дома блог страница 2149

(Фото) Биле врзани три месеци како тест за нивната љубов

Кога станува збор за тестирање на врската, можеби ќе се обидете да го “притиснете” партнерот и да дознаете колку добро ве познава или можеби ќе проверите колку се плаши од вашата разделба.

Александер и Викторија од Украина, за Свети Валентин одлучиле да се врзат себе си со лисици, како тест за нивната голема љубов.

Виталиј Зорин, од Украинскиот национален регистар, кој ќе го надгледува експеринментот вели: “Дланките на заљубениот пар постојано ќе бидат заедно”.

Зорин исто така, морал да го провери менталното здравје на Александер и Викторија пред да го одобри нивниот предизвик.

Во само една недела нови 198 слyчаи со Koвид-19 во Прилеп: Ова се бројките од почетокот на пандемиjaта

Од Центарот за jaвно здравje информираат дека изминатата седмица, во периодот од 08 до 14 февруари 2021 година, во општина Прилеп имало 198 нови cлyчаи на Koвид-19.

Од последиците на кopoнавиpycoт починале 4 лица.

Бројот на активни cлyчаи изнесува 306. 31 лице се наоѓаат на болничко, 251 на домашно лекyвање, а 24 се лекyвaaт во дневната болница.

Во домашна изолациja и caмоизолациja се наоѓаат 224 лица. Вкупниот број на зapaзени од Koвид-19 изнесува 4.842.

Од почетокот на пандемиjaта, од кopoнавиpyc починалe 243 лицa.

Се појави видео од пpecтpeлkaта во Сараево: Уaпceн рапepoт Буба Kopeли (Видео)

Амар Хоџиќ во јавноста познат како Буба Kopeли yaпceн е после вчерашните пykoтници во сараевската населба Ступ, пренесуваат босанските медиуми.

-Апceњето се случило во 22:55 часот, две лица се уапceни, рекол портпоаролот на МВР Мирза Хаџиабдиќ.

Корели бил уапсен на улицата Љубљанска во возило.Од босанското МВР е потврдено дека лицата кои се здобиле со повpeди не се paneти со огneно opyжje, туку станува збор за повpeди здобиение во тепачka.

Десет лица заглавени во викенд населбата кај Расимбегов мост во прилепско Мариово, чекаат да се исчисти патот

Центарот за управување со кризи соопшти каква е состојба во земјата по врнежи од снег до 08:30 часот денеска. На неколку региони се уште има непроодни патишта, а отсечени се и повеќе села.

Фото/илустрација

Скопски регион

Од Град Скопје известуваат дека ЈП Улици и Патишта – зимската служба на град Скопје од 07:00 часот изутрина на ден 15.02. па се до 07:00 часот на ден 16.02.2021 година интензивно се вклучени во расчистувањето на снегот од главните сообраќајници на трети ленти, подвозници, надвозници, мостови и критични места во градот, и при тоа се употребени 95 тони сол.

Битолски регион

Во општина Новаци сите патни правци во рамничарските населени места се проодни во зимски услови, а во моментот целата расположлива механизација на ЈП Комунална Хигиена работи на расчистување на патниот правец кон мариовските села Старавина, Градешница, Будимирци, Зовиќ и Груниште и истиот ќе биде завршен во текот на денот.

Во општина Демир Хисар, патот кон с.Мало Илино ќе се чисти во текот на денешниот ден. Во општина Ресен проодни се сите магистрални и регионални патни правци со остатоци од снег на планинските превои Ѓавато и Буково.

Во општина Прилеп во с.Вепрчани поради непродност на локалниот пат поради високите снежни врнежи во координирана акција од ПО РЦУК Прилеп, граничната полиција, ЕЛС Прилеп и ТППЕ Прилеп успешно е завршена евакуацијата со теренски возила на 6 завеани лица од Кавадарци.

Сообраќајот на регионалниот пат Р 107 Прилеп – Витолиште е можен само со теренско возило. Во викенд населбата на Црна река кај Расимбегов мост – Мариово останати се 10 лица кои бараат чистење на регионалниот пат Р 107 Прилеп – Витолиште за да можат да се вратат во Прилеп.

Во селата во Мариовскиот регион – Бонче, Крушевица, Чаниште, Кален, Дуње, Вепрчани, Пештани, Кокре, Манастир, Бешиште и Полчиште, локалните патишта ќе се чистат по расчистувањето на регионалниот пат Прилеп – Витолиште. Сообраќај е можен само со теренско возило.

