дома блог страница 213

Во фудбалот се’ е можно: Мурињо со Фенербахче испадна од Бенфика, а сега ќе го предводи португалскиот тим во ЛШ

Жозе Мурињо е вистински цар. Пред неколку недели доби отказ од Фенербахче по поразот од Бенфика во квалификациите во Лигата на шампионите за што доби оштета од девет милиони евра.

Но, Бенфика по првото коло во Лигата на шампионите и поразот на домашен терен од Карабах, го отпушти тренерот. Раководството на португалскиот тим брзо реагираше и веќе го ангажира Мурињо на двегодишен договор.

Иаку, ова е камбек на Мурињо во Бенфика. Првиот негов престој во клубот датира од 2000 година, кога за кратко време го водеше клубот пред да се пресели во Порто. Токму таму започна неговата златна ера, освојувајќи ја Куп УЕФА во 2003 година и Лигата на шампионите во 2004 година. Тој успех го одведе во Челси, каде во два наврати освои три титули во Премиер лигата, а потоа следуваа трофеи со Интер (двојна круна и ЛШ во 2010), Реал Мадрид (Ла Лига во 2012), Манчестер Јунајтед (Лига Европа во 2017) и Рома (Конференциска лига во 2022).

ДОБРА ВЕСТ за сите кои чекаат да полагаат за возачка во Прилеп, Битола и околните општини – Еве кога одново почнува со работа испитниот центар

Испитниот центар за возачки испити во Битола и околните општини во понеделник (22.09.2025) ќе продолжи со работа.

Во соопштението објавено на веб сајтот на „Супер возач“ ДООЕЛ Битола стои следното соопштение:

-АМИЦ Супер Возач Битола од 22.09.2025 (Понеделник), започнува со спроведување на претходно одложените возачки испити. Кандидатите чии испити беа одложени ќе бидат лично контактирани за новите термини за полагање и истовремено истите ќе бидат објавени и на интернет страницата на АМИЦ Супер Возач Битола. Информација за прием на нови кандидати за возачи ќе биде објавена на интернет страницата на АМИЦ Супер Возач Битола.

Николоски: Креираме нов Правилник за изградба на велосипедска инфраструктура, безбедност во сообраќајот е врвен приоритет

Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурта во општините со што ја подигнува безбедноста во сообраќајот и го унапредува квалитетот на живот. Во меѓувреме креираме и нов Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура во општините, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на конференцијата посветена на подобрување на урабниот транспорт.

-Министерството за транспорт се приклучува кон најголемата европска кампања за подигање на свеста за одржлив транспорт и подобрување на квалитетот на живот во градовите, со што ја потврдуваме нашата посветеност да се движиме во ист правец со најдобрите европски практики. Со Националната транспортна стратегија за периодот 2018 – 2030 година предвидена е мерка за поддршка на поголемите градови за изработка на планови за одржлива урбана мобилност. Поддршката вклучува развивање на планови за одржлива урбана мобилност за Кавадарци и Прилеп, Кочани, Струмица и Струга, во согласност со насоките за развивање и имплементација на планови за одржлива урбана мобилност на ЕУ, истакна потпретседателот на Владата, Александар Николоски.

Денешната конференција се организира во рамки на Европската недела на мобилност под мотото „Мобилност за секого“.

Ноќ за паметење во Битола: Овации на концертот од Ана и Игор Дурловски пред Офицерски (Фото галерија)

Овации за оперските уметници Ана и Игор Дурловски од страна на бројната публика, која синоќа го проследи нивниот настап на платото пред Офицерскиот дом, на концертот „Песни од срцата“.

Стари македонски изворни песни, беа отпеани од двајцата уметници со светска слава, придружувани од Камерениот оркестар „АЈГА“ под диригентска палка на Иван Еминовиќ, со посебна емотивна нота, проследена со врвна виртуозност.

„Калино моме“, „Дејгиди, луди млади години“, „Разболела се Ленка Пингова“, „Што да правам, што да чинам“, „Си заљубив едно моме“,беа дел од изведените композиции, на кои што никој во публиката на остана рамнодушен, особено на народната љубовна песна „Разболела се Ленка Пингова“, каде што Ана ја покажа својата извонредна колоритност во музицирањето.

Меѓу присутните беше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој заедно со сите присутни на концертот, уживаше во концертот „Песни од срцата“.

Со ова исклучително музичко доживување, заврши богатата летна културна сезона во Битола.

Возел над 100км/ч во град – Лишен од слобода 19-годишник од Битола

-На 17.09.2025 во 18:30 часот на ул.„8 Септември” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода В.Г.(19) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „сеат”со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Г., при што е констатирано дека го управувал со брзина од 104 километри на час во населено место каде што брзината е ограничена на 50 километри на час. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава по чл.297-а – ,,безобѕирно управување на моторно возило”, информираат од МВР.

