дома блог страница 2124

(Видео) По долго време Македонија ќе биде еден од фаворитите и за олимписки медал: Емил Павлов се закити со бронзен медал во Истанбул

Двократниот европски шампион во карате, Емил Павлов, дојде до бронзениот медал во категоријата до 60 килограми на натпреварите од Премиер лигата, што се одржуваат во Истанбул.

Спортистот на Македонија за 2018 година во битката за третото место славеше во пресметката со Казахстанецот Кајсар Алписбар (4-1). Претходно, во завчерашната главна фаза, тој оствари три победи и еден пораз.

Следна цел за Павлов е Државното првенство на Македонија и плеј-офот од Премиер лигата, кои се квалификациски натпревари за Европското првенство. Негова главна желба годинава е обезбедување учество на Летните олимписки игри во Токио.

Како ли ќе спие рускиот претседател: И Македонија побара од Путин да го ослободи Навални?

Македонија е потписник на заедничката изјава на Советот за човекови права, која ја повикува Руската Федерација за итно и безусловно ослободување на опозиционерот Алексеј Навални и сите лица кои се незаконски или произволно лишени од слобода.

Во изјавата, потпишана од 45 други земји, се изразува загриженост за влошувањето на човековите права и основните слободи во Руската Федерација.

„Апсењето и следното изрекување на казната на Навални се засноваа на претходната пресуда што Европскиот суд за човекови права ја прогласи за произволна и очигледно неразумна. „Тоа се случи во контекст на обид да се отруе овој руски државјанин, без настанот да биде соодветно истражен и веродостојно објаснет“, беше наведено во изјавата потпишана во рамките на 46-та седница на Советот за човекови права.

Земјите потписнички се загрижени и за големиот број на самоволни апсења на демонстранти кои изразија поддршка за Навални во многу руски градови.

На списокот на држави потписнички се вклучени и Македонија, Албанија, Хрватска, Франција, Германија, Велика Британија и САД.

Eдинствената вакцина која министерот за здравство Венко Филипче успеа да ја набави е руската вакцина Спутник V. Toj заедно со рускиот амбасадор на Меѓународниот аеродром во Скопје ја пречекаа првата пратка од вакцината против коронавирусот (Koвид-19), од рускиот производител „Спутник В“.

Како што соопшти Министерството за здравство на Македонија, министерот Филипче изрази благодарност до амбасадорот за неговиот личен ангажман за овие дози, што побрзо да стигнат во земјата. Од рускиот производител, РСМ обезбеди 200.000 вakцини, денешната испорака е 3.000 дози за исто толку граѓани, а за ревакцинација ќе стигне нова пратка.

Се поставува прашањето дали по ваквата постапка на Владата во Македонија ќе пристигнат останатите 197 илјади дози руска вakцина?

Македонија вечерва без Лазаров и Миркуловски против Данска

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров направи големи промени во составот за реванш мечот. Нашиот најдобар ракометар одлучи заедно со Филип Миркуловски да го пресконат овој натпревар и да им даде шанса на помладите.

Претходно поради повреда во Скопје остана Стојанче Стоилов на негово место шанса добива Михаил Аларов.

Ново име во составот е Мартин Серафимов, кој заедно со Мартин Велковски ќе го менуваат капитенот, шанса добива и Ѓоргоски Емилијан.

Пpивeдeн Opце Kaмчeв

Бизнисменот Орце Камчев утрово е приведен, дознава Фокус од доброупатени извори.

Според нашите информации, Камчев е уапсен бидејќи Агенцијата за национална безбедност (АНБ) имала информации дека наводно се спрема за бегство.

По нивно барање бил приведен, а потоа го информирале Обвинителството за гонење на организиран kpиминал и кopyпција. Сега обвинителството ќе бара притвop, бидејќи Камчев е осомничен во истрагата “Плацевите на Водно”.

Maкедониja денecка на нов мегдан со cветcкиот шампион

Машката ракометна репрезентација на Македонија веќе е во Алборг каде денеска од 16 часот ќе го одигра квалификацискиот натпревар за пласман на Европското Првенство против Данска.

По триумфот над актуелниот светски и олимписки шампион во четвртокот во Скопје, нашите ракометари сосема растоварени ке влезат во денешниот дуел со домакинот.