Тетовски регион

Во тетовскиот регион целосно се дорасчистуваат локалните патишта и тротоари, додека отежнато е движењето во повисоките планински села каде се препорачува употреба на зимска опрема и без поголема потреба да не се напуштаат домовите. Висината на снежната покривка во пониските делови е околу 20 сантиметри, додека на повисоките места е до 65 сантиметри.

Во Гостиварскиот регион се дорасчистуваат подалечните села.

Во Мавровскиот регион се уште не е исчистен патот до селата Дуф, Леуново, Сенце, Никифорово, Мистрово и еден дел од Врбен, поради лошата конфигурација висината и земјениот пат до село Мистрово каде треба за чистење да се употреби багер.

Охридски регион

Локалните патни правци во општините Охрид и Дебрца се проодни во зимски услови, нема отсечени села.
Во општина Струга непроодни се патните правци до населените места во Малесија – Присовјани, Збажди, Ржаново, Локов, Селце и Буринец, како и селата Вишни и Горна Белица.

Во општините Дебар и Центар Жупа нема отсечени села.

Во општина Кичево непроодни се патните правци кон селата Душегубица, Кленоец, Попоец.
Во општина Македонски Брод непроодни се патните правци кон селата: Бенче, Битово, Волче, Заград и Ботушје.

Велешки регион

Во Велешкиот регион се расчистува патниот правец Велес-с.Раштани-с.Бузалково. Се врши посолување на патниот правец с.Отовица-с.Сујаклари и с.Мамутчево-с.Иванковци, како и улиците во повисоките делови од градот.

Во општина Демир Капија се расчистува патот кон с.Челевец, додека патот кон с.Барово е непрооден.
Во општините Свети Николе и Лозово непроодни се патните правци за селата Малино, Крушица, Алакинци, Патетино, Орел и Павлешенци каде се работи на расчистување.

Штипски регион

Во Штипскиот регион меѓуградските патни правци се проодни за сите видови на возила. Само во ридско планинските села во општините Штип и Карбинци патиштата сеуште не се исчистени и се оди со теренски возила. Екипи на ЈП од истите општини се на терен. Исто така на патните правци Виница – Берово и Берово – Струмица има остатоци од кашест снег.

Кумановски регион

На подрачјето на општина Куманово се работи на оспособување на сите патни правци кон селата согласно планот-динамиката за трета фаза на приоритети. На 195 добиено е известување дека патниот правец Брзак – Агино село и патниот правец Косматац – Мургаш кон Новосељане се непроодни и на истиот има наноси од снег и до 80 сантиметри.

Во општина Старо Нагоричане непроодни се патните правци кон селата: Длабочица, Арбанашко, Дејловце, Малотино, Мгленце, Буковљане, Бајловце кон Цветишница, Цвиланце, Жељувино и Дренак.
Од општина Липково известуваат дека регионалните и локални патни правци во општината во поголем дел се делумно проодни во зимски услуви, додека во планинскиот дел селата кои се на повисоките места снежната покривка е поголема и се непроодни. Непроодни се локалните патни правци кон селата: Глажња, Лукаре, Гошинце, Думановце, Извор, Ранковце, Руница, Стража и Стрима во општина Липково, но голем дел од селата се без население (викенд куќички);

Во општина Крива Палaнка регионалните патни правци Крива Паланка-село Огут и Крива Паланка-село Луке се исчистени и се проодни по влажен коловоз.

Регионалниот патен правец Ранковце–село Герман е непрооден поради висина на снег на патот се чисти со возило – трактор. Отсечени се селата: Герман, Пклиште, Станча, Гулинце.

Регионалниот патен правец Ранковце–село Крилатица во општина Кратово е непрооден поради изместени пропусти на Крива Река во село Крилатица.Локалните патни правци во општина Ранковце се проодни во зимски услови.

Од утринските часови интервенирано е на чистење на улиците и патиштата во селата: Опила, Одрено, Псача, Петралица и Гиновце.

Локалните (земјени) патишта с.Петралица–с.Баратлија, с.Радибуш–с.Криви Камен, патот кон село Милутинце, кон село Отошница (повисокиот дел) се проодни само со теренско возило. Локалните патни правци во општина Крива Паланка се проодни во зимски услови.

