дома блог страница 2117

Cлобода за ycтавобpaнителите: Патpиoтcкиот инcтитyт на BMPO-ДПMHE opганизира пpoтecт пред штипскиот затвop

Почитувани браќа и сестри, во недела на 21.03. во 12ч напладне Патриотскиот Институт на ВМРО ДПМНЕ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ и УМС на ВМРО ДПМНЕ организираат мирен “Собир за Слобода” во близина на затворот во Штип во кој противуставно се осудени и лежат уставобранителите на Македонија.

Се собираме да им дадеме братска и другарска поддршка да истраат во битката за правда и слобода, а на оние кои ги затворија да им порачаме дека ќе одговараат за ова злодело, и за предавството. И за сите други.

Нека овој собир биде почетокот на борбата до конечна слобода за Македонија и македонскиот народ.

По сопствена воља, доколку сакате повелете во недела на мирен собир во 12 ч во близина на затворот во Штип.

Да живее Слободата!

#МакедонскаПролет #СлободаЗаУставобранителите #ДаЖивееРепубликаМакедонија, пишува Александар Пандов, претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

Бонус тикет за бонус добивка во Евротип! Побрзајте!

Највисоките квоти за уплата и денеска се само во спортските обложувалници Евротип!

Само денеска, во акцијата која трае од пладне, па се од 18:00 часот, одиграјте го бонус тикетот составен од четири натпревари за кои се дадени неверојатни квоти и искористете ја единствената можност за добивка од дополнителни 31 отсто, во споредба со регуларната понуда!

Се што треба да направите е да ги одиграте предложените типови со дадените шифри, а Евротип за тоа ќе Ве награди!

Бонус тикетот во регуларната понуда денеска има вкупна квота од 6,74, но доколку ја искористите приликата и ги одиграте натпреварите со дадените шифри во дадениот период денеска, Евротип нуди вкупна квота од 8,55!

Не пропуштајте, посетете ја најблиската Евротип обложувалница денеска пред 18:00 часот и стигнете до дополнителна заработка!

Филипче: Денеска бројките се помали од 1000, полициcкиот чac ќе даде peзyлтати кон кpajoт на неделата

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес за новинарите деке дека засега дополнителни рестрикции не се потребни.

Филипче рече дека бројката на новозаболени денеска е нешто помала, односно дека е под 1.000, додека преходните неколку дена имаше над 1.200.

Вели дека сметаат дека полицискиот час ќе даде резултат кон крајот на неделата, односно две недели од воведувањето.

Следни чекори би биле зголемување на траење на полицискиот час и намалување на работното време на угостителските објекти- рече Филипче.

Одлични двојки: Еве кој со кого ќе ги одмери силите во четвртфиналето во Лигата на шампиони

Во седиштето на Европската фудбалска федерација (УЕФА) во Нион попладнево се одржа жрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите.

Двојките се:

1. Реал Мадрид – Ливерпул
2. Манчестер сити – Борусија Дортмунд
3. Баерн Минхен – Пари Сен-Жермен
4. Порто – Челзи

Во полуфинаето ќе играат подобриот од првиот и четвртиот пар и победниците од втората и третата двојка.

Првите натпревари од четвртфиналната фаза ќе се одржат на 6 и 7 април, реваншите на 13 и 14 април.

Првите полуфиналиња се закажани за 27 и 28 април, реваншите за 4 и 5 мај.

Финалето ќе се одржи на 29 мај во Истанбул на „Олимпискиот стадион Ататурк“.

Утpe е голем празник, се иcполнyвaaт сите желби: Cпopeд вepyвaњата, девojките пред cпиење треба да го направат ова

Тодорова сабота или Тодорица се смета за празник на приврзаноста кон велигденскиот пост. Именден празнуваат: Тодор, Тодорка, Божидар (доаѓа од Тео-Бог и дар).

Јавувањето на Св. Теодор Тирон и укажувањето на подлите намери на царот Јулијан Отстапник биле повод да се востанови празникот Тодорова Сабота, што се празнува во првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка.

Тодорова Сабота (Тодорица), e подвижен празник, што се празнува во првата сабота од Велигденскиот пост.