Опуштена атмосфера и врвна музика, најдобрата тераса во Прилеп овој викенд ве кани на ново дружење

Подгответе се за уште еден викенд исполнет со незаборавна атмосфера, одлична музика и многу позитивна енергија – само во Pub Club Terasa во Прилеп!

Овој петок (19.09.) тимот на најдобара Terasa во градот ви закажува ново одлично дружење со добро познатото дуо – Боби и Никола. Сите кои го слушнале знаат со каков вокал располага Никола Димески, и дека е вистинско уживање да се седи со блиски и пријатели, и да се слуша како пее.

Сабота (20.09.) пак ве чекаат на дегустација на нивната богата понуда на пиво, кои ги има повеќе од 30, на опуштена атмосфера со богато мени со добро мезе и голем број на други освежителни пијалоци, што заедно со погледот кон Саат Кулата, ја прави Terasa Pub Club единствена во градот под Марковите Кули.

Ваше е да соберете убава екипа, да резервирате навреме на телефонскиот број: 070-304-967 и да уживате во прекрасниот амбиент кој го пружа Pub Club Terasa.

Вечер со руска и македонска поезија во Градската библиотека во Прилеп по повод донација на литература од руската амбасада во Македонија

Во среда, 24. септември, со почеток од 17 часот, во Градската библиотека “Борка Талески” во Прилеп, ќе се одржи манифестација “Вечер со руска и македонска поезија”, a по повод богата донација со руска литература, која доаѓа од Амбасадата на Руската федерација во Македонија.

На настанот свое обраќање ќе имаат градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, како и Амбасадорот на Руската федерација во Македонија, Сергеј Александрович Баздникин.

Покрај читање на руска и македонска поезија, настанот ќе биде збогатен со историски осврт за Прилеп, музички точки, како и изложба на литература од руски автори од книжниот фонд на библиотеката и на донираната литература од руската амбасада, како и на фотографии од истакнати руски автори.

Една е мајка! Жена влегла во ПС Прилеп и нападнала полициска службеничка, откако нејзиниот син бил уапсен со мapхуана

Во прилепската полициска станица во вторникот се одвила необична ситуација, при што жена завршила во полициска станица откако физички се пресметала со службеничка. Инцидентот се случил околу 23:10 часот, по претходното приведување на нејзиниот син заради пронајдена марихуана.

Од МВР информираат дека станува збор за 45-годишната Т.Б. од селото Бела Црква, Кривогаштани, која пристигнала во полициската станица во Прилеп. Наместо да побара информации за случајот со својот син, таа реагирала агресивно и ја нападнала една од полициските службенички.

Претходно, во 19:30 часот, нејзиниот син – 18-годишниот А.Б. од истото село – бил приведен во селото Славеј, откако полицијата кај него открила марихуана. Тој бил задржан во станицата за понатамошна постапка, но ситуацијата ескалирала по пристигнувањето на неговата мајка во ПС Прилеп.

Промовирана монографија за 80 години постоење на НУУБ “Св.Климент Охридски” во Битола (ФОТО)

Во рамките на одбележувањето на 80 години од основањето, во Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола,
синоќа се одржа промоција на Монографијата, посветена на оваа установа во периодот 1945-2025 година.

По прикажувањето на документарен филм, поздравен говор одржа директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“, м-р Емилија Стефановска Дафкова.

За самата монографија, нејзината содржина и историскиот осврт, говореше промоторката проф. д-р Наташа Котлар.

На градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, му беше доделена плакета во знак на благодарност за соработката со оваа значајна битолска установа.

ИЏЕ СО 200-ТА ТРКА ВО КАРИЕРАТА

Игор Стефановски – Иџе, најтрофејниот македонски автомобилист, овој викенд во Хрватска ќе одбележи голем јубилеј – 200-та трка во својата кариера.

На патеката во Бузет ќе се вози последната трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC) за 2025 година, каде Иџе ќе настапи со својот Ферари 488 B8, автомобил специјално подготвен за овие патеки. На оваа трка се пријавени дури 241 возач, а Стефановски ќе настапи со бројот 32.

Годинава, во генералниот пласман од првата група на шампионатот, Иџе се наоѓа на втората позиција, а само за потсетување, тој веќе е носител на европската титула во ова натпреварување, во група 1.

„Со силна возбуда, сакам да најавам дека очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат и во овој шампионат. Благодарност до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, до моите спонзори и до сите Вас кои ни давате безрезервна поддршка. Оваа трка е посебна, затоа што со неа одбележувам 200 настапи во кариерата – предизвик кој ме мотивира уште повеќе,“ изјави Стефановски.

Иџе ја започна својата кариера во 2001 година на патеките во Скопје, а повеќе од две децении подоцна зад себе има богато искуство, титули и победи што го вбројуваат меѓу најдобрите европски возачи на ридски патеки. Во изминатите 199 трки има 83 победи и 122 подиуми.

Видеолотарија Касинос Австрија останува посветена во поддршката кон автомобислкиот шампион. Ние ќе продолжиме заедно да навиваме за Иџе и Македонија.