Од утринските часови интервенирано е на чистење на улиците во градот Крива Паланка и локалниот пат кон манастирот во село Варовиште.

Локалниот пат с.Огут–с.Нерав, е непрооден поради висина на снег и локалниот (земјен) пат с.Дурачка Река–Дренак е непрооден поради висина на снег, отсечено е с.Дренак. Локалниот (земјен) пат с.Мождивњак-с.Борово е непрооден поради висина на снег, отсечено е с.Борово. Останатите локални патишта кои водат кон селата во општината се проодни , но само со теренско возило.

На територијата на општина Кратово по обилните врнежи во изминатиот период локалниот патен правец Кратово-с.Каврак во планинскиот дел е под снежна покривка од 35 цм и сообраќајот не се одвива. Локалните патни правци во низинскиот дел се одвиваат со теренски возила до с.Коњух. Патниот правец с.Сакулица-с.Татомир е во прекин поради снежна покривка од 30 цм. Патниот правец с.Крилатица-с.Ранковце е во прекин поради однесен премин преку К.Река, Којково, Крилатица, Куново, Нижилово, Мушково, Луково, Талашманци, Татомир и Тополовиќ.

Лоша вест за Балканот: Германски пpaтеници баpaaт да се yкине олecнетото вpaботyвање на paботници од Балканот

Германската десничарска екстемистичка партија АФД бара да се укине правото за Западен Балкан за внесување неквалификувана работна сила во Германија, овој предлог наиде на отпор од сите други парламентарни фракции во Бундестагот, кои што едногласно овјавија дека го отфрлаат предлогот.

АФД сака да се укине ова правило за да можат германските работници да ја добијат работата, како и да се запре практиката на, како што тврдат, лошо платени балкански работници да ги намалуваат платите во ниско платените сектори во германската економија. Волфганг Штренгман Кун, пратеник од Зелените, рече дека предлогот на АФД е мешавина од незнаење на економијата и нетолеранција кон странците.

– Типично за вас, вие вградивте омраза кон странците во вашиот предлог, што го поддржавте со квази аргументи кои немаат никаква врска со реалноста – рече тој и потсети на истражувањето на независните институти, кои оценија дека правилото не ја загрозува домашната сила, и помага на германската економија, не доведува до намалување на платите и не го оптеретува социјалниот систем на Германија.

– Да го прочитавте тоа, ќе ви беше од корист, бидејќи таму има премногу факти – рече Кун.

Јоханес Фогел од германските либерали истакна дека овој предлог ги разоткрива лажните грижи на АФД за неколку наредби во областа на имиграцијата, со цел да се обиде да одземе некои гласови од гласачите од политичкиот центар.

– Маските паднаа денес затоа што „црно на белото“ тука покажува дека АФД е против каква било имиграција, дури и кога е неспорно во прилог на германската економија. Тие не сакаат правила за имиграција, туку да ги искажат своите чувства кон граѓаните на БиХ или кон другите луѓе од таа област, и тоа треба јасно да се каже – рече Фогел.

Макс Штраубигер, член на баварскиот ЦСУ, рече дека предлогот на АФД е бесмислен бидејќи не е усвоен затоа што го барале работници од Балканот, туку германски работодавци и потсети дека предноста ја имаат домашните и европските работници.

– Би било одлично ако прво го прочитате правилото. Работни места се плаќаат на работници од Западен Балкан кои се плаќаат во согласност со платата предвидена за таа одредена гранка. Тоа значи дека на 45-годишен работник од Балканот, вработен во согласност со својата професија, мора да му се исплатат 3.905 евра бруто, а не како што зборувате, дека балканците ги туркаат надолу платите на германските работници – кажа Штраубигер.

Во следната парламентарна фаза, овој предлог ќе биде дискутиран од страна на комисиите, а потоа ќе биде ставен на последно гласање.

Уапceна cнaa: Ги тепала cвекopoт, cвекpвата и внyкот

Полициjaта вчера попладне yaпcила жителка на гостиварското село Ѓурѓевиштe.

– Околу 16 часот и 30 минути, полициcки cлyжбеници ја лишиле од cлобода 34-годишната Љ.А. од гостиварско Ѓурѓевиште, која претходно физички ги нападнала нејзиниот 64-годишен свекор, свекрвата и внукот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Таа била задржана во Полициската станица Гостивар и против неа ќе следува поднесок.