Без оглед на исходот, нашата селекција е речиси пласирана на европскиот шампионат иако до крајот на квалификациите ке останат и дуелите со Финска и Швајцарија .

„Tигpите“ со отвopeно пиcмо: Heмa дa ce пoкopиме нa тиe кoи ни плyкaaт пo мpтвитe кocки нa нaшитe бpaќa пo opyжje

Ова писмо го пишуваме ние припадниците на единицата Тигар со заклетва да и служиме на нашата мајка Македонија.

Писмото е поради револтот и обезличувањето кое денес го нанесе државниот врв за нашата работа, нашето дело и нашата кауза.

Раководството на Тигрите не реагираше, но ние како и во борба, така и денес кога има мир, нема да се покориме на тие кои ни плукаат по мртвите коски на нашите браќа по оружје.

Сите даваат по нешто, но некои дадоа се. Да, паднатите херои на современа Македонија. Тигрите, нашите браќа, по заклетва, срце и сила кои го загубија својот живот за нашата Македонија, за вашиот мир. Нивниот живот е даден дури и за вас сега да сте премиери, министри директори, за да се шетате со обезбедување, јадете по скапи ресторани и да возите службени коли.

Длабока е навредата, но и понижувањето што Артан Груби кој е дел од државниот врв не се поклони пред паднатите херои. Но и што премиерот Зоран Заев ја обездржави единицата Тигар, со тоа што го тргна светото име Македонија од нашите обележја.

Голем срам е што Заев, Шекеринска и Груби не ги почитуваат Тигрите, кои постојат за Македонија. Така веднат глава на оние кои даваат се.

Ние постоиме за Македонија, но неа веќе ја нема на нашите рамења, во нашите обележја. Ни ја зема политиката. Но таа, нашата мајка, останува во нашите срца, и ќе грее додека пламтат нашите срца.

Останува и не се брише ниту срамот на Заев, Шекеринска и балистичката власт.

Шекеринска позираше пред симболи на УЧК, Заев во Куманово парадираше низ Диво Насеље, каде претходно наши браќа оставија животи.

Заев и Шекеринска не направија ништо. Само срам и понижувања.

Мислат дека ако не понижат дека ќе не натераат да се откажеме. Ние ја сакаме Македонија и ќе се бориме за нашиот народ, без разлика на се. И Заев и Шекеринска ќе поминат, но срамот ќе им остане, а и тежината на срце и душа, во тоа сме сигурни, Македонија ќе го врати ударот.

Ова е последен пат кога се обраќаме со писма, не не предизвикувајте зошто знаете дека можеме многу повеќе.

Да е жива Македонија! Зборовите од нашата заклетва: Господи, чувај ме од зло, и дај ми сила да ги одбранам мојот дом, мојот народ, мојата Македонија! Амин!

Мицкocки: “Bладата запленила пyтep со изминат poк, а молчи за пет шлепepи швepц на тyтyн”

Конечно жecтока бopба пpoтив кopyпциjaта, Љупчо Николовски се пофали со голем успех, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на „Фејсбук“, откако вицепремиерот за бopба пpoтив кopyпциja, Николовски, cиноќа информираше дека е пронајден и запленет путер со поминат рок на употреба.

„Владата запленила путер со изминат рок, а молчи за 5 шлепери швepц на тyтyн преку Крива Паланка. Во колку е аплаузот Љупче? Kpиминалци едни…“, додава Мицкоски.

Не се caмо боите на бyгapcкото знаме во cпотот: Вacил пpизна дека пoceдyва и бyгapcки пacoш (Видео)

Васил Гарванлиев има бугарски пасош. Македонскиот претставник на Евросонг во интервју се фали дека поседува бугарски пасош. На прашањето на водителот од каде бугарски пасош тој започнува приказна за неговата баба, но приказната не завршува. Што со неговата баба останува нејасно, но она што Васил јасно го кажува е дека Струмица е блиску до Бугарија.

– Далечен роднина на мојата баба е роден…Струмица е блиску до границата со Бугарија, јас сум од тој крај на државата, и затоа.

На МТВ беше промовирана нашата евровизиска песна и видео записот за истата. Станува збор за нумерата „Here I stand“ со којашто Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам.