Педесет годни по заминувањето на Свети Теодор во Цариград владеел царот Јулијан Отстапник. Така бил наречен поради тоа што во младоста бил христијанин, а подоцна кога станал цар се откажал од христијанството и со сите средства ги прогонувал христијаните Таа година сакајќи на некој начин да им напакости на христијаните, а знаејќи колку им значи Велигденскиот пост особено првата недела по која некои и се причестуваат, царот наредил сета храна што се продавала по пазарите да се попрска со к*в од жр*вите принесувани на идолите. Но тогаш на цариградскиот патријарх не во сонот, туку на јаве, му се јавил Свети Теодор Тирон и му рекол да им забрани на христијаните да купуваат храна од пазарите зашто таа ќе биде испоганета со к*в. Наместо тоа цела недела да јадат пченица со мед. Патријархот така постапил, христијаните цела недела јаделе жито и така останале неиспоганети. Во спомен на овој настан првата сабота од Велигденските пости е наречена Тодорова сабота, тогаш се оди во Црквата и се носи жито.

Според едно предание од Гевгелиско Свети Тодор бил војник во царевата војска и кога дознал за намерата на еврејскиот цар да го укине христијанскиот пост трчал со коњот од место во место за да ги храбри христијаните да издржат зашто, како што претпоставувал, Евреите до првата сабота морале да попуштат. Тоа негово предвидување се покажало точно поради што црквата го прогласила за светец.

Во спомен на овој подвиг на Теодор Тирон се празнува празникот Тодорова сабота во народот познат како Тодорица. Овој празник спаѓа во оние празници што немаат постојан датум туку зависат од Велигден. Секогаш се паѓа на една недела по Прочка, поточно првата сабота по овој празник што значи дека тој е на крајот од првата недела од големите Велигденски пости.

Иако Тодорова сабота е црковен празник, а на тоа упатуваат повеќето обичаи што се изведуваат во црквата, сепак, на овој ден се изведуваат и повеќе обичаи кои очигледно водат потекло од многу постари времиња.

Најголемиот број обичаи поврзани со овој ден се изведуваат вечерта спроти празникот. Во повеќе краишта на Македонија тогаш во црквата се носи т.н. Тодорички леб или Тодоречка погача, а Кузман Шапкарев забележал дека во охридските села носеле колаци со четири проскурчиња „за воловско здравје”. Овој обреден леб од горната страна е украсен со разни фигури: волови, плуг, јарем, коњи, коњски плочи, трло со јагниња и сл. Во црквата лебот се става во чинија врз која има варена пченица и пченка и бидејќи лебот во средината има дупка низ неа се забодува свеќа која што се запалува. Подоцна откако свештеникот ќе отпее молитва и ќе го благослови лебот и другите продукти свеќата се гасне под мишка и се чува цела година за лекување разни болести и за одврзување магии. Во црквата од лебот се раздава „за мажо здравје”, „за воловско здравје”, „за коњско здравје” и тн.

Во записите од Гевгелиско направени на почетокот на овој век од Н.Д. Рачев се вели дека за заштита од магии, но и за иницирање живот и здравје на луѓето и добитокот се правело „мамило”. Тоа се правело од варена пченица и пченка кои се носеле во црквата каде што попот им пеел молитва. Потоа дома на сите и на луѓето и на стоката им се давало да каснат по малку но строго се внимавало ниту едно зрно да не падне на земјата зашто во спротивно ќе се случела голема несреќа и на луѓето и на добитокот.

Интересен обичај во Дебарца спроти празникот изведувале девојчињата со цел да научат да везат. Тие дома подготвувале кесиња направени од крпчиња и врз нив само започнувале да везат, а потоа ги полнеле со пепел. Додека биле во црквата вечерта спроти празникот скришум со куклушка од треска кесето го закачувале за појасот на некоја жена што била позната како добра везачка. Овие жени пак што ќе собереле повеќе вакви кесиња на враќање ги фрлале во некоја вода (извор, река, поток и др.) со благослов: „Како што брза водата така и девојчињата да научат да везат”.

На овој ден младите изведувале и повеќе обичаи со кои сакале да дознаат кој е нивниот иден брачен другар. Тоа го правеле на следниов начин: Во крпчиња врзувале варена пченица и пченка и три пати ја префрлале преку олтарот од црквата. Потоа вечерта пред спиење ја ставале под перницата, заедно со првиот касај добиен во црквата „за мажо здравје”. До креветот ставале и дуле полно со вода за кое го врзувале појасот кој со другиот крај го ставале под перницата. Притоа наречувале: „Кој ми е речен да ми дојдит на мостов, да поминит по појасов, да го видам во сонот”.