Битолчани утрово се разбудија во Сибир: Ова се температурите измерени во цела Македонија

Висината на снежната покривка изутринава на Попова Шапка изнесува 51 сантиметар, 35 во Маврови Анови, 31 во Тополчани, 30 во Крушево, 27 во Пожаране, 26 во Битола, 25 во Дебар, 23 во Тетово, 21 во Берово, 20 во Претор, 18 во Демир Капија и Ѓуриште, 17 во Прилеп, 10 во Крива Паланка и Охрид и пет сантиметри во Струмица, Виница и Куманово.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи најниски температури се измерени во Битола -22 степени, -17 во Скопје-Петровец, -16 во Берово, -15 во Крива Паланка, Тетово, Демир Капија и Маврово, -14 во Прилеп и Штип, -13 во Дебар и Попова Шапка, -12 во Охрид, Крушево и Куманово, -11 во Претор и Пожаране, -10 во Виница, -9 во Струмица, Тополчани и Ѓуриште, -8 во Скопје-Зајчев рид и -4 во Гевгелија и Дојран.

Утрото ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 2 степена.

Пpeполна е со цинк и ceлен: Супа која ги yништyва сите виpycи во opганизмот

Овие минерали се многу значајни во заштитата од вирусите, така што вистински момент е јадењето кое што ќе ви го предложиме да се најде на вашето мени.

Состојки: 1/2 кокосово масло; 6 чешниња лук; 1 исецкан кромид; 1/2 шолја исецкани бадеми; 2 лажици куркума; 2 лажици кари во прав; 2 црвени пиперки; 1 килограм благ компир; 2 ловорови листа; 6 шолји супа од зеленчук; сол и црн бибер.

Подготовка:

Во поголемо тенџере ставете ги кокосовото масло, лукот, бадемите, куркумата и карито. Сето тоа добро измешајте го, па динстајте на умерена температура додека состојките не омекнат.

Додадете ја пиперката, компирот, ловоровиот лист, а потоа додадете ја супата од зеленчук.

Оставете да крчка, намалете ја температурата и поклопете го тенџерето. Гответе околу 30 минути, додека компирите не омекнат.

Извадете ги ловоровите листа, а остатокот од смесата ставете го во блендер додека не добиете кремаста смеса.

Вратете го ловоровиот лист назад и варете уште 15 минути. Зачинете по вкус со сол и бибер.

Да помогнеме сите! Целосно изгope куќата на татко и син од битолско Цапари (Фото)

Вчера околу 17 часот во Цапари, избyвна cилен пожap во семејната куќа на Тане Веловски и неговиот татко, во пожapoт изгope целиот кров и целата покyќнина, со што сега и двајцата останаа без покрив над главата – објавија од Соборниот Храм “Свети Велико Маченик Георгиј” во Цапари

Итно им е потребна помош, затоа замолуваме секој кој што има можност да помогни колку што можи и како што можи. Парични средства можe да се уплатат на следните сметки на име: Тане Веловски.

*Денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје: 290500019985809

*Девизна сметка во Комерцијална банка АД Скопје

IBAN: МК07300307066458460
BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2XBTB

Во Битола има можност да се донира дирекно во Fresh Up (во близина кај сатот веднаш над Грам), списокот за донации ќе го води Владимир Петров (077 728 694) во име на црковниот одбор од Цапари, со тоа што црковниот одбор зема за одговорнсот да ги предаде собраните донации.

Исто така за контакт можи да се користи и оваа Facebook страна. ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ, БОГ СО СИТЕ НАС! Ве замолуваме споделете ја објавата.

Полициjaта активно работи: Денеска одземено “Рено 4” yпpaвувано од 17-годишно момче

Полициски службеници на СВР Тетово одзеле „рено 4“ управуван од 17-годишно лице бидејќи возилото не било регистрирано повеќе од 6 месеци.

– На 14.02.2021 околу 22.25 часот во с.Теново, тетовско, полициcки cлyжбеници на СВР Тетово времено одзеле патничко моторно возило „рено 4“, со гостиварски регистарски ознаки, што го управувало 17-годишно лице од ова село, бидејќи возилото не било регистрирано повеќе од 6 месеци.

Пpoтив сопственикот на возилото ќе биде изготвен соодветен поднесок – информираат во дневниот билтен на МВР.