Доктop 3aфиpoвcки: Има ли кpaj на ова лyдило?! Bo cpeд Koвид кpиза ќе пpaвиме попиc!

Колумна на доктор Оливер Зафировски

Последните податоци од министерството за здравство се над 1015 нови случаи на заболени од Ковид 19 само во еден ден а вчера од направени 2789 тестирања од нив 541се позитивни Скопје е вистинско зариште со 5695 активни заболени, а таа бројка секој ден се повеше че се зголемува. Бројот на починати се движи кон 3500 пациенти, како и бројката на активни случаи која што се зголеми на 12000.

Она што загрижува е дека имаме рапидно зголемување за 23% на случаите во однос на минатата недела со новиот британски сој кој коси во цела Европа.

Ковид центрите се преполни со пациенти од кој што поголемиот број се со потешка клиничка слика и потреба од оксигено терапија, медицинскиот персонал е крајно истоштен и изморен,а пред се поради лошото менаџирање на Министерството за здравство, како и крајно погрешни одлуки на комисијата за заразни болести.

Во целиот свет вакцинацијата е во напредна фаза, во соседна Србија се вакцинирани над 30% од населението,а ние не само што немаме вакцини туку ништо не се направи да се подобрат условите во ковид центрите. Се поголем е бројот на пост-ковид пациенти кои што се со тешка клиничка слика коишто зафаќаат повеќе органи.

Министерство за здравство и Владата ја преспаа целата пандемија и здравствениот системот го оставија самиот со себе да се справува. И после една година се уште немаат ниту план и стратегија како да се справат со оваа пандемија уште помалку имаат визија за излез од оваа криза. Секојдневно слушаме само ветувања, ветувања но од тоа нема ништо.

Дали е можно и после сето ова да се почне со попис на населението кое што преставува крајно сериозна и од голема важност за целокупниот развој на општеството да имаат таков несериозен пристап кој што не е спроведен повеќе од 20 години.

Додека во сите соседни земји пописот е одложен само во Македонија се турка со сета сила без никаква организираност ниту пак елементарна подготвеност во кој што ќе можат граѓаните да поверуваат дека ова ќе даде сериозни податоци од кој што ќе зависи нашата економија, здравствениот систем, образованието од кој што може да произлезат податоци кој треба да бидат релевантни за да може да се гради концепција, стратегија и визија за развој за идните 20 години.

Згора на се луѓето што треба да го спроведат пописот се невакцинирани и се потенцијална опасност за појава на нов кластер-попис на заболени од Ковид 19.

Сето ова го потврдува сомнежот дека се спрема уште еден голем фалсификат од ова крајно неспособна, корумпирана и потполно изгубена власт на која што здравјето и благосостојбата на граѓаните им е на последно место.

Во овој момент најбитно е здравјето на граѓаните кои се во тешка како здравствена така и економска криза откако тоа ќе се реши, ќе се создадат услови за спроведување на пописот.

Оваа е само еден мал дел од фактите кои пописот го прават невоможен среде трет бран на Ковид 19 и затоа треба да биде Одложен.Во спротивно секоја погрешна одлука како и секој пат че ја плата граганите на жал со своите животи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.