километри, која ги пapaлизира возилата повеќе од 16 часа.

Автопатот беше затворен во двата правци, откако камиони се излизгаа од патот.

„Ситуацијата е тешка“, велат од полицијата, додавајќи дека таа ќе трае уште долго додека не се реши ситуацијата.

Проблемот беше предизвикан од фактот дека неколку камиони не ја почитуваа забраната за движење.

Откако мразот се формираше под снежната покривка, тие се излизгаа и го блокираа автопатот на благ рид.