Вакви обичаи забележал и М. Цепенков. „Во петок вечер спроти Тодороа сабота, кое девојче сака да си го види на сон кое момче ќе си го земи за маж да је биди. – еве како ќе напраи: ќе седни да вечера и првијо залак што ќе го сожвакат, нема да го голтни, ами ќе го изваи од уста и ќе го чуа за коа ќе си легни да го клаи под перница. Спиејќи над залаго, ќе и дојде тоа момче што и је наречено за да ја земи. Ако види некое момче што го знаи, него ќе го земи бездруго, а пак ако види некое непознато, непознатото момче ќе го земи”. Сличен на овој обичај М. Цепенков забележал и во Битола: „Во град Битола спроти Тодорица праат мајките на ќерките еден маривет да познаат кое момче ќе и ја земи ќерката. Ќе појди една мајка в црква и ќе земи три зрна пченица, падната што има наземи. Коа ќе седнат да вечераат, ќе и го укради мајката на ќерката првиот залак и коа ќе си легни девојчето да спие, ќе и клаит под перница. Спиејќи девојчето, ќе го сонуала кое момче ќе го земела, убао ќе го видела, очи со очи ќе се виделе и бездруго тоа момче ќе го земела. Утрото со душа ќе ја чекат мајка е да стани од спиење за да ја праша што сон сонуала. Ако е страмежливо некое девојче и неќи да е кажи на мајка си, таа ќе и нагодуа за соно што го видела и за момчето што го видела. Ете од трите зрна пченица и еден залак леб, клаени под перница ќе си го виделе на сон кое момче ќе земи. Ако е вистина ашколсун јас ќе му речам.“

Со празникот Тодорова сабота се поврзани и други обичаи и верувања. Во Гостиварско пченката што ја враќале од црквата утрото на самиот празник ја носеле во полето и ја фрлале по нивите и бавчите велејќи: „Господе, колку зрна, толку тоари, толку дар и бериќет да ни даеш”.

Стефан Верковиќ запишал дека во с. Мачуково, (Долновардарско) „Спроти Сфити Тодур момите раздават на црквата пшеница и пчиничка бркано, и чис леп. В лебут замесуват една глава лук и сус неа го печат; го извртуве сус се леп, ка ќ’ оде на црквата; дупката што ќе се чине на лебут, туруваат пшеница и пчиничка, да напкум сус них зарануват добитоците, а кукешните си апнуваат за здраве”.134

Интересен обичај на празникот Тодорица се изведувал во селото Лазорополе. Тие што тримереле оделе надвор од селото во местото Сливине, носеле со себе варено жито и вода осветена на Свети Трифун. Со таа вода ги прскале ливадите. Од житото што го носеле девојките еден дел им давале на момчињата и роднините за здравје, а потоа оделе кај своите ливади и фрлајќи од житото викале: „Киш, киш, кртови, / на чупоски вртови”. Чуповци, пак, викале: „Киш, киш кртови, / на росочки вртови”! Овие обичаи започнувале околу десет часот претпладне и завршувале околу три или четири часот попладне.

Сега и официјално: Партијата на Орбан ја напушти најголемата политичка групација во ЕУ

Унгарската владејачка партија „Фидес“ на премиерот Виктор Орбан денеска испрати писмо во кое наведува дека го напушта европското семејство на десниот центар.

Унгарската државна секретарка за семејни прашања, Каталин Новак, на Твитер напиша дека “време е за разделба” и официјално писмо кое е потпишано од секретеријатот на унгарската партија.

“Го известуваме претседателстовото на Европската народна партија дека Фидес повеќе не сака да го задржи своето членство и поради тоа ја напуштаме”, се наведува во писмото.

Претседателот на Европската народна партија, Доналд Туск, веднаш одговори: „’Фидес’ ја напушти христијанската демократија. Всушност, од таму замина пред многу години“.

Ceнзација во Загреб: Динамо го испрати Тотенхем на Жозе Мурињо со три парчиња

Динамо Загреб со сензационален пресврт во повратниот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа, го исфрли Тотенхем на Жозе Мурињо.

По 2:0 пред една недела во Лондон, вечерва Динамо славеше со 3:0 во Загреб, а стрелец на сите погодоци беше Мислав Орсиќ.

Првото полувреме помина мирно, со резервирана игра на двете екипи. Во вториот дел Динамо влезе многу подобро, а резултатот од добрата игра стигна во 62-та минута, кога Орсиќ го постигна првиот од трите погодоци.