Но, набргу по промоцијата на социјалните мрежи се актуелизираа обвинувања дека во спотот се забележуваат боите на бугарското знаме, што наводно, претставува намерна или случајна провокација.

Oколу оваа сцена се крена голема фама и по националните телевизии, а на тоа Васил одговори дека песната била најмакедонска досега.

Според последните информации кои протекоа по медиумите, сепак ќе се снима нов спот за песната.

Пpoштевањето е чиcтење на дyшата: Денеска е Пpoчка, кој проштева тој љyби, а кој љyби тој е од Бога и Бог е во него

Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите … се остатоци од претхристијанските пролетни забави.

Македонската традиција за Прочка е богата и разновидна. Секаде се одбележува овој празник меѓу македонскиот народ. Прочка, всушност, може да се нарече и наш празник, празник на македонскиот народ затоа што овој народ најмногу проштевал и проштева. Ние сме со духот на Прочка, со дух на проштевање. Кому сè не сме му простиле и што сè сме претрпеле и пак сме простиле.

Така сме правеле низ вековите, а така правиме и денес. Тоа е нашата евангелска определба. Таква е нашата душа. Таков е нашиот дух. Такво е нашето трпение и љубовта кон сите. Ваквиот христијански однос е вграден во нас, низ нашата вера и традиција. Така е воспитуван и така се воспитува македонскиот човек, усовршувајќи се во доброто.

На Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот.

Таа глетка е многу мила. Полнота на љубов и радост. Колку е благопријатно тоа чувство на проштевање и прегратка. Тоа ја облагородува душата и го поттикнува добродетелството. Тоа е рајска сцена и блажена состојба од душевната радост.

Проштевањето е духовно миење. Тоа е очистување на душата, односно, очистување на две души одеднаш. Се ослободува и оној што пришол кон другиот и оној што простил. Првиот, за да му пријде нему, веќе му простил и му приоѓа со љубов и покајание, а тој се топи од силата и топлината на љубовта и му ја дава сета своја љубов и прошка. Двајцата се духовно радосни и весели. Бог се радува и ги благословува да останат во взаемната љубов и радост, правејќи си добро едни на други, со збор, помисла и дело.

За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден.

Сите тие обичаи се добра семејна радост. Тоа го прави семејниот амбиент топол и мил. Другите, пак, забави по повод Прочка, кои претставуваат јавен настап и посебни претстави (маски и карневали), немаат црковна или верска порака. Тие содржат повеќе хумор и смеа кои се овосветски и земни, материјални димензии на човечкото празнување или испразнување.

Тие го празнат човечкиот дух, а не го полнат. Тоа се пагански остатоци од претхристијанското време, со некои нови примеси за забава. Убаво е и тоа и добра е таа традиција, ама не такваа каква што е, туку, ако претставува парада и промоција на нашата кутура, музика, уметност и вера.

Таа да биде јавен настап на улиците и плоштадите, со претставување на делата полни со мотиви од нашата вера и култура. Да се види тој израз во нашата преубава македонска носија, во уметничките ракотворби, во постигнатите дела, во преубавата песна и во нашето оро со народната инструменталност. Да биде тоа претстава на градската музика и облека, платформа за убавите костими и тоалети, подиум со делата на македонскиот гениј и сето исполнето со богатството на убавината.

Таквата полнота на амбиентот ја облагородува душата и го полни духот со убавина и со добрина. Ете, тоа ни треба и тоа е манифестација на Прочка. Тоа е што го издигнува човекот повисоко, а не што го валка и што го урива надолу. Тоа треба да претставуваат тие излегувања на Прочка пред очите на луѓето и пред очите на Бога.

Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост. Чист понеделник е така именуван затоа што започнува нешето очистување со постот – духовно и телесно.

Гаси интернетот: Вицепремиерот Николовски се пофали дека заплениле путер со поминат рок

Вицепремиерот за бopба пpoтив кopyпциja и кpиминал, Љупчо Николовски, со “неверојатна” вест на социјалните мрежи…

“Во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје е пронајден и запленет путер со поминат рок на употреба. Производот е повлечен од пазарот. Заштитата на граѓаните и нивното здравје се на прво место. Повикувам на целосна истрага и одговорност”, напиша Николовски.