дома блог страница 2116

(Видео) Зошто Прилеп беше град на убавите паркови и што се направи во изминатите 4 години?

Поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески, на Фејсбук објави видео на кое се прикажани голем број од парковите, зелените површини и игралишта кои беа изградени во градот за време на неговите три мандати. Тој исто така постави прашања до граѓаните, дали овие паркови се одржуваат во изминатите 4 години и дали е изградено нешто ново?

“За 12 години се изградија и реконструираа најубавите и најсредени паркови со модерна урбана опрема, фонтани и водени површини, детски и спортски игралишта, осветлување…

Секој парк доби бунар со технолошка вода за полевање, а парковите беа зелени и одржувани во текот на целата година.
Да се потсетиме кои паркови беа изградени и реконструирани во претходниот период: МОГИЛАТА НА НЕПОБЕДЕНИТЕ – „Паркот на револуцијата“ (најголемиот и најубав парк) – амблем на градот… претходно комплетно запуштен, претворен во депонија и градежен шут; Парковските површини на централните плоштади (претходно исто така запуштени и несредени):„Александрија“; „Методија А. Ченто“; „Градски Саат“.

Парковските површини околу зградите на бул. „Г. Делчев“ во близина на споменик „Прилепски Бранители“ (претходно никогаш несредени);

3елениот парковски појас на улица „5-та Прилепска бригада“- се изгради најдолгиот парк во градот, приближно 1 км. должина, кој даде нов авениски лик на улицата;

Се изгради и огромниот парк во населба „Точила“ – од ѓубриште и скелина за тутун, денес едно од најпосетуваните места во градот;

Прекрасниот парк „Кај Судот“ – од мрачно и запуштено место прерасна во вистинска оаза во центаралното градско подрачје;

Парковските површини помеѓу сите згради и средишни жардињери (зелен појас) на главната улица во населбата „Димо Наредникот“ – донесоа нов урбан лик на оваа населба зголемувајќи ја вредноста на становите на сопствениците;

Парковските површини околу зградите во населба „Точила“ и средишниот зелен појас на улица „Самоилова“ во голема мера го подобрија урбаниот лик во најголемата населба во градот;

Паркот и зелените површини околу зградите во населба „Ѓогдере“;

Парковските површини во населба „Бончејца“ (помеѓу зградите);

Зелените тротоарни површини на улица „Мирче Ацев”…и многу други маалски паркови и други зелени површини низ градот и училишните дворови…

Или вкупно, во градот за 12 години беа изградени и реконструирани вкупно 200.000 м² парковски површини или во просек 17.000 м² нови зелени површини годишно… односно за 12 години секој жител во Прилеп (70.000), добил 3 м² нова парковска површина…

И за крај неколку прашања до Прилепчани: Дали парковите низ градот се одржуваат на задоволително ниво? Каде ќе беше Прилеп ако и сегашнава Локална власт продолжеше со ова темпо на раззеленување на градот? Дали се сеќавате на некој нов парк во градот изминативе неколку години?

Првиот ден на пролетта носи снег и ниски температури: Еве какво време не’ очекува во наредните денови

Под влијание на влажен бран од утре до понеделник ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Поради заладување повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30 л/м2).

На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова ќе има и во некои пониски места. Од понеделник до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час).

Во недела и понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на планините од снег. Поради заладување повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места.

Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30 л/м2). На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова ќе има и во некои пониски места.

Од понеделник до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час). Преодно стабилизирање на времето ќе има во вторник, а во среда се очекуваат нови локални врнежи со послаб интензитет.

Пocле цела година конечно и’ се иcполни желбата, Лиде се cpeтна со Beнко (Фото)

Лиде Лиде, жената која стана вистински хит на социјалните мрежи откако почна пандемијата со коронавирусот, а со тоа и секојдневните прес-конференции на Венко Филипче, денеска конечно успеа да го запознае.

Таа е позната во јавноста по своите коментари на прес-конференциите на Филипче, каде го канеше на кафе и бараше лична средба со него.

Денес нејзината желба се исполни.

Мицкocки: Paзбиена yште една владина лага, нема договop со Фajзep, а има пpoвизии за кинecки вакцини

Обновено. Разбиена уште една владина лага. Нема договор со Фајзер, а има провизии за кинески вакцини, пишува на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Тоа што сте неспособни сите знаеме, ама тоа што ги лажете граѓаните, луѓе животи губеа и губат, голем дел трауми ќе носат со себе цел живот, ви ветувам дека ќе има одговорност. Порано или подоцна. Подгответе се.

Бajден се тркалаше по cкалите, од Белата куќа велат го дувнал ветрот (Видео)

По повод денешниот пад на американскиот претседател eо Бајден, кој падна при искачување на скалите на претседателскиот авион, објави и Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Пјер, исто така зборуваше за падот на Бајден и им изјави на новинарите дека Бајден се чувствува добро.

Таа посочи дека силниот ветер во воената база Ендрус, близу Вашингтон, можеби предизвикал пад, објави Ројтерс.

„Надвор е многу ветровито. Претседателот е 100 процентен добар“, одговори Пјер на прашањето за сопнувањето на Бајден.

Кон крајот на ноември, Бајден скрши коска на ногата додека си играше со едно од неговите кучиња.

Со 78 години, Бајден е најстариот претседател кој стапи на должноста во историјата на САД кога влезе во Белата куќа на 20 јануари.

Црнила, нечистотија и демолирана урбана опрема: Еве како изгледа “Могилата на непобедените” (Фото галерија)

Најубавиот парк во Прилеп, “Могилата на непобедените” целосно се уништува и запустува…

Веќе подолго време паркот се уништува, што од несовесни граѓани, што од негрижа на локалните власти.

Сликата е најлоша навечер, кога може да се забележи дека нема ниту една здрава светилка, па полека паркот наликува на времето пред 2006 година, кога беше собиралиште на наркозависници.

Ниту алејата на народните херои од НОБ не е осветлена, а се уништува и урбаната опрема, клупите, таблите, зеленилото…

Навистина жално и срамно!

Нека овие фотографии бидат апел до општинските власти да си ја поправат грешката и во најбрз можен рок да го вратат паркот во првобитната состојба.

(Видео) Бајден падна по скали додека се качуваше во авион

Американскиот претседател Џо Бајден падна три пати по ред качувајќи се на претседателскиот авион “Air Force 1”, неколку моменти пред полетувањето за Атланта каде требаше да се сретне со азиските заедници.

Бајден брзо се опорави откако падна на колена и продолжи по скалите.

Maкедонски активист од Австралија тврди дека пописот е невалиден: Ја попиша својата покojна мajка (Видео)

Македонскиот активист и новинар Ицо Најдовски Перин, кој живее и работи во Австралија, ја доведе во прашање целата операција за пребројување на населението со информација која отвара многу непознаници кои можат да влијаат на веродостојноста на бројот на попишани македонски граѓани.

Перин открива дека тој без никаков проблем преку онлајн системот на Државниот завод за статистика ја попишал својата мајка која е почината.

Почитувани Македонци ќе се обидам да илустрирам а со тоа да докажам дека пописот не е валиден и не е легален. Имено, на овај попис може да се попишуваат и починатите лица кои се во странство. Следете ме и коментирајте и кажувајте и ваши примери дека пописот е договор на Заев со Ахмети за распределба на парите и зголемување на бројот на Албанците, објави Перин.

Тој во објавеното видео практично покажува како ја попишал својата покојна мајка.

Ицо Најдовски Перин е уредник и водител на програмата на македонски јазик на Радиотo 3ZZZ, кое емитува програма за Македонците во Мелбурн.

Во време на економска и здравствена кpизa се вработуваат нови 56 административци

Трендот на претрупување на институциите со партиски кадри продолжува и на локално ниво. Агенцијата за администрација има објавено дури 56 огласи за вработување на јавни и државни службеници во општините ширум државата, пишува Курир.

Станува збор за вработување во општина Шуто Оризари, Чешиново – Облешево, Теарце, Струга, Старо Нагоричане, Свети Николе, Сарај, Велес, Карпош, Аеродром, Кавадарци, Ресен, Липково, Охрид, Зрновци, Желино, Дојран, Пробиштип.

Во услови кога Република Македонија се соочува со здравствена и економска криза, како и кога се зголемува бројот на отпуштени работници, локалните власти и централната власт забрзано ги полнат институциите преку масовни вработувања, што е сосема спротивно од она кое што го ветуваа во предизборниот период, но и во периодот кога беа опозиција па на големо ја критикуваа тогашната влада на ВРМО-ДПМНЕ.

Целата статија можете да ја прочитате на КУРИР.

Извор: kurir.mk

Пpилепcки тecт на издpжливocт: Baкцини – нeма, зaболени – peкopд cмpтни cлyчаеви – нajмногу…

Поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески на социјалните мрежи реагираше за лошата состојба во Прилеп, која е алармантна во повеќе сфери.

Значително е зголемен бројот на заболени и починати од Koвид-19, но и покрај тоа нема вакцини кои би го намалиле ширењето на виpycoт. Не е за „потценување“ и состојбата со тутунарите, економијата, спортот, и така натаму…

– Прилепски тест на издржливост: вакцини – нема, заболени – рекорд, смртни случаеви – најмногу, тутунари – потценети, дуќани – затворени, инвестиции – нема, нови фабрики – нема, нови невработени – има, спорт – нема, паркинзи – нема… РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ДУХ НА ПРЕЖИВУВАЊЕ ИМА! НАПРЕД ХЕРОЈСКИ ПРИЛЕП!, напиша Ристески.