3aeв: “Никој не ме прашува дали сакам да летам со хеликоптер, можeби имам страв од летање”

Премиерот Зоран Заев во синоќешното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ изјави дека досега 3 или 4 пати за службени потреби користел хеликоптер на МВР.

„Тоа е службено средство на министерството за внатрешни работи на Владата на Република Македонија. И тек како пилотите и леталата треба да летаат, треба да бидеме рационални, никој не ме прашува сакам или нејќам, некојпат морам. Можеби сум против или имам страв од летање од хеликоптерот, сум должен да ја исполнам мојата агенда. Да бидме прагматични, граѓаните заслужуваат одогвори, одговорите ги дадовме веднаш. Не ми е прв пат, веројатно трет или четврти пат го користам хеликоптерот за службени агенди“, појасни Заев.

– На времето Груевски одеше приватно до Грчка со хеликоптери, па беше м’к (молк), додаде Заев, а веднаш потоа со коментар се јави и екс премиерот.

– Никогаш во животот не сум влегол во хеликоптер, напиша Груевски на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.