После голот Динамо го продолжи притисокот кој траеше до крајот на целиот натпревар. Во 82-та минута, македонскиот репрезентативец Адеми помина по левата страна од одбраната на Тотенхем и додаде до Атиемвена, а овој одлично ја пушти топката пред голот на “спарси”, каде одново беше Орсиќ кој погоди за 2:0, и анулирање на водството од Тотенхем во првиот натпревар.

За влез во четвртфиналето Орсиќ стрелаше и во продолженијата, кога во 106-та минута ја зеде топката од средината на теренот, нанижа двајца играчи на Тотенхем и неодбранливо шутираше кон голот на Хуго Лорис.

Бидете дел од еко-акцијата “Чистење на Прилеп”

Прилеп има моментално потреба од акција за чистење!

Бидете дел од големата еко-акција која ќе се одржи на 21 март, недела во 12 часот. Акцијата ќе трае три часа и ќе се чистат три локации: Маркови кули, Селце и Волково.

Ова нека биде колективна инспирација да го видиме Прилеп повтоно чист. Повеќе информации за настанот можете да пронајдете на следниот ЛИНК.

На Прилеп му се слyчyва xaвapиja: Бројките не стивнуваат и денеска, две нови жpтви

Министepcтвото за здравcтво информиpa, coглacно податоците од Институтот за jaвно здpaвje:

Во пocледните 24 чaca се напpaвени 3.761 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 1.216 нови cлyчаи на KOBИД-19 во: Скопје – 624, Прилеп – 80, Битола – 50, Велес – 46, Куманово – 43, Тетово – 40, Кавадарци -36, Кочани – 32, Охрид – 30, Неготино – 23, Струмица – 22, Штип – 21, Гевгелија – 20, Валандово – 16, Гостивар и Берово – по 14, Демир Капија – 13, Ресен – 12, Пробиштип и Крушево – по 9, Свети Николе – 8, Струга, Радовиш и Делчево – по 7, Виница – 5, Кичево, Крива Паланка, Богданци и Пехчево – по 4, Кратово и Демир Хисар – по 3, Дебар и Македонски Брод – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Peгиcтpиpaни се 111 оздpaвени пациенти од: Кавадарци – 55, Неготино – 39, Скопје – 8, Демир Капија – 5, Кочани – 2, Тетово и Виница – по 1.

Пpиjaвени се вкупно 15 починати лица, на возpacт од 53– 94 години и тоа: 6 пациенти од Скопје, по две починати лица од Прилеп, Тетово и Кочани, и по 1 починато лице од Куманово, Битола и Крушево. 14 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови.

Напpaвени се 3.761 тecтови преку: ИЈЗ-732, ЦЈЗ Скопје-136, Авицена-345, Биотек-407, Жан Митрев (Филип Втори)-152, Систина -303, лабораторија Лаор–202, Судска медицина-17, ЦЈЗ Битола-80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-8, Синлаб-78, Ремедика-39, лабоpaтopиja болница Козле-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.246, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0.

Досега во земјата се напpaвени вкyпно 578.923 тecтиpaња на Koвид-19.

Вкупната бројка на KOBИД-диjaгнocтициpaни лица во нашата земja од почетокот на епидемиjaта изнесува 116.438, бpojката на оздpaвени пациенти е 99.126, починaa 3.403, а бројот на активни слyчаи изнесува 13.909.

Во Прилеп во моментов активни се 944 случаи, а кopoнавиpycoт досега во градот под Марковите Кули одзеде 288 животи.

Додека ние чекаме отсекаде, Србија потпиша договор за набавка на нови 2 милиони дози од Кина

Србија потпиша договор со кинеската “Синофарм” за набавка на нова количина на вакцини.

На потпишувањето на договорот присуствуваше претседателот на државата, Александар Вучиќ и амбасадорката на Народна Република Кина во Србија, Чен Бо.

Како што соопштуваат српските медиуми, Вучиќ преку видео врска разговарал со раководството на компанијата “Синофарм” за процесот на набавка на вакцини, изградбата на фабриката за вакцини во Србија, како и за изградба и опремување на српски болници.

За време на состанокот е потпишан договор за купување на нови 2 милиони дози вакцини од оваа компанија, од каде македонските власти веќе 2 месеци најавуваат 200.000 